Вселенски брод патува во друга планета. Во него има луге кој се во комори,избрани да живеат таму и треба да го преспијат патот Но за време на патувањето се случува грешка и Џим се буди 90год порано. Подоцна одлучува да ја разбуди и Аурора . На почетокот мисле дека е грешка во системот но ке разбере дека Џим ја има разбудено намерно. Дознаваат дека бродот има грешка,па се соочуваат со доста проблеми. Интересен филм. 7/10
A dobro... Pomisliv deka i tretiot del izlegol.... Inaku odlicen film.... Pod impresii bev so denovi, nedeli....
Моја препорака зашто петок 13ти нели А train to Busan http://www.imdb.com/title/tt5700672/?ref_=nv_sr_2 многу добар хорор филм, корејски е и е многу квалитетно направен. Се работи за воркохолик татко кој ја чува малата ќеркичка која инсистира за нејзиниот роденден да оди да ја посети мајка си, а со тоа и започнува целата драма...
Сите што го гледаа The girl on the train и им се допадна, да знаете дека е по книга правен, Девојката од возот се вика книгата, и како и по правило подобра е дури и од филмот.
Некако разочарувачки :/ Кога почнува филм со идеја дека главната хероина е интелигентна, самостојна, самоуверена жена си викаш супер, обожавам вакви филмови, ама... Филмот некако ми скокаше на моменти, како да недостасуваа сцени, како да се брзал режисерот да стигне до втората точка или третата. Многу ми го уништи текот, и ми го расипа дејствието. Carey Mulligan бар изгледаше прекрасно како и секогаш
Nerve Филм исполнет со опасни предизвици. Ти си бираш дали ќе бидеш играч или гледач. Интересен ми беше мене па ќе дадам 10/10.
Долго време се мислев дали да го гледам филмов иако се изначитав позитивни реакции за истиот. Порано бев обожавател на жанрот, но сега веќе навистина одамна немам со умисла погледнато хорор филм. Филм со зомбиња, ќе си речете нат аген. Овие се од оние ретките што уствари брзо трчаат Филмов вредеше, два часа ми поминаа толку брзо, навистина ме внесе во приказната. Многу добри сцени, не дека се беше совршено, меѓутоа навистина ми се допадна. Крајот дури и малку ме расплака. И уште не можам да сфатам како девојката не се породи после толку трчање Во филмот се работи за група патници на возот од Сеул до Бусан, во сред зомби епидемија кои нормално се борат да преживеат. Јас пак ќе речам, за хорор азијците ги шијат американците во секое време. Филмов го препорачувам.
Nocturnal animals Трилер, драма. Ми се допадна многу заради тоа што спојува две приказни. Едвард пишува книга и ја посветува на неговата бивша сопруга. Со книгата успева да и покаже како се чувствувал тој кога тие се разделиле. Филм за тоа дали бил направен вистински избор, цело време ќе ве држи напнати. Го препорачувам.
Nocturnal Animals (2016) Благо речено - катастрофа. Не разбирам зошто се крена толкава фама околу филмов па и уште и некоја награда доби неодамна ако не се лажам. Се попали Холивуд по Том Форд па од газолижење му ја воспеваат првата дебитантска режија. Освен тоа што си доби одлична промоција на најновите колекции на одела и фустани во филмот ништо друго не направи, подобро да си се држи до професијата што си ја знае како дизајнер бидејќи очигледно не е секој роден да пише филмови. Јас како ненормално вљубена и опседната со маестралниот Џејк Џиленхал секако немаше да пропуштам да го гледам филмов, само поради него, иако не сфаќам како може актер како него со брилијантни филмски остварувања во неговата кариера, да прифати една ваква улога, сигурно го платија дебело па не можеше да одбие, и плус си доби free Том Форд смокинзи. Искрено, жал ми е што ќе го речам ова ама дефинитивно оваа улога му е досега најслабата во неговата кариера. За главната глумица да не почнувам, Ејми Адамс не сум ја гледала досега, или не се сеќавам дека сум ја гледала бидејќи е тотално безлична и досадна. Веќе уште во првите секудни осетив некоја антипатија спрема неа, тотално несимпатична глумица и очајно лоша глума. Приказната е „шлагот на тортата“ очај. Ќе објаснам накратко бидејќи всушност и нема никаква филозофија ниту длабочина. Многу површна и наивна приказна. Spoiler Сузан е богата успешна сопственичка на галерија. Во младоста се мажи за Едвард кој е писател, не баш успешен во својата работа, несигурен маж во главно. Нејзините богати снобови родители не ја поддржуваат да се мажи за него, во главно нејзината мајка.. По некое време Сузан се разведува од него и заминува со еден млад и богат дечко и Едвард ги начекува И тука почнува целиот циркус. Сузан и Едвард веќе 10 години немаат никаков контакт кога одеднаш еден ден Едвард и го испраќа неговиот прв роман посветен на неа. Приказната на романот е како демек потресна, се работи за маж чија жена и ќерка се убиени. Сузан длабоко допрена од романот се обидува да стапи во контакт со Едвард но неуспешно. Поентата на цело 2 и пол часовно гнавење е уствари тој преку романот и се одмаздува неа за тоа што таа го остави. The End. Од мене катастрофална оцена 2/10. Ако сакате да си изгубите драгоцени 2 часа од своето време, слободно ама не го препорачувам ни за тоа. И овие што го гласале со високи оценки на imdb изгледа не гледале многу филмови во животот.
Assassin's Creed Филмот почнува со дејство во Шпанија 1492год каде што тајна група (организација) наречена Атентатори (Assassins) се колнат дека ке служат на човештвото од тиранијата што ја нанесуваат темпларите. Продолжува во Мексико 1986 каде што Кајл ја наога мртва својата мајка и добива совет да бега и живее во темнината. 21 октомври 2016 год е осуден на смрт. За сите што го познаваат тој е погубен но вистината е дека дека се наога во центар за рехабилитација во Мадрид каде што приватна организација се обидува да најде начин за усовршување на луѓето и искоренување на насилството. Но вистината е сосема поинаква. Се обидуваат да ги откријат сеќавањата на тајната група од пред 500год. Интересен филм 9/10
Café Society Interesna prikaska i edna od Woody Allen podobrite scenarija. Filmot imase dobra gluma, sceni i kostimografija bez greska od toa vreme no krajot nekako izneveri. Zavrsi taka bez nekakvo vozbuduvanje. Ocekuvav malku poveke od sto dobiv. 8/10
Ouija: Origin of Evil (2016) http://www.imdb.com/title/tt4361050/?ref_=nv_sr_1 Во 1967 година во Лос Анџелес, мајка вдовица и нејзините 2 ќерки додаваат нов трик за да го зајакнат својот бизнис, поканувајќи злоприсуство во нивниот дом. 10/10
WITHIN Добар хорор, една фамилија се преселува во куќа која во околината важи за проколната и со неа се поврзани повеќе убиства,па внатре и нив не ги очекува баш нешто добро. 7/10
CHANGELING - мислам се викаше,со Анџелина Џоли беше. Работен по вистинита приказна. 1928 за сериски убиец на деца. Имал убиено негде околку 30 деца... Е сега, Анџелина е мајка на едно од тие деца, кои приказната ја објавуваат во јавност, во новини,бидејќи полицијата и наметнува лажно дете ....бидејќи во тоа време полицијата царувала,поминува низ серија тортура... Одличен филм.... Ако некој ги гледал баш ме интересира на македонски филмот, мислам преводот