ARQ Ништо посебно, џабе изгубено време 4/10 The secret life of pets Анимиран цртан филм за кученцето Макс кое живее со својата сопственичка. Животот му се променува кога ќе добие нов брат Дук.... Се изнасмеав ептен на делот каде Клои ( мачката ) се мисли дали да ја изеде кокошката.
Sully http://www.imdb.com/title/tt3263904/?ref_=nv_sr_1 IMDb оценка: 7.5/10 Моја оценка: 10/10 Повторно вистинска приказна. Овој пат приказна за истрагата на падот на летот 1549 на US Airlines на 15.01.2009г. во реката Хадсон, кратко после неговото полетување, и заканата по кариерата на пилотот Саленберг, кој иако успева да ги спаси сите 155 животи во авионот, е соочен со можна казна и недобивање пензија.
Fantastic beasts and where to find them (2016) Филм базиран на истоимена книга на Ј.К Rowling, односно претставува спин оф на Хари Потер. Дејството се случува во 1926 година, се зборува за британскиот волшебник Њут Скамандер кој заминува во Њујорк и со себе носи куфер со магични суштества. Волшебниот свет во Америка не е ист како во Англија и работите не се одвиваат како што тој замислувал.Се соочува со многу работи но сепак на крајот најмногу помага во заштитувањето на магичниот свет. Мене лично филмот ми се допадна многу, од приказната па до глумците. Единствено нешто што не ми се допадна е изборот за Гелерт Гринделвалд односно Џони Деп...Тоа ми е најголемата замерка,можеле било кој да стават но бидејќи тоа е Џони па мораат да го стават секаде Оцена 9/10
Desierto Група луѓе од Мексико е тргната преку пустина да стигне до американската граница со цел да влезат во Америка. Но овде се појавува еден лудак кој ќе им го уништи сонот. Мене интересен и напнат ми беше филмот, ова во трилер хорор би го ставила.
Fantastic Beast and Where to Find Them (2016) Филмов беше – and there is no other word for it – лош. Освен специјалните ефекти, кои навистина беа на завидно ниво, филмов немаше баш со што друго да се пофали. Да почнам со главниот лик – Еди Редмејн го немам гледано никаде до сега, но ако судам само по оваа негова улога, тогаш стварно не можам да сфатам што на луѓево им се свиѓа кај него. Добив впечаток дека е тотално незаинтересиран за улогава и за ликов, збореше мутаво, као со говорна маана и имаше еден ист факинг мутав израз на лицето цел филм. Човеков доби Оскар, побогу! Really? Останатите ликови и глумци не беа нешто подобри – невпечатливи, неинтересни и целосно неразвиени – барем недоволно за да ни биде гајле што ќе се случи со нив на крај. Глумци како Колин Фарел и Џони Деп беа целосно залудно потрошени во своите неразвиени ликови и потпросечното сценарио. Приказната беше линеарна, предвидлива и практично без ниту еден пресврт – навистина не ми беше јасно зашто филмов трае повеќе од 2 саати. Њут Скамандер е колекционер на фантастичните ѕверки и практично, единствениот борец за нивните права во светот на волшебниците – од некоја причина, сите останати волшебници сметаат дека ѕверкиве се опасни по човештвото и треба да бидат затворени – или, уште подобро, убиени. Never mind што оваа премиса се коси со сите претходни филмови за Хари Потер, во кои Хагрид, Дамблдор и уште куп луѓе ги чуваат и сакаат фанстастичните ѕверови, кои си живеат нормално и на слобода. Филмов го следи Еди и неговиот куфер полн со фантастични ѕверки на неговата авантура во САД. И, у суштина, тоа е тоа. Spoiler Главниот, т.е. единствениот, пресврт во филмов е кога се открива дека Колин Фарел е всушност некојси world’s most wanted wizard – тип кој се појавува само во шпицата во првите 2 минути од филмов, на насловните од весниците. Wow. Mind = blown. Also, I don’t give a shit. А која е агендата на лошиот волшебник? Сака сите волшебници, наместо да се кријат од луѓето, да се разоткријат и да владеат со нив, бидејќи се посупериорни. Повторно, wow. Не е као да сме ја виделе идејава 100 пати претходно, во сите можни филмови со вапмири, врколаци, вонземјани, хајлендери и генерално, сите облици на живот кои живеат скриени помеѓу луѓето, а се посупериорни од нив на некој начин. А како се дознава дека Колин е уствари злиот волшебник? Така што Редмејн ја користи магијата „revelio“. Ма, немој ми реќи. Човек би помислил дека советите и комитетите на волшебници секое сабајле со утринското кафе ќе си речат revelio еден на друг, чисто да проверат дали некој shapeshifter се инфилтрирал помеѓу нив у меѓувреме. Но, најверојатно и ја премногу рационализирам као за ваков филм. Во секој случај, Fantastic Beasts не нуди ништо ново и интересно во универзумот на Хари Потер – искрено, мене ми изгледа како лош обид да се профитира врз популарноста на Хари Потер – што побрзо, пред децата и возрасните да заборават кој е. Хари Потер можеби не, ама филмов дефинитивно сакам што побрзо да го заборавам. Оцена: 6, со попуштање
* The theory of everything Филмов е направен по автобиографијата на Jane Hawking, првата сопруга на Stephen Hawking, иако многу делови се отстранети, чувства, емоции, ставови, впрочем додадени и нереални сцени, ова и самата го има изјавено, но тоа е одлука на продуцентите која таа ја прифатила. Во филмов не се застапени толку достигнувањата на Hawking, туку доловени се моментите на почетокот на неговата болест, текот, соочувањето, предизвиците кои ги донела и како Jane се соочува со сето тоа. Не е направен филмов бог зна како, како да има многу дупки, недоследности, недоволно информации, трка, но оној најглавниот момент во кој животот знае да удри една голема шлаканица и тоа многупати е доловен во право светло, нивните лица искривени од неправда, тага, болка се отсликуваат и будат гнев колку е неправеден животот, но и говорат колку ништо не може да те сруши! Го препорачувам!!
Desierto http://www.imdb.com/title/tt3147312/ Група Мексиканци на црно преку пустина, преминуваат преку граница, за да влезат во Америка. Ама од другата страна, низ пустината постојано се матка еден психопат, што убива Мексиканци. Значи тој нема живот, нема ни пријатели, ни семејство, туку едноставно има само едно куче... Човеков си живее во пустина со огромна желба да ги убива оние што влегуваат на црно во Америка. Цела акција се одвива низ пустина... Јас го гледав ради Jeffrey Dean Morgan КОј ja гледа серијата The walking dead ќе се сети кој е Ниган, епа во филмов истиот глмуец има идентична улога како во серијата
La la land Предобар е малку да се каже за филмов значи, Дефинитивно еден од подобрите филмови што ги имам гледано во последно време. Ги заслужува сите номинации за оскар што ги доби, дефинитивно. Од каде да почнам. Браво за режисеров, предобра замисла, уште подобра реализација на истата. Многу добро го склопил филмов. Актерската екипа не можела да биде подобра. Ема Стоун ми е една од најталентираните млади актерки на денешницава. И една од најприродните. Предобро одглумено од нејзина страна, баш го има доловено ликот како што треба. Рајан, мажиште. Каков е човече и колку предобро ја долови улогата на џез пијанист. Браво. И каков пар се, уживам кога ги гледам нив двајцата заедно на филм. Им симнувам капа. Музиката е исто совршена. Џез, џез и уште џез. Одлично. И Ема ме изненади со пеењето. Уште една пофалба за неа. Крајот на филмот морам да го пофалам. Дефинитивно еден од најдобрите краеви на филм што го имам видено. Тажен, а истовремено и толку среќен. Се на се одличен филм со многу емоции. А и времето лета со филмов. Препорачувам дефинитвно. Изгледајте го, нема да зажалите. 10/10
La La Land (2016) Филмов го гледав на делчина и дефинитивно заклучив дека е најдобро можеш да го почувствуваш филмот ако го гледаш сам, со исклучок кај ректи филмови. Вчера го гледав со придружба и сфатив дека беше многу подобар кога го гледав сама денес. Филмов е мјузикл што и не ги обожавам многу заради не реалната слика. Втора работа е што го направиле да изгледа од 80 тите или не знам кои а всушност дејствието е од сегашно време. Настрана од ова имше многу доби сцени, ефекти и кореографија. Рајан ептен ми се допадна. Добрата страна е бајковитоста на нивната приказна, местата кои се прикажани, магијата на музиката. Очекував поинаков крај, повозбудлив, ме потсети на Cafe Society, некако недовшен. The Transporter Refueled (2015) Не ни забележав кога почнав да го гледам, толку ме внесе во приказната а немав намера да го гледам. Ми се допадна како се беше осмислено во приказната, а посебно главниот лик, многу е згоден. Се работи за одмазда на една девојка која се присилно се занимавала со проституција и сега сака да му се одмазди на макрото. Транспортерот ќе биде најмен од девојкава и така започнува заплеткувањето. Го препорачувам навистина е добар.
Аххх La La Land! Јас толку многу сакам мјузилки, што уште од првата сцена се заљубив во филмот. Нели би било предобро сите да пееме и танцуваме додека чекаме во сообраќај? Нели? Најдобро! Мене мјузиклите, колку и да се тажни знаат да ми ја усреќат душичката. Возбудливо ми е, и убаво. За филмов не знаев многу, одбегнував да читам коментари и да гледам сцени, затоа што не сакав да имам големи или било какви очекувања. Музиката прекрасна, сценографијата исто, Ема толку преубава. Филмот всушност ми беше доста смирен, ме опушти и не знам зошто малку ме потсети на Blue Valentine. Вториов одамна го имам гледано и така бледо сега се сеќавам на него, но можеби слични чувства ми побуди, иако беше повеќе емотивно тензичен. И пред да станеш свесен веќе си се заљубил во карактерите. А тие ги бркаат своите соништа, бараат компромиси, паѓаат па повторно стануваат. Дали успеваат, погледнете самите. Можам само да кажам дека крајот ми беше малку тажен, можеби затоа што како гледачи секогаш сакаме се да добиеме од карактерите кои ги гледаме. Сцената со танц над облаците омилена, City of stars исто така
Како за нељубител на комедии, прилично ми се допадна. Приказна веќе видена, но доста добра актерска екипа, секој момент е смеење. Вреди да се гледа. 6.6/10
Вчера го гледав, многу добар филм. Се чудев како до сега не сум го изгледала. 10/10 Се работи за депресивна домаќинка која дознава дека нејзиниот сопруг бил убиен во сообраќајна несреќа ден претходно, се буди следното утро и го гледа жив, а потоа се буди наредниот ден, но тој е повторно мртов.
Го гледав синоќа баш по твојава препорака и ептен ми се допадна,и глума и содржина,сакам вакви трилери
The Theory of Everything (2014) Филм за животот на Стивен Хокинг. Животот со неговата жена, борбата со неговата болест, истовремено и борба со науката. Иако при самото дијагностицирање на болеста му предвидуваат само две години живот, тој ги руши сите теории за АЛС-то. Филмот е направен низ призмата на неговат жена Џејн , која и покрај дијагнозата одлучила да се омажи за Стивен, да биде мајка и татко на нивните три деца, плус да се грижи за него. Иако има додавано и невистински елементи , филмот вреди да се гледа. 10/10
The accountant 9/10 Предобар,многу ми зборуваа за него,јас се сомневав ама од кога го изгледав го сменив мислењето.Имаше некои нејасни работи од почетокот додека да сфатам,ама укопочав на крајот .И секако крајот некако подруго го замислував,мислев дека ќе остане со брат му,ама не ,сепак замина.Станува збор за еден сметководител кој страда од аутизам и имал многу пречки во развојот уште кога бил како дете,сите тие страдања и тешкотии уште од деството го наведоа на бројни убиства.Не кажувам други податоци туку ќе ви препорачам обавезно да го гледате!
La La Land (2016) Воопшто не сакам мјузикли,но бидејќи премногу се зборува за филмот морав да го гледам. Првите 30 минути ми беа досадни, се мислев да исклучам. Понатаму веќе на сосема друг начин го доживеав филмот. Навистина убав, со убава порака, креативно изработен,музиката исто така беше предобра. Крајот ме скрши. Како што тука некој рече, тажен а истовремено среќен крај..Како и да е јас се убив од плачење. Рајан и Ема беа прекрасни. 8/10 (Само затоа што не сум фан на мјузикли ,но навистина предобро изработен, секоја чест) Hacksaw Ridge (2016) Филм базиран на вистински настан за време на војната во 1945 година. Се зборува за војникот Десмонд Дос кој е многу поразличен од другите. Поради свои верувања и причини тој одбива да има контакт со оружје,но сепак сака да им помогне на останатите војници како медицинско лице,односно лекар. Без убивање и користење на оружје за да се заштити самиот себе,тој всушност спасува 75 животи. Единствена замерка за филмот ми е што е предолг, останатото се беше супер. 8/10 Глумата на Ендру Гарфилд ме воодушеви, Гослинг беше одличен исто така, но според мене дефинитивно Ендру го заслужува оскарот