Fathers and daughters (2016) Приказна за врската,љубовта меѓу татковците и ќерките,конкретно за татко писател,добитник на пулицерова награда, вдовец кој сам се грижи за ќерката после сообраќајка во која загинува неговата сопруга,а тој добива нервен слом,но и покрај се прави напори за да и пружи љубов и да ја одгледа најдобро што може.Сета таа состојба во која што се наоѓа остава траги и во натамошниот живот на Кејт(ќерката),која се соочува со проблем да се поврзе со другите луѓе. Филмот кај мене предизвика многу емоции,на моменти си пуштив и солзи,прекрасна глума на неповторливиот Расел Кроу и Аманда Сајфер.Оцена 9/10
Фамозниот La la Land Иако не воодушевена се напнав и го изгледав, милом или силом. Па и предолг, цели два часа. Или немам доволно ,,уметничко,, око или филмот навистина е премногу форсиран. Мјузикл ништо посебно. Го ставам на исто рамниште со ови High school musicl. Многу далеку од Брилијантин и сличните од 70сетите. Боза лимонатка , да останела како обичен филм тешко дека ќе останел приметен. Доста мрчев. За тинејџери е супер.
Stranded in Paradise 2014 ‧ Romance ‧ 1h 26m Zabavno filmce. Ubava glumica i pejsazite se prekrasni. Mi ja stopli dusava 10/10
CAPTAIN FANTASTIC (2016) Убава приказна но за жал не добро реализирано . Што и како се дешава во филмот напишале форумџиките пред мене. Два саати чекав да видам како децата ке се снајдат во современото општество и цивилизација и на крај ништо не дадоа од тоа. Приказната е добра само требало многу подобро сценарио, ова како што е мене не ми се допаѓа. 7/10 ME BEFORE YOU (2016) Emilia Clark ми е многу мила како актерка и баш заради тоа го гледав филмот. Јас како некој што не гледа романтични филмови не сум компетентна да оценувам затоа што и овој како и сите слични лимонади ми се ептен булшит. За тие што гледат такви филмови не се сомневам дека ке биде убав, ако го споредам со други такви филмови овој е барем пореален и навистина има и смешни сцени (у споредба со Самрак или П.С. I love you ) . Emilia многу се труди да одглуми во филмов ама некако како пренасилено ми е нејзиното вештачко играње на улога што очигледно не и одговара. Другите актери ми се ок. 7/10
IMDB 5.6/10 По мое 10/10 Предобар филм, многу добра приказна и го препорачувам. Даг(Nick Jonas) запаѓа во афера со млада и убава жена на богат банкар кој е постојано на пат. Ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.. п.с Девојката на моменти ми личеше на нашата манекенка Катарина И
Arrival Нели ве потсеќа филмов барем малку на Контакт? Ако го анализирам во детали мислам дека ќе најдам многу работи кои ми сметаа во филмов. Една од нив беше што не сфатив како го дешифрираа јазикот. Можеби треба пак да го гледам, можеби пропуштив нешто вчера пред спиење. Spoiler Запознавањето исто така. Тргнаа од идеја со имињата, но што ако имиња во нивниот свет не постојат? Што ако наместо имињата, тие Луиз сфатија дека е за женско, а Иан како машко? Да не се фаќам на ваквите ситници, целта на вонземјаните се разјасни. И дека целата идеја на здружување на цел свет ќе трае? Хах, како да ние не знаеме какви суштества сме луѓето. Идејата да, можеби добро звучи, но исто толку нереално. Јас ја немам гледано Ејми Адамс во посериозни улоги, па може само да ја пофалам сега. Дали би постапиле исто во дадена ситуација? Мислам дека најдобро ќе биде уште еднаш да го погледнам филмов.
Hacksaw Ridge (2016) Обично нејќам филмови-претенденти за Оскар и ги избегнувам колку што можам – мислам на оние кои излегуваат кон крајот на годината, со срцедрапателни тематики, за кои од авион се гледа дека се снимени и направени со цел ќарување на Оскар. Има нешто одбивно во кинематографи чија цел е да добијат награда, а не да снимат добар филм. Како и да е, Мел Гибсон, со своето генијално лудило, е секако исклучок од ова правило. Сакајте го или мразете го, ама неговата вештина како режисер, па и како актер, е неоспорна. Хексоу Риџ – филм за битката за истоименото вукојебинско брдо помеѓу Американците и Јапонците, но и филм за патешествието на Дезмонд Дод – и тоа, според вистинска приказна. Интересна приказна за човек кој е патриот и кој доброволно се пријавува во војската, но истовремено, поради своите религиозни убедувања, одбива да користи оружје и да убива. Воен филм, за војник, кој одбива да војува. Невообичаена тематика и филм кој, неочекувано, ми се допадна повеќе отколку што претпоставував. Дури ни тоа што трае нешто повеќе од 2 саати не ми засмета премногу. Фино снимен, со добра актерска екипа, убава кинематографија и брутално ниво на реализам и експлицитни сцени (во стилот на Гибсон, секако). Филм за ненасилен човек во исклучиво насилни времиња, за човек кој останал доследен на своите верувања и принципи во ситуации кога тоа било исклучително тешко – нешто што ретко кој друг човек би го направил. Вреди да се погледне. Оцена: 8 П.С. @kravce, дој дружи не у Филмското фоаје - Arrival е на мени.
Doctor Strange http://www.imdb.com/title/tt1211837/ IMDb оцена: 7.9/10 Моја оцена: 8.5/10 Уште еден филм во низата на студио Марвел. Обично не сакам филмови за суперхерои, ама овој не е сличен на предходните, па можеби затоа ми се допадна. А можеби и затоа што ја обожавам брилијантната глума на Бенедикт Камбербач, па не можам а да не бидам малку пристрасна. Доктор Стивен Стрејнџ е еден од најдобрите, ако не и најдобриот неврохирург кој постои. Спасува животи од кои сите други се откажале, прави вистински медицински чуда, но во истовреме е и крајно арогантен и со пренадуено его. Тешка сообраќајна несреќа во која лошо ќе му бидат оштетени рацете ќе му ја згасне докторската кариера, по што во обид да најде спас ќе го потроши сето свое богатство, а патот ќе го наведе во Катманду, Непал, во мистичниот храм Камар-Таж. Таму, д-р Стрејнџ, под водство на „Древната“, ќе мора да го остави настрана своето его, и да се задлабочи во совладување на мистични моќи за кои не ни сонувал дека постојат. Сепак, иако оди за да пронајде лек за своите раце, набргу ќе открие дека истите тие моќи носат и голема одговорност, како и опасен непријател. П.С.: дефинитивно едни од најзабавните моменти во филмов ми беа сцените со наметката, скроз е забегана.
Hidden figures Филм базиран на вистинска приказна за три афроамериканки кои помогнале при лансирање на првите вселенски мисии. Од последните филмови што ги гледав, овој можеби најмногу ми се допадна, но во исто време морам да занемарам многу работи кога го кажувам ова. Во време кога било доволно тешко да си жена, плус со црна боја на кожа, овие три жени со висока интелигенција успеале да се реализираат и унапредат во НАСА. Доволно математика, социјални проблеми, приватен живот и тешкотиите да се биде од различна боја. Филмот опфаќа сосема малку, но сепак доволно од овие теми, со тоа што главниот фокус е НАСА и испраќањето луѓе во вселената. Но, како е возможно овие три жени да бидат клучниот фактор за успех? Како е возможно да нема ниту еден црн маж во цел НАСА кампус? И можеби би прашала, како е возможно да ниту една бела жена немаше клучна позиција, ниту придонесе за целиот проект, но истовремено доаѓа до судир со тоа што... дали би се запрашала истото доколку во филмот беа само бели жени? Можеби филмот претерува со успехот на овие три ликови, но истовремено, приказните, дијалозите, карактерите и целото дејствие задоволуваат. И бидејќи емотивно се врзав за нив, паметни, женствени и достоинствени, навивав и се радував на нивните достигнувања. И секако плачев со една сцена на Кетрин. Би ви препорачала да го погледнете. Spoiler “Three negro women are chasing a white police officer down the highway in Hampton, Virginia, 1961. Ladies, that there is a God-ordained miracle.”
Florence Foster Jenkins(2016) Florence Foster Jenkins, лик глумен од Meryl Streep е богата наследничка, која има огромна љубов кон музиката, или како што изјавува таа, таа живее за музиката. Но, таа нема талент за пеење. И покрај тоа не се откажува од нејзиниот сон и заедно со нејзиниот сопруг како најголема нејзина поддршка продолжува да пее. Инаку филмот е направен според вистински настани. Мерил Стрип е номинирана за оскар за оваа главна улога, и после гледање на филмов можам да видам зошто. Предобро изглуми, а и Hugh Grant беше одличен. Имаше сцени каде што убаво си се насмеав, и на крајот си пуштив по некоја солза. Приказната реално не е кој знае што, ама пријатен е за гледање филмот, па од мене има 7.5/10
Дајте му оскар на филмов, и да завршиме со работата. Сеуште сум под импресии и доста емотивна, па не знам како ќе ми звучи коментаров. Само можам да замерам зошто на повеќето плакати стои Сару со девојката, кога ова не беше љубовен филм, ова беше далеку од љубовен филм. Филмот се работи за едно мало детенце кое ќе заталка во погрешен воз и ќе заврши мнооогу километри далеку од дома. Бидејќи има само 5 год, не е свесен ниту каде бил, ниту каде да оди. Изгубен на улиците во Калкута, каде не го знае јазикот, помеѓу илјадници како него, без дом, без семејство, гладни деца и возрасни. Ја има среќата да биде посвоен, за да не остане уште еден од исцрпените лица кои никој всушност и не ги загледува затоа што можеби и се навикнува затоа што се навистина премногу. Филмот е базиран на вистинска приказна што го прави дополнително тежок, а крајот зачинет со вистински снимки од писателот дополнително удира кај што ве заболело. 8 годишниот Sunny Pawar е ѕвездата во филмот. А душата некако боли за сите оние останати во сиропатилиштето кои изгледа исто како затвор... Е така, си се изнаплакав и ви препорачувам да го гледате. Дел од реалноста на филмско платно. Да излезат преводи, ќе им го пуштам и на моиве да го гледаат обавезно. Spoiler Ова особено ми се допадна "I could've had kids. We chose not to have kids. We wanted the two of you. That's what we wanted. That's what we chose. We both felt that the world has enough people in it. To take a child that is suffering, like you boys were, give you a chance in the world...that's something"
Во последниве 2 саати го гледав филмот и само што завршив со гледање, дојдов да го изнафалам истиот. Гледам дека си кажала се што сакав и јас да напишам, па дури и делот од спојлерот гледам дека е истиот за кој ќе пишев и јас. Неверојатен филм, го препорачувам на сите, 10/10.
Prisoners (Затвореници) 2013 Прејак филм, ако не сте го гледале, обавезно да го изгледате. Се работи за две девојчиња што ги киднапираат и цел филм е обидот да ги најдат каде покрај полицијата се вмешува и таткото на едното девојче. Филмов трае 2 и пол саати ама цело време ќе ве држи во неизвесност. Едина замерка ми е што можеле малце подобро да го смислат крајот, пошо на крај кога заврши бев као WTF??
50 shades of grey Кратката содржина: Младата студентка оди да направи интервју со познатиот млад бизнисмен, се случуваат искри, понатаму таа се заљубува во него, ама тој има едно специфично "правило". Што да кажам освен да не сфаќам зошто едно време филмот беше хит. Дури не е ниту еротски на предизвикувачки позитивен начин, многу многу лош и глума и сценарио, многу млак и глуп некако. Оцена 2/5
Manchester by the sea 7/10 Ли живее во Бостон осаменички живот. Еден телефонски повик го враќа назад во минатото и местото каде претходно живеел. Се присетува на неодговорниот живот и се што имал и изгубил.