Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    15.610
    А кај го гледаше? Го има онлајн?
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    @azelea од замунда го симнав
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.639
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    La La Land

    Полека почнувам да ги гледам номинираните филмови за Оскар што ми фаќаат око, па конечно вчера го изгледав овој за којшто најмногу се зборува :lol:
    Емотивен и романтичен мјузикл кој преку џез мелодиите и атмосфера која потсетува на 80тите, ја раскажува приказната за двајца уметнички души со големи цели, нивната љубов и како текот на остварувањето на тие нивни соништа ќе влијае на неа.
    Малку на моменти ми беше раздолжен, и клише - aма на баш симпатичен и никако плиток начин.
    Крајот... ме растажи, и според мојот вкус за краеви, дефинитивно би го сменила, but that's me :lol:
    Естетски и уметнички многу ми се допадна како е реализиран, со убавите дијалози, музиката, глумата... и секако врв ми беа двеве dreamlike сцени, аххх :inlove:

    [​IMG]
    [​IMG]

    8/10 :bow:
     
    На Mariangela, crazylady, toogood и 4 други им се допаѓа ова.
  4. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.650
    Допаѓања:
    29.333
    Пол:
    Женски
    Captain Fantastic(2016)
    [​IMG]
    Прво, филмов дефинитивно не е за секого. Ама, мене ми беше погоден ептен и не очекував дека волку ќе ми се допадне. Приказната е за фамилија со 6 деца, кои живеат на многу нетипичен начин за нашето модерно општество, и е прикажан начинот како таткото ги одгледува и како сите тие се справуваат со смртта на нивната биполарна мајка. Децата се многу интелигентни, мене многу ми беше интересно како ги воспитуваше татко им, и какви навики имаа. Филмов заслужуваше номинација за оскар, ама само таткото (Viggo Mortensen) е номиниран за главна машка улога, ама и децата беа извонредни! Не ги имам гледано другите филмови од таа категорија, ама неговото глумење ми беше феноменално. Искрено ќе му дадев 10ка ама ради некои мои лични преференции има 9/10.

    Мене една од критиките ми беше убиството на еленот, едноставно јас сум против тоа, иако разбирам до некаде дека им беше потребно за преживување.

    И на сцената на крајот кога ја кремираа мајка им и пееа јас останав воодушевена и си се расплакав.
     
    На Someonespecial и 1209 им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Doctor Strange

    Ги обожавам филмовите на Марвел. Дефинитивно успеа да ми го задржи вниманието додека траеше филмот. Едвај чекам некој друг филм од нивната продукција. Погледнето го, вреди 10/10
    [​IMG]
     
  6. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Side effects IMG_4890.JPG
    8/10
    Психолошки трилер за контраиндикации на лекови за лечење на депресија и злоупотреба на истите за брза заработка.
     
    На K-a-t-e, ♡BuBaLe♡, Bender Rodriguez и 6 други им се допаѓа ова.
  7. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    На azelea, only44you и joy1 им се допаѓа ова.
  8. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    xXx: Return of Xander Cage
    После долго време Зендер повторно се враќа во акција со цел да ја најде пандорината кутија која беше одземена од ЦИА и да открие кој стои позади рушењето на сателитите. Добра акција како и сите други на Вин Дизел...
    [​IMG]
     
    На Mini90 и joy1 им се допаѓа ова.
  9. marta993

    marta993 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    29.043
    Пол:
    Женски
    Големо фала за препораката! Јас се заљубив во филмов и топло го препорачувам... Колку се смеев, толку и си проплакав.. Прекрасен филм :)
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  10. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за препоракава, филмов беше ОДЛИЧЕН/ПРЕДОБАР !!!! (y)
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Jovanotti

    Jovanotti Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2016
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Машки
    Goliath (TV Seria)

    http://www.imdb.com/title/tt4687880/?ref_=nv_sr_1

    Го препорачувам на тие што студираат право. Малку трипање, добри дијалози, не изгледа вештачки. Се на се многу добра серија.

    Hacksaw Ridge (2016)

    http://www.imdb.com/title/tt2119532/

    Мел Гибсон повторно во режисерска улога и тоа сјајно го одработил. Препорака за филмот и за сите тие коишто сакаат брутални и морбидни сцени. Филмот е базиран на вистинска приказна за војникот Десмонд кој спасил 76 американски војници во невозможна мисија на непријателски терен.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.650
    Допаѓања:
    29.333
    Пол:
    Женски
    The lobster(2015)
    [​IMG]
    Филмов е номиниран за best original screenplay, и го ѕирнав трејлерот и ме привлече и го симнав. Се работи за еден дистописки свет, каде што секој мора да си најде significant other, и не смееш да бидеш single. Слободните луѓе ги носат во еден хотел, каде што имаат 45 дена да си најдат сродна душа, и доколку не успеат во тоа, ги претвораат во животно по личен избор и имаат нова шанса за љубов. Во хотелот има различни правила кој мора да ги следат, во спротивно има казни. Како можност за продолжување на престојот за пронаоѓање на сродна душа, секоја вечер одат на 'лов', каде ги ловат слободните луѓе кои живеат во шумата. Знам дека вака звучи интересно и уникатно, ама дејствијата се одвиваат многу споро, јас на два пати го гледав филмот, и откако го изгледав останав збунета, what did I just watch?:|
    Инаку реално филмов имаше потенцијал да биде направен многу подобро, ја разбрав сатирата, и како е прикажано модерното општество преку превртена призма, ама едноставно не ми беше по вкус. И актерите, и монотоната музика, и целиот бавен развој на дејствијата.
     
    На Mayyya и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  13. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    27.886
    Пол:
    Женски
    MV5BMTQ2NjE4NDE2NV5BMl5BanBnXkFtZTgwOTcwNDE5NzE@._V1_UY1200_CR90,0,630,1200_AL_.jpg
    Конечно и ја да го изгледам филмов.
    Ама давам 10/10.
    Стварно ме воодушеви од сам почеток. Многу добра приказна.
    Преубава романса. Само крајот не ми се допадна али тоа е .
     
    На buba4e89, Liu и mila1111 им се допаѓа ова.
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.734
    Допаѓања:
    145.153
    Captain Fantastic(2016)

    Таткото Бен останува самохран родител, ја губи неговата жена поради психички проблеми. Останува сам со своите шест деца.
    Верува во еден многу поразличен начин на воспитување и се труди да го спроведе истиот. Живеат примитивно и далеку од цивилизацијата.
    Многу интересен филм, претставен еден сосема поинаков начин на одгледување на децата со кој јас искрено воопшто не се сложувам. Премногу брутален и примитивен. Но вреди да се погледне , да се види нешто поразлично.
    Децата се премногу паметни, превоспитани , со строга почит кон својот родител. Тој се бори за нив и мисли дека го прави на најправилен начин.

    Малите деци кои лепоти беа, ми доаѓаше да ги изгрицкам преку екран, посебно најмалото.

    10/10

    Careful what you wish for(2015)

    Психолошки трилер во кој Даг доаѓа на летна работа кај богат инвеститор. Личи на повлечено и мирно момче, но се сплеткува со неговата млада и згодна жена.
    Всушност тогаш започнува драмата.
    Има многу изненадувачки крај на кој сигурно не се надевате. На почетокот личи како освен секс-сцените меѓу швалерите ,друго не се случува ништо. А уствари детали се во прашање. Од средината започнува драмата и ве држи во неизвесност до самиот крај.

    Интересен е за гледање, се голта во еден здив.

    8/10
     
    На rhcpfan, Ane-Goki1, only44you и 4 други им се допаѓа ова.
  15. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.650
    Допаѓања:
    29.333
    Пол:
    Женски
    Kubo and the two strings(2016)
    [​IMG]
    Леле колку сладок анимиран филм:sun:
    Го открив со номинациите за најдобар анимиран филм, и решив да го гледам. Приказната е за момчето Кубо, и неговата мисија да го пронајде магичниот oклоп, кој е единственото оружје што може да му помогне во борбата со неговиот злобен и монструозен дедо. Ама, имаше plot twist на крајот и мене ептен ми се допадна. Нема шанси за оскарот покрај Zootopia & Moana, ама вреди да се погледне. 8/10

    Многу ми се допадна преносното значење на the two strings, како го означуваа доброто и лошото, светлината и темнината, мајка му и татко му. Навистина добро осмислено.
     
    На duffi и tace73 им се допаѓа ова.
  16. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Still Alice
    2014 ‧ Drama film ‧ 1h 41m
    upload_2017-2-3_0-28-20.jpeg
    Dr. Alice Howlandprofesor na Columbia Universitet e diagnosticirana so Alzheimerova boles.
    Emocionalna drama koja ni pokazuva niz sto pominuva pacientot i celoto semejstvo.

    Ne bi sakala da pisuvam poveke , poglednete nema da bide dzabe vremeto.
    Od mene ima 10/10

    Ne e loso da si imate nekoe maramce pokraj sebe ;(
     
    Последна измена: 3 февруари 2017
    На Mishela, duffi, tace73 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    John Wick (2014)
    [​IMG]

    Keanu Reeves,ах :inlove:

    Сопругата на Џон умира од некоја недефинирана болест, и после нејзината смрт тој добива кученце кое е испратено од неа, со цел да му помогне да се избори со загубата. Тој ептен се приврзува со него,и поминуваат доста време заедно. На бензинска се среќава со група руски мафијаши, кои сакаат да го купат неговиот автомобил, но сепак тој не дозволува.
    Потоа му доаѓаат дома и... Не би сакала да откријам што се случува,бидејќи ако кажам ќе откријам скоро се :D
    Интересна акција, се гледа во еден здив, мотивот на Џон е малку поразличен за се она што го прави :)

    Овој месец и втор дел :D
    8/10
     
    На Mishela, Bender Rodriguez, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Spring (2014)
    spring.jpg

    Необична љубовна приказна која започнува со Еван чиј живот се распаѓа по смртта на мајка му и отказот кој го добива на работа.
    По совет на другар одлучува да замине на пат во Италија каде запознава мистериозна девојка која на прв поглед е флертувачки настроена кон него и му дава примамлива понуда на која Еван гледа малку сомнително и ја пропушта.. Потоа по игра на случајност ја среќава одново истата девојка, но овојпат незаинтересирана за него и притоа пробува на секој начин да оствари контакт со неа..

    Интересен развој на настани има понатаму ама да не откривам детали, ке го расипам доживувањето на филмот кое варира меѓу топла и навидум наивна игра на запознавање и мрачно-мистериозна атмосфера како што се развива приказната. Хорор елементите ми се така добро вклопени што воопшто не го одземаат целото внимание кон нив.

    8/10 има од мене. :*:
     
    На Sky-butterfly, Bender Rodriguez, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.734
    Допаѓања:
    145.153
    Florence Foster Jenkins (2016)

    Филмот е направен по вистинска сторија. Се работи за оперската пејачка Флоренс, која и не е така талентирана како што таа мисли. Но е богата наследничка на својот татко и жена со големо срце, па затоа народот ја сака. Позади неа стои својот сопруг, кој и е како потрчко, и ја исполнува секоја нејзина желба, и ги организира концертите и прави се за таа да биде среќна.
    Дури ги прекрива и острите критики од новинарите за да не биде повредена. Флоренс боледува од сифилис скоро 50 години, и е еден од ретките случаеви во тогашно време кои живееле толку долго со болеста.

    Дејството се одвива околу 1940-1950 година , интересно е да се видат сите тие прекрасни костуми кои ги носеле како жените, така и мажите.
    Лесно филмче, драма-комедија.

    8/10
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033