Jack Reacher: Never go Back http://www.imdb.com/title/tt3393786/?ref_=nv_sr_1 IMDb оцена: 6.1/10 Уште еден акционен филм со Том Круз во главна улога. А е продолжение на првиот дел од Jack Reacher, а е уште едно продолжение на Mission Impossible и сличните на нив, не ми менува многу, ист калап е. Солидна крими акција, веќе видено, ништо посебно, ОК за тепање време. Моја оцена: 7/10 Careful What You Wish For http://www.imdb.com/title/tt1629242/?ref_=nv_sr_1 IMDb оцена: 5.6/10 До летниот дом крај езеро на младо сексуално неискусно момче се вселуваат богат бизнисмен со неговата млада заводлива сопруга. Тој често е службено отсутен, па соппругата го заведува момчето. Некаде до пола се се вртеше околу аферата и се мислев да го исклучам, но потоа се случи пресврт и крај кој не го очекував. Можеби и ќе дадев поголема оцена поради крајот, ама глумата на главната актерка беше толку безизразна, здрвена и очајна што ми беше голем turn off. Моја оцена: 4/10
Love Is All You Need? Филмов е, луѓе... ремек-дело! Знаете, од оние филмови полни со моменти што ќе ви предизвикаат солзи во очите... ама не со клише лигави сцени - туку од револт кон нешто неправедно, а моќно и реално прикажано? Е, тоа. Се работи за замислен свет во кој предрасудите и дискриминацијата околу човековата сексуалност се обрнати наопаку - хомосексуалноста е нормална и општествено прифатена, а хетеро луѓето се прогонувани и отфрлени, дури од малолетна возраст во училиштата се врши таков bullying врз нив што резултира и со самоубиства. Дејството се фокусира на љубовта меѓу Џуд и Рајан - девојка која игра американски фудбал и новинар. Тука е и приказната на младата тинејџерка Емили - којашто врсниците отсекогаш ја сметаат за чудна, а нивното малтретирање ескалира кога сфаќаат дека ја привлекуваат машки... Омразата и стигматизацијата, и посебно насилството се прикажани онака како во најекстремни случаи во реалноста, само со обрнати улоги незамисливи за нас - ко во спотот на Take me to church, впрочем и доста моменти од филмот ме асоцираа на песната. Многу моќен филм, потресен (мене дури ме вознемири, посебно последиците од нивната љубов и малтретирањето на девојчево) и со пред сè со мнооогу длабока порака. На имдб според мене очекувано underrated со оглед на тоа колку не е за секого, јас чиста 10ка му давам
Насловиве сосема случајно се погодија, не знам ни сама како Brooklyn http://www.imdb.com/title/tt2381111/?ref_=nv_sr_3 IMDb оцена: 7.5/10 Романтична драма со дејствие сместено во 40-тите години на минатиот век. Ја следи младата ирска емигрантка Ејлис која по преселбата во Бруклин се запознава со италијанецот Тони, се вљубуваат, но семејна трагедија ќе ја примора да се врати во родната Ирска каде ќе наиде на момче кое може да и пружи се што посакува, под услов да не се врати повторно во Бруклин. Моја оцена: 7/10 Baked in Brooklyn http://www.imdb.com/title/tt3138344/?ref_=nv_sr_1 IMDb оцена: 5.5/10 Комедија за животот на Дејвид кој е типичен штребер, кој само си го сака семејството, не прави проблеми, и по некоја случајност има девојка која е многу над негово ниво, меѓутоа ја губи работата и како начин да дојде до малку пари за да си го задржи станот, без да им каже на родителите за отказот, решава да почне со дилање марихуана на улиците на Бруклин. Ништо посебно, го гледав филмов само поради Alexandra Daddario ама испадна дека има многу малку сцени, па само си потрошив време. Моја оцена: 4/10 Bakery in Brooklyn http://www.imdb.com/title/tt4065212/?ref_=nv_sr_1 IMDb оцена: 4.7/10 Семејна комедија која го стоплува срцето, на IMDb е многу underrated. Откако тетка им починува и во наследство им остава по 50% од својата пекара, две братучетки кои се карактерно небо и земја, мора да ги остават своите разлики настрана, и да се изборат за да ја зачуваат семејната пекара која инаку би им ја конфискувале поради големиот долг кој тетка им го имала кон банката. Моја оцена: 8/10 @Someonespecial голем за Love Is All You Need?. Очите ми истекоа липајќи на филмов, вреди за секоја минута.
Captain Fantastic (2016) Нема да се повторувам и да кажувам за што се работи во филмот затоа што многу имаат пишувано за него. Само ќе кажам дека сум воодушевена,веројатно затоа што филмот е доста поразличен и невообичаен. 10/10 Lion (2016). Се зборува за 5 годишно момче кое живее во Индија кое потоа се губи на железничка станица и завршува во воз кој го носи илјадници километри подалеку од својот дом.Поминува низ многу работи и на крај завршува во сиропиталиште. Среќата му се насмевнува и е посвоено од семејство кое живее во Австралија.Брутално реален, тажен филм со моќна приказна. 10/10
Arrival(2016) Филмов има осум номинации за оскар и е апсолутно феноменален! Прво јас сум огромен фан на sci-fi и си имам одлучено дека нема да барам нелогичности во овој жанр зошто одсекогаш имало и ќе има, и така само ќе ми се уништи приказната. На земјата долетуваат 12 свемирски бродови на различни локации. Amy Adams е доктор по лингвистика и е повикана да помогне за да се стапи во контакт со вонземјаните. Најважната цел е да се дознае зошто се дојдени на земјата, но за да се стигне до одговорот е многу сложен процес, а во меѓувреме помеѓу нациите се накачува тензија. Мене поентата на целиот филм ми беше ептен добра, пресвртите исто така, и ако сте фан на sci-fi јас мислам дека е дефинитивно must watch. И да најинтересното е што откако ќе завршите со гледање на филмот ќе сфатите дека фокусот не е конкретно за вонземјаните, туку на нешто сосема друго, и неговата емотивна моќ го прави филмот одличен. 10/10
Still Alice(2014) Алис е професорка по лингвистика и предава на престижни универзитети низ светот. Има прекрасен сопруг и три деца. Во нејзините најубави години, кога децата се веќе самостални, а таа треба да ужива со сопругот, се соочува со дијагноза која ќе и го промени животот. Алцхајмер. Филмот е прекрасен, премногу емотивен. Прикажана е борбата на професорката и нејзиното семејство со подмолната болест. 10/10 Еlle(2016) Француски трилер. Иако на имдб е означен како комедија,драма ,трилер, јас би го класифицирала само во драма и трилер. Искрено и немаше некоја комична ситуација. Се работи за бизнисменка која живее сама и е нападнана од маж -трансформиран во мачка. Таа е продуцент на видео игри и е посветена на својата кариера. Филмот опфаќа премногу сплетки и настани. Но и покрај тоа од монотоноста на глумицата знаеше на моменти да ми биде досаден. Целата драма е базирана на потрагата по напаѓачот кој и е многу близу. 7/10 Allied(2016) И последниот според мене предобар. Акцијата со Бред Пит. Би ви препорачала само да го погледнето, навистина вреди. Дејството се одвива во 40тите години, за време на војната. Во текот на војната, во сред Мароко, на мисијата во која се пратени се раѓа една голема љубов помеѓу Канадскиот Офицер Макс и Парижанката Маријана. Сепак љубовта се наоѓа пред тест кој треба да го поминат. 10/10
Train to Bustan Јужно Корејски филм со зомби.... Јас не памтам од кога волку добаррррр филм не сум гледала. Да те расплака филм со зомби? Е толку е ДОБАР. Темата е зомби, но филмот навлага многу подлабоко, навлака во односите со семејството, човековата добрина, злоба, потреба да помогнеш или одмогнеш! Многу убав филм, не трепнав ни секунда, комотно може да му парира на Холивуд се кладам дека ќе има некој Амерички римејк. Многу, значи многу,премногу ми се допадна, ме растажи .... Ептен го препорачувам , многу квалитетен филм и квалитетно направен. Татко и ќерка се качуваат во воз да одат да ја посетат мајката на ќеркичето. Избива епидемија, луѓето се виросани и се јадат меѓу себе. Таткото прави се за да прежвее со детето, . 100/10 од мене.
@ludoto19 high five Некаде прочитав дека веќе во план имаат да направат римејк Мене ми е само жал затоа што има предобри филмови од неанглиско говорно подрачје, ама луѓето ретко се одлучуваат да ги гледаат. Холивуд некако не засити со исти или слични сценарија.
Нема шанса да биде добар како оргиналов.Јас прочитав дека поради неочекуваната популарност на филмов, веќе се снима и втор дел,што искрено се надевам дека е вистина. Многу ми се допадна филмот, уште сум под импресии , криво ми е што го изгледав Сакам да го избришам од меморијата, и да го гледам одпочеток хуху. Штета што не е номиниран за Оскар од неанглиско потекло... Дефинитивно заслужува.
LA LA LAND Не знам ама мене филмот не ми остави некој впечаток. Приказната прозирна глумата некако без емоции, вештачки. Мене барем така ми се чинеше па што знам.
Ја прочитав рецензијава и веднаш го изгледав. Ме привлекуваат вакви теми во филмовите, зомби епидемии иако хорор филмови не гледам Мене филмов не ми беше нешто посебно. Иако веќе видено, што и очекував секако со ваков вид на филм, ама на неколку пати пуштав филмот да оди нанапред, оти ми беше малку досаден. Ме потсетуваше на индиски серии, поглед па трае трае и трае, па тие успорените снимци, непотребните детали, слаба глума, ми делуваше ептен нискобуџетно. Се уште најдобри ненадминливи "зомби" филмови ми се "Јас сум легенда" со Вил Смит, и "Од сумрака до свитања"(како би одило на македонски? ) Ако знаете уште некој ваков предложете ми
BRAKE (2012) Човек се разбудува во багажник од автомобил и не знае зошто е ставен таму. Околу него има само бројчаник и стар телефон. Наскоро дознава што се бара од него, но дали е спремен да ја открие државната тајна за сметка на животот на најсаканите? Јас обожавам вакви филмови со малку луѓе во мал простор, а тука беше еден човек во багажник, па вие видете . Крајот мислев дека ќе е предвидлив, но последните минути ме изненадија. Читав дека го споредуваат со Burried кој сум го гледала, ама не се сеќавам на крајот, па не знам да кажам. Поради неочекуваниот, ама малку наивен и нелогичен крај, од мене оцена 9/10. SPLIT (2016) Три девојки ќе бидат киднапирани од човек кој пати од синдром на подвоена личност и во себе содржи 24 различни личности. Една од нив сфаќа дека некои од неговите личности може да се манипулираат, па ќе го искористи за да избега. Која е целта на киднаперот и дали ќе се спаси некој? Глумецот што го глумеше киднаперот си ја заврши работата перфектно . Филмот ми беше супер се' до преувеличувањето на крајот. Аман, зошто расипуваат златни филмови со голем потенцијал, не знам . Во секој случај, од мене оцена 9/10. Кога сум кај расипувањето филмови да го спомнам , а НЕ препорачам: THE TRAVELLER (2010) Една Божиќна ноќ, при големо невреме во една изолирана полициска станица пристига човек кој сака да признае убиство. Наскоро почнуваат убиства. Филмот беше супер се' до последните 20 минути. Вознемирувачки, језив, мистериозен, Вал Килмер беше крипи, ама крајот беше бљак, млак, нереален, глуп. А толку убави сценарија си направив во глава додека го гледав . @Sky-butterfly, пред некоја недела почнав да гледам филм со зомби и веднаш ми текна на тебе . За жал, гледав само пола саат, ама ми се виде доста интересен за љубителите на ваков жанр, па би ти го препорачала. Некој ден и јас можеби ќе го догледам . Филмот е THE GIRL WITH ALL THE GIFTS (2016) .
@Sky-butterfly Ако мислиш на From dusk till dawn тој е со вампири. За филмов погоре може само да ти коментирам за глумата. Знам дека е тешко да се процени кога јазикот не ни е познат, но во филмов беше баш на ниво. Следам редовно азиски филмови па ќе си дадам дозвола да кажам дека имам добра проценка. Дополнително што филмов допира и дел од корејскиот менталитет, но тоа е веќе малце подолга приказна. За сторијата, тоа е по вкус. За зомби филмови, би ги спомнала и Dawn of the dead и Shaun of the dead како одлични
Да, знам дека е тој со вампири, ама тоа е таа приказна, епидемија на вирусот или како веќе. За филмот ок, тоа беше мојот впечаток, далеку од квалитетен филм или јас поставив очекувања врз основа на веќе видени западњачките филмови. Не знам, ама ете не ми беше нешто одушевувачки.
Се е до вкусот, ете мило ми е што сподели и вакво мислење Мене лично овој ми е многу поинтересен од Јас сум легенда мене па баш овој ми беше Индиска серија па го скокав Се расплакав и на овој, ама поради киучето само, за мене подобар и од 'Од самрак до зори',World war z и остали зомби филмови , го ставам на ранк со Dawn of the dead, мене тој ми е омилен зомби филм . Искрено не ни запазив многу глумата иако најчесто ја заприметувам. Мене лично ми се допадна ептен, по мој вкус беше комплетно. Ама ете се си е до вкусот
Ако збориме за сериозни филмови, мене еден од најдобрите зомби-филмови ми е 28 days later - има и продолжение кое е солидно, ама сепак не толку добро колку оригиналот - 28 weeks later. За пародии и комедии - некој веќе го спомна Shaun of the Dead, кој е одличен, а ја би го додал и Zombieland.
Леле моја грешка. Прееска напишав Од самрак до зори, а всушност мислев на 28 days later, се потсетив дека сум грешка бидејќи кликнав на линкот и ми излезе дека е англиски и така ми текна. Малку збунка направив, ми се испомешаа. Да, го гледав тој Другите предлози ќе ги ѕирнам, ама преку ден само, навечер ме е страв
Fathers and Daughters 9/10 Сообраќајната несреќа во која ќе загине неговата сопруга го менува понатамошниот тек на неговиот животот и животот на неговата петгодишна ќерка Кејти. Секојдневната борба за старателство и менталната болест со која се соочува нема да го спречат да го напише бестелeрот Fathers and daughters. Не може да ја заштити и од проблемите со кои живее неговата ќерка.
Harold & Kumar Escape from Guantanamo Bay http://www.imdb.com/title/tt0481536/?ref_=tt_rec_tt Ништо посебно...слабо хумор, многу голотија...повеќе на порно личеше филмов Оценка според мене 6.0 Каде каде е послаб овој од првиот дел