Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Sausage party.

    Филмов е пародија на реалноста. Ги разобличува религиозните догми и социјалните конвенции.
    Хумор ок не беше нешто wow
     
    На sweet-cherry и Kohlensäure им се допаѓа ова.
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.240
    Допаѓања:
    170.334
    На promeneta му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    106.218
    Пол:
    Женски
    Макеа (1998 )

    images (2).jpg
    Драма 10/10

    Разведен пар со две деца се соочува со најтешкиот предизвик за нивните деца - прифаќање на новата жена на нивниот татко, а воедно и со новонастаната ситуација - мајка болна од рак..

    Гледан повеќе пати
    Како помала, го гледав низ очите на децата,колку е тешко да се соочи едно дете со распаѓање на семејството, да прифати макеа, а притоа и да мора да се збогува со мајка:(
    Подоцна, го гледав низ очите на макеата, млада жена со иднина пред себе, се заљубува во човек кој зад себе има пропаднат брак од кој засекогаш има и улога на родител, па автоматски прифаќајки ја улогата на сопруга се соочува со нов предизвик - да биде прифатена и од неговите деца.
    И денес го гледав низ очите на разведена сопруга, мајка на чии деца семејството се распаѓа, деца кои добиваат макеа која ги сака и гледа како таа љубов постепено е взаемна, а воедно се соочува со најлошата состојба која еден човек и една мајка ја има - живее бројани денови и мора да се збогува од своите деца:(

    Прекрасен филм на кој никој не останува рамнодушен!
     
    Последна измена: 7 февруари 2017
    На Ane-Goki1, duffi, Winter Lady и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Rosonerka

    Rosonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    4.481
    maxresdefault.jpg
    imdb 6.2/10 Horror, Thriller
    Брат и сестра заминуваат на посета кај нивните баба и дедо каде што им се случуваат чудни работи, односно старите се однесуваат така.
    Дејството ми идеше некако многу споро, ама има добра приказна и добар пресврт, го препорачувам.



    MV5BMjQzNTUwNDU0OV5BMl5BanBnXkFtZTgwNzU5NTAwODE@._V1_UY1200_CR64,0,630,1200_AL_.jpg
    5.4/10
    За тепање време добар (y)
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    The Accountant (2016)

    [​IMG]

    Филм за аутистичниот Кристијан Волф (Бен Афлек), кој благодарение на аутизмот е брилијантен математичар и сметководител. Освен тоа, во своето слободно време е и Џејсон Борн. :D

    Неговите нинџа-способности, како и ракувањето со сите можни видови оружја, се должат на неговиот borderline социопатски татко, кој сметал дека лекот за аутизам е да те претепува секојдневно средовечен кинески кунг-фу мајстор, се додека не се научиш да се одбраниш од него.

    Како и да е, Афлек своите супермоќи ги користи за да биде сметководител на матните бизнисмени од подземјето. Но, кога пливајќи во тие матни води и самиот ќе западне во матна зделка, животот му е во опасност и мора да ги искористи своите способности максимално, за да може да се спаси.

    Филмов искрено позитивно ме изненади и беше подобар отколку што очекував. Само не сум сигурен дали е тоа затоа што очекував премалку или затоа што филмов стварно е добар. :D

    Ако успеете да ја проголтате неверојатната и помалку навредлива премиса (навредлива за луѓето со аутизам, пред се) дека аутизам = супермоќи, и тоа супермоќи еднакви на оние на X-Men од Марвеловиот универзум, филмов е интересен, забавен и со солидно темпо.

    Главната глумица (прочитав дека е некојаси Ана Кендрик) беше, благо речено ужасна, а нејзината врска со Афлек беше без трошка хемија (што можеби и беше намерно, пошто он е нели аутистичен) и по малце creepy – бидејќи изгледаше доволно младо за да може да му биде ќерка.

    Имаше уште некои моменти кои не функционираа како што треба у филмов – она со братот на Афлек на пример – но, се на се филмов не губи многу на квалитет ради нив, затоа што, да бидеме реални, филм со ваква тематика не ни може да биде нешто mind-blowing.

    Она у што филмов можеби најмногу потфрли е – прикажувањето на аутизмот како сериозна и тешка состојба – иако, не е дека не се трудеше да не убеди во тоа. Но, малку е тешко да го натераш гледачот да сочувствува со тешкотиите со кои се соочуваат аутистичните, кога главниот лик кој има аутизам е математички гениј, мултимилионер, нинџа и кога може да убие 6 души у една соба за 6 секунди, и тоа сите со head shots – нели? :D

    Но, кога холивудското неточно прикажување на нечија попреченост не спречило да уживаме во некој филм? :)

    Оцена: 8
     
    На only44you, kravce, Mayyya и 5 други им се допаѓа ова.
  6. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-2-7_9-9-58.jpeg
    Miracles from Heaven
    2016 ‧ Fantasy/Drama film ‧ 1h 49m
    Se raboti za semejstvo so tri deca. Ednoto od decata se razboluva od neizleciva boles.
    Familijata pominuva niz site tie prepreki za na kraj......
    Kako i da e devojceto odglumi perfektno, dodeka majkata koja bese isto taka klucen lik vo filmot bese podole od prosek.Mi ja unisti fantazijata.
    Filmot ima ubava poraka i mnogu emocii vo nego.
    7/10
     
    На tina-63, ♡BuBaLe♡ и joy1 им се допаѓа ова.
  7. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Кај го има филмов со превод да се гледа?
     
  8. the.vampire.girl

    the.vampire.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    879
    Допаѓања:
    1.490
    Пол:
    Женски
    Кога го гледав јас немаше превод, ама плус е тоа што во првата половина од филмот има англиски превод затоа што се збори на индиски. Го симнав од замунда, ама можно е до сега да има превод, пробај со bs player.
     
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    The Transporter: Refueled (2015)

    [​IMG] http://www.impawards.com/2015/posters/transporter_refueled_ver3.jpg

    Некој гениј решил дека би било добра идеја да се помолзе уште малце златната крава наречена „Транспортер франшизата“, ама тоа што дури ни Џејсон Статам не се согласил да глуми во 4-то продолжение (а да не се лажеме, не е дека човекот има високи критериуми за филмовите у кои глуми) не му било знак дека треба да се откаже од идејата. Ноуп.

    Резултатот е Transporter: Refueled, кој од ниту еден аспект не е ни успешен, ни добар филм. Најверојатно затоа што кравата наречена Транспортер која се обидуваат да ја измолзат умрела пред 10-ина години, со 3-тиот дел од филмов.

    Она што продуцентите на филмов не успеале да го сфатат (а го знае секое мало дете) е дека буквално единствената работа која вредеше у Транспортер филмовите беше Џејсон Статам – се, буквално се останато беше просечно, потпросечно или едноставно срање.

    Одземете го Статам од Транспортер равенката, просечното и потпросечното помножете ги со нула и ви останува само срање, што во суштина е и целиов филм.

    Наместо Статам, имаме некое типче со необјасниво виолетови усни, кој изгледа како машки модел за долна облека. Освен него, тука е и таткото на Френк Мартин – можеби единствениот асален и харизматичен глумец у целиов филм, за кого ми беше по малце жал, пошто од сите, само од се трудеше колку-толку. Останатите ликови се третокласни француски и источноевропски актери, чија глума беше на ниво на актери у порно филм.

    Во отсуство на сценарио, приказна и било што што барем наликува на глума, филмов можам да го окарактеризирам како најскапата и најдолгата реклама за Ауди досега снимена – со траење од речиси саат ипол.

    Наместо да го гледате филмов, побарајте видео на јутуб за Ауди С8, погледнете некој краток источноевропски порнич на порнхаб и разлистајте каталог за машка долна облека од Келвин Клајн – искуството е исто (ако не и подобро), а ќе ви одземе многу помалце време од новиов Транспортер.

    Оцена: No. Just no.
     
    На buba4e89, kravce, joy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    27.886
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2017-02-08-16-21-32.png
    Последно го гледав Патници.
    Моја оценка 7/10.
    Филмов ми беше многу монотон цело време. Првиот пола сат само еден лик гледаш и ништо друго.
    Нискобуџетен филм според мене и многу монотон се се одвива на едно место. Ништо посебно.
    Актерите ми беа добри. И очекував поинаков крај.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-2-8_14-43-23.jpeg
    Filmot e npraven vrz osnova na vistinska storija.
    Samohrana majka go ostava sam sinot doma, odi na rabota i koga ke se vraka nego go nema. Prijavuva vo policija i od tamu trga celata prikaska.
    Prekrasna gluma, ubava glumica, inzvonredna kostimografija...
    Ne e loso da si imate i maramce pokraj sebe. Moze i nekoja solza da se slizne.
    10/10
     
    На christinnn, Bozica1980, boomsleng и 3 други им се допаѓа ова.
  12. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.240
    Допаѓања:
    170.334
    baraj na filmotopija
     
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.240
    Допаѓања:
    170.334
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Falling down.
    Постар филм, се работи за човек кој за еден ден драстично си го уништува својот живот. Типот има некакво ментално нарушување, кое станало поизразено после разводот со жена му.
    8/10 според мене.
    Психолошки трилер.
     
    На ♡BuBaLe♡ и toogood им се допаѓа ова.
  16. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-2-8_20-55-49.jpeg
    Life Is Beautiful
    1997 ‧ Drama film/Comedy-drama ‧ 2h 2m

    Prekrasen film.
    Go poglednav po preporaka na devojkite od temata Italianski filmovi.
    Se raboti za semejstvo koe zavrsuva vo logor .....
    Kolku e znacajna ljubovta i koja carolija ja ima i vo najteskite momenti gi odrzi mentalno stabilni i im dade sila da se borat.
    10/10
     
    На Bozica1980, Mishela, boomsleng и 5 други им се допаѓа ова.
  17. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Eve edna preporaka na film koj mozete da go gledate zaedno so vasite deca , a na site da im bide uzivanje.
    upload_2017-2-8_21-9-5.jpeg
    Moeto dete ja imase kako kniga koja ja citavme zaedno.
    Jas nacisto se zaljubiv vo Desperaux.
    Takov text koj znaete deka e samo bajka, a sepak veruvate i ziveete so likot kako da e realnost.
    10/10
     
    На sweet-cherry, ♡BuBaLe♡ и joy1 им се допаѓа ова.
  18. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Добар... Некако тој црнецот ќелавиот ептен беше провиден кога и се удвараше на Џудит, но искрено не очекував таков крај.....
    Вреди да се гледа сепак, за да се извлече паметна поука !!!
     
    На Ane-Goki1 и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  19. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    106.218
    Пол:
    Женски
    Careful-What-You-Wish-For-2015-Wide-Screen--Front-Cover-100479.jpg

    Класична приказна за романса на тинејџер и несреќно омажена жена...која има доста интересен тек на настаните....

    Од мое гледиште, ништо повеќе од 2/10
    Слаба глума, провидни сцени, очекуван тек на настаните, баш коа очекував некој wow расплет, заврши
     
    На Sky-butterfly и mila89 им се допаѓа ова.
  20. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Captain Fantastic
    MV5BMjE5OTM0OTY5NF5BMl5BanBnXkFtZTgwMDcxOTQ3ODE@._V1_SY1000_CR0,0,674,1000_AL_.jpg
    Филмот го гледав уште прв пат кога видов тука рецензија за него (не знам чија беше).
    Мене филмот не ми се допадна. Замислата била добра ама не целосно реализирана. Почетокот ајде може да се каже дека беше ветувачки, ама од моментот кога тргнаа во цивилизација ништо посебно не се случи, очекував да видам како ќе се снаоѓаат децата во општеството, но ништо од тоа. Актерите во филмот беа во втор план освен таткото (Viggo Mortensen) кој малку се издвојуваше ама и неговиот карактер не беше целосно дефиниран. Единствено што ми остави впечаток беше изведбата на Sweet child of mine. Не жалам што го гледав филмот, иако можело да биде многу многу подобро.

    La sconosciuta / The unknown woman
    MV5BNzNlMjhmMjEtMGRhMC00YmZlLThiZmMtMGUxZmU5OGUzNTg3XkEyXkFqcGdeQXVyMTAwMzUyOTc@._V1_.jpg
    Филм на Giuseppe Tornatore, режисерот на Cinema Paradiso и Malena.
    Ирина е украинка која со причина доаѓа да работи кај едно италијанско семејство. Прогонувана од минатото таа се бори да ја оствари својата цел. Психолошки трилер, мистериозен, разработен до детали, прекрасна глума, баш седма уметност.

    Mine vaganti / Loose Cannons
    MV5BNjE4NDQ3NDkwNF5BMl5BanBnXkFtZTcwNzQzMjAyNA@@._V1_SY1000_CR0,0,664,1000_AL_.jpg
    Уште еден италијански филм, овој пат комедија/драма. Томасо е најмалиот син во семејството, за време на празниците доаѓа дома и решава за време на вечерата да му открие на неговото семејство дека е хомосексуалец и дека не студира бизнис туку литература. Меѓутоа пред да успее тој неговиот брат објавува нешто што ќе му ги смени плановите на Томасо. Интересен филм, преовладува топла атмосфера низ целиот филм, убави сцени и пејсажи. И прекрасната нумера на Nina Zilli (во спојлер со сцени од филмот) постојано ми се мотка во глава.
     
    Последна измена: 9 февруари 2017
    На duffi, joy1, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.