Повели: https://thepiratebay.org/torrent/16789565/La.La.Land.2016.DVDScr.XVID.AC3.HQ.Hive-CM8 https://thepiratebay.org/torrent/16945371/Lion.2016.DVDScr.XVID.AC3.HQ.Hive-CM8
@Bender Rodriguez De te molam spodeli link od torrent za Underworld: Blood Wars . Jas eden simnav ama uzasen e, bolat oci .
Hacksaw Ridge Уште еден во низата оскаровски филмови што зедов да ги гледам. Најмногу го гледав ради глумата на Ендру гарфилд, кој отсекогаш ми се допаѓал како актер, иако тука повеќето го знаете по улогата на Спајдермен. Добар филм, ми го задржа вниманието до крајот. Емотивен филм, се ежев на моменти, посебно помислата што е по вистинска приказна уште повеќе правеше да се ежам. Се работи за млад маж кој сака да и помогне на својата држава во војната, но не сака да убива и да употребува пушка. Немав ништо читано за случајов претходно, иако ја сакам историјата и ми беше малку чудно и смешно и мислев дека ќе ме разочара. Се излажав. Тој не само што и помага на својата држава, тој истовремено спасува толку многу млади животи, неверојатно. Уште кога ќе замислам дека тоа навистина се случувало. Глумата на ниво, добар беше Ендру, ја заслужува номинацијата. Мел Гибсон исто завршил многу добра работа режирајќи го филмов. Музиката, сцените и начинот на кој се е прикажано, ми се допадна исто. Исто ми се допадна и тоа што мислам дека ова е еден од ретките филмови со воена содржина каде што не е во прв план ставена големата сила на Америка и акде што се се врти околу САД и слично. препорачувам, изгледајте си го филмчево.
The Escort (2015) Се работи за млад новинар, кој е претставен како секс зависник (што и да тоа значи). Во филмот тој преку една секс апликација наоѓа партнерки за секс. Од друга страна имаме паметна девојка која се претставува и работи како пратња (по модерно скапа проститутка де) и така, во обидот тој да направи добра приказна за својот магазин, поминуваат доста време заедно и филмот станува романтичен Глумците се симпатични (тие двајца), и филмчето е за опуштање на мозокот 6/10 Nocturnal Animals (2016) Ме заинтересира поради бројните препораки тука. Иако ги сакам ваквите филмови, трилери, драми, не ми беше нешто толку воодушевувачки. Можеби и самиот факт дека ги читав добрите рецензии и очекував од филмот не знам ни самата што да се случи, ама филмот е просечно добар и тоа. 8/10 The girl with all the gifts (2016) Како zombie lover и по препорака на @promeneta го изледав и останав со некои прашања, или нелогичности да речам (подолу во спојлерот ќе ги изложам). Се работи за вирус кој се пренесува преку телесни течности и всушност заражен ги напаѓа и јаде луѓето, животните, те. живите. Меѓутоа, филмот почнува на интересен начин, со деца, во ќелиите, врзани во количките кога ги изнесуваат, по се личат на нормални луѓе, ама тоа не се... Да не зборувам натаму, кој сака вакви филмови нека погледне. Не е нешто страшен, повеќе е морбиден некако бидејќи се работи за деца 8/10 За оние што го гледале филмот би сакала некој да ми продискутира следново: Spoiler: прашања кои ме мачат:) Нели заврши така што малата го ослободи вирусот и сега и сите живи суштества кои беа надвор, кои не беа изолирани во некоја херметична просторија веќе се заразени, фактички крај на светот како го нарече таа докторка, ама како тогаш побогу опстојуваа тие деца заражени (втора генерација), ако немаа што да јадат, а се знае дека имаат потреба за храна (крв), затоа и се нарекуваат гладни? И како воопшто таа учителка која остана затворена во тој изолиран бункер ќе преживува? Може Мелани зомбито да и носи храна што ја наоѓа ама ако го ослободила вирусот насекаде како тогаш кога ќе ја отвори вратата за да ја превземе храната нема да и влезе од заражениот воздух? Оти нели Мелани кажаа на крајот дека имаат доволно време алудирајќи на тоа дека таа ќе е жива за долго итн?
Hacksaw Ridge(2016) Прво да си кажам дека одбегнувам да гледам филмови со оваа тематика, едноставно тешки се за гледање, ама она што ме натера да го гледам овој е приказната, која е базирана на вистински настани. Andrew Garfield го сакам како глумец, ама човече како глумеше во филмов, мене ме изненади. Воодушеви! И тотално ја заслужи номинацијата за оскар. Инаку цело време очекував да испадне типичен американски момент, и одбегнував да го гледам филмов ради тоа, ама Мел Гибсон одлично го средил филмот. На крајот си пуштив и некоја солза, пошто сум емотивец до срж и мило ми е што постојат луѓе како личноста на која е базиран филмот. Од мене голема препорака!
Priceless (2016) Џејмс е вдовец кој фатил по ,,лошиот,, пат, па останува без старателството над ќерка му. И покрај тоа не престанува да се занимава со тоа и повторна паѓа во неволја. Превозник е на камион во кој не знае што превезува. Приказната започнува кога дознава во што е вплеткан. Океј филм, крај кој се очекува. Ништо возбудливо и посебно. 6/10 The Light Between Oceans (2016) Драма за една двојка која живее на пуст остров во Австралија. Едно бебе кое случајно доаѓа во нивниот живот целосно ќе им го промени. Прекрасни пејсажи од изгрејсонцето на морето, од зелените ливади, брановите кои се одбиваат на брегот, сетоа тоа дополнето со многу емоции. Филм кој ми го задржа вниманието иако трае повеќе од два часа. 10/10
По потсетување на @Bender Rodriguez 28 days later Всушност сфатив дека не ми текнуваше на филмот или помина долго време откако го гледав. Имено, дечкото кој беше во кома поради сообраќајна несреќа се буди и открива дека се случила апокалиптична катастрофа, вирусот на беснило кој бргу се шири. Уште еден зомби филм. 28 weeks later Вирусот кој беше донесел катастрофални пустошења и жртви се става под контрола и преживеани се враќаат да живеат во обезбедена чиста зона. Контролите се јаки за да не се дозволи вирусот повторно да земе замав. Меѓутоа, се случуваст непредвидливи нешта и работата повторно излегува од контрола. По мене, овој е најдобар филм од овој карактер. Го гледав оддамна, сега се потсетив. Мене па овој ми е многу јак филм, многу подобар од првобитниот, со прилично грозни сцени кои "гледав" преку замижени очи Кога веќе тргнав со бројки, ама не е зомби филм 24 weeks Германски филм. Уф, многу тешка, контраверзна тема можам да речам. На редовни испитувања во бременоста парот открива дека детето ќе биде со Даунов синдром, па потоа и дека ќе има срцеви проблеми. Многу силни емоции, што преживува парот во тоа време, со какви прашања и дилеми се мачат, за да донесат конечна одлука. Реален и тежок, плачев. Моите субјективни мислења секако нема да споделувам, ама филмот ќе ве допре и ќе ве остави во размислување дефинитивно!
Ми се гледа лесен филм. Лион друг ден. ПМС и филмот, не ми одат во комбинација. Нијансите на сиво се актуелни насекаде. Јас ги немам гледано. Да трошам ли време на чудово или да барам друго? Јас ги хејтам и книгите, ама пуста љубопитност. Па да има и зошто да мрчам ако не па.
* Love, Rosie Романса, комедија. Мислев дека е некое лајт филмче, ама толку се внесов во приказната што изнуди немир во мене Момче и девојче кои живеат преку улица, цело детство, средношколки денови ги поминуваат еден до друг, сите планови скроени за иднината се со исти цели и здружени заедно.... Но дали може една таква близина помеѓу лица од спротивен пол да опстои.... 10/10 * The Light Between Oceans Драма, романса. Безгрижна девојка од мало место се заљубува во чувар на светилник, кој се наоѓа на остров во Австралија. Започнуваат совршена љубовна бајка помеѓу синиот океан, зелените ливади, песочните плажи, топлата куќичка, безбројните мали животинки и разновидните растенија. На нивната среќа и љубов и нема крај, тие двајца и плодот на нивната љубов кој доаѓа се сосем доволни на тој мал остров, но еден сосема обичен ден сета идила и спокој се менува, црните облаци кои им надвиснале над главите никогаш не успеваат да ги избегнат.... 10/10 * The Time Traveler's Wife Драма, романса, фантазија. Интересно филмче, онака, ништо посебно и ќе беше многу подобар доколку крајот беше поинаков и помалку предвидлив... 6/10
Lion 10/10 Еден прекрасен филм што ја доловува реалноста во која живееме, и колку дечиња преспиваат гладни и боси на улиците на Сиромашните земји како Индија. Преубав филм според вистинска приказна, многу трогателен, ептен ме расплака крајот, цела се наежив на крајната сцена... Највеќе тоа што е реално, вистинска случка, и многу ми беше жал за биолошката мајка низ што се поминувала долги годни незнаејќи ништо за детето....искрено се надевам дека ќе го земе Оскарот П.с Детенцето беше преслатко <3 the intouchables 10/10 Уште еден прекрасен овој пат Француски филм, леле преубаво дело, не трепнав. Се работи за парализиран Билионер и неговиот помошник кој има проблематичен живот Исто така и овој филм е според вистинска приказна, дефинитивно вреди да се изгледа, многу поучен пред се. Од мене има голема препорака
Me Before You 2016 ‧ Drama film/Romance ‧ 1h 50m Mnoguod Vas go gledale i poveketo se zadovolni. Jas mu davam na filmot 7.5/10 samo zaradi glumata na devojkata. Mnogu cudni, neprirodni faci pravese, nekako mi smetase. Inaku temata bese ubava, kostimografijata isto, okolinata kade bese sniman ...
The love witch 2016 10/10 Хорор-трилер иако ич не ми беше хорор ама ми беше интересен.Бидејќи глумицава првпат ја видов и ми беше интересно што сите ликови скоро беа непознати, а оваа глумеше многу интересно и шминката ми се свиѓаше и како беше во целост облечена, средена. Приказната може и не беше толку интересна, но добро ја долови глумицата, скроз беше внесена според мене. Интересни quotes има самиот филм, а оваа е во нешто ко секта за вештерки и прави магии да ја сакаат машки, ги искористува и ги убива. А самиот филм беше сниман на убави места, пејзажи, планина, шума, мало интересно гратче
ако сакате да рикате како магарица изгледајте го филмов препорачувам само за луѓе кои имаат железни нерви 24 WEEKS 2016
Nocturnal animals Каде сите турци, таму и гол Асан.Така и јас,. Сузан по пошта добива необјавен роман од нејзиниот бивш маж.Читајки страница по страница,Сузан индиректно се препушта на анализа на својот живот.Всушност и филмот е така направен,да се преплетува минатото,сегашноста и фиктивното дејство на романот.Малку е несфатливо како таа се пронаоѓа во романот,зашто станува збор за спротивни теми.Еден монотон богат живот , на СУзан и бурно киднапирање во романот кое признавам до максимум го подига адреналинот.Водејки ја низ дејството Едвард ја наведува Сузан да си ги преиспита своите одлуки во животот,иако според мене баш совршено и одговарале во даден период на животот.Зелениот фустан и осамената чашата алкохол за неа ќе бидат најголема казна и нема одмазда од страна на Едвард,исто како и големата слика во нејзината галерија. Едно не можев да сфатам,на кого се јави кога ја читаше сцената од пронајдените мртви мајка и ќерка?Ја именува како свое дете,а ниеднаш не се спомна или навести од кого е,или јас не укапирав? Солидно филмче за сабота навечер. 7/10
Hidden Figures (2016) Филм направен по вистинска сторија. Три афроамериканки со своето знаење помагаат во првите вселенски мисии во НАСА. Прикажана е дискриминацијата на црнците, колку било тешко да си со ,,обоен,, тен, плус и жена. Ама па од друга страна на крај овде сосема се диксриминирани ,, белите,, раси. Како ниеден од нив да не помогнал во лансирањето. И покрај тоа филмот ми се допадна, во ниеден момент не ми стана досаден, интересен е, а лесен за гледање. 10/10 Arrival (2016) Кога вонземјаните се спуштаат на земјата, лингвистката Луиса е задолжена да комуницира со нив и да го декодира нивниот јазик и да го спаси светот. Искрено не знам како да го оценам филмот, не знам ни дали ми се допадна или не. Премногу нереалности , почнувајќи од тоа дека лингвистка треба да го спаси човештвото. Испреплетаност од минатото и иднината. т . е од напред кон назад. Главната актерка Ејми е тотално без емоции, индиферентна и ладнокрва, зборува тихо, дури неразбирливо. 7/10