Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-2-19_9-59-18.jpeg
    W.E.
    2011 ‧ Drama/Romance ‧ 1h 59m

    Naporedno dve prikaski odat koj na kraj se pretopuvaa.
    Zabraneta ljubov pomegu veke dvapati razvedena Wally Winthrop i King Edward VIII koj ke se otkaze od British throne za zenata koja ja saka.
    Niz se sto ke pomine taa ljubov i dali ke opstane, dali ke bide onakva kakva bilo sonuvano da bide.
    Edno e da bides vo vrska, drugo e site da se otkazat od tebe, a i ti od prestolot.

    Izvonredna prikaska, gluma, kostimografija, sceni, istorija...
    10/10 (ako mozese ke dadev i poveke).

    Specialno preporacliva za onie koj pisuvaat po forumov i ne im e jasno deka ako ne te saka familijata, ne se butkaj tamu kade ne ti e mestoto.



    upload_2017-2-19_10-9-10.jpeg
    In My Dreams
    2014 ‧ Drama film/Romance ‧ 1h 33m

    Sapunica romansa koja ne e losa ama poveke e za mlad svet.
    Dvajda mladi koj ne se poznavaat se zaljubuvaat preku zaednicki sonista.
    7/10

    upload_2017-2-19_10-11-47.jpeg
    When in Rome
    2010 ‧ Romance/Comedy ‧ 1h 31m
    Ova bese glupost nevidena. Go poglednav do pola i za ponatamu nemav strplenie, a i zivotot ne e tolku dolg za da imam vreme za gubenje.
    4/10
     
    Последна измена: 19 февруари 2017
    На joy1, Kitten, elimkd и 5 други им се допаѓа ова.
  2. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.650
    Допаѓања:
    29.333
    Пол:
    Женски
    Moana(2016)
    [​IMG]
    Неделното попладне е посветено на анимирани филмови. Годинава и двата филма на Дизни се номинирани за оскар, и според лично мислење Зоотопија има поголеми шанси да го земе. Моана е анимирано филмче посветено на митологијата на Хаваи и нејзините легенди. Истоимениот главен лик е интересна бидејќи не е типична Дизни принцеза, која треба да го спаси островот на нејзиниот народ. Како приказна е занимливо цртанчево, соодветно е мислам за деца над 7 години па и за возрасни деца како мене :D Инаку мислам дека во цртанов го има најдосадниот animal side kick до сега од Дизни. 7.5/10
     
    На buba4e89, joy1, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски

    Some like it hot
    (1959)

    [​IMG]

    Кратка содржина

    Дејството на филмот се случува во Чикаго и Флорида, во 1929 година. Џо и Џери се музичари кои едвај заработуваат за живот. Сосема случајно, тие се сведоци на масакрот на денот на св. Валентин, кога една група мафијаши безмилосно убиваат други мафијаши. Знаејќи дека шефот на убијците, Спатс Коломбо лесно ќе ги пронајде во Чикаго, тие му се приклучуваат на еден женски оркестар при што се преправаат во жени при што Џо го зема името Џозефина, а Џери - името Дафне ...

    Рецензија


    Some like it hot е еден од најдобрите снимени комедии од времето на Златната ера на Холивуд , според мене. Има брилијантни изведби од Marilyn Monroe, Tony Curtis и Jack Lemmon. Една од најпретпознатливите реченици во овој филм е ,,Well, nobody's perfect !,,
    Всушност, јас секогаш преферирам да гледам стари винтиџ и сајлент филмови :inlove:

    Оценка
    10/10 :)

     
    На Nausicaa, Marossa, simply-red и 7 други им се допаѓа ова.
  4. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Ko za mene e?
     
  5. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    The pursuit of happyness

    http://www.imdb.com/title/tt0454921/

    Прекрасен филм со Вил Смит и син му Џејден Смит.
    Филмов е според вистински настан.

    На почеток ќе видите како едно тричлено семејство се труди да опстане во овој суров и скап свет.
    Мажот напорно, (но безуспешно) се обидува да продава некакви прозиводи за по болници, а жената деноноќно работи и само таа носи дома пари.
    Но баш кога се на дното, кога животот е права кучка со нив, имаат многу кавги низ дома, притисокот расте... жената ги напушта...

    Подоцна го гледате истиот тој самохран татко како се бори за да му обезбеди корка леб и покрив над глава на малиот син, кога газдата од станот немилосрдо ќе ги избрка...Како ќе оди да чека ред во прифатилиште за бездомници, а во исто време се бори да влезе во тимот на една компанија...

    Дали ќе се исплати таа упорност?
    Дали ќе го поминат најтешкиот испит што им го приреди живото?

    Според мене 9/10

    [​IMG]
     
    На Pretty Woman, Ane-Goki1, Kitten и 6 други им се допаѓа ова.
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.240
    Допаѓања:
    170.338
    мониЧе искрено не
    ке те побрка скроз
    мада и мене ме побрка
     
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Lion
    MV5BMjA3NjkzNjg2MF5BMl5BanBnXkFtZTgwMDkyMzgzMDI@._V1_UY268_CR0,0,182,268_AL_.jpg
    Филмов ме потресе од петни жили.Почнува со приказна за малиот Сару и неговиот брат Гуду,кој живеат тежок живот,работејки секакви работи за основен живот.Во една таква потрага малиот Сару е оставен на платформа на ж.станица да го чека својот брат,и случајно се качува во воз кој го носи 1600 км далеку од дома.Малиот Сару се сретнува со осамениот живот по улиците на Калкута и повторно случајно завршува во дом за напуштени деца.Тука му се насмевнува среќата и е посвоен од семејство во Австралија.После 25 год. чувствувајќи го повикот на семејството,и со помош на google earth го пронаоѓа своето мало село...
    Првата половина на филмот е особено емотивна,особено малиот Сару со своите актерски способности...и неговиот поглед,колку и да му е тешко секогаш е со насмевка и верба за остварување на својата цел.
    Втората половина е обележана со емотивната состојба на веќе возрасниот Сару кој секојднево во себе ги чувствува нишките на своето семејство.
    Ме изненади и појавата на Никол Кидмен,онаква каква што ја дал Бог ,природна ...особено ми се допадна нејзината хуманитарна улога и нејзиниот став дека не сака да раѓа сопствени деца ,зашто на светот има доволно деца на кои им е потребна помош.Несебично нели?
    Прекрасна фотографија,пејсажи од Индија и Австралија,музика,порака ,актерските способности на главните актери кои навистина дале се од себе за да се оствари овој автобиографски филм.
    8/10
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Lady Phoenix, Marossa и 7 други им се допаѓа ова.
  8. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Do 40 min go gledav i go iskluciv,ne samo sto me pobrka me pomesti od mesto istata prikazna istite patista isto se.
     
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.240
    Допаѓања:
    170.338
    те предупредив знаеш нели
    тежок филм у секој случај
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Pred da mi pises go pustiv nemaj gajle.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Ептен се изнаплакав...Баш сакав да напишам трудници и идни мајки да не го гледаат ....
     
    На Ane-Goki1, joy1 и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  12. Bebulleee

    Bebulleee Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    22.258
    Пол:
    Женски
    Срце пара филмов ;(
    Го изгледав цел, ама очигледно дека цела ноќ нема да заспијам :u:
     
    На Ane-Goki1, joy1 и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.734
    Допаѓања:
    145.154
    Manchester by the sea (2016)

    После една несреќа Ли живее самотнички живот далеку од Манчестер. Една случка го враќа назад во Манчестер кој му ги буди спомените.
    На моменти филмот ми беше досаден и монотон. Цел филм се одвива со еден ист интензитет , без динамика.
    Сосема ги разбирам емоциите кај главниот лик кои се целосносно уништени, ама не и кај другите ликови.

    Сакав да го изгледам бидејќи гледам дека е коментиран, но од сам почеток не ме влечеше.

    6/10
     
    На Ketchup и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Еве еден филм од кој нема да плачете. :D

    Assassin’s Creed (2016)

    [​IMG]

    За Assassin’s Creed многумина мислеа дека ова конечно ќе биде филмот кој на жанрот „адаптации на игри во филмови“ ќе му го донесе она што осетно му недостасуваше – барем малку кредибилитет, углед и почит.

    Дали филмов успева во тоа? Накратко – не.

    Assassin’s Creed се обидува да се издигне на некое повисоко ниво во сферата на адаптирани игри, со својот масивен буџет и позната актерска екипа, со Мајкл Фасбендер, Марион Котијар и Џереми Ајронс. Но, не успева во својата амбициозна намера од истата причина како и сите други филмови снимени според игри и, можам да кажам, по ништо не се издвојува од своите браќа и сестри од калибарот на Tomb Raider, Hitman, Max Payne и останатите.

    Она што Холивуд изгледа не може да го сфати е дека добра видео игра не е исто што и добар филм. За добра игра е доволно да се има некаква базична приказна која ќе биде доволно интересна и, многу поважно, добар gameplay. За разлика од ова, за добар филм – бидејќи гледање филм не е интерактивно искуство – приказната и ликовите мора да биде добри, оригинални и добро разработени. А ова е нешто што ниту една игра од досега адаптираните за филмското платно го нема – вклучувајќи ја и Assassin’s Creed.

    Освен тоа, играта ја има предноста што полека и постепено не воведува во приказната, за разлика од филмот, во кој се делува некако избрзано и скратено. За споредба, еден дел од Assassin’s Creed има во просек 30 саати играње, додека филмот трае нешто под два саати.

    Assassin’s Creed е забавен отприлика исто колку и да гледате видео на јутуб од некој кој ја игра играта – без вистинска, лична, hands-on инволвираност во дејството, се што ни останува е потпросечен филм и по малку разочарувачко искуство.

    Мајкл Фасбендер е добар глумец, ама во филмов има помалку од 10 минути дијалог – повеќе време ќе поминеме во гледање на неговиот каскадер како изведува паркур отколку што ќе го видиме него како глуми. Марион Котијар исто така е солидна глумица, нои нејзиниот талент е залудно потрошен. Џереми Ајронс е фантастичен актер, но делува како навистина да не сака да биде во филмов. Брендан Глисон, исто така одличен актер, во филмов се појавува на точно 2 минути, во улогата на остарениот татко на Мајкл. Искрено, за тие 2 минути, можеле да најмат било кого.

    Се на се, ако се оној тип на луѓе кои сакаат да ги гледаат другарите додека играат нешто, без и самите да играте, филмов можеби ќе ви се допадне. Од друга страна, ако сте дел од останатите 99.9% проценти од популацијата, Assassin’s Creed ќе ви биде разочарувачко доживување.

    Жал ми е, ама World of Warcraft сеуште останува најдобрата филмска адаптација на видео игра. И не, тоа не е комплимент за World of Warcraft. :D

    Оцена: 6
     
    На buba4e89, MilaP, Lady Phoenix и 6 други им се допаѓа ова.
  15. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-2-21_21-21-15.jpeg

    Dalton Trumbo e pisatel na filmsko scenario i aktiv clen na Komunistickata Partija vo USA . Niz sto sve pominuva cela familija poradi negovite simpatii kon komunistickite dvizenja 1940 god.
    Prekrasna gluma, kostimografija i vistinska storija.

    10/10
     
    На Acka22, Petar80, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  16. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-2-22_15-29-18.jpeg
    Happy People: A Year in the Taiga
    2010 ‧ Documentary ‧ 1h 36m

    Documentaren film za edno selo vo sredinata na Siberija naseleno so 300 ziteli.
    Kako ziveat za vreme na edna cela kalendarska godina.
    Me voodusevi.
    Go preporacuvam za onie koj sakaat priroden zivot i sto toa znaci vo sustina ke naucite od niv.
    A dali se happy People, da so sigurnost.
    10/10
     
    На Doozy, Acka22, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.079
    Пол:
    Машки
    Многу добар филм
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  18. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.928
    Допаѓања:
    33.491
    Пол:
    Женски
    The Girl on the Train (2016)
    Филм каде што една разведена жена е вмешана во истрага на една личност која е исчезната.
    Доста интересен филм, која не ви дава да трепнете, бидејќи знаете дека нешто ќе си случи, ама не знаете што.
    Рејчл (Emily Blunt) глумеше неверојатно, браво!
    9/10.

    Lion (2016)
    Филм каде што е прикажано тешкиот живот во Индија.
    Има многу пишувано тука за филмов, но пак ќе кажам, ги заслужува сите оскари каде што е номиниран.
    10/10.
     
    На marija.980, buba4e89, Lady Phoenix и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    The Light between oceans (2016)

    [​IMG]


    Се спомнуваше филмов во темава.

    Маж и жена живеат на остров изолирани, поради неговата работа како светионичар, се обидуваат да имаат бебе, бременостите завршуваат со спонтани побачаји, се отвараат рани, депресии, се додека еден ден морето не донесе чамец со мртов човек и бебе во него на нивниот остров.

    Емотивна драма, трогателна приказна, убав филм.
    9/10

    Поред мене (2015)

    [​IMG]


    И овој го читнав тука во темата, и баш го зацртав да го изгледав и не се покајав.
    Српски филм, ликовите реални, уште пореална опшествена слика.
    Професорка во средно училиште бива нападната и полеана со фарба, исмеана и поставена на интернет.
    Сомневајќи се во некого од својот клас, им зема мобилни телефони и ги остава во училница и понатаму радњата се одвива токму таму, во училниците од школото.
    Мислев дека приказната ќе се одвива сосема во спротивен правец кога го видов почетокот, ама всушност отиде во поинаква приказна. Малку ми остана како недовршена приказна, се изнесоја картите на виделина, некои од нив се соочуваат самите со себеси, ама ми фали и соочувањето едни со други, или барем соочување со себеси со решение.
    Вероватно поентата беше таа, да се прикаже слика на денешницата, посебно на младината, фолирања и извештачености, изместени вредности, да си поред некого а всушност ниту е тој оној што вистински е, ниту ти си тоа што навистина си.
    Глумачка екипа се млади, некои нови клинци, ама несомнено за мене српските глумци ми се најдобри глумци на светот, така и ова екипа, на млади глумци, ама одлични.
    9/10

    Контакт (2005)

    [​IMG]

    Македонски филм со Никола Којо во главна улога.
    Прв пат слушам за филмов и сосема случајно го видов, го има и на јутуб.

    Жана, ќерката на ратен профитер излегува од психијатрија, во исто време кога и Јанко (Никола Којо), поради криминални дејствија, од затворот на условна слобода.
    Се случува да имаат на некој начин ист старател и така патеката им се вкрстува.
    Филмот обилува со хумор, Никола Којо е одличен како и секогаш, ама дефинитивно не е комедија, туку напротив, има една тажна нота.
    Филм како филм има прилични пропусти од техничкиот дел посебно, ама мене ми беше одличен!
    Моја препорака ако не го гледавте до сега.
    9/10

    Периодов што следува ќе гледам само нашите, балкански филмови.
    Ептен се зажелев а и сфатив дека имам многу пропуштено.
    Следниот за гледање српскиот, со одлични препораки: Хадерсфилд :)
     
    На buba4e89, MilaP, lunicka и 7 други им се допаѓа ова.
  20. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    27.886
    Пол:
    Женски
    The_Light_Between_Oceans.jpg
    Филмов беше споменат во темава ако не се лажам читав кратки рецензии и го погледнав.
    Добра прииказна ама сепак не ми остави некој посебен впечаток.
    Полн со емоции е филмов ама не ме трогна толку многу ништо посебно очекував повеќе.
     
    На buba4e89, joy1 и One.Moment им се допаѓа ова.