Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Traffic(american crime drama).
    Убав филм ,интересен.Се работи за мафија која се занимава со продавање на дрога.Од една страна тие од друга законот кој сака да ги спречи .Американци и Мексиканци и судири , како и соработки помеѓу нив.
    Едни од главните улоги се Мichael Douglas и Catherine Zeta Јоnes, која патем ми е една од поомилените актерки.(y)
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  2. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-2-28_17-4-4.jpeg
    Le Week-End
    2013 ‧ Drama/Romance ‧ 1h 39m

    Se raboti za postar bracen par koj odi vo Paris da proslavi 30godisnina od brakot.
    Takvo edno nepocituvanje megu bracnite partneri da 300 pati me premisli da go isklucam filmov. No sepak go izgledv, me interesirase kako ke se zavrsi.
    Iako sodrzinata bese takva sepak te drzi zaiteresiran da vidis do kade seto toa ke otide.
    Dvajcata cel zivot bile ljubomorni pa na partnerite im izmisluvale ljubovnici, ljubomorni sceni.....
    Mnogu ubavo prikazano sto ke slusnete okolu brakot od luge vo vakvi propadnati brakovi.
    Ona znaete koga sakate da objasnite nesto koe potoa pominalo vo sega, a tie brzo ke se istrcaat so mislenje "ete vidis ne ti cini". Mislam se sto e karakteristicno za neuspesen brak i neuspesni sopruznici bese prikazano.
    Bese ubavo prikazano kako toj brak ostava dlaboka traga vo odnosot na poedin partner so drugite luge od okolinata.
    Ubavo e da pogledne sekoj, onie koj imaat ubav brak da se potsetat kolku im e ubavo, a onie koj imaat vakov problem bare ako ne go identifikuvale, ke imaat moznosti da go identifikuvaat.
    Krajot uste ednas me razocara, a e tipicen.
    8/10


    upload_2017-2-28_17-19-42.jpeg

    This Is 40
    2012 ‧ Comedy ‧ 2h 14m

    Interesna komedija koja vo sustina e mnogu realna.
    Vredi da se pogledne, a zgora na se ima i pouka.
    Lesno moze da se prepoznaete sebe, priateli vasi na taa vozdras...:rofl:
    10/10
     
    На ludoto19, duffi, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    [​IMG]
    Memories of murder
    Ова е втор пат како го започнувам филмов, затоа што првиот дел е бавен и збунувачки. Всушност, кога седнав да го гледам филмов очекував некој неверојатен пресврт, затоа што токму тоа го очекувате кога ќе прочитате дека некој крими филм има супер критики.
    Филмов е сјебан. Извинете на речникот ама тоа е зборот што мислам дека баш одговара. Дејствието се одвива доста бавно, а фокусот е ставен на детективите кои ја вршат истрагата за еден сериски убиец. Идиоти и насилници. Се што може да се направи погрешно, го прават, од истрага на лице место до испрашување на осомничени. Дури ќе си помислите дека се навистина премногу очајни да затворат некого, без разлика дали е или не е виновен. И некаде во вториот дел сфаќате дека филмот не е за намерите или психата на убиецот, не е ни за жртвите и нивните семејства, филмов е баш за полициската истрага и оние кои ја извршуваат.
    И покрај тоа што навистина фрустрира, останав да изгледам цели 2 часа очекувајќи некој пресврт, а сепак на крај останав задоволна. Да се следи развојот на главниот детектив кој со време станува барем малку лајкабл, да се види кармата на оној што размислува со боксот, а не со главата, и секако "пукањето" на дојденецот од Сеул кога ќе ја види последната жртва.
    Чувствувам дека филмов имаше за цел да прикаже еден вид соголување на вистината, што се случува позади сцената, со црниот хумор, нелегалните признанија и прекумерната употреба на сила. Можеби всушност и тоа беше тоа што требаше да го видиме, а убиствата беа само една споредна приказна.
    Особено фрики момент ми беше кога и скокна од полето убиецот на една од жртвите, а и кога еден од осомничените ќе го прегази воз и тука звукот на крцкање при сцената беше ептен језив.
    Прочитав дека филмот до некаде е базиран на некои слични убиства кои се случувале во 80тите во Ј.К., а кои и до ден денес не се разрешени...
    исто како и убиствата во филмов за кои никој не добива соодветна казна, со што и нема одговор на мистеријата зошто ги убива и зошто на тој начин ги остава жртвите. Фејл. Баш ме интересираше, особено делот со праските и приборот за јадење
     
    На simoncelicius, Bender Rodriguez, ludoto19 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-3-2_13-9-18.jpeg
    The Hundred-Foot Journey
    2014 ‧ Drama film/Romance ‧ 2h 4m

    Ovoj film poveke nalikuva na eftina politicka propaganda vo koj se iskoristeni/zloupotrebeni lugeto od prigratskite mesta.
    Gospoga e sopstvenik na visokokvaliteten restorant vo Francija,se doseluva edno indisko semejstvo nasproti nejziniot biznis i se obiduva so trashy silna muzika, indiski dekoracii, svetla,......da ja izmeni francuskata kujna, spoj na umetnost i nauka, vo edna eftina verzija na indiska mirisliva hrana .
    Koja bese poentata na ovoj film?
    Eve sto drugite mislat.
    "There really is no point to this movie, other than white people just need to allow immigrants from the Third World to do whatever they want when they move into town. If you don't like it, then something is wrong with you. That is a kind of New Colonialism, where the Third World is now colonizing the West and any Westerners ."

    I da ne dodavam drugi mislenja.
    Ednostavo 5/10 i toa e mnogu, nemojte da si go trosite vremeto.
     
  5. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.368
    Пол:
    Женски
    A street cat named Bob(2016)
    [​IMG]
    Прво ја имав прочитано книгата од која бев страшно воодушевена, и едвај чекав да го гледам филмот. Базирано е на вистинска приказна, ова е сторијата на Џејмс и мачорот Боб. Џејмс е млада личност која се бори со порокот наречен дрога, бездомник е и пробува да преживее свирејќи и пеејќи на улиците на Лондон. Има неколку неуспешни обиди да остане чист, и за време на една нова сесија со метадон се сретнува со мачорот Боб, кој претставува единствено светло во неговиот живот. Мачорот е најслаткото нешто на светот, толку е паметен и мил, за време на филмот доколку имате мачка дефинитивно ќе сакате да ја изгњавите. Инаку fun fact вистинскиот мачор Боб глуми во филмот. Има многу видеа на youtube кои сведочат за вистинската приказна, и јас го препорачувам на сите љубители на животни. Мене толку ми го стопли срцето, и се расплакав.
    [​IMG]
     
    На cooll, LollySky, Yowannty и 8 други им се допаѓа ова.
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Јас пред извесно време си барав некој филм во фазонот на Јагнињата, па овој ми излезе како препорака на Гугл, и викам ајде ќе му дадам шанса, плус Неанглиско подрачје, може ќе биде интересен .
    Филмот е дефинитивно спор, бавен, долг, имаше доста црн хумор некои сцени ме насмеаа. Ова е филм каде што не се наоѓа убиецот, дефинитивно ни тој со песната (сакав и ставив во спојлер а зашто ми го дава кога ќе го пратам мислењето како да воопшто нема спојлер не знам ) не можам сега точно да се сетам што ме натера да помислам дека не е тој, сум подзаборавила сепак не ми е баш тазе гледан, мислам се беше една коенциденција.
    Според мене. Крајната сцена беше интересна, ми се допадна како завриши филмот.
    Мене и покрај фактот што е подолг, подосаден ете да кажам, поразвлечкан ми се допадна, иако очекував јас лично нешто како Јагнињата, со акција, со убиец со сВе ХУХУ, не го добив тоа.
    Ако имате некој филм сличен на Јагнињата препорачајте. Тие старите посебно со Морган ми се сите гледани :D
    Не мора да е Англиско подрачје, само да е добар и неизвесен до крај.
     
    На Bender Rodriguez и kravce им се допаѓа ова.
  7. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    The Magnificent Seven (2016)

    [​IMG]

    Римејк на филмот со ист наслов од 1960-та година, кој пак, беше римејк на Седумте самураи на Куросава, од 1954-та. Затоа што, очигледно, помладата публика не ни знае за постоењето на другиве два филма и чувај боже некој роден во 2000-тата да седне и да изгледа некој филм од ’60-ите. :D

    Филмов ја задржува оригиналната премиса – седум одметници (или ронини, како сакате) се најмени од жителите на мало гратче за да го заштитат од банда која насила сака да им ја одземе земјата и ресурсите.

    Оваа верзија, од 2016-та, е доволно различна од стариот Magnificent Seven за да им биде интересна и на оние кои го гледале оригиналот, но и доволно иста, за да може да го носи истиот наслов. Имајќи во предвид дека сценариото е напишано од Ник Пицолато, генијот кој стоеше позади одличната True Detective (зборам за првата сезона, секако), целосниот впечаток барем за мене беше по малку разочарувачки.

    Она што можеби најмногу му недостасуваше на филмов е недостатокот на позадина на ликовите, кои беа речиси еднодимензионални, и недоволно објаснетата мотивација за одлуката зошто се одлучуваат да се нафатат да го бранат Роуз Крик и неговите жители, иако тоа е практично самоубиствена мисија – нешто што на оригиналниот филм не му недостасуваше.

    Освен тоа, помеѓу главните ликови недостасуваше поврзаност – сите беа во некој свој фазон, но во ниту еден момент не ми делуваа како дел од некоја група или дружина. И покрај тоа што изгледаа како излезени од рекламно пано за United Colors of Beneton (со Црнец, Индијанец, Мексиканец и Кореец) – што можеби беше освежуваше во споредба со едноличната белечка екипа на оригиналот – сепак, разноликоста не успеа да го надомести недостатокот на хемија меѓу нив.

    Сепак, не можам да речам дека реинкарнацијата на The Magnificent Seven е лош филм – напротив, ако на него се гледа како на чисто акционен филм, сосема е солиден – иако трае нешто повеќе од 2 часа, речиси и да нема досаден и непотребен момент; интересен е и забавен, а акционите сцени се снимени на завидно ниво. Но, ако покрај акцијата очекувате филмов да има емоционална и морална страна, како неговите претходници, тогаш – ќе бидете разочарани.

    И на крај, морам да кажам дека не ја сфаќам потребата на Холивуд за бескрајно рециклирање на стари филмови – ако римејкот не е подобар или барем, доволно поинаков, од оригиналот, која е поентата? – освен мрзливоста и играњето на сигурна карта, со користење на веќе афирмирана приказна, секако.

    Оригиналниот Magnificent Seven е добар пример за римејк на The Seven Samurai – успева да ја пренесе инспиративната приказна раскажана од Куросава од феудална Јапонија на Дивиот запад и да им ја доближи на публиката од англиско говорно подрачје – доволно сличен за да може да се нарече римејк, но доволно различен за да може да се смета за оригинален филм сам по себе. Од друга страна, новиот Magnificent Seven е практично истиот филм од ’60-ите, само со нови актери – одличен пример за сѐ она што не е во ред со Холивуд денес.

    За крај, на страна од мрчењето за непотребни римејкови, морам уште еднаш да потенцирам дека The Magnificent Seven како филм не е лош, како и тоа дека ми се допадна – и да беше оригинален филм, можеби ќе беше и одличен.

    Ама, вреди да се спомне дека веќе постојат два филма со истата приказна, кои се подобри од него.

    Оцена: 7
     
    На Yowannty, do-re-mi, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834

    Equals (2015)


    MV5BMTg3NTQ5MDU3OF5BMl5BanBnXkFtZTgwODc2Mzk5NzE@._V1_UY1200_CR90,0,630,1200_AL_.jpg

    Во светот на иднината, во друштвото наречено Колектив, имањето чувства, емоции, се смета за болест.

    Филмов е приказната за љубов на еден интересен начин.
    Љубов не е само чувство, емоција што не води, љубов е одлука, избор да сакаш, а потоа и твојата волја ќе ја следат чувствата.

    Глумците Kristen Stewart и Nicolas Hoult ми беа пресимпатични.
    Кристен, во улогата на Ниа, толку добро глуми тие збунети, блентави, меланхолични фаци, да не можам да ја замислам поинаква во реален живот.:)

    Всушност, ми се допаднаа погледите, нивните очи, нивната приказна.

    Не е класичен романтичен филм, повеќе е драма, ми се допадна.

    9/10
     
    На ludoto19, Yowannty, toogood и 4 други им се допаѓа ова.
  9. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    21.402
    Пол:
    Женски
    Огромна препорака и од мене, поготово за љубителите на животни.Препрепрерасен филм.Го преплакав цел од почеток до крај, ми се враќаа назад случките со моето мачорче што го немам повеќе за жал.За оние кои изгубиле милениче ви препорачувам шамифчиња до вас и аналгин за секој случај.;(
    1000/10
     
    На Samomarija.056 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.879
    Допаѓања:
    176.981
    Пол:
    Женски
    Step brothers
    Двајца 40 годишњаци кои живеат едниот со мајка му, другиот со татко му, откако нивните ќе се венчаат, тие стануваат полу-браќа. Па уште ќе делат и соба.

    Урнебесна комедија. Барем мене пресмешни ми беа досетките. Ретко гледам комедии зошто ретко нешто знае да ме насмее. Имам чудна смисла за хумор. :rofl: (Ова ви го кажува личност која апсолутно врска нема од кажување вицови, а најдолго смеење и било на вицот - си биле 2 кучиња, едното се чешка, другото се словачка) :D
    Ако одлучите да го гледате, онда на ваша сметка. :wasntme: Ма да во секој случај топло го препорачувам :)
     
    На cooll, Mayyya, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    [​IMG]
    The girl on the train

    Симнат ми беше уште пред еден месец и го одложував цело време зашто имав некое чувство дека ќе ме разочара.
    Па до некаде и во право сум била. Не можам да кажам дека филмов е лош, зашто не е, ама очекував многу повеќе. Дефинитивно е морничав, помалку психопатски.
    Ми недостигаше малку поголемо развивање на ликовите, крајот ми делуваше малку исфорсирано и малку избрзан. И крајот не ми се допадна зашто го предвидов уште на средина, а мразам кога нема да ме изненади. Си направив триста поинтересни комбинации во глава :D
    Глумата ми беше океј. Додуша Емили Блант не ја сакам баш како актерка зашто ми има многу млака фаца, со едни исти експресии ама тука ми беше добра.
    Една 8 од мене.
     
    На Rosonerka, ludoto19 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  12. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    The Distinguished Citizen (2016)
    (El cuidadano ilustre)

    [​IMG]

    Даниел Мантовани, писец на кој му беше доделена Новеловата награда за книжевност, и која тој на некој начин речиси ја одбива, човек познат ширум светот, оддлучува да, после 40 години животот во Европа, за прв пат го посети своето родно место Силас, во Аргентина.

    Филмот е фантастична драма, со многу комична реалност. Реалност позната на нас посебно, Балканците, мада мислам дека ова на филмов е ненадминливо дури.
    Филмов ми беше WoW. И смешен, и трагичен, драматичен, ненормален, па се чудев, па се нервирав, ненормално трагикомичен - ете! :D
    Убаво пишува погоре на насловницата на филмот: Nobody is prophet in his own land - not even a Nobel prize!

    Необичен филм дефинитивно. Вреди да се погледне.
    10/10
     
    На Mayyya, duffi, ludoto19 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Lion (2016)
    [​IMG]

    Филмот е снимен според вистинска приказна за едно петгодишно момче кое во сплет на околности се загубува и талка само илјадници километри далеку од својот дом, обидувајќи се да преживее по улиците на Калкута. Откако ќе го посвојат во Австралија, израснува во паметен млад човек, кој прогонуван од спомените решава со помош на Google Earth да го пронајде својот дом и семејство во Индија.
    Премногу е емотивен филмов, тера на плачење :)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Someonespecial, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    [​IMG]
    Nocturnal animals

    Јас малку каснам со филмовиве:D
    Читав коментари демек бил досаден, монотон, ама си викам ај да му дадам шанса и баш ми се допадна.
    За кастингот немам коментар јас Џејк го обожавам како актер исто и Мајкл Шенон е одличен актер, Ејми не ми е од омилените актерки, додуша одбивна фаца ми има така да одлично ми ја долови улогата.:D
    Спој на две приказни, животот на Сузан која работи во уметничка галерија, несреќна во бракот, маж кој ја изневерува со млада девојка, и дејството на книгата која и ја праќа нејзиниот поранешен маж.
    И покрај тоа што напоредно се пратеа две приказни, одлично беа објаснети.
    Самата книга која изобилува со насилство всушност е метафора за животот на Сузан, како ја доживеал нејзиниот поранешен маж и што испаднало од самите нејзини постапки. И одличен крај баш како што заслужи.
    И дефинитино Том Форд покрај тоа што е одличен дизајнер бил и одличен режисер.:D
     
    На Bender Rodriguez, Someonespecial, marta993 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-3-5_14-53-39.jpeg
    Hello, My Name Is Doris
    2015 ‧ Drama film/Romance ‧ 1h 35m

    Se raboti za edna vozdrasna zeka koja se zaljubuva vo pomlad kolega na rabota.
    Mnogu izvikan film ama za moj vkus 7/10

    upload_2017-3-5_14-56-19.jpeg
    Crazy, Stupid, Love
    2011 ‧ Comedy-drama/Drama ‧ 2h 20m
    Mnogu dobro pocna ama nekade na 2/3 od filmot zabega.

    Nesto sto mi ostavi vpecatok bese
    "It is not cancer it's ONLY divorce" i nekoj takvi zivotni preporaki
    Ne e kraj na svet e samo edna tumba na patot.
    Go preporacuvam na luge koj od se pravat greda, mozda ke im pomogne da oladata.
    7.5/10

    upload_2017-3-5_15-1-42.jpeg
    Schindler's List
    1993 ‧ Drama film/History ‧ 3h 15m
    Mislam deka site go imaat gledano i ne treba komentar.
    10/10
    Potresna prikazna za Evreite vo koncentracionite logori vo Polska.
     
    На rokmibejbi, AURUA, boomsleng и 3 други им се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    IMG_6117.JPG
    Во филмот е отсликан животот на австриската принцеза Марија Антоанета во дворецот Версај која се мажи на само 14 години за францускиот крал Луј 16.
    Во филмот многу убаво е прикажан целиот раскош и гламур во дворецот, костимите се прекрасни.
    Филмот не ми се допадна, очекував тоа што сум го читала за Марија Антоанета дека и ќе го видам во филмот, имав доста големи очекувања со оглед на тоа што се работи за филм на Копола.
    Фалеше поголемо доловување на ликот на Антоанета, глумата на Данст некако ми се виде бледа и не доволно убедлива.
    5/10
     
    На Briar Rose и toogood им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.879
    Допаѓања:
    176.981
    Пол:
    Женски
    Split (2017)
    Го најдов меѓу топ хорори, и дека нов решив да го глеам, но нема врска со хорор.
    3 девојки се киднапирани од страна на човек со 24 различни персоналитис :D И целиот филм е како девојчињата се обидуваат да избегаат.
    Приказнава не е секојневна, ама можело доста да се работи. Очекував повеќе откако го прочитав описот, но во секој случај задржува некој просек. Може као фино филмче да помине:)
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Le voyage dans la lune (1902)

    [​IMG]

    Кратка содржина

    Здружение на астрономери се собираат за да го слушнат планот на професорот Barbenfouillis, нивниот претседател, да летаат на месечината. Со едниот спротивен глас поништен од страна на Barbenfouillis и другите членови, планот е одобрен со тоа што Barbenfouillis избира петмина да го придружуваат. Поголемиот дел од подготовките за посетата е во изградбата на бродот и механизмот на лансирање, кој личи на голем куршум и голем пиштол. Удирајќи ја месечината во окото, шестмината безбедно слетуваат на нивната дестинација. Тие дознаваат дека многу работи за месечината се прекрасни и фантастични, но и дека не би сакале да се најдат во животна опасност. Тие мораат да пронајдат начин да излезат од нивната ситуација и безбедно да стигнат дома...

    Рецензија

    Le voyage dans la lune претставува многу важен филм во историјата на киното. Тој е прекрасен краток филм, односно првиот научнофантастичен филм и влијание на сето тоа што ќе дојде после него. Многу е креативен и сцените се преубави, кои претставуваат вистински примери за раните замисли за вселената и месечината. Но и убав историски приказ кој ни покажува каде започнало киното.

    Оценка
    10/10

    [​IMG]



     
    На Nausicaa, boomsleng, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.879
    Допаѓања:
    176.981
    Пол:
    Женски
    Don't knock twice (2016)
    Хорор/мистерија/фантазија
    Позната приказна. Навидум урбан мит од источно-европските култури, но... повеќе од само мит. Додека бивша зависничка од дрога, после доста години веќе чиста стапува во контакт со својата ќерка, во целиот тој процес на обновување на нивниот однос, се соочуваат со црвенокосата Баба Јага (веројатно по Македонски познатата Баба Рога :lol: ) Просечен хорор, ништо екстра фантастично, на моменти језиво, генерално предвидливо. Се на се, ок е за погледнување.
     
    На LadyC, ludoto19, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    IMG_6125.JPG
    The duchess
    Историја/ драма
    Дејството се случува крајот на 18ти век во Лондон
    Во филмот прикажан е животот на младата и убава Ѓорџијана која е во брак со постариот и сериозен војвода Вилијам. Станува збор за брак кој е договорен благодарение на нејзината мајка. Она што војводата го очекува од својата сопруга се: лојалноста и машки наследник. Во филмот испреплетени се љубовта, прељубата, пријателството, тагата, болката, мајчинството.
    Одличен филм
    Одлична глума
    10/10
     
    На Someonespecial, ludoto19, Briar Rose и 6 други им се допаѓа ова.