Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.799
    Допаѓања:
    176.080
    Пол:
    Женски
    Don't hang up (2016)
    Трилер/хорор
    dont-hang-up_47896.jpg
    Тинејџери се шегачат по телефон. Откако се следени рандом лица и овие дознаваат повеќе за нив, им се јавуваат и буквално ги вадат од памет, при што сето тоа навидум треба да е безопасно но... никогаш не се знае кога работите можат да излезат од контрола.
    Сето тоа се снима и се поставува онлајн. Се додека некој претходно "насамарен" одлучи истото да им го направи на ним, но.. многу побизарно, понасилно, пострашно... И работите го менуваат својот тек..
    Замислував некоја глупа тинејџерска будалаштина, но филмчево ми се допадна. Посебно како се одвиваше од средината, до самиот крај.
    Некогаш не сме свесни, ниту подразмислуваме што можеме да предизвикаме со некоја наша постапка, иако во моментот ни изглеа наивно и безопасно.. и кого се можеме страшно да вознемириме, затоа мислете повеќе. :)

    FirstBorn (2016)
    Хорор/трилер/фантазија
    rrhdbfcy.jpg
    И покрај негативните коментари решив да го погледнам и не згрешив зошто мене ми се допадна. Далеку од добро издетализирано, некаде доста завлечено, приказна позната, но сепак некако фино склопено во фино хорорче, што меѓу новиве ретко се среќава. Она што ми се допадна покрај приказната за прогонуваното дете (која може да се претпостави од самиот наслов) акцентирано е родителството, пожртвуваноста на родителите и како дури и тогаш кога се ти доаѓа преку глава не се откажуваш. Една е мајка.
    Глумата е просечна, верувам дека со познати актери и позатегнат аранжман, филмов ќе доживеел слава, но тоа е што е.. Од ништо премногу, но барем мене ми изглеаше дека се труделе. Ефектите за сенките со долги прсти беа изванредно слаби. Сеедно, језив е од почеток до крај.
     
    На ludoto19, Nausicaa, Acka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    IMG_6143.JPG
    The king's speеch
    Историја/драма

    По абдицирањето на кралот Едвард заради Волис-љубовта на неговиот живот, тронот го превзема неговиот брат Џорџ (татко на сегашната кралица Елизабета) и тоа во време на Втората Светска војна, најтешкиот период во историјата на човештвото. Она што дополнително ја отежнува положбата на кралот е пречката во говорот.
    Лајонел ќе се обиде да му помогне применувајќи неконвенционални методи на лекување.
    Заслужен оскар за најдобра машка улога.
    Не ве остава рамнодушни во ниту еден момент
    10/10
     
    На AURUA, ludoto19, Тетка Биберче и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.640
    Пол:
    Женски
    Fermat's Room (2007)
    Уште еден шпански трилер за кој дознавам тука, поточно thanks to @JollyGirl :lol: :l:
    Четворица математичари кои не се знаат меѓу себе се повикани од мистериозен човек на таен состанок со цел да придонесат за решавање на голема енигма. Откако ќе ги остави сами, тие сфаќаат дека се во опасна стапица - собата се намалува со секое пречекорување на рокот од една минута кој им е даден за решавање на математичките проблеми што им се дадени...
    Не сум љубител на математиката :D, ама од mindfuck филмови ваков тип можам да речам дека ми се омилени (како што се и Exam и The Cube). Не е можеби баш на ниво на овие, ама сепак солиден филм, си ја исполнува таа задача на неизвесност и напнатост.
    И да, за да не си го зезнете доживувањето - не го гледајте после напорен ден на факултет ко мене :tmi: :lol:
    8/10

    [​IMG]
     
    На rokmibejbi, ludoto19, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Logan (2017)

    [​IMG]

    После катастофите кои беа X-Men: Origins и Wolverine, човек ќе помислеше дака луѓево до сега ќе се откажеа од stand-alone филмови за Волверин. Од друга страна, мило ми е што не го направија тоа, затоа што Logan е од-ли-чен!

    Не знам дали е во прашање тоа што после првите два филма имав екстремно ниски очекувања за овој или нешто друго, но морам да признаам, филмов ме изненади пријатно од секој можен аспект.

    Прво, самата приказна – ако до сега сме навикнати да ги гледаме X-Men мутантите во полн сјај, едни на страната на луѓето, други со амбиции да владеат со светот, во Logan сме соочени со една поинаква, мрачна иднина за мутантите – тие речиси се истребени, а оние преостанатите се сметаат за непријатели на државата или жиеат заборавени, на маргините од општеството. Чарлс Ксавиер и Логан се видно остарени и на залезот на својата моќ. Во меѓувреме, после 20 и нешто години, се појавува првиот млад мутант – девојче со моќи многу слични на оние на Волверин – властите и компанијата Трансиген се обидуваат да ја заробат, а на Чарлс и Логан не им преостанува ништо друго освен да се вклучат во битката за мутантите, за последен пат.

    И тоа е сѐ што треба да знаете за филмов. Интересен, возбудлив, непредвидлив и емоционален – можеби затоа што и на Хју Џекмен и на Патрик Стјуарт ова им е последно појавување во X-Men филмовите – Logan е вистински пример за тоа како да се направи филм за суперхерои, кој воедно ќе биде и добар филм.

    Дефинитивно помага и тоа што филмов е R-rated, па бруталноста на Волверин можеме да ја видиме во полн сјај, како и да ги чуеме Логан и Чарлс како пцујат, како двајца прави grumpy old men, како што и се прикажани во филмов. Но, ниту насилството, ниту пцостите не се претерани, ниту делуваат исфорсирано – колку да се оправда R рејтингот – сосема соодветно се дозирани и на филмов му даваат посериозна нота, нешто што можеби им недостасуваше на претходните филмови од франшизата.

    R рејтингот е тренд кој го започна Deadpool и не сум сигурен колкава улога игра ова, но баш Deadpool и Logan ми се можеби омилените филмови од Марвел универзумот. Во секој случај, ова е само уште еден доказ дека филмациите успеваат да направат многу подобри филмови кога го прават филмот онаков каков што замислиле дека треба да биде, а не кога бркаат рејтинзи, оцени, награди и Оскари.

    Хју Џекмен и Патрик Стјуарт се стандардно одлични, а вистинско изненадување ми беше Стивен Мерчант во улогата на Калибан – малку надвор од она на што сме навикнати да го гледаме како актер, но во секој случај, исто така одличен.

    Филмов означува крај на една ера – ерата на Џекмен и Стјуарт во X-Men универзумот – и ѝ дава соодветна завршница. Мојот единствен страв за франшизата е дека нема да знаат да пресечат кога е доста и ќе продолжат да прават X-Men филмови, а да бидеме реални – многу е тешко да се замисли дека ќе бидат подобри од ова. Не би сакал ремек-дело како Logan да биде затрупано со еден куп просечни и потпросечни продолженија, re-boot-и и prequel-и.

    Оцена: 9
     
    На ludoto19, JollyGirl, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  5. lovely97

    lovely97 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    9.088
    Пол:
    Женски
    La La Land (2016)

    La_La_Land_(film).png

    Според најавуваното очекував филмот да биде многу подобар. Музиката во филмот беше добра, глумата така-така, али самата приказна во филмот мене не ми се допадна. Искрено јас очекував дека ќе останат заедно, иако ако останеа заедно немаше да си ги остварат своите соништа.
    Како и да е не ми се допадна многу и од мене има 5/10.
     
    На Ketchup, Тетка Биберче и joy1 им се допаѓа ова.
  6. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    @BenderRodriguez deneska go poglednav filmot Byzantium.
    Nesto ne mi trgna rabotava, morav da go prekinam po prvite 15 min. gledanje :rofl:, otkako pocnaa da letaat glavi i krv da blika na site strani.:whew:
    Ne bas za mene:shake:, poveke za onie koj sakaat filmovi so vampiri.:o

    The Deep Blue Sea
    upload_2017-3-9_15-1-18.jpeg 2011 ‧ Drama/Romance ‧ 1h 38m

    Golem potencial na glumcite, prekrasna gluma ama, sekogas ima ama, nigde nisto na kraj.
    Filmot pocnuva so obid na samoubistvo. Mlada zena e zatecena vo ljuboven triagolnik koj ima tenzija da zavrsi bezcelno.
    Kako i da e ljubovnava romansa se odviva mnogu sporo, premnogu sporo. Kako doaga krajot se custvuva taa melanholija koja ve tera da isklucite ama sepak ste radoznali i mozda ke izdrzite do kraj.
    Muzikata e odlicna, glumata na site akteri e odlicna i na kraj ubavo prikazan zivotot vo London vo `50god.
    7.5/10
     
  7. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    Sing (2016)
    [​IMG]

    Предобар е ме расплака онака те внесува во приказната. Емотивен и весел на некој начин вреди за гледање и е навистина мотивирачки.
    Се ми се допадна, не знам друго што да кажам. :l:(highfive)
     
    На Ketchup, azelea, ludoto19 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.066
    Допаѓања:
    7.324
    Aj te molam stavi go za da moze da se gleda so edno klikanje.Tehnikata mn ne e za mene.Ti blagodaram.
     
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Ве замолувам да не ја полните темата со оф-топици, имате соодветни теми за предлози. Мислењата се префрлени овде.
     
    На elimkd, only44you и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  10. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    Ако те разбрав убаво сакаш линк да ти пратам од филмот? Сликата не е нешто нај ама се трпи.
    http://www.filmovizija.ws/movie/sing-2016-video_c78a2f622.html
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.650
    Допаѓања:
    29.333
    Пол:
    Женски
    Me before you(2016)
    [​IMG]
    Конечно дојде ред и на филмов. Ми се чини ја читавме книгата тука во клубот на читателки, и мене ми остави голем впечаток, и се изненадив колку ми се погодени ликовите во филмот. Морам да признаам дека ова е еден од подобрите филмски преработки на книга, и сум задоволна од тоа. Иако, нормално дејствијата во книгата се доживуваат многу подлабоко и поемотивно. Нема да навлегувам многу во дејствието, верувам повеќето го знаете, само сакав да кажам дека Емили и Сам имаат неверојатно добра хемија, глумеа одлично и едноставно не можеш да не ги засакаш како ликови. Кој е за емотивна драма, you should definitely give this a go! :nod:
     
    На Someonespecial, One.Moment и boomsleng им се допаѓа ова.
  12. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-3-11_13-0-39.jpeg
    A Perfect Man
    2013 ‧ Drama ‧ 1h 35m
    Bracen par proslavuvaat godisnina od nivniot brak i zenata soopstuva na gostite deka go napusta.
    Razocaran no ne se odkazuva uspeva da ja zavede povtorno, no dali uspeva da ja vrati?
    Filmov ima slaba ocena no za mene bese super
    10/10
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    The reef

    http://www.imdb.com/title/tt1320291/

    Филм според вистински настан.

    Пет млади луѓе се на мала рекреација на едно островче (пусто)...Попладнето кога ќе решат да си се враќаат дома, се качуваат во малото бротче (или кајче) и тргнуваат.
    На сред море се удираат на камен и бротчето се превртува.
    Ќе останат сите живи и ќе се качат одозгора на бротчето (кое е наопаку превртено и пукнато), и ќе се договараат што да прават.

    На сред море се...Не се блиску ни до островот кај што биле, ни до дома...Буквално на средина.


    Се расправаат што да прават.......Ако останат на превртеното кајче треба само да се надеваат дека ќе ги спасат некои случајни рибари (ама можно е да дехидрираат пошто немаат вода за пиење)...или да пливаат 16 км низ вода полна со секакви риби, за да стигнат до пустото островче и исто да се надеваат дека некој ќе ги спаси.


    Едвај некако ќе се сложат сите да пливаат, освен еден дечко...тој цело време е против тоа да пливаат, пошто знае дека има ајкули низ море...се обидува да ги убеди и другите ама не му успева.


    Тргнуваат останатите четворица да пливаат и после неколку километри околу нив забележуваат ајкула.


    Кој ќе се спаси...кој ќе биде жртва...дали ќе стигнат воопшто на островчето...а што ќе направи тој што остана сам...Погледнете :smirk:

    Оцена 8.5/ 10


    п.с. Штета што вакви интересни филмови се послабо оценети на имдб па затоа не можам да ги најдам :!:

    [​IMG]
     
    На ludoto19, Тетка Биберче, sweet-cherry и 3 други им се допаѓа ова.
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    [​IMG]
    The innocents
    Полска по втората светска војна. Француска докторка од црвениот крст е повикана од страна на една калуѓерка за помош во нивниот манастир. Таму, претходно силувани, неколку калуѓерки веќе се во поодмината бременост.
    Можеби требаше тоа во спојлер да го ставам, но всушност е откриено рано во филмот, па не уништувам многу од филмот. Според мене, мошне интересен филм, кој можеби имаше цел да ја има за главна тема вербата. Колку тестови може вербата во бог да издржи? Филмот е работен по вистинска приказна.
    Всушност, многу прашања можам да отворам за да ја побијам можеби речиси секоја од нивните постапки, кога станува збор за вербата. Гордост? Страв? Убиства? Самоубиства? Беше доста интересно да се види како овие карактери поминуваат низ сомнежот, се предаваат или пак упорно продолжуваат со молитва. Убаво доловено, низ мали дијалози и кадри од блиску, за мене убаво изработен филм. И покрај вербата, љубовта на овие калуѓерки една кон друга и нивната потреба или желба да се заштитат една со друга.
    Секако, покрај вербата, тука се и раните што остануваат од секоја војна, а од кои не се заштитени ни оние исклучиво посветени на бог.
    Од мене оцена 9/10
     
    На Ane-Goki1, boomsleng, ludoto19 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Logan (2017)

    [​IMG]


    Како голем љубител на Marvel, особено на X-Man, ова како последен филм на Хју Џекман во улогата на Волверин... Што знам.. Микс на емоции во секој случај. Премногу лично емотивен дел за некој што изминати 10 години го прател главниот карактер и го гледал како херој. А од друга страна пак.. Сакав уште толку многу работи да се случат, или помалку ама поинаку.. Пробувам да доловам без спојлери и сфаќам дека е дефинитивно невозможно.
    Најкрвав дел до сега, со експлицитно летање глави, многу крв, одлични fight сцени, многу емотивни моменти.
    Ако веќе го гледате препорачувам да го гледате во кино, да не се мачите дома 2 ипол саати пошто сигурно ефектот нема да биде ист.


    http://www.imdb.com/title/tt3315342...pf_rd_t=15061&pf_rd_i=homepage&ref_=hm_cht_t1
     
    На scorpias, boomsleng, ludoto19 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-3-15_22-22-7.jpeg
    Love, Rosie
    2014 ‧ Romance/Comedy ‧ 1h 42m

    Slatka ljubovna prikazna so vistinska poraka.
    Se raboti za dvajca mladi koj se zaljubuvaat uste vo skolska klupa no nekolku obostrani greski gi sprecuvaat vo ideata da bidat zaedno.
    Filmot e base na knigata Where Rainbows End by Cecelia Ahern.

    10/10
     
    На жули му/ѝ се допаѓа ова.
  17. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Одличен филм, баш до сега го гледав. Не сфатив само чие беше тоа бебчето Хелена и дали игуменијата беше и таа бремена или имаше заразна болест ?
     
    На жули му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    No spoilers, pls, у план ми е да го гледам филмов. :D
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Ok ok, sorry :D

    Gledaj go , nema da zgresis ;)


    A @kravce ako moze neka mi go pise odgovorot vo pp :)
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    Од каде го симна? Сношти од замунда го симнав но немаше ниту англиски субтитл и одма исклучив. :/