Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Игуменија ли е зборот? Баш се мислев како би дошло во превод :) Болна беше од сифилис. Хелена беше бебето на калуѓерката што сама се породи во соба, ти текнува на сцената таа седеше на кревет, а бебето беше на земја? Тоа затоа што не сакаше ни да го допре, и го дадоа на калуѓерката што прва се породи во филмов, да го дои. А бебето на оваа доилкава и го зема игуменијата веднаш кога го роди и го даде демек на нејзината тетка, ама после дознаваме дека нели тоа не е вистина.
    Ете вака, не отварајте го спојлеров ако не сте го гледале филмот :wasntme:

    @LoveHope можеш да си симнеш превод од titlovi.com
     
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  3. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Фала ти многуууу :)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    [​IMG]
    Aftershock
    Тангшан 1976, земјотрес со магнитуда 7.8 го срамнува градот, одземајќи над 255000 човечки животи. Фокусот е на едно семејство со две деца кои ќе се најдат затрупани под урнатините. Токму тоа што го пишува на сликата.
    Не знам и што би напишала искрено, освен дека е за плачење. Сите прашања што ги имам заглавуваат некаде во поголемата слика, или пак во наједноставниот одговор, никој не знае како би постапил во таква ситуација.
    Колку е вознемирувачки, една таква страшна природна катастрофа... толку многу загинати, толку многу повредени, толку многу семејства поделени.
     
    На Nausicaa, CoCoGiiiRL, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    "John Wick: Chapter 2" ( 2017 )

    [​IMG]


    Типичен пример за кога нешто чекаш со нетрпение долго време, и на крај кога ќе бидне ти е онака.. мех...
    Далеку од лош, филмот сам за себе е солиден, и под претпоставка да не ти е гледан првиот дел ќе ти биде лудница. АЛИ пошто ми е , во овој дел некако се ми e дежа ву ( приказна, мотив, како им ја крши на сите кичмата итн. ) ... Сам против сви :D
    Кијану си е прича за себе, ретко згоден даса во сите можни годишни добa.
    Најепcкa сцена е сигурно средбата на Кијанy со Лоренс Фишбурн ака Нио & Морфеус.. ( за фановите на Матрикс) . Имаше заебанција дека ова им е прва средба надвор од матрицата... :))
    Од мене би добил пониска оценка од онаа напумпаната на ИМДБ сигурно, , солидна 6-иполка.

    http://www.imdb.com/title/tt4425200/?ref_=nv_sr_1
     
    На t-sweet, only44you, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Inferno (2016 film)
    [​IMG]

    Скроз се разочарав од крајот. Филмот е онака, солиден, глумците океј иако Том Хенкс не ми е баш омилен машки актер. Не ми се коментира оти во споредба со книгата е ептен безвезе...
    Во книгата крајот е повеќе од фантастичен, вирусот е веќе ослободен и сите луѓе на планетата се заразени. Во филмот на време стигнаа и го спакуваа вирусот, демек сите среќни и задоволни.
     
    На WinterGirl16, AURUA и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  7. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Jackass 0.5 [​IMG]

    WICKED!!! Mrdanati se skroz. Ovoj del e vsushnost film del od pozadi scenata.
    Preporachuvam da go poglednete ako go nemate gledano... finalniot produkt od ovoj serijal e BAD GRANDPA.
     
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.650
    Допаѓања:
    29.333
    Пол:
    Женски
    Frequencies(2013)
    [​IMG]
    Многу комплициран филм. Се случува во една алтернативна реалност, или утопија, каде на децата им се одредуваат нивните фреквенции и според тоа им е одреден животот. Оние кои имаат ниска фреквенција ќе бидат несреќни, но и ќе имаат емоции, а колку е повисока фреквенцијата толку посреќна но и без емоции е личноста. Најнесреќното дете и најсреќната девојка имаат чудна поврзаност, но не можат да бидат заедно повеќе од минута, бидејќи се случуваат чудни непредвидливи работи. Со текот на годините, ќе настанат промени. Филмов бара многу внимание, има многу поврзаности со науката и физиката, и интересни мали детали се дури запазени. Ама лично за мене малку споро ми се одвиваше дејството.
     
    На Chica.Loca, ♣ Alba Viduam ♣, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  9. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.650
    Допаѓања:
    29.333
    Пол:
    Женски
    Miss you already(2015)
    [​IMG]
    Крокодилски солзи пролеав на филмов. Ме погоди до срж. Мили и Џес се најдобри пријателки, цел живот се заедно и се си делеле, од првите бакнежи, тајни, алишта, дечковци... Ама никогаш не се знае што ни носи животот и Мили дознава дека има рак. Целиот процес е прикажан многу реално, лекувањето, емоциите, пријателската поддршка. Многу болен и емотивен филм. Ми се допадна што имаше внесено и позитивни елементи, кои што се секако потребни кога се обработува ваква тешка тематика.
     
    На One.Moment, toogood, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  10. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Не можам торент да најдам, да не знаеш од кај можам да го симнам?
     
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Јас го гледав онлајн на еден сајт со англиски превод, а го има и на thepiratebay
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.640
    Пол:
    Женски
    The Invisible Guest (Contratiempo)

    [​IMG]

    Возбудлива шпанска крими-мистерија со Марио Касас во главната улога 8-|
    Успешен млад бизнисмен е осомничен за убиството на неговата љубовница. Од полицијата е затекнат во заклучена хотелска соба со нејзиното мртво тело, но и покрај необјаснивите околности тој тврди дека е невин.
    Мистериозен нов сведок во последен момент се заканува дека ќе се појави на судењето, па заедно со реномираната адвокатка која ја ангажира да му помогне, имаат три часа да подготват одбрана.
    Во таа трка „против времето“ (како што и гласи оригиналниот наслов), адвокатката ја тестира неговата верзија на приказната...

    Уште еден атмосферичен и напнат европски трилер, со многу пресврти и неизвесност до самиот крај, од истиот режисер што стои зад прејакиот El cuerpo (y)
    8/10
     
    На Nausicaa, ludoto19, Mishela и 8 други им се допаѓа ова.
  13. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    [​IMG] .
    Филмот е буквално ист како цртаниот филм. Многу ми се допадна. Одлична глума на Ем. Магичен и бајковит.
     
    На The Saturdays му/ѝ се допаѓа ова.
  14. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.449
    Пол:
    Женски
    Ако може линк од каде го симна. Неможам да го најдам.
     
  15. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    На кино 3д преубаво делува за ваков филм.8)
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Сноуден

    Всушност се работи за вистинска приказна за Едвард Сноуден, поранешен припадник на ЦИА, кој во јавноста изнесе голем број на тајни доверливи документи на Американската државна безбедносна агенција, во кои се презентирани повеќе проекти за незаконско прислушкување на телефонски разговори и надгледување на интернетот на глобално ниво, со што се предизвика меѓународен скандал.

    Во филмот се опишува неговата животна приказна, неговата љубовна врска, проектите на коишто работи како и притисокот од страна на државната агенција за безбедност кој повеќе не може да го поднесе, поради што решава на светот да му ја открие оваа строго чувана тајна повикувајќи ги репортерите од најпознатите телевизиски канали и давајќи им ги сите тие доверливи документи во електронска форма, кои потоа јавно ќе ги емитуваат на сите светски тв канали.

    Филмот не е лош, има некоја динамика, но со очекуван завршеток, со оглед на тоа што повеќето сме запознаени со овој светски скандал што ја потресе Америка. Ако обажавате драми, и политички трилери, ќе ви се допадне.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, simoncelicius, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.449
    Пол:
    Женски
    MV5BMjA2NzEzNjIwNl5BMl5BanBnXkFtZTgwNzgwMTEzNzE@._V1_UX182_CR0,0,182,268_AL_.jpg
    Добро филмче за опуштање пред спиење. Се изнасмеав 9/10
     
    На simoncelicius, shooter.0801, Indiegurl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Ги обожавам на двајцата, смешкии :rofl::rofl::rofl:
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Бидејќи пред некое време филмовиве ѝ ги препорачав на една членка како добри хорори, а и самиот ги немам гледано, се решив да проверам зошто уствари се дигна толкава фама околу нив.

    The Conjuring (2013)

    [​IMG]

    Не сакам да навредам никого, ама ќе речам дека The Conjuring може да фасцинира само некого кој не гледал ниту еден хорор филм постар од 10 години. Затоа што сите оние кои ги гледале The Exorcist, The Omen, Poltergeist, Rosemary’s Baby и останатите стари, култни хорори ќе знаат точно од каде The Conjuring ја црпел својата „оригиналност“ и инспирација.

    Филмов делуваше како да е работен по чек-листа на клише хорор елементи: крипи детска кукла – check, стара куќа со скриен подрум – check, куќа во која некој го убил целото свое семејство – check, крипи дух на дете – check, вештерка – check, сомнително криво дрво на кое некој се обесил – check. Искрено, се изненадив што куќата не е изградена врз стари индијански гробишта. :D

    Како резултат на изобилието од клишеа, во 9 од 10 ситуации со сигурност можев да погодам што ќе се случи следно, па дури и што ќе рече некој од ликовите.

    Па, што всушност е тоа што е толку добро во The Conjuring? Има неколку работи.

    Прво, во последниве години, се чини дека режисерите на хорор филмовите ги помешале поимите „страшно“ и „гадно“, па наместо да се потрудат да ја исплашат публиката, тие се трудеа да ја згрозат, со крвави и брутални сцени. The Conjuring,од друга страна, е навраќање кон оние исконски стравови кои тлеат во секој човек – стравот од темнината, од непознатото, од она што е надвор од наша контрола, од натприродното.

    Ми се допадна што „негативците“ од филмов, ако така можам да ги наречам, воглавно не се воопшто прикажани – најчесто се работи за некој звук, шум, глас, темно ќоше и сл., а на нашата имагинација и сопствени стравови им е препуштено да ги надополнат празните места – тактика која одлично функционира, но која ретко кој хорор денес ја применува.

    Второ, иако веќе реков дека The Conjuring не е претерано оригинален филм, туку дека несебично се позајмува со елементи од култните хорори од минатото, тој тоа го прави добро – ги зема најдобрите ствари од најдобрите стари филмови – и, што е уште поважно, прави целиот тој склоп одлично да функционира како целина.

    Иако е доста предвидлив и не е претерано оригинален, The Conjuring е право освежување на денешната gore хорор-сцена и е потсетување за тоа што еден добар хорор филм треба и може да биде.

    Оцена: 8


    The Conjuring 2 (2016)

    [​IMG]

    Ако првиот филм беше освежување – и покрај позајмените работи од постари филмови – вториот дел не ми остави таков впечаток, бидејќи е премногу сличен на првиот. Бидејќи Ед и Лорејн Ворен функционираат во рамките на католичката митологија, мање-више знаеме што можеме да очекуваме – демони со латински имиња кои опседнуваат луѓе и егзорцизми. И повторно – гласови во темнината, чудни звуци, откривање на луѓе додека спијат, поместување на предмети и слично.

    Но, The Conjuring 2 го прекршува моето златно правило за добар хорор и, за разлика од првиот дел, овде „негативците“ често пати се јасно прикажани – од старо чиче, калуѓерка, до суштество кое најдобро би го опишал како лик излезен од филм на Тим Бартон – и да, откако ни ги прикажаа јасно и гласно и знаевме со што точно си имаме работа, ниту еден од нив повеќе не беше страшен.

    Она што ми се допадна во вториов дел (и она по што се разликува од првиот) е замислата на целата случка со опседнувањето да ѝ се даде и можност за алтернативно објаснување – односно, дека не се работи за ништо натприродно, туку за едноставна измама на едно девојче гладно за внимание.

    Она што не ми се допадна е што оваа интересна и несекојдневна (барем за хорор филм) можност беше целосно залудно направена и фрлена во вода, со тоа што на гледачот не му се остава никаква можност да го прифати не-натприродното објаснување на настаните како веројатно. Ноуп – демонот навистина постои – тоа е она што режисерот недвосмислено ни го плеска во фаца на крајот.

    Уште еден минус за филмов – трае преку 2 саати, а за тоа нема никаква реална потреба. Првиот беше и пократок и подинамичен, додека во вториов на моменти се чувствуваше како некои сцени да траат предолго, без некое видливо објаснување за тоа.

    Оцена: 7
     
    На simoncelicius, Ane-Goki1, manja666 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    П:С - Мене од калуѓерката најмногу ми беше страв во вториот дел :lol:
     
    На simonka93 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.