Black sea Не ми се верува дека потрошив два часа на филмов Капетан на подморница е отпуштен од работа, заедно со еден куп свои колеги. Се појавува рандом тип кој им кажува за потоната подморница уште од Хитлер, полна со злато. Подморницата се наоѓа во Црно Море. И од тука почнува големата авантура Не знам што очекував од филмов, ама уште од првата сцена во подморницата све ми беше јасно. Нема тука ни чудни морски суштества, ни зомби нацисти, ни братска љубов и плачки, само гуд олд човечка алчност. И многу глупави луѓе. Не можев да прекинам да се прашувам зошто овие луѓе постапуваат така Затоа што да убиеш клучен член на екипаж додека си длабоко под површината на морето е одлична идеја за преживување Диносаурус да им се појавеше, филмов ќе беше подобар, ете кажав. Крајно предвидлив. Да беше пократок верувам дека повеќе ќе уживав во него, чисто за забава.
Rogue One (2016) Spoiler: МРЧЕЊЕ Од филмов можам да изведам само еден факт, а тоа е дека очигледно не може да се сними Star Wars филм без проклетата Death Star. Со исклучок на Episode I, на еден или на друг начин се појавува во сите Star Wars филмови, а во повеќето (вклучувајќи го и Rogue One) е централен дел од приказната. И стварно не можам да сфатам зошто. Star Wars универзумот е толку богат со приказни, ликови, раси, планети и мал милион други работи, а сепак Ѕвездата на смртта беше и останува клучен елемент во приказната на филмовите. Зошто? Претпоставувам дека Star Wars франшизата е жртва на сопствениот успех – како една од најпопуларните, несомнено е дека сака да им угоди на најголемиот дел од фановите, а најсигурен начин за тоа е „не преземај ризици и држи се до формулата која функционира“. Меѓутоа, ако продолжат на овој начин, тешко е да очекуваме нешто ново, возбудливо и поинакво и во иднина. Следниот филм можат комотно да го наречат Star Wars: Death Star, барем за да знаеме што не очекува. Rogue One се случува пред настаните од Episode IV и ни ја пренесува приказната за „незнајните јунаци“ на Отпорот, како и тоа низ што сѐ поминале за да дојдат до плановите за Ѕвездата на смртта, кои подоцна ќе придонесат за нејзино уништување, не еднаш, туку два пати. Најверојатно има причина зошто некои јунаци остануваат незнајни и анонимни – можеби затоа што нивната животна приказна е обична, досадна и неинтересна. Ова е така барем ако судиме според она што го нуди Rogue One. Главен проблем на филмов е што е малце тешко да следиш приказна која трае 2+ саати за некои ликови и за нивните маки и патешествија, кога со ниту еден од нив не можеш да се поврзеш, соживееш или едноставно да ти биде гајле за нив. Фелисити Џоунс е тотално апатична и антипатична во филмов, а Диего Луна (кој и да е тој), главниот машки лик е би рекол, уште полош. Филмов се обидува да се шлепа на грбот на некои познати имиња како Мадс Микелсен и Форест Витакер, но и во ова не успева. Мадс, иако е одличен актер, не се снаоѓа баш во улогата на емоционален, пожртвуван и грижлив татко (типот го глумеше Ханибал Лектор, побогу), а Витакер е во најмала рака, ужасен – мислам, и улогата не му е којзнае што, ама тоа не го оправдува. Има уште еден куп други ликови, кои не ги ни запамтив нити пак ми беше гајле за нив – како слеп нинџа-калуѓер, кој со леснотија успева да избегне ласерски куршуми (кои, патем, се движат со брзина на светлината!) и уште доста нелогични ствари, ситуации и одлуки на ликовите во филмов. Светла точка е дроидот K-2SO, кој поради репрограмирањето, сега кажува сѐ што ќе му падне на ум – поинтересен е од C-3PO иR2D2, у секој случај. И секако, Дарт Ведар, кој можеби се појавува само на неколку минути, ама прави партали. Све друго е meh. Од визуелен аспект, се чини како филмаџииве едвај да чекале да ни покажат што знаат и умеат – затоа дејството се одвива на еден куп различни планети – планета од која се вади кибер кристалот, планета на која се обработува кибер кристалот (немаше ли да биде пологично да се прави ова на истата планета?), планета на која е стациониран Отпорот, планета која е државен архив и катастар на Империјата... Мислам, океј е, све беше супер анимирано, ама има ли потреба од посебна планета за секоја можна ствар? На Земјата ги има сите овие работи (плус уште милион други), а е само една планета. Од друга страна, ми се допадна што се потрудија да останат верни на начинот на кој технологијата на иднината беше прикажана во Episode IV – со светлечки копчиња, рачки, конзоли, 16-битни монитори, Imperial Walkers кои се тетерават на четири нејаки ноџиња и слично. Иако, имајќи во предвид дека ние денес имаме екрани на допир и монитори со милиони бои, сето ова не може, а да не делува по малку застарено и архаично. Сѐ на сѐ, Rouge One e бледа копија на оригиналните Star Wars филмови – бледа, затоа што не е ни толку интересен, ни толку возбудлив, ни толку оригинален како старите филмови, а копија, затоа што едноставно влече премногу елементи од оригиналните филмови и на секој чекор се труди да нѐ потсети дека всушност гледаме Star Wars филм – само без нашите омилени актери. Оцена: 7
Contratiempo Водејќи се од El CUERPO и непредвидливиот крај до максимум на лупање и уз смеа си го предвидев и овој крај, ииии искочи така Боже боже, тоа ти е Шпанска мистерија, најнеочекуваното треба да е очекувано, хуху. За разлика од ЕЛ куерпо не е подобар. Мене ел куерпо ми е ВРВОТ, Актерот е ист од тој филм, тука глуми и Марио Касас познатиот актер од три метри . Филмот е интересен, можеби јас дека несвесно си го сконтав на шала крајот не ме доведе до степен на фрапираност како Ел Куерпо, таму во милио години немаше да ми текне . Се на се, добар филм, интересен, јас морам да им го препорачам па Ел куерпо на сите што го немаат гледано, па после и овој. И двата филма се од истиот режисер, а и истиот стар актер глуми, 8/10 има филмов од мене @boomsleng Твојот е на листа, деновиве и рецензија
http://filmovi.infopult.net/online-film/sa-prevodom/10-16398/El-cuerpo-2012 еве го филмот онлајн со превод на Српски, па ако го гледаш баш пиши после рецензија @only44you да не пишувам мислење врз мислење, затоа едит дадов Епа чим тој те оставил без зборови, верувај Ел Куерпо..... пута 100 пати
Важи А иначе го гледав пред некој ден овој Contratiempo, и искрено ме остави без зборови. Го гледав пред спиење , па после ич неубаво ми беше спиењето
The Curse of Sleeping Beauty(2016) И покрај тоа што има слаб рејтинг на имдб ме заинтересира приказната и го симнав. Дарк верзија на приказната на браќата Грим за заспаната убавица. Искрено не очекував дека ќе има хорор елементи, пошто го нема хоророт како жанр на имдб, ама не е ништо посебно страшен, има само неколку крипи моменти и језива музика. Се работи за уметникот Томас кој постојано има еден ист сон кој го опседнува за една девојка кој Томас ја нарекува заспаната убавица. Тој наследува огромна палата од неговиот чичко кој никогаш не го запознал и тука започнуваат мистериите. Филмов имал голем потенцијал да биде добар, ама веќе кон средина толку многу се забрзуваат работите, филмов завршува и ти остануваш со милион прашања. Како режисеров само сакал да го заврши филмов ради реда, или ко да се откажале од проектов актериве. Штета, можеше да биде многу подобро. Од мене 5.5/10
Po tvoja preporaka go izgledav ovoj filmi i odlicen bese. 10/10 Imam uste nekoj film bendisano od tvojot izbor, ceka na red.
Баш ми е мило што по моја препорака го изгледа филмот и ти се допадна имам прочитано дека го имаш гледано и W.E. Веројатно тоа и те поттикнало. Двата филма се одлични, иако w.e е филм на Мадона и бев скептик, сепак се покажа како одличен режисер
Nesto nemav mnogu sreka so izborot na filmovite. A Promise 2013 ‧ Drama/Romance ‧ 1h 35m Dejstvoto se odviva vo 1914. Mlad decko naoga rabota vo edna firma i se zaljubuva vo zenata na gazdata. Ponataka se poznato .... Ubava gluma i prekrasna kostimografija, da ne bide dzabe vreme potroseno. 6/10 Comedija ili comendija sto bi rekla baba. Pogolema glupost nemam gledano. 2/10
Ели е роден филмоман само се крие. Какви филмови ми има до сега препорачано ниеднаш не се покајав што не ја послушав. Е сега бичкијата ме наговара да ја гледам ама тука и се противам.
Tell Me How I Die(2016) Група на студенти се пријавуваат да бидат дел од студија на тестирање на медикаменти кои треба да ја подобрат меморијата, и го стимулираат хипокампусот. Докторот им објаснува дека доколку овој лек е успешен ќе може да се лекува и Алцхајмер, ама можно е да има и side effects. Солидно трилерче, цело време има дејствија, на ниту еден момент не ми беше досадно, глумциве ок ми беа со оглед на тоа дека е прилично нискобуџетен филм, посебно главниот лик, маче беше он Али имаше и клише моменти, очекувано. Од мене 6.5/10
@ludoto19 не сум многу по рецензииве, повеќе сум по препораки за филмови, но ќе кажам збор,два за El Cuerpo.... Значи добар, солиден филм, на моменти напнат и доста језив, но многу ми беше провиден некако со тоа зборувањето на моб.тел. во полициска станица. Типов донесен тука на испитување, и малце, малце збори на моб. во соседната соба или вц, а при тоа никој не го прислушкува. Всушност тоа и си имало некаква цел ( се виде тоа на крајот нели) , но некако во текот на филмот цело време имав впечаток дека се многу провидни сите , а всушност можеби и тоа е поентата на целиот филм..... Све у свему добар.... 9/10 од мене П.С - Дај препорачајте некое убаво слично трилерче како ова за вечерва
Tell no one http://m.imdb.com/title/tt0362225/ Еден човек и сопругатс негова се нападнати на езеро.Мажот е онесвестен а потоа дознава дека жена му е мртва.После осум години се отвара повторно случајот на убиството и обвинет е дека всушност тој ја убил сопругата. Француски е филмов и многу е добар. 9/10 според мене.
Split (2016) Кој вика дека еден глумец, само со своето присуство, не може да направи филм да биде одличен најверојатно до сега не го гледал Џејмс МекАвој. Split е најновото остварување на М. Најт Шајамалан, режисер кој на почетокот на 2000-ите имаше неколку одлични филмови, после кои следуваше еден куп промашувања, кое од кое полошо. Split е можеби неговиот најдобар филм во изминативе 15 години. Се работи за човек со dissociative personality disorder, кој во себе има не 2, туку 23 личности – некои добри, некои безопасни, а некои... па, не толку добри. Проблемите настануваат откако тој киднапира 3 девојки – тој се обидува да остане во контрола врз самиот себе и сите негови алтер-ега, додека девојките се обидуваат да сфатат зошто всушност се грабнати и да избегаат на секој начин од него. Дисоцијативното растројство на личноста е прилично контроверзна состојба и доста лекари воопшто не ја ни признаваат како дијагноза. Филмов оди чекор подалеку од она што веќе го знаеме за DID – невропсихијатарката која го лекува МекАвој е специјалист за луѓе со повеќе личности и смета дека можеби токму ваквите пациенти ќе бидат клучот за откривање на целосниот потенцијал на човечкиот мозок. Според неа, мислите на различните личности можат да предизвикаат физиолошки промени во организмот – во смисла, една од личностите кои „живеат“ во телото на пациент со DID да има шеќерна болест, а другите не. Односно, секоја различна личност која се јавува кај човек со вакво растројство да има различни психички, но и физички особини. Што е, морате да признаете, интересна теорија. Филмов е солиден од речиси сите аспекти – сценарио, режија, кинематографија – но, она што го прави да биде одличен е токму Џејмс МекАвој, кој е феноменален во толкувањето на секоја од 23-те личности кои го делат неговото тело и е право задоволство да се гледа во улогава. МекАвој е еден од ретките актери кои целосно се посветува на улогата која ја толкува и максимално се вложува во истата – без разлика дали глуми во високобуџетен блокбастер или инди-филм. А во Split, чиј носечки актер е токму тој, тоа особено се забележува. На IMDB филмов е класифициран како хорор/трилер – со што барем јас не се сложувам. Трилер, секако, но хорор – барем во класичната смисла која ја означува овој жанр – дефинитивно не. Во секој случај, филмов топло го препорачувам. Оцена: 8 Spoiler
Hope Floats 1998 ‧ Comedy-drama/Drama ‧ 1h 55m Prekrasna zivotna drama so isto tolku dobra poraka. Site nie nekade niz zivotniot pat naiduvame na kolski pat. 10/10 Jas ovde nevidov comedija ili premnogu seriozno ja svativ sodrzinata.
Зверот и Убавицата. 8/10 Прилично добар филм кој вреди да се симне од торент или да се гледа бес пари во кино. Приказната е 90% слична како цртанот , дури и песните ги погодиле. Особено ми се допаѓа глумецот што го глуми Гастон, баш го погодиле. Доста и феминистички филм може да се каже, али е убав за гледање и баш ми е драго што решиле да го направат, бидејќи често знаат да зезнат работа кога прават филм од игра или од цртан. ................................................................................................................................. Patriots Day 4/10 Прилично тиња филм , американска пропаганда , али ако ви е досадно и сакате да видите во детали како све се одвивал терористичкиот напад во Бостон , слободно гледајте.
Дејствието се случува на почеток на XX век во Париз Амедео маестрален уметник кој живее во сенката на Пабло Пикасо Гениј кој во свое време широката маса не го препозна неговиот огромен талент и уникатен стил на цртање портрети со издолжени лица. Бунтовник кој не се грижи за утрешниот ден, алкохоличар, блутник, а бедата и сиромаштијата ќе си го направат своето. Кој би останал рамнодушен на: Кога ќе ти ја видам душата, тогаш ќе ти ги насликам очите. Сплет на љубов, емоции, беда, талент, иронија, хумор, трагедија ... Омилена сцена - делот со Аве Марија каде уметниците својата душа ќе ја преточат на платно Одлична глума на Енди Гарсија, никој подобро не би го доловил ликот на Амедео Не го препорачувам на лигуши ко мене 10/10
Моќните ренџери (Power Rangers). Не сум задоволен. Типично тинејџерска акција со суперхерои, ама за разлика од Супермен, Бетмен, Спајдермен, овде режисерот не се потрудил да скрои никаква интересна приказна.