Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Life (2017)

    [​IMG]


    За тие што го сакаат овој жанр (sci-fi, horror) сигурно ќе им се свиѓа.
    Глумат Jake Gyllenhaal и Ryan Reynolds ако ви се битни глумците како мене.
    Се на се, сосема скромно во својот жанр, иако малце предвидлив, од мене 6,5/10 .

    http://www.imdb.com/title/tt5442430/?ref_=nm_flmg_act_8
     
    На Nausicaa и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  2. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-3-28_20-32-18.jpeg
    Miss Lettie and Me

    2002 ‧ Drama ‧ 1h 40m
    Prikaska za mali deca.
    Nisto posebno, slobodno moze da kazam gubenje vreme.
    6/10
     
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.220
    Допаѓања:
    56.900
    Пол:
    Женски
    А шо очекуваше од Пауер Рејнџерс? :D
    Се знае, серија што ја гледавме на РТЛ ко деца. Ништо од германскиот не разбиравме, а серијата ја разбиравме. :D Нека остане така во спомените. :lol:
     
    На zhap4e, Bozica1980 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.711
    Допаѓања:
    10.180
    Пол:
    Машки
    Не сум ја гледал таа серија, али требаше да претпоставам дека е од серија :)
     
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.220
    Допаѓања:
    56.900
    Пол:
    Женски
    :o

     
    На zhap4e и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.711
    Допаѓања:
    10.180
    Пол:
    Машки
    хах фала, ептен ги погодиле глумците, исти ко овие :) Таа жолтата ренџерка (Кимберли) ептен згодничка беше, се шмекаа со тој црвениот ренџер, мислев ќе ја пољуби таму негде при крај, ама ништо, детски филм, не смее да има срамотни работи :)
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  7. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-3-30_1-12-18.jpeg 2013 ‧ Drama/Romance ‧ 1h 32m

    Bas mi se dopadna ovoj film.
    Annette Bening and Ed Harris dvajcata se odlicni akteri.
    Realna ljubov, realna smrt, realna bolka od zagubata na partnerot.
    Kompleksna storija na zaguba, lubov i obid da se pocne od pocetok.
    Prikaska koja nema ete bas taka da se zaboravi.
    10/10
     
    На Acka22 и elimkd им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Split
    Филмoт гo изгледaв зaрaди глумецoт, пишувa хoрoр декa е a јaс хoрoри престaнaв дa гледaм, нo мерaкoт зa McAvoy пoгoлем беше. Зa среќa не беше хoрoр, нo нa жaлoст и симпaтијaтa не си гo видoв вo oчекувaнoтo светлo. Oд личнoст сo 24 рaзлични идентитети вo себе, еден не нaпрaвиле дa е мaШ кaкo требa, зaвoдлив, шaрмaнтен, oпaснo привлечен...еднa сценa или две зa душa дa беa де. Јoк. Инaку филмoт oк нo мoжеле мнoгу пoдoбрo. Дa прoгуглaм сегa дaли вистинa кoгa е пoделенa личнoстa знaчи и рaзлични спoсoбнoсти, кaкo ментaлни тaкa и физички. Единo тoa ме зaинтересирa.
     
    На Sky-butterfly, 1209, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    [​IMG]
    Split
    Прво малку го утнале жанрот, зашто хорор дефинитивно не е и покрај трилер јас би додала научна фантастика.
    Не знам дали имав поголеми очекувања од филмов со оглед на тоа што приказната е навистина интересна и самата тема Dissociative identity disorder е доста контроверзна, ама мене ме разочара филмов.
    Првата половина беше добра, со тенденција да биде одличен крајот, ама они скроз го уништија. Се испреплетуваат две приказни во текот на филмов и двете си останаа неразрешени. Не знам дали ќе има и втор дел филмов па оставиле простор за приказната уште да се развива.
    За Џејмс МекАвој немам коментар, супер ги долови сите 24 ликови и тоа ми беше најсветлата точка во филмов.
    Благо разочарана. 6/10 :(
     
    На only44you и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    [​IMG]
    Time renegades
    Имаше потенцијал филмов, имаше sigh.
    Се решив да го гледам ради актерот во главна улога кој лани ми стана еден од поомилените, и ако сонувам на големо тогаш се надевам еден ден ќе видам негова изведба во мјузикл во живо. Енивеј, ми се чини откако излезе Signal лани, сите почнаа да прават вакви филмови и серии и чуда. Плотот, учител по музичко од 1983 и детектив од 2015 преку соништа си ги гледаат своите секојдневија. Кај детективот стигнуваат застарени случаи од убиства во 1983 кои може да ги види и учителов, па тој решава да ги спречи пред да се случат. Интересен елемент, да не го истрошија веќе сите :sweat:
    Глупости. На убиецот не му дадоа никаков подлабок мотив зошто би сакал да убие еден куп ученици. Ах да, затоа што се чувствувал добро :D Филмов имаше потенцијал, трилерот беше добар, заплетите, убиствата, глумата, ама... мораше ли да има реинкарнација? И тоа заради она клише као љубовта преминува и во други животи и слични глупости. Мислев некој ме трола на крајот. Стварно разочарување.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  11. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    9.156
    Пол:
    Женски
    Split
    Се сложувам со повеќето членови пред мене и да не се повторувам и раскажувам,само ќе кажам дека филмот ми се допадна,цело време вака:o и при крајот веќе тахикардија добив :l::drunk:

    Она што најмногу ме интересираше и се прашував за време на филмот,беше дијагнозата,да дознаам повеќе за дисоцијативното растројство(мултиплицирана личност). :x

    За глумата на Џејмс во овај психолошки трилер (y):clap:

    Инаку,да,ќе има продолжение,и тоа,најверојатно од овај и претходниот Unbeakable(ликот што го толкува Брус Вилис што се појави на крајот од Split).Видечемо:D

    Од мене 8/10
     
    На zhap4e и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    [​IMG]
    Retrial
    Работен по вистинска приказна, во филмот се работи за еден млад дечко кој неправедно е осуден за убиство и лежи 10год во затвор. Подметнати докази, некомпетентност, признанија добиени на сила...
    Приметив дека доста често коруптивноста на полицијата е тема во корејските филмови, дали е исто толку честа во реалноста?
    Тоа што отсекогаш ме оставало со грутка во грло кога ќе изгледам вакви филмови е таа константна неправда, и таа борба што речиси секогаш завршува со загуба. И те фрустрира, те измачува. Барем овој случај завршил позитивно.
    Нешто што ми остана на ум, вели правдата е секогаш на страната на парите. Зарем не е тоа така секаде? Во една сцена адвокатот на момчево му вели на својот потенцијален претпоставен дека иако неговата провизија е поголема, сигурно никогаш не добил нечија цела животна заштеда. Можеби тоа е таа точка што овозможи пресврт на овој карактер.
    Ме замисли дали е нешто поразлично во нашето општество? Признанија извадени со ќотек, брзо решени случаи за да некој се пофали со успехот во разрешување криминал. Искачување на таа моќна скала. Всушност богатите и влијателните ги имаат во раце нашите животи.
    Канг Ха Нул :clap: се надевам ќе му се дадат повеќе сериозни улоги во иднина, подалеку од лесни филмчиња, му прилегаат вакви улоги. И навистина одлично глуми.
    Иако можеби не е нешто невообичаено, го препорачувам филмов (y)
     
    На ludoto19, 1209, do-re-mi и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Why Him
    Одамна немав гледано вака интересна комедија, родителите одат да го запознаат дечкото на својата ќерка, и тој е многу поразлично од она што очекуваат.
    [​IMG]
     
    На ludoto19, toogood, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    The princess and the frog
    Кој е љубител на анимирани филмови нека го погледне многу е добро филмчето.
    [​IMG]
     
    На Ketchup, azelea, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-4-5_14-54-15.jpeg
    Gilda
    1946 ‧ Drama film/Thriller ‧ 1h 50m
    Interesen film, sexi film, ponapred od svoeto vreme.Rita Hayworth ja igrase Gilda, interesno kako taa go iskoristi mazot na svojot zivot da dobiie sto saka.
    Ubav clasicen film koj ke se pamti.
    Prekrasna muzika, scena (za toa vreme), gluma, kostimografija....
    8/10
    Mi smetaa cigarite :nod:
     
    На Bender Rodriguez и boomsleng им се допаѓа ова.
  16. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.199
    Допаѓања:
    148.356
    Пол:
    Женски
    http://www.imdb.com/title/tt2072233/?ref_=nv_sr_1
    Sleepless 2017

    Филм за корумпирани џандари и решавање на една од поголемите мафии во Вегас.
    Еден од тие кои работат тајно против рушење на истата завршува во казиното на еден од поглавните каде го киднапираат неговиот син.


    Мене лично и иако сум гледала ваков тип филмови многу ми остави впечаток.
    8/10
     
    На ALISA0000, joy1 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Сај-фај на мени. :)

    Dredd (2012)

    [​IMG]

    Кога излезе филмов, во екот на 3D лудилото, одбив да го гледам, бидејќи мислев дека ќе биде како и повеќето филмови од тоа време – со акцент речиси само на 3D технологијата, без никаква приказна или било што друго. Тоа, и фактот дека мразам 3D. :D

    Три години покасно, се одлучив да му дадам шанса и бев пријатно изненаден – Dredd e всушност одлично снимен, добро осмислен и интересен филм – и тоа, за публика од +18 години, што значи дека насилството и акционите сцени се достојни на мрачната приказна за иднината која се обидува да ја долови. И тоа го прави доста добро.

    Dredd поверно ја доловува приказната од стриповите, за разлика од Judge Dredd, со Сталоне и Асанте, кој, иако го сакав како дете, морам да признаам дека е ужасен филм. Приказната е доста едноставна – двајца судии се заробени во зграда преполна со криминалци кои се обидуваат да ги убијат. И иако основната идеја доста потсеќа на The Raid и можеби звучи неинтересно, ве уверувам дека не е така – особено затоа што зградата е всушност мега-комплекс со 75000 жители.

    Навистина одлично визуелно доживување – со убави кадри, динамични акциони сцени и доста интересни ефекти во сцените со дрогата slo-mo (која го забавува времето за корисникот).

    Карл Урбан е солиден и на моменти по малце потсеќа на Сталоне, а дополнителен бонус е што главниот негативец го толкува Лена Хеди (Серсеи од GoT), која е исто така одлична во улогата.

    Оцена: 8

    RoboCop (2014)

    [​IMG]

    Уште еден римејк на постар филм и уште еден филм кој позитивно ме изненади. Сепак, новиот RoboCop не беше она што очекував. А очекував филм за кибернетски полицаец во Детроит кој прави партали од криминалците. Наместо тоа, добив филм за корпоративни интриги, за моралните дилеми за создавање киборзи и за филозофски прашања за тоа што всушност е свеста, односно во што точно е разликата помеѓу човек и интелигентна машина. Што не велам дека е лошо.

    RoboCop се случува во иднината, во која роботите на компанијата OmniCorp се практично составен дел на армијата на САД во мисиите во странство насекаде низ светот. Исклучок од ова се самите Соединети држави, во кои постои забрана за користење на роботи во полицијата. CEO-то на OmniCorp, Мајкл Китон, се обидува да ѝ докаже на јавноста дека роботите се совршено безбедни и сака да ги протне во САД на мала врата – така што ќе земе некој инвалидизиран полицаец и ќе го претвори во киборг. Enter RoboCop.

    Во однос на актерската екипа, во улогата на RoboCop имаме глумец кој е непознат за мене (ама, сепак е океј), Гери Олдман, Мајкл Китон и Сем Џексон – сите генерално солидни.

    Како што веќе реков, RoboCop е филм кој е далеку од безумните акциони фешти кои сме навикнати да ги гледаме од старите филмови со ист наслов, филм кој се занимава со сосема поинакви идеи и проблематика – нешто што за фановите на старите филмови и генерално, на акциони филмови можеби ќе биде разочарувачки. Всушност, можеби ќе било и подобро филмов да има некој друг наслов, затоа што искрено со оригиналната франшиза, освен насловот и нема некои други допирни точки. That being said, филмот сам по себе воошто не е лош, напротив.

    Оцена: 7


    I, Robot (2004)

    [​IMG]

    Исак Асимов, авторот на книгата со истиов наслов, ги има смислено Трите закони на роботиката и има напишано илјадници одлични приказни за роботи – приказни кои се карактеристични по тоа што не ги претставуваат роботите како закана за човештвото.

    Наместо да се одлучат едноставно да адаптираат една (или неколку) од нив, режисерите се решиле да ги земат само насловот и трите закони и да направат стандардна, клише приказна за тоа како вештачката интелигенција конечно се свртува против луѓето – идеја која од Терминатор навака е екранизирана едно милион пати. Резултатот е франкенштајнска збирштина за која е срамно што воопшто има некаква поврзаност со Асимов. Филмот има неколку интересни идеи, но ни една од нив не е разработена во целост, туку се само така нафрлани, обидувајќи се да ја прикријат ужасно линеарната и предвидлива приказна.

    Целиот овој хаос е надополнет со лоши специјални ефекти и анимација, кои денес изгледаат смешно, со неверојатни (not in a good way) акциони сцени и тотално нереални способности на роботите.

    И секако, да не го заборавам најнесуптилното рекламирање на продукти евр – за Конверс и Ауди. Филмот почнува така што Вил Смит распакува нови старки од кутија и ги врзува у крупен кадар, за потоа мајка му да го праша, целосно вон контекст, „Што патики ти се тоа?“, а он да одговори, наведувајќи го целосното име на моделот и годината на производство, да ти крене нозете на маса и да продолжи да ги фали со уште 3-4 реченици. Мислам, океј е, сакам старки, ама God damn! Фалеше уште да пружи рака преку екранот и да ме мава со старката по глава. Истото важи и за футуристичкото Ауди кое го вози Вил, а од некоја причина, и сите останати луѓе у градот – за кое не пропуштаат кадар без да се фокусираат на значката со четири прстени, кои, за гледачите со послаб вид, дури и светат во темница – just because.

    Ваква маркетиншка глупост би го уништила и најдобриот филм на светот, а не I, Robot, кој и така не е којзнае што сам по себе.

    У главните улоги ги имаме Вил Смит и Конверс олстар, винтиџ модел од 2004-та, а со оглед на очајната глума на Вил у филмов, би рекол дека старките беа подобриот актер.

    Оцена: 5
     
    На rokmibejbi, Mishela, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  18. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    http://m.imdb.com/title/tt0206634/ The children of man Филмов е во 2025год и жените веке не раѓаат.Во целиот свет е безредие само Англија е некако сеуште опстаната иако и таму е со немири од бегалците од целиот свет.Тео ке треба да и помогне на една бегалка да го најде бродот од една организација што им помага на бегалците.
    http://m.imdb.com/title/tt0814314/
    Seven pounds Човек предизвикува сообракајка читајки смс и загинува неговата вереница и уште шестмина од другата кола.Поради грижа на совест решава да им го промени животот на седум луѓе,да надокнади за жртвите.
    Моја отцена и за двата е 9 .

    Прикаската е интересна но немало потреба од некои перверзии.
     
    Последна измена од модератор: 7 април 2017
    На Bender Rodriguez, joy1 и Acka22 им се допаѓа ова.
  19. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.199
    Допаѓања:
    148.356
    Пол:
    Женски
    Мн глуп филм. Не го ни догледав. Толку ми вреѓаше интелегенција ( ко повеќето вакви комедии од поновите) што не можев ни да издржам да си дозволам да го догледам. Невидена глупост.
     
    На edenandrej и bebaa им се допаѓа ова.
  20. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Патетичен беше ама мене па ме насмеа ептен некако.
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.