Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
    Одличен цртан. Баш како што ги сакам цртаните како од порано што си беа а не како некои нови цртани кои ми се чудни :) Како што претпоставувате се работи за натпревар за музички таленти со многу смешни (а и потресни) моменти. IMDB
     
    На Oneo, duffi, pupi.girl и 6 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    1. Captain Fantastic

    За животот:
    Бен и неговата жена Лесли се будисти и живеат живот надвор од цивилизацијата во природните убавини на Америка меѓу планините и шумата. Имаат 6 деца. Тие како фамилија се спротивници на христијанството, веруваат во доброта, природна храна и борба за самостојност. Во неколку наврати во филмот забележав дека одредени работи што ги прават децата уште од мала возраст кај нас се сметаат за неосновани. Живеат во шума, садат овошје и зеленчук, секојдневно вежбаат, здраво се хранат и навечер се едуцираат преку книги. Учат да се борат самостојно. Општо овие работи ме имресионираа и воедно заликува на живот на село.

    За филмот:
    Кога се разболува мајка им Лесли, Бен ја праќа во болница да се лечи. Филмот започнува без неа меѓутоа таа си ги пресекува вените и умира во ЊУ Мексико. Нејзиниот погреб е неколку дена потоа меѓутоа таткото на Лесли му се заканува на Бен дека доколку се појави на погребот ќе биде уапсен. Лесли како верна будиста оставила тестамент дека сака да биде кремирана и пепелта да ја фрлат во вц шоља. Целото семејство одлучува да се соочи со цивилизацијата, градот и дедо им....

    Моја кратка рецензија.
    Ме импресионира тотално. Многу ретко јас да сум импресионирана од некој филм, одличен приказ на некои нешта, секако не би одобрила деца уште од рана возраст да дознаат работи кои се безобразни или пак да пијат вино, но останатото ме импресионира. Додуша точно е дека нашите деца сакаме да ги заштитиме од многу работи, чувајќи ги во стаклено звоно, кажувајќи им приказни и лажејќи ги кај нив е сосема спротивно на сето ова. Вреди да се погледне, го имате на замунда доколку сакате да го симнете со превод.
    Оценка: 10/10

    [​IMG]

    2. Fantastic Beats and where to find them

    Научно фантастичен филм сличен на серија филмови Хари Потер.
    Да не должам, ништо посебно не ми беше филмов, веќе видено.
    Малку потфрли.
    7/10

    [​IMG]
     
    На duffi, cooll, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  3. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.738
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    http://m.imdb.com/title/tt2988546/
    Феликс.Филмов вторпат го начекувам на филм бокс,и никако од почеток.Ке го симнам деновиве да го изгледам цел.Ама и двата пати не останав рамнодушна.Едно детенце сака да оди по стапките на татко му кој бил саксофонист и е починат,но мајкаму не му дозволува,се плаши да не го уништи и него тоа.

    http://m.imdb.com/title/tt0096454/ Withоut a clue.Значи сите филмови со Michail Caine се добри.Филмов е со Шерлок Холмс,но овој Шерлок не е ваш таков каков што го знаемр од другите филмови.Комедија е филмов и не би бил интересен ако повеке ви откривам.

    http://m.imdb.com/title/tt0780516/ Еве ви уште еден со дедово англичанец :).Двајца колеги сакаат да ја ограбат фирмата каде што работат.Секој од различни побуди.

    http://m.imdb.com/title/tt3731562/
    Kong: Skull Island
    Мискев дека ке ми биде глуп филмов,ама ме бендиса.Група од истражувачи и војска на Америка изманипулирани се дека ке одат да вршат геолошки истражувања на еден остров.Но всушност човекот кој ја покренува иницијативата за истражување всушност сака да го убие џиновското горила кој му го нападнал бродот пред многу години и тој е единствениот преживеан.
     
    Последна измена од модератор: 12 април 2017
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Мислам дека сите филмови што ги гледам во последно време траат по 2саати мање-више. Такви ли ги прават сите сега или итс џаст мај лак :^)
    [​IMG]
    The discovery
    Кога прв пат го видов трејлерот за филмов сметав дека ќе обработува интересна тема, но на досаден начин. Згрешив т.е. не знам дали грешка е правиот збор, но приказната не ми беше досадна од една страна драма како драма, а од друга страна кај ваквите теми секогаш сметам дека може да биде мнооогу подлабоко истражено и обработено.
    Филмот го прикажува светот или однесувањето на луѓето откако научник ќе дознае дека постои живот после смрт. Само тоа. Никој не знае што има во тој живот, или таа реалност, или тоа ново нешто, само дека постои. Следствено на тоа еден куп луѓе, као милиони во бројка, се самоубиваат. Постојано луѓе се самоубиваат. И јас постојано се фрустрирам :emo: Можеби помислата на тоа дека таму некаде не чека уште една шанса за живот, да биде нешто подобро или слично, е неверојатна утеха, но самоубиства? Ако си еден мрзлив човек што е неспособен да сфати дека самиот може да си го подобри овој живот, тогаш што ќе направи во следниот? Ќе чека да му се посреќи? Радозналост? Дефинитивно, размислувам за ова, апсолутно радознала би била да знам што е следно, но не откако го искористам максимално овој живот. Спротивно на ова, без изненадена од недостатокот на хаос и убиства или што рекоа во една сцена -реалокација. Сознанието дека постои живот после смрт е неверојатно и беше малце ех?
    Роберт Редфорд го глумеше научникот кој стои позади ова откритие. Воедно и на еден начин лидер на култ. Тоа што би рекла за ликовите, за да не ги анализирам поединечно е таа досадна улога што им беше дадена како во сите филмови што потфрлуваат. Затоа што не се оди до крајност на едно вакво лудило, туку мора да му се даде разум и мора да му се даде емотивност и мора да му се даде романса. За да на крајот од филмов сфатите дека тоа всушност и беше ова филмче... романса завиена со една одлична тема. Сознанието или откритието... хах, ми немаше некако смисла? Или можеби премногу физички сакам да ги замислувам стварите.

    [​IMG]
    The last princess
    Видов дека е номиниран за некоја награда па ај да потрошам време. Филм работен според приказната за животот на последната принцеза на Јужна Кореја. Гледајќи дека претставува еден вид надеж за корејскиот народ, предавник офкс ја испраќа да учи и живее во Јапонија. Таму долги години е држена во еден вид заложништво без можност да се врати дома. Доста тажен филм, затоа што можеше постојано да се види таа потреба да се врати дома и тоа огромно недостигање. И последната сцена ако не плачете не сте луѓе. Некако почувствував дека е усовршена принцезата за да биде подопадлива, но филм е, а во филм мора или да ги сакаме многу или да ги мразиме многу ликовите, па ете потребата за тоа.
     
    На toogood, zhap4e, boomsleng и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Contratiempo
    [​IMG]

    За шпанскиве трилери што сум ги гледала до сега можам да кажам дека ми се дефинитивно едни од најдобрите, па така и овој. Не знам како да го опишам, освен ако сте го гледале El Cuerpo, одма пуштете си го овој зашто поддеднакво се одлични.
    Филмов со еден збор би го опишала како mindfuck. Баш го има оној wow ефект, а не за разлика од повеќето трилери каде на пола филм ќе го предвидиш крајот.
    Одлично структуиран, ти дава повеќе опции и те води низ нив, а не ти самиот да си замислуваш во глава, зашто секое можно сценарио е објаснето и секако крајот и фактор изненадување што не си го ни очекувал. Барем јас навистина не го очекував:D
    Кастингот ми беше одличен, Марио Касас нема кој не го знае од Tres metros.. тука во посериозна улога.
    Инаку се работи за Адријан Дорија,богат бизнисмен кој е обвинет за убиство на неговата љубовница. И тоа е доволно, ако пишам уште нешто ќе ви го расипам, останата приказна се открива во првите 20 мин. :D:D
    Препорачувам 10/10!
     
    На bebaa, zhap4e, k.frosina и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    The Great wall
    [​IMG]

    Значи чиста 8ка има како ништо.
    Одличен филм , добра глума , добри акција, нема да заспиеш на пола филм.
    Се работи, во кратки црти , Matt Damon и згодна Кинескиња газат еден куп чудовишта.
    Претпорачувам кофа пуканки да спремите и да пуштите некаде кај 10 саат да го изгледате со вашиот сакан/сакана или ако немате никој тогаш јбг може и сами да го гледате.
    ---------------------------------------
    KONG
    [​IMG]

    6/10
    Во кратки црти , голем мајмун и група чудовишта газат група на луѓе. Имаш Tom Hiddleston за жени , Brie Larson за момчиња и
    SAMUEL FAKING JACKSON за Мажи.

    Добра акција , да ти помине времето и ако сакате да гледате како големи пајаци ,гуштери и мајмуни си лапкаат луѓе за вечера , слободно.
    Ако се гадите од такви работи , пак гледајте го .
    зашто?
    BECAUSE OF SAMUEL FAKING JACKSON.
    Толку.
     
    На duffi, kravce, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Sleepless
    Добра акција на полицајците кои сакаат да ја прекинат трговијата со дрога на најголемите мафии.
    [​IMG]
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bellamy

    Bellamy Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2015
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Само што го гледав.Одличен филм,ама пак на крај хаос ми е во глава што се деси
     
  9. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    BOY MISSING (SECUESTRO) (2016)

    Шпански филм за успешна адвокатка кое едно утро дознава дека син и' бил киднапиран и пронајден на патот.
    Со синот одат во полиција и детето го идентификува киднаперот.
    Но, дали е се' така како што изгледа?
    Филмот покажува како една лага може да повлече низа настани кои може да доведат и до смрт.
    Интересен трилер, задржува внимание до самиот крај, од мене оцена 9/10.

    BLINK (1994)

    Слепа музичарка оди на операција во која и пресадуваат рожници и делумно и се враќа видот.
    Додека се опоравува од операцијата, во нејзината зграда се случува убиство и единствен сведок кој го видел убиецот е токму она.
    Проблемот е што тоа што таа го гледа со очите понекогаш мозокот го процесира дури следниот ден.
    Почнува бркотница мачка-глушец додека истовремено се јавува хемија меѓу сведокот и главниот детектив што работи на случајот.
    Филмот ми беше преинтересен, глумата совршена, а хемијата меѓу главните глумци речиси реална.
    Имаше некои нелогичности, ама сепак од мене оцена 10/10.
     
    На Ane-Goki1, duffi, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  10. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.763
    Допаѓања:
    2.069
    Го гледав ради Касас и поради тоа што е од истиот калибал на El Cuerpo кој по некое чудо ми се допадна, но кај овој приказната воопшто не ме шокира, се е веќе видено, ништо ново.. Делува како склоп од најпопуларните трејлери/мистерии кои изглегоја минатата година.
    Го предвидов уште кога не беше стигнат ни до пола, адвокатката сомнителна уште од прв поглед, дали приказната толку е толку провидна или јас сум станала параноик па се сомневам во се, не знам..
    Како што реков, ништо што не е веќе видено.. Касас добар, онака.. Убавината му вреди само а не е некој актер. Давам плус за сценографијата, навистина се потрудиле. Го сакам ваквиот како да речам, мрачен минимализам кај ваквиот жанр на филмови, кога повеќе зборува молкот и сцените отколку самите актери.. Се потрудиле на обработката, но содржината штека.
    Од мене 5/10
     
    На Mishela и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  11. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Не знам баш минатата година кој филм го имал истиот пресврт со оглед на тоа што ги имам гледано повеќето трилери.. Како и да е работа на вкус е, не викам не и мене адвокатката ми беше најсомнителна уште од почеток ама дека баш така ќе испадне со маската не очекував. И како што пишав самиот концепт на развивање на приказната ми се допадна што кај повеќето американски филмови е избрзано и необјаснето.
     
  12. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.763
    Допаѓања:
    2.069
    Секако, се согласувам за тоа дека е ствар до вкус..
    Само мене крајот ми беше како недоискажан, вртеа вртеа од околу за на крајот пак да не стигнат до главното.
    Прва дупка во содржината - Мајката на дечкото се уфрла како адвокат со цел да стекне доверба кај Адриан за тој да го признае убиството и тајно го снима целиот разговор каде тој признава се. Планот уште од одма е пропаднат со оглед на тоа што не е доволно релевантен доказ за тој да биде осуден и не постои таков закон..
    Втора дупка - Кога се работи за така сериозен случај сигурно претходно ќе го проучи адвокатката, која е шо е, дали може да и верува, кој би пропеал дека учествувал во убиство туку така на личност која прв пат ја гледа во животот..
    Трета дупка - Адвокатката постојано гледаше низ прозорецот, плус немаше пердиња, секој би забележал дека некој го посматра, не е голема филозофија, особено ако притајуваш убиство сигурно дека ќе бидеш претпазлив за се..

    Приказната можеше да биде многу подобра, ама тоа е тоа. :)
     
  13. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Мислам дека треба да го предложиме филмов во ФФФ зашто може да се развие дискусија и нели различни мислења. :D
    Баш тоа што он се призна и го има директно снимено како раскажува како го извеле убиството тоа е директен доказ за осуда дури. Лесно може да се докаже на суд дека тоа е Доријан, снимката не е фалсификат и сето тоа е веродостојно, како не постои таков закон? А кога намерно агенти праќаат луѓе со цел да снимат признание за убиство? Сето тоа важи на суд.
    А тоа за адвокатката, нели неговиот адвокат тој Феликс ја имаше предложено со цел он да го побара последниот сведок и да го потплати да не каже ништо, самиот уште на почеток ја најави како една од адвокатките која нема изгубено случај. Дури нели маската, косата, леќите беа со цел да се долови баш истиот изглед, затоа Доријан не се посомнева ништо.
    Јас тука навистина не видов некаков пропуст.:D
     
    На joy1 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  14. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.763
    Допаѓања:
    2.069
    Видео и аудио материјалот не е најверодостоен доказ и не може според тоа да се суди за убиство. Можное да е монтажа, можно е да е натеран да зборува под присила, со уцена и закани.. Ако му вперат пишол во главата на ќерка му може да рече дека го убил и Џон Кенеди..

    Не верувам дека филмот има нешто вредно за дискусија, сум гледала милион подобри мистерии кои се толку потценети а содржината е светлосни години над овој :)
     
  15. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
  16. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-4-17_0-16-39.jpeg
    Gone with the Wind
    1939 ‧ Drama film/Romance ‧ 3h 58m

    Klasika, vecno ke trae.
    Postarite generacii go gledale, a pomladite koj baraat ljubovna tema eve vi prav film.
    10/10


    upload_2017-4-17_0-21-34.jpeg
    Mildred Pierce
    1945 ‧ Drama/Romance ‧ 1h 51m

    Epic. Dodeka da go izgledam filmov me potrosi emocionalno. Joan Crawford glumi pozrtvuvana majka koja se nafaka da raboti bilo sto da zaraboti za skapite potrebi na svojata kerka koja sebicno cicase do kraj.
    Mnogu raboti se slucija duri na kraj mi se pricini deka tri filma izgledav.
    Svrsten e vo Drama/Romance ama imase i zapletkano ubistvo.

    Na slikata od leva strana dole pisuva
    " The kind of Woman most men want - BUT SHOULDN'T HAVE!
    10/10
    Bas onakov kakov sakam, raskos, kostimografija, scenografija,gluma, dobar zaplet.... Se sto treba na edno mesto.
     
    На ludoto19, joy1, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  17. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    The invisible guest (2017)

    Обожавам филмови каде што во последните 5 минути сфаќаш дека тоа што си го сфатил од дотогашното гледање е спротивно од тоа што уствари се случило.
    Маж е обвинет за убиството на својата швалерка и е спремен на секој можен начин да докаже дека не е виновен без разлика колку луѓе ќе повреди и колку жртви ќе има.
    Одамна вака некој филм не ме бендисал 10/10

     
    На buba4e89, sia.bella, bebaa и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    At the end of the tunnel (2016)

    At_the_End_of_the_Tunnel-309444661-large.jpg

    Членката погоре го постави филмот со кратка препорака, па и јас да кажам збор-два за истиот.

    Инвалид во количка, во која заврши после семејна несреќа, како компјутерски инжињер работи во подрумот на куќата во која живее и случајно го фаќа муабетот на крими група во соседството која се спрема да ограби банка. Додека се подготвуваат за да го исполнаат планот, тој исто така им ги следи "чекорите" припремајќи го сопствениот план.
    Одличен пресврт, интересно дејствие, филмот трае 2 саата ама навистина држи внимание.
    Ми се допадна.
    Препорака и од мене.
    10/10
     
    На sia.bella, marta993, Ane-Goki1 и 9 други им се допаѓа ова.
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.734
    Допаѓања:
    145.155
    Sully(2016)
    [​IMG]

    Филм по вистинска сторија, снимен од перспектива на главниот пилот на авионо -Шули. Прогласен е за херој и спасител бидејќи успева да слете во вода, а притоа сите од авионот остануваат живи и без големи повреди.
    Во филмот се прикажани емоциите на пилотот, процесот низ кој поминува додека да се докаже кој е навистина виновен.
    Океј филм, на моменти главниот актер е како без емоции, но можеби во цело тоа доживување навистина така се чувствувал.

    7/10

    Blended(2014)
    [​IMG]

    Џим и Лаурен се договараат на ужасен состанок на слепо кој не поминува најславно. Потоа судбината ги спојува насекаде. За на крај да завршат заедно на одмор.
    Комедија за ден -губење. Има и смешни моменти ,ама и глупави.

    6/10
     
    На sia.bella, bebaa, ludoto19 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-4-17_19-41-5.jpeg
    For a Woman (francuski film)
    2013 ‧ Drama film ‧ 1h 50m
    Istoriska melodrama inspirirana od vistinska familijarna saga na reziserot .
    Ovoj prekrasen film odi napred i nazad vo dva istoriski perioda.
    1980 god vo Francija, Sylvie Testud,pisuva filmsko scenario ispirirna od zivotnata storija na nejzinite roditeli.
    Prikaskata e emocionalna ljubovna, komplicirana prikaska vo koja zenata se zaljubuva vo bratot na nejziniot mas.......

    Uste edna potvrda deka ljubovta doaga koga treba i netreba, kaj sto treba i ne treba.
    Poglednete, ke vi se dopadne.
    Od mene 10/10
     
    На sia.bella, ludoto19, boomsleng и 5 други им се допаѓа ова.