Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Pacific Rim (2013)

    [​IMG]

    Во не-толку-далечна иднина, на дното на Пацифичкиот океан се отвора интердимензионален портал, од кој излегуваат огромни Godzilla-like чудовишта, кои ја напаѓаат Земјата, наречени Kaiju, од јапонскиот збор за чудовиште. Ме следите? Океј. :D

    Единствениот логичен одговор на луѓето за оваа закана за човештвото е – да направат џиновски, антопоморфни роботи, Transformer-style, кои ќе се борат со нив, наречени Jаеger, од германскиот збор за ловец. Сѐ уште ме следите? Добро, пошто станува уште побесмислено. :D

    Со Јегерите пилотираат луѓе, кои се поврзани со нив со невронски пат. Арно ама, пошто менталниот напор на управување со гигантски робот е преголем за еден човек, со нив пилотираат двајца пилоти – по еден за секоја хемисфера од „мозокот“ на роботот. Успат, луѓето се и меѓусебно поврзани со мозоците – што значи дека ги делат спомените и мислите (а сепак, имаат потреба усмено да разговараат меѓу себе додека го прават тоа :D).

    Исто така, не може било кои двајца луѓе да се поврзат меѓу себе со мозоците и да го управуваат Јегерот – тие мораат да имаат drift compatibility. Што е дрифт компатибилност и како заклучуваме дали таа постои меѓу двајца луѓе? – не е објаснето, со исклучок на една сцена во која кандидати за тестирање на компатибилноста се тепаат со дрвени стапови меѓу себе. :D

    Ако сето ова ви звучи како најбесмислената збирштина на идеи, чудни зборови и концепти, тоа е затоа што така и е. А сепак, филмов е добар – можеби и повеќе од добар.

    Тоа е така затоа што целата бесмисленост на Pacific Rim на некој магичен начин е поврзана во една функционална целина која има некаква смисла, без самиот филм да се сфаќа себеси пресериозно. А резултатот на ова е филм кој е интересен, несекојдневен, оригинален и пред сѐ, забавен.

    Бонус – Идрис Елба е во него.

    Можеби најдобриот филм од жанрот „Џиновско суштество кое му се заканува на светот“ – Кинг Конг, Годзила и сличните.

    Оцена: 8


    Kong: Skull Island (2017)

    [​IMG]

    Она што дефинитивно не му фалеше на светов е уште еден филм со Кинг Конг. „Едвај чекам да снимат нов филм за Кинг Конг!“, said no one, ever – но, ова не е ни прв ни последен пат Холивуд да ни даде нешто што ниту некој го сакал, ниту го барал од нив.

    Можеби затоа што дури и оригиналниот Кинг Конг од ’33-та не беше добар филм, туку the original летен хит/холивудски блокбастер, со голем буџет, специјални ефекти и вкупно 2 мозочни ќелии потребни кај гледачот за да го процесира. Со други зборови, не баш некаква револуционерна приказна на која вреди да ѝ се направи римејк. Осумдесет години и дваесет филмови подоцна, замислата за џиновски горила е сѐ уште глупа и бесмислена – можеби само уште поглупа и побесмислена than ever.

    Skull Island се обидува да ѝ даде некаква научна подлога на замислата која во суштина е „Еј, види, џиновска горила!“ и да му даде на филмов некаков plausibility, што само по себе не е лошо, но реално гледано, е практично невозможно – затоа што колку и да се труди човек, реалистично објаснување за горила голема колку зграда, особено на толку малечок остров, нема.

    Сѐ на сѐ, све на островов е џиновско – животни, инсекти, буквално сѐ – освен луѓето-доморотци кои живеат на него, кои, од некоја необјаснива причина, се исто толку големи колку и сите луѓе на светот. Толку од теоријата за островски гигантизам. But, that’s movie science for you.

    Филмот почнува ветувачки – со ветување дека нема да биде ужасен, де :D – но, после половина час запаѓа во каша од монотонија, предвидливост и клише. А тоа е затоа што било кој филм кој го има Кинг Конг во себе не може, а да не биде клише. И тоа не е нешто од што може да го спаси било која позната актерска екипа, па макар и да се Том Хидлстон, Сем Џексон, Џон Гудман и Бри Ларсон.

    Оцена: 6
     
    На buba4e89, sia.bella, Tiki-lolipop и 5 други им се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Брзо и јас да видам што е со филмов :D
    [​IMG]
    Contratiempo
    Филмов започна навистина интересно и кога се уфрли приказната за Даниел си реков може ќе биде нешто.
    Само што уклучив да проверам дали филмов траеше повеќе од два часа и да пцујам зошто сите филмови се по два часа, тоа да ти бил малку пократок. А се чувствуваше страшно долг :| Премногу теории, не вака било, не онака било, не ова било, она било...искрено премногу ме замори. Во еден момент и не можев повеќе да следам што се случува, затоа што верував дека во следната сцена и тоа ќе го изместат да не биде вистина. Мислам дека фалеше некој битен момент за да филмов биде стварно добар. Барем Марио Касас се разубавел :makeup: И нели незаконски прислушкувани разговори не се валидни на суд? Или? :^) Сеедно, филм ко филм, таман ме измори за спиење :D
     
    На buba4e89, sia.bella, rhcpfan и 3 други им се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    [​IMG]

    Лабаица пред спиење.... Ми се гледаше нешто лабаво,анимација, па ајде оваа.
    Интересна, баш ми се допадна и ја препорачувам, супер музика и песнички
    8/10
     
    На Ketchup, elimkd, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-4-18_22-6-54.jpeg
    Kept and Dreamless
    2005 ‧ Drama film/Comedy ‧ 1h 37m

    Ova bese drama i toa teska drama so nisto komicno.
    Temata bese, devojka od bogaro meksicko semejstvo se zafaka so upotreba na droga.
    Bila studentka na medicina po zelba na majka i , ostanala bremena i se odkazala od fakultet, deteto nejzino izrasna prerano, lugeto vleguvaat i izleguvaat vonejziniot zivot....
    Bolno za gledanje ama toa e vistinata, a posebno taa nivna kulturoloska razlika koja na svoj nacin kolku pomagase tolku odmagase.

    Poveke nego odlicno
    10/10
     
    На ludoto19, joy1, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.232
    Пол:
    Женски
    Split

    [​IMG]


    Masterpiece.
    Станува збор за човек со психичко пореметување т.е. има dissociative identity disorder/multiple personality disorder и сите последици кои одат со тоа. Страда и он и луѓето околу него.
    Предобар психолошки трилер, предобра глума, значи главниот лик ја заслужува секоја награда што постои.
    10/10
     
    На ludoto19, sia.bella, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    The Fate of the Furious
    [​IMG]
    Искрено не ми беше во план да го гледам филмов, ама со другарка освоивме карти(прв пат во животов):D и да не пропаднат нормално.
    Се разочарав дека уште кога умре Пол, мислам дека требаше да се стави крај на франшизава зашто нема смисла да продолжат да снимаат нови делови кога он беше главниот лик, заедно со Дом кој го носеа уствари целово име на серијалов. Вака испаѓа нормално се за пари, и само за профит.
    А што се однесува до новиов дел, дефинитивно се чувствуваше отсуството на Брајан, ама за разлика од претходниот дел овој ми беше 10 пати подобар. Нормално имаше некои акциони сцени, кои ми беа смешни и бесмислени, ама тоа како да им стана навика во последните 2,3 дела, кога ја свртеа целата тематика на серијалот, која беше уствари тркање па сега ја претворија со заговори, крадењ и слично.
    Ама во секој случај тука барем приказната ми имаше повеќе смисла, и секако Шарлиз Терон во улога на негативец.
    Приказната е Дом goes rogue, се врти против неговиот тим, почнува да работи за Шарлиз, а причината па се открива прилично брзо на почеток, што мене не ми се допадна баш, поинтересно ќе беше при крајот, нешто како plot twist, и секако го имаме Jason Statham како дел од фамилијата:D
     
    На ludoto19, sia.bella, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    IMG_7522.JPG
    Жанр/хорор
    Во филмот се раскажува детството и младоста на генијалниот Ханибал. Причините за неговото растројство лежат во погубувањето на неговото семејство и грозоморното убиство на неговата сестра, каде подоцна ќе се одмазди на најсуров, болен и бавен начин. Актерот одлично го има доловено ликот, неговата лузна на лицето дава дополнителна драматичност.
    Вчера го гледав филмот, но некако ми требаше време да ми "налегне" целата приказна. Грешка моја е што не истражував доволно, требаше филмовите да ги гледам по обратен редослед, почетокот е баш од овај филм, затоа што во мојата глава Ентони Хопкинс е едноставно предобар во оваа улога, незаменлив.
    8/10
     
    На ludoto19, sia.bella, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Contratiempo
    [​IMG]
    Гледам многу се зборува за филмот па решив да го гледам, но не сум нешто воодушевена.
    Два дена ми требаше да го завршам бидејќи толку ми беше спор, немаше нешто што ќе ме држи во неизвесност. Единствено последните 5 минути ме изненадија, но не ме шокираа, онака. И да, толку развлекување за да заврши без врска.
    Или јас очекував повеќе или филмот навистина ништо посебно. Шпанците можат многу подобро од ова, штета што се потценети во филмската и ТВ индустрија.
    Марио го имам гледано во повеќе серии и филмови,за разлика од таму, послабо се покажа тука. Единствено физички подобро изгледа :rofl: за глума може многу подобро, е сега дали беше до ликот...
    Како и да е од мене 6/10
     
    На ludoto19, sia.bella, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  9. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.650
    Допаѓања:
    29.333
    Пол:
    Женски
    Les Visiteurs: La Revolution(2016)
    [​IMG]
    Јас и мајка ми сме големи фанови на францускава триологија. Веројатно на повеќето ви се познати првите два дела кои се пресмешни. Ама овој малку е.. затупен. Жакуј и неговиот господар Годфрој наместо да се вратат назад во нивното време пристигнуваат во Франција за време на револуцијата и им се случуваат глупости додека да се вратат назад. Мене крајот највеќе ми се допадна, зошто дава можност за ново продолжение, што изгледа дека би било подобро од ова. Од мене 5.5/10
    + за ликовите, врв се :D
    [​IMG]
     
    На ludoto19, Someonespecial и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Breakfast at Tiffany's (1961)

    [​IMG]

    Кратка содржина

    Филмот ја обработува приказната за Холи Голајтли, млада жена која живее хаотичен живот. Без стабилно детство, се венча на четиринаесет години, го поништува својот брак, се преселува во Холивуд со цел да започне филмска кариера, го напушта Холивуд и оди во Њујорк (каде заработува пари како кол герла и преку несвесно пренесување на кодирани пораки на еден затворен мафијашки бос), откаде планира да се пресели во Бразил, венчајќи се за еден од најбогатите луѓе во светот.
    Главната сижејна линија на филмот се развива околу нејзината врска со соседот Пол Варџак, кој има и сопствени проблеми. Филмот завршува со познатата сцена на дождот, во мигот кога и Холи и Пол се откриваат себеси.

    Рецензија

    Појадок кај Тифани е филм од 1961 година, во кој Одри Хепберн и Џорџ Пепард се појавуваат во главните улоги. Режиран е од Блејк Едвардс. Портретот на Холи Голајтли како наивен, ексцентричен социјалит најчесто се смета дека е најпознатата и најнезаборавната улога на Одри Хепберн. И самата таа ќе рече дека била најпредизвикувачката улога во нејзината кариера, бидејќи иако е интроверт требала да игра екстроверт. Песната "Moon River" која во филмот ја пее Одри Хепберн, ќе му помогне на Хенри Манчини да го добие оскарот за најдобра композиција, а на Џони Мерсер за најдобар текстописец.

    Оценка
    10/10

    [​IMG]
     
    На ludoto19, Ketchup, sia.bella и 9 други им се допаѓа ова.
  11. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Colossal (2016)
    R | 1h 50min | Action, Comedy, Sci-Fi |

    Глорија по хроничното опивање,седење година дена без работа доживува дечко и Тим да ја избрка од кај него. Бидејќи нема пари се засолнува во старата куќа кадешто живеела како дете и налетува на другарот од основно школо Оскар кој е газда на бар. Почнува да работи таму,се опиваат секоја вечер по затворање на барот со уште 2ца пријатели и така и започнуваат да се случуваат чудни нешта.
    Филмот на моменти станува досаден и како да фали некоја поврзаност на сцените,но се на се е интригантна приказна која може да се протолкува на различни начини. Убава глума на актерскиот тим.
     
    Последна измена: 21 април 2017
    На ludoto19, sia.bella, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-4-20_19-55-26.jpeg
    I Am Sam

    2001 ‧ Melodrama/Drama ‧ 2h 14m


    Sean Penn izglumi odlicno kako mentalna licnost i tatko na malo devojce koe e odzemeno od nego od strana na socialnite sluzbi na nejziniot sesti rodenden . Michelle Pfieffer ja ima ulogata na advokat koj se bori Sem da ostane staratel so 50/50 custody so drugo normalno semejstvo.
    Da se bide covek so specialni potrebi znaci deka ste usporen vo mislata i aktivnostite no ne znaci ne ste vo sostojba da izvrsuvate nekoj emocija na ljubov, koj sekoj roden na ovoj svet bez razlika na mentalnata sostojba ja ima.
    Zemete si paloma pokraj sebe.
    10/10

    Ova e film koj treba da go gleda celo makedonsko sudstvo, socialnite sluzbi, roditelite koj se mislat da se razvedat, se vo proces ili se razvedeni.
    Mozda ke im pomegne da go izmenat toj zastaren sistem na davanje na staratelstvo na tatko ili majka na dva saata vo nedelata. ;(
     

    Прикачени фајлови:

    На ludoto19, sia.bella, scorpias и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Office Christmas Party
    Комедија во која Џенифер Анистон е директорка на фирма која што баш не профитира во последно време и сака да ги намали вработените, од друга страна е нејзиниот брат кој се труди да направи се само да не биде отпуштен никој.
    Онака лабав филм.
    [​IMG]

    @Briar Rose може ли линк да ми дадеш од Брекфаст ту Тифани, кај да го гледам.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    @toogood ме потсети на филмов, одамна го имам гледано, но сеуште ми е свеж во мислите, глумата на Шон Пен е маестрална:bow:се сеќавам со мајка ми го гледав и цмиздрев ко мало дете:drunk: би ти го препорачала и What's Eating Gilbert Grape се уште не можам да си поверувам дека Лео не освои оскар за неговата феноменална улога:x

    ****************************
    Пред некој ден на Хистори гледав емисија за Тајни друшта каде го спомнаа филмов како историски точен, така се одлучив да го гледам
    IMG_7574.JPG
    Жанр/Драма
    Во филмот прикажан е период од Втора Светска војна па се до 60тите години на минатиот век.
    Се раскажува за формирањето на CIA
    Едвард е член на ова тајно друштво, вклучен е во повеќе задачи, упорен, лојален, но тешко го балансира приватниот и професионалниот живот, една грешка во младоста ќе го натера да донесе одлука каква што се очекува од него. Сплетки, интриги, убиство, љубовни афери се само дел од случувањата.

    "They asked why we never say 'the' in front of CIA. I responded, 'do you put 'the' in front of ' God'?"

    Одлична глума и екипа собрана на едно место
    9/10
     
    На ludoto19, sia.bella, ph.orhideja и 7 други им се допаѓа ова.
  15. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Jas si placev od pocetok go kraj.
    Stvarno mnogu tazen film.

    Ovie dva filma sto gi napisa (What's Eating Gilbert Grape i The Good Shepherd) gi proveriv vo biblioteka i gi imaat, zgora na se slobodni se. Sega ke im kliknam edno HOLD i ke mozam da gi gledam od Ponedelnik nekoj den.
    Blagodaram za preporaka :bow:
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Филмот премногу ми се свиѓаше обично не гледам вака некои со вселени и други планети.
    Момчево е родено на Марс, мајка му е астронаут и мораше да се породи таму пошо беше на мисија некоја. Откако ќе го породи таа ќе умре, и момчево наполнува 18 години и за првпат сака да иде на Земјата за да го најде татко му и таму сретнува една девојка која е паметна и е у социјално за деца ја преместуваат од дом на дом и се заљубуваат.

    Мислам дека е доволно кратко, нејќам да откријам спојлери на филмот ако сакате можете да го гледате ви го препорачувам :D
     
    На ludoto19, sia.bella, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  17. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    27.886
    Пол:
    Женски
    Last_holiday.jpg
    Прекрасно филмче онака со лес да го гледаш.
    Се работи за една жена која работи во трговски центар,но еден ден дознава дека е тешко болна и дека ке умре за три недели.
    Затоа решава да го промени начинот на живот.Заминува на место каде сите мислат дека е богата дама и го живее својот сон.Сепак филмов има среќен крај и вреди да се погледне.
     
    На ludoto19, toogood, iloveyou29 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    SLEEPLESS

    Одлична бркотница помеѓу полицијата, дилерите и полицајците на тајна задача. Одамна не сум гледала филм од овој жанр баш ме бендиса. На крај како и обично, многу жртви, полицијата победува, корумпираните во затвор. Се на се добар филм, добра актерска екипа.
    8/10
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Don't breathe (2016)

    [​IMG]

    Група од тројца млади луѓе влегуваат во куќата на воен инвалид, кој патем е и слеп, со надеж дека ќе успеат да излезат со пари за кои знаат дека тој ги поседува.

    Филмот е сврстан во хорор трилер, мада јас не би го сврстала во тој жанр.
    Да, има насилство, ама е трилер, и тоа одличен. Навистина, на моменти, и јас не дишев.
    Непредвидлив е, и напнат. На неколку пати се прашував аман ќе дојде ли крајот да се реши веќе еднаш.
    Приказната се 90 проценти одвива внатре во куќата, што уште повеќе го зголемува тој крипи елемент, ама воопшто не е досаден.
    Мој совет е да се најде добар снимак за гледање, инаку се ќе ви биде полутемно и неразбирливо.
    Јас го почнав со полош снимак, па најдов подобар, па можев да уживам во филмов.
    10/10
     
    На ludoto19, sia.bella, IronLady и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Go Out
    Девојката го носи својот дечко црнец на гости кај нејзините родители за да се запознаат. Но оваа куќа е многу чудна и наскоро гостинот ќе свати дека нешто не е во ред со луѓето што се овде. Интересна мистерија.
    [​IMG]
     
    На joy1, Ane-Goki1, Acka22 и 2 други им се допаѓа ова.