Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.874
    Допаѓања:
    25.370
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Брзи и бесни 8
    Бидејќи сакам вакви акции , од мене ќе му дадам 10/10 .

    Имено , се појавува девојка која сака да го распарчи " семејството " на Доминик . Го зема него и му наредува да прави работи за неа , за возврат на животот на неговото синче . Меѓутоа , Доминик има одличен план како да ја измами Чипер и да си го земе синчето живо од нејзините раце и успева во тоа .

    Многу акција и адреналин според мене , и многу мускулести мажи ( како што пошала членката погоре ) . Глумата одлична како и во предходните 7 делови , единствено што ми фалеше Брајан ( Paul Walker ) за да осетам дека филмот е целосен . Меѓутоа , што е тука е .
     
    На Ane-Goki1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Klopka (2007)
    Замка е српски филм,во кој дејството се одвива во денешно време.
    Приказната го следи едно просечно семејство за време на транзицијата во Србија.Кога детето на брачниот пар ќе се разболи, животот им се менува од корен.Потребна е огромна сума на пари за да се спаси животот на детето.Предизвикот да се најде спас од сите страни започнува. Приказна за семејството, животот,лажните пријатели,за родителството.Колку човек е спремен да оди далеку за да го спаси животот на сопственото дете? Колку грешки во животот ќе се направат во името на детето? Колкав товар на душата мора да се носи за твоето дете да биде живо? Колку очајот не прави лесно манипулативни? Што значи да се биде татко?
    Приказна во која сјајот на богатството се испреплетува со просечниот човечки живот.Приказна за вредноста на еден детски живот и беспомошноста, наспроти раскошот доволен да купи и 10 детски животи.
    Во секој случај еден одличен трилер,сместен меѓу редовите на најдобрите српски филмови.
    IMDb оценка: 7,9/10
    Моја оценка: 10/10
     
    На joy1, marta993, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  3. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.368
    Пол:
    Женски
    The Space Between Us (2017)
    [​IMG]
    Го чекав со добра снимка долго време, и се исплатеше чекањето. Леле колку е слатко филмчево, ме разнежни ептен. Во иднината, еден научник успева да го оствари сонот на многумина, патување на Марс и тестирање на животот таму. Во првата мисија, главната астронаутка дознава дека е трудна на патот кон Марс. Тоа значи огромен ризик за бебето, кое се развива во сосема различни услови од оние на земјата. А самото ова претставува и ризик за компанијата на научникот, кој се одлучува да го скрие настанот. По 16 години, Гарднер, првото бебе родено на Марс, ја има најголемата желба да оди на Земјата и да го пронајде татко му. А во тоа ќе му помогне девојка која ја запознава преку интернет. Ама сето тоа носи ризици. Мене ми се допадна ептен, за релаксирање живци и за убави поминати два саати таман е. 7/10
     
    На Adi888, duffi, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    [​IMG]
    I see dog, i download.
    Филм за тепање време. На момаков вонземјани ќе му дадат моќ да може да направи апсолутно се што ќе посака, и врз основа на неговите постапки ќе пресудат дали да ја уништат земјата или да ја примат во нивниот галактички совет, во кој всушност нема ниедна друга планета... или така нешто. Го обожавав кучето. Многу досадни моменти кои ги рипав. И то.
     
    На duffi, Bender Rodriguez и Acka22 им се допаѓа ова.
  5. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-5-7_11-55-33.jpeg
    Tumbledown
    2015 ‧ Romance ‧ 1h 45m

    Golema dzeva se digna , a filmov e odnapred poznato scenario.
    Mnogu eftina prikaska, od sto e dosadna prikaskava duri i zamorna e.

    6/10
     
    На duffi, elimkd и Acka22 им се допаѓа ова.
  6. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    CAPTAIN FANTASTIC 9/10
    CF.jpg
    Филмот е одличен а глумата на Виго Мортенсен незаменлива. Не за џабе беше номиниран за оскар. Дека не е филм со брзо дејство не е,но е филм за размрдување на мозочните клетки. Значи брачен пар решава да ги одраснува своите 6деца подалеку од ''цивилизацијата'' т.е. лицемерното капиталистичко општество во кое децата се растат со лаги или премолчување на вистината. Родителите сами ги едуцираат децата,ги вежбаат во природа и хранат со сирова храна. Децата се супер издржливи и интелигентни. Но еден немил настан т.е.смртта на мајката го менува текот на нештата. Трае 2саати и кој е љубопитен ќе открие што се случува. Големо браво за ваков филм.
    IN DOUBIOUS BATTLE 7/10
    DB.jpg
    Исто убав филм.Глумата на Џејмс Франко е забележлива. Филмот е за изборување за работничките права на сезонските работници во УСА.Резултира со изгласување на закон за работни права во Уса 1938год. Инаку група берачи на јаболка се минимлано платени и бараат повисока дневница. Газдата на имотот не дозволува и тие организираат штрајк. Како ќе заврши штрајкот се открива во филмот.
     
    На duffi, Acka22, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. shooter.0801

    shooter.0801 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    347
    Пол:
    Женски
    The box
    MV5BMTI4MDA5NjIwM15BMl5BanBnXkFtZTcwNTA2MjY0Mg@@._V1_.jpg
    Не беше нешто најдобар филмот, но сепак има нешто интересно да се излвече. Особено внимание ми привлече тоа што го рече Arlington Steward: Ако луѓето не се способни да ги жртвуваат желбите за општото добро, тогаш не ја заслужуваат ни можноста за опстанок.
     
    На duffi, Bender Rodriguez и Acka22 им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Get out

    Психолошки трилер - шизофренички филм.
    На моменти се вадев од памет.

    Не ми остави многу убав впечаток, ми го задржа вниманието ама тоа со сечењето на глава ме разочара - ужас филм.

    Роуз и Крис се во врска 4 месеци и Роуз решава да го запознае Крис со семејството.
    Тие заминуваат во нејзиниот дом далеку од градот и дејството започнува токму тука.
    Крис мисли и стравува дека нејзините се расисти и не му ни паѓа на памет дека и Роуз е дел од таа луда багра од фамилија..

    Искрено, филмот јасно ни кажува дека не треба да се лета толку, да се запознава некој со семејството за толку мал период. Ниту пак човекот го знаеш за толку кратко време.
    Колку човек може да глуми тоа е некое чудо, исто како во филмот Secuestro.

    8/10

    [​IMG]

    At the end of the tunel

    Убавата Клара Лаго во улога на мајка, танчерка во стриптиз клуб се вселува кај еден инвалид, кој наскоро дознава дека нејзиниот дечко планира да ја одграби банката карши него, копајќи тунел.
    Таа ќе се заљуби во Хоакин, а Бети нејзината ќерка е силувана од нејзиното момче Канарио и престанала да зборува.
    Во текот на настаните Хоакин ќе и ги отвори очите на Клара за Бети и за тоа каков е нејзиниот љубен Канарио и ќе се обиде да ги спаси сите.
    Сцената кога стариот ги изеде колачињата наменети за кучето полни со отров и кога кажува дека се се сведува на смрт или среќа, дефинитивно беше среќа за овие тројца.
    9/10

    [​IMG]
     
    На joy1, duffi, mila1111 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Guardians of the galaxy vol2
    [​IMG]

    8/10
    Убав филм, не е како првиот да биде 9ка али вреди да се погледне , го направиле повеќе фамилијарен да биде исполнет со комични сцени, има пукање , има добри вонземјански девојки и машки(ако имате такви фетиши) добра приказна , нема да заспиете или да станете на пола филм и да си отидите. Би го претпорачал да го гледате во кино на 2D или на торент со фамилија/пријатели притоа имајќи една кофа пуканки и диетална кока кола.

    Истотака треба да го гледате првиот дел за да знаете што се случува и тука.
     
    На duffi и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  10. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Hush little baby
    Постар филм кој го даваа порано на Тв,едвај успеав да го најдам.
    Една жена која има прекрасно семејство ќе дознае после еден повик дека нејзината биолошка мајка е жива,а не мртва како што и кажале.
    Еден ден ќе отиде да ја види и ќе побара од неа да дојде кај неа дома да поседи недела дена.
    Но дали ќе биде добра идеја тоа што ќе ја земе мајка и дома,останува да видите.
    Оцена 10/10
     
    На duffi, elimkd и Acka22 им се допаѓа ова.
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    [​IMG]
    Blue is the warmest color
    Го начекав на тв, и по 3-4 пат го изгледав на Тв, кога и да го начекам го гледам
    9/10 филм за 2 лезбејки.
    многу убав и интересен филм вау сцените се +18, човек да посака да се полезбејчи
    Хуху, многу убаво филмче со
    Léa Seydoux
     
    На Acka22, duffi, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Kong skull island

    Ги имам гледано постарите верзии на ваков филм, па овој ништо посебно не ми беше.
    Група научници мислат дека постои остров кој е неистражен и дека има нешто чудно на тој остров.
    Многу нереални животни, многу крв и многу напади. Ако некој сака да губи време.
    6/10 - и оваа оценка е многу за овој филм.

    [​IMG]

    A dogs purpose

    Јас мислам дека сите ние се раѓаме по неколку пати само не се сеќаваме на истото. Верувам дека во иднината постои некоја 'јас'.
    Реикарнација и кучешки живот неколку пати.
    Кучињата се преслатки.
    10/10
    [​IMG]
     
    На ludoto19, joy1, Acka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Happy now
    Враќајќи се накај дома со автомобил,после нејзината победа на мис,Џени ќе остане без бензин.
    По пат ќе сретне скитник кој ќе се јави кај татко и да го извести за тоа дека Џени снемала бензин.
    Во меѓувреме ќе поминат со автомобил двајца пријатели на Џени кои ќе го удрат скитникот со автомобилот.
    Тие ќе и се понудат за помош на Џени.
    Eдниот од нив кој е заљубен во неа ќе биде многу нападен,пришто Џени ќе му удри шамар,а он ќе ја турне и она ќе падне со главата на камен и ќе почине.
    Незнаејќи што да прават ќе ја закопаат и ќе решат да ја чуваат оваа тајна до гроб.
    После 14години ќе искочи скитникот,ама и во градот ќе се појави девојка иста како Џени.
    Исто така и новиот шериф ќе ја обнови истрага.
    Дали ќе остане нивното дело неказнето и што ќе се случи останува да видите.
    Мене ми се допадна
    9/10
     
    На Acka22, sweet-cherry и buba4e89 им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    A street cat named Bob

    Џејмс е наркоман кој живее на улица, неговите родители се разведени, мајкаму живее во Австралија, а татко му се оженил со друга жена и живее во Лондон. Џејмс донесува одлука дека е време да се среди, да го види животот од другата страна, да се исчисти од дрогата.
    Со помош на програмата за наркозависници наоѓа привремен дом но уште истата ноќ му се вселува едно портокалово влакнесто пријателче со ушиња и бркчиња - мачката Боб.
    И дејството започнува....
    10/10

    [​IMG]
     
    На prettymamma, ludoto19, duffi и 4 други им се допаѓа ова.
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.737
    Допаѓања:
    145.159
    I am Sam(2001)
    [​IMG]
    Сем кој е ментално заостанат се бори за старателството над својата ќерка. Се соочува со многу пречки и предизвици. Двојчето е мало слатко бонбонче.
    Sean Penn извонредно се носи со улогата.
    10/10

    The pianist(2002)
    [​IMG]
    Борбата на пијанистот да ја преживее Втората светска војна, измачувањата низ кои минува во гетото поради тоа што е Евреј.Многу емоции и тажни моменти.
    Мислам дека нема некој кој го нема гледано филмот.
    10/10
     
    На Arendelle, boomsleng, AURUA и 6 други им се допаѓа ова.
  16. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Вљубување 1984

    Класика, со интересна потресна љубовна приказна
    Во гужвите при Божиќниот шопинг, Франк и Моли се судираат и таа средба е пресудна за да се променат многу судбини.
    Иако наредната средба е после извесно време, сличајно во воз, сепск се препознаваат и минуваат незаборавно убаво време заедно.
    Иако и двајцата се во брак и имаат свои семејства, нивните средби зачестуваат а со тоа расте и жарот кој сосем наивно се раѓа меѓу нив, а нквното пријателство се претвара во нешто највредно во нивните животи...
    10/10
     
    На xxAngelxx, boomsleng, AURUA и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    In Case of Adversity (1958)
    (French: En cas de malheur)

    [​IMG]

    Кратка содржина

    Maitre André Gobillot , истакнат адвокат во средината на 50-годишна возраст одбранува преубава млада девојка , Yvette Maudet која извршила грабеж со играчка пиштол. И покрај фактот што таа при грабежот повредила постара жена, брилијантниот адвокат успешно ја ослободува од обвиненијата. Со тоа што го прифатил случајот без наплата, сопругата на André , Vivianne претпоставува дека тој сака да спие со неа што се докажува како точно. Тој исто така се вљубува во неа, ја става неговата репутација и бракот на ризик. Сепак Yvette не му е верна и постојано се навраќа на својот помлад , љубоморен љубовник , Mazzetti. André ја преселува во нов стан каде Mazzetti не може да ја пронајде и се обидува да создаде мало семејство и среќен дом.

    Рецензија

    Овој филм бил голем хит во Франција, односно тринаесетиот најпопуларен филм во 1958. Лично, сметам дека изборот на актерите е одличен и самата Брижит Бардо брилијантно ја одигра нејзината улога како Yvette Maudet.

    Оценка
    10/10

    Целиот фил го има објавено и може да го погледнете на Youtube...



    [​IMG]
     
    На Elen4e_sonce, Marossa, boomsleng и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Hynter's Prayer
    Изнајмен убиец решава да и помогне на девојката која треба да ја убие. Тие заедно ја почнуваат битката против оној кој им посакува лошо.
    Интересен филм...
    [​IMG]
     
    На Дарко1991, ludoto19, ALISA0000 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    АХ, ЉУБОВ МОЈА


    [​IMG]


    Сузан, млада и убава поп пеачка, е вљубена во Селпин, интересен и современ тип. Селпин ја сака Сузан, но има поинакви намери, во план му е да се ожени со Мариче, ќерка на госпоѓа Трпкова, која е успешна и богата бизнис жена. Мариче, го сака Селпин, но не и е доволно интересен, бидејќи таа сака нејзиниот избран да биде бараба, некој по кого жените ќе лудуваат, а Селпин се претставува како фин, воспитан и мирен.
    Во Сузан е вљубен и генерал Крчубиќ, постар господин, бивш министер на одбрана на една соседна држава, сега трговец со оружје, нормално богат и галантен, и кој се би направил Сузан да биде негова, ако треба и да ги испотепа конкурентите. Како можен конкурент се појавува и Фидан, нотарски помошник по професија, поет по вокација, кој запнал Сузан да испее една негова песна и кој воопшто не разбира зошто генералот го брка и сака да го убие, а тој, колку што знае, немал никаква врска со Сузан. Тука е и директорот на хотелот, каде престојува Сузан, прав господин, дискретен и достоинствен, се додека некој не го допре, тогаш почнува да се тресе, да вика, да изговара најгрди и безобразни зборови, мана од дете, за која не успеал да најде лек. Беба, успешна манаџерка на Сузан, ама некако нема среќа во љубовта се додека не го сретне Ѓорче, преведувачот на генералот.
    Се појавува и Мијалче, познат новинар, кој сака да направи интервју, но има една голема мана, од устата му смрди, корни и затоа сите го избегнуваат, а тој кутриот не е свесен за својата мана, затоа што има проблеми со синусите.
    Госпоѓа Трпкова сака да ја ангажира Сузан за свечената вечер по повод свршувачката на својата ќерка Мариче со Селпин, но Госпоѓа Трпкова и не знае дека Селпин е љубовник на Сузан и сето ова вешто се крие, се додека на веселбата во нејзината прекрасна вила не се открие кој е кој и кој е што. Тука настануваат големи сцени, тепачки, паѓање во бесознание, солзи, брканици, пукање...
    Филм за кога ќе ти здодеат клишето Холивудски филмчиња, па уште ако сакаш и Балканско- Македонска кинематографија полн погодок.

    Не знам само дали е до мене, или кај сите овие Тино & Атанас ствараат веќе некое одбивно чувство, и ако порано секоја претстава во Театар Комедија не ја пропуштав, сега не идам ради нив. Доказ за она кога нешто е премногу пласирано дека станува одбивно.



    БРЗИ И БЕСНИ 8 ( The Fate of the Furious )

    [​IMG]

    Откако Дом и Лети се на меден месец, Брајан и Миа се имаат повлечено од играта, а останатите членови се ослободени од обрските, тимот конечно се враќа во нормален живот. Но, кога мистериозна жена ќе го заведе Дом во светот на криминалот, тој не може да избега и ги предава оние кои што му се најблиски.
    Од бреговите во Куба и улиците во Њујорк до заледените површини на артичкото Баренцово море, елитните сили ќе го поминат целиот свет за да го сопрат анархистот кој предизвикува хаос на светскатата сцена... и да го вратат човекот кој што ги направил семејство.

    Дали дека најсвежо гледан или реално и објективно земено ова ми е можеби најдобриот дел од оваа франжиза филмови. Да, точно дека опасно претат да станат досадни ако не запрат со снимање што поскоро, ама па од друга страна уште им држат вода приказните, ефектите, сцените.. Нема позната Холивудска фаца што се нема појавено мислам дека.



    ОСМИОТ ПАТНИК: КОВЕНАНТ ( Alien: Covenant )


    [​IMG]


    Поврзани за далечна планета на другата страна од галаксијата, екипажот на колонијалниот брод Covenant откриваат нов свет за кој што мислат дека е неоткриен рај, но, всушност е многу опасен свет каде единствен жител е синтетичкиот Давид, преживеан од проколнатата експедиција Прометеј.
    Ако сте љубители на Sci-Fi Horror ова е филм за вас. А ако сте го гледате скоро Life ко јас, не знам колку ќе ви биде интересен, зашто има многу сличности во приказните. Сепак ова е режисерско дело на Ридли Скот, мозокот на првиот и оргинален Alien, или кај нас попознат како `Осми патник` :) .
    Има секвенци и од Prometheus , па добро би дошло ако го имате гледано и сте запознаени со приказната.






     
    На boomsleng, Bube222, ludoto19 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Gifted
    Преубава приказна за 7 годишно девојче кое е со натпросечна интелегенција и математички гениј живее со својот вујко е соочена со можноста да биде одемена од него. Многу убава интересна и емотивна драма. Од мене чиста 10 ка.
    [​IMG]
     
    На firequeenn, Quincy, Acka22 и 3 други им се допаѓа ова.