Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.798
    Допаѓања:
    176.069
    Пол:
    Женски
    When it comes to old good horrorѕ, Stephen King is always a good idea :)

    Pet Sematary | и Pet Sematary ||
    И двата филма ја обработуваат истата легенда, со што вториот дел следствено е поврзан со првиот. Приказните сами по себе различни, но основната тематика е иста.

    Се работи за стари индијански гробишта, на кои доколку некој по неговата смрт се закопа таму, набрзо потоа "оживува"... но кога се враќа назад, не е повеќе истиот.

    Двата филма следат различни семејства кои во суштина, болката по губењето на најмилите ги тера да ја предизвикаат судбината.

    Ептен одамна ми се гледани, не згрешив што ги погледнав пак. :)
     
    На Acka22, boomsleng, sweet-cherry и 4 други им се допаѓа ова.
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    [​IMG]
    Интересно филмче, преработка на добро познатиот и истоимен цртан филм, филм кој ни го одбележа детството.
    Дека може да биде како цртанот добар, тоа од сам старт си знаев дека не.
    Цртанот си е култен.
    Ама се о свему беше интересен, мене ми се допадна.
    Некако Ема не си ја пронајдов јас 100% во улогата на Бел... Што знам.
    Не дека не е убаво девојчето или лошо дека глуми, ама кога би си ја замислила Бел во реалноста, паметот и замислата не би ми отишле накај Ема али океј :D

    8/10 има од мене вреди да се погледне :D
    :l::inlove:
     
    На Ketchup, Marossa, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    IMG_8105.JPG
    The shawshank redemption
    Жанр/Драма

    Ендру е генијален ум, директор на банка кој е обвинет за убиство на својата сопруга и нејзиниот љубовник. Протеран е во затворот Shawshank, осуден на доживотна казна.

    Во филмот испрелетени се сурови моменти на осаменост, убиства и неправда.
    На тест е ставена издржливоста на човечката психа.
    Пријателство и верноста се присутни до самиот крај.

    Дали праведно е осуден Ендру? Дали на крај ќе биде слободен? Останува да погледнете.

    Прогласен за еден од најдобрите филмови во '90тите години, според мене златната доба во филмската индустрија.

    Посебен впечаток ми остави одличната глумата на Morgan Freeman кој е и раскажуваш во исто време
    10/10
     
    На firequeenn, joy1, Someonespecial и 10 други им се допаѓа ова.
  4. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Mnogu cool movie.
     
    На boomsleng и elimkd им се допаѓа ова.
  5. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    POPULATION ZERO (2016)

    Трилер направен во форма на документарец во кој се зборува за убиството на три млади момчиња во Јелоустоун националниот парк.
    Убиецот после убиствата сам се предава во полиција и го признава делото, но и покрај тоа, тој е ослободен од сите обвиненија и излегува од судницата како слободен човек.
    Колку и неверојатно да звучи, убиецот е ослободен само поради дупка во американскиот устав.
    Џулијан е режисер кој тргнува во потрага по вистината, но дали таа вистина ќе донесе мир во семејствата на убиените, или ќе ја дознае и другата страна на вистината, останува да видите :D.

    Многу ретко имам време да гледам филм во последно време и многу внимателно бирам на кој ќе потрошам саат и пол, ама за овој филм не се покајав, од мене оцена 10/10.
     
    На azelea, Ane-Goki1, joy1 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. TheTribe

    TheTribe Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    31
    Досега имам изгледано само еден индиски филм, и за чудо беше доста добар. Се работи за еден човек од индија кој бил мн талентиран борач но не успеал да донесе злато на својата земја, па поради тоа се заречува дека кога ќе му се роди син тој ќе го исполни неговиот сон. Но му се раѓаат 4ри керки... И тука почнува забавата....Од разочаран татко, тој станува мн упорен тренер на своите керки и е убеден дека тие ќе го остварат неговиот сон. Како е да се биде женски борач во едно од најконзервативните општества во светот, можете да погледнете во филмот:
    Dangal (2016)
    MV5BMTQ4MzQzMzM2Nl5BMl5BanBnXkFtZTgwMTQ1NzU3MDI@._V1_SY1000_CR0,0,713,1000_AL_.jpg MV5BMTQ4MzQzMzM2Nl5BMl5BanBnXkFtZTgwMTQ1NzU3MDI@._V1_SY1000_CR0,0,713,1000_AL_.jpg
    Инаку е филм снимен по вистинска приказна, има елементи на хумор, акција, драма... Се на се вреди да се погледне, од мене има висока 9ка.
     
    На Quincy, Acka22, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bube222

    Bube222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Alien Covenant е уствари како продолжение на Prometheus што е многу јак филм !
     
    На Jason123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-5-19_13-37-45.jpeg
    Into the Storm
    2008 ‧ Drama film/History ‧ 1h 40m

    Nastanot se slucuva 1940-1945 god, Churchill i negovite odluki za vreme na Vtora Svetska Vojna .
    Dodeka izcekuva rezultati od izborite 1945 god , Churchill e vo Francija na godisen odmor so negovata sopruga Clemmie.
    Niz serija na sekavanja mu se vrakaat nekoj najvazni momenti od vojnata i negovite odluki proprateni so golemi efekti na negoviot privaten zivot.

    Kolku faktite se tocni, neznam no sepak e edna interesna storija.
    10/10

    upload_2017-5-19_13-47-3.jpeg Filmov e na mnogumina poznat
    Od mene ima 10/10.
    Neznam sto sum cekala i ne sum ja procitala istoimenata kniga.

    upload_2017-5-19_13-48-39.jpeg
    Boy Meets Girl
    2014 ‧ Drama film/Romance ‧ 1h 39m

    Se raboti za transgender licnost, nejzinite sonovi da postane dizajner i emocionalniot pat niz koj pominuva poradi seuste ne celosno prifakanje.

    8/10
     
    На joy1, Bender Rodriguez, Acka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Ova zvuci mnogu interesno.
    Po tvoja preporaka veke naracano od biblioteka. (y)
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Хаха ме насмеа :$нема да зажалиш, неколку години ми го зборуваше една другарка и се така го одложував се до вчера, па чекам критика од твоја страна
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Secuestro [​IMG]
    И веднаш знаеш дека режисерот на Куерпо и Контратиемпо има удел во филмов :D
    Мене искрено не ме воодушеви апла. Куерпо и Контратиемпо ми се поинтересни.
    За еднаш да се гледа е во ред.
    Некако плитка ми беше причата Што знам...
    Интересен беше не дека не, ама не нешто Уау , а јас па си се навикнав на Шпанскиве дека се уау. Како и да е, далеку е од лош, вреди да се погледне, но мене не ми беше нешто спектакуларно :D

    [​IMG]
    Актеров морам да го пофалам, во сите три филма го имаше, значи многу ми се допаѓа како глуми.

    Пс.ќе ве молам некој нека ми објасни зашто КОГА ПИШУВАМ СПОЈЛЕРИ, ОД КОГА ЌЕ ГО ПРАТАМ МИСЛЕЊЕТО ВООШТО НЕ ГИ ИМА , НЕ ГИ ДАВА КАКО НИШТО ДА НЕ СУМ ПИШАЛА?
    СТАЛНО Е ТАКА?!? :@
     
    На LadyC, Bube222, JustBeautiful и 5 други им се допаѓа ова.
  12. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.650
    Допаѓања:
    29.333
    Пол:
    Женски
    The Shack(2017)
    [​IMG]
    Книгата имаше дигнато огромна прашина, ја читав и јас пред некоја година, беше и бестселер долг период. Кога видов дека ќе има филм ептен ме заинтересира како ќе ги претстават сите тие метафори што ги имаше во книгата, и морам да признаам дека сум прилично задоволна. Инаку на книгата плачев, а на филмов се воздржав, не го доживеав толку длабоко емотивно, иако дефинитивно беше емотивен. Инаку приказната е за Мекензи, човек со голема тежина и тага во него, кој еден ден добива писмо од Папа(или Господ) да оди на посета и да го помине викендот со него. Не сакам да откривам многу содржина, и препорачувам трејлерот да не го гледате. Убаво ми е претставена религијата, јас сум верник до некаде, и некои прашања кои се поставени во филмов ги има секој од нас. Од мене 8/10
     
    На joy1, Acka22 и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  13. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.650
    Допаѓања:
    29.333
    Пол:
    Женски
    Before I Fall(2017)
    [​IMG]
    Пак јас, пак со филм базиран на книга. Се работи за тинејџери, за еден ден од животот на популарната Сем и како секоја постапка што ја правиме има свои последици. Големо внимание е обратено на bullying-от, и се сеќавам дека баш кога бев во тие години ептен позитивно влијание имаше врз мене книгата. На почетокот малце кастингот не ми се имаше погодено, ама како се развиваше филмот, таман ми беа. Има добра поента, да те натера да размислиш за своите постапки :) 7.5/10
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    IMG_8158.JPG
    The Prestige

    Жанр:Трилер/Мистерија

    Дејството на филмот се случува во време на Викторијанска доба, поточно крајот на 19ти век

    Фатална грешка која ќе одведе во смрт млада асистенка како дел од шоуто ќе биде повод за почеток на ривалството помеѓу двајца магионичар, сиромашниот Алфред и Роберт припадник на аристократијата.

    Опседнатоста да се биде најдобар ќе доведе до одземање на животи, сурови казни, пропаст и самоуништување.

    "The secret impresses no one. The trick you use it for is everything"

    Одлична глума, Дејвид Боуви во улогата на Никола Тесла е одличен.

    10/10
     
    На sikica7, Elen4e_sonce, One.Moment и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    KIDNAP (2017)
    Хали Бери во одлична улога на мајка чиј син е киднапиран и таа прави се за да го спаси. Многу добар филм.
    [​IMG]
     
    На sikica7, Bender Rodriguez, bubibubibubi и 4 други им се допаѓа ова.
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.734
    Допаѓања:
    145.154
    The space between us(2017)
    [​IMG]

    Гарднер Елиот е првиот човек кој во сплет на околности се раѓа на Марс. Дали тој треба да биде донесен на земјат или едноставно неговото тело е ,,програмирано,, за работа на Марс?

    Мислам дека премногу очекував од филмот, инаку во глобала е сосема ок. Иако на моменти потсетуваше на тинејџерско филмче, некако поинаку го замислував.
    Не е лош,ама не сум ни нешто воодушевена, знаеше на моменти да ми биде досаден. На почетокот како пребавно да се развиваше дејството, а потоа како се наеднаш да се разреши.

    7/10
     
    На Sar-Ste, ludoto19, Acka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-5-23_11-4-8.jpeg
    The Edge of Seventeen
    2016 ‧ Drama film/Comedy-drama ‧ 1h 44m

    Tinejdzerka se oseka sekogas osamena i pokraj okolinata i top zbidnuvanjata za nejzina vozdrast.
    Niz se sto pominuva edno dete vo taa vozdras i patot da se pronajde sama sebe. Mnogu interesno filmce so prekrasna gluma na site glumci.
    10/10

    upload_2017-5-23_11-8-9.jpeg When Love Is Not Enough

    Vistinska storija na eden par koj zaednicki se trudi da se izbori so alhoholizmot na mazot. Gluma, kostimografija, scena odlicna.
    Teska storija , se prasuvam "dali drugi bea vreminjata kako ljubovta i brakot se razbiraa ili vospituvanjeto koe na nekolku navrati bese prezentirano".
    Mislam deka nekoj od nas i vo toa vreme da ziveea ke se odkazea od zaednicata.
    Dali vredi zrtvuvanjeto :emo: :tmi:
    10/10

    upload_2017-5-23_11-14-45.jpeg
    Manchester by the Sea
    2016 ‧ Drama film ‧ 2h 17m

    Jas so ovoj film nemozev da se konektiram.
    Uzasno tepanje vreme na glumcive. Sedi na masa i razmisluva 1 min, (facepalm).
    Vo sustina filmot nema losa reputacija, gledan e i ima nekoja sredna ocena, ama za mene bese cisto gubenje na vreme.
    1/10
     
    На Sar-Ste, azelea, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Не е баш последен, ама меѓу последните филмови што ги гледав.

    White Girl (2016)
    [​IMG]

    Супер филм само што има многу дрога и секс, а баш тоа е тоа што ги краси младите во денешно време, па добро е да го изгледате филмчето да видите какви девојки да не бидете. Филмот има 18+ сцени и најлуда сцена е во вц кога 2 девојки и 1 тип шмркаат бело и едната става бело на пенисот на типот и од таму шмркнува хаха баш експлицитна сцена е. Лудница филмче.

    Главната актерка (Morgan Saylor) глуми многу јака цура во филмов. Само што многу се дрогира и секса. Се надевам во реалниот живот не е таква. Сепак е бонбона. :*
    [​IMG]
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elisabeth

    Elisabeth Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2016
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    5.259
    Пол:
    Женски
    La La Land (2016)
    images.jpg
    Конечно го изгледав. Добра приказна, со реален крај, иако цело време очекував пресврт и хепи енд и некако како недовршен ми беше крајот. Најмногу ми се допадна костимографијата, сценографијата и одличната хемија меѓу Рајан и Ема. Ми се допадна и според мене ги заслужи номинациите.
     
    На boomsleng, Mr.Awesome и Acka22 им се допаѓа ова.
  20. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Вистина филмов е добар, јас го изгледав сега до крај и целата сум во прашалници????? Ништо не ми е јасно....Зошто детево беше киднапирано и кој беше тој на крајот што влезе во шупата со пушка што кажа дека им е сосед на Марго и Тери 14 год ?
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.