Spoiler Тој беше вмешан во киднапирањата, нели знаеше дека има две девојчиња горе, и кога рече ајде симнете се двете јас ќе ви помогнам она свати дека и тој е вмешан оти инаку од каде би знаел колку деца има горе. Добро ја истера улогата Хали Бери браво.
A Dog's Purpose(2017) За секој љубител на кучиња е must watch, се изналигавив на цел филм, од што ми беше и преслатко и тажно Филм кој се обидува да прикаже која е целта на животот на кучињата 8/10
King Arthur - Legend Of the sword Само тој што ги има гледано постарите верзии од филмската сага на Кралот Артур како и детските верзии на цртани филмови може да ги сфати текот на настаните на овој филм. Воглавно ги обожавам ваквите филмови, го гледав во 3Д кое беше и моето прво искуство со тие наочарите. Очигледна продукција од палката на серија филмови Шерлок Холмс. Искрено не би да давам кратки рецензии. 10/10 - оценката кажува се.
Мене па филмов ми беше тотална глупост. Имал некоја си идеја режисерот али реализација катастрофа. Ај цел филм што се бркаја и само кола беше тоа што видов од филмот. Некој си минимален дијалог ( кој се одвиваше вака: прво се гледаат минута, па кажуваат два-три збора и толку). Се мачев да го догледам.
Beauty and the beast Под имресии сум. Како да де вратив во детството. Филмот е како цртан-филмот. Истите песни, актерите исти. Гастон, принцот, Бела сите избрани најслични. Дури и гласот на ѕверот беше како од цртан-филмот. Се воодушевив. Гледајте го нема да згрешите
Кoнечнo дa гo изгледaм The theory of everything и не ми се дoпaднa. Пo рецензиите, мислев декa ќе изгледaм еднa убaвa љубoвнa прикaзнa, a љубoвнaтa прикaзнa трaеше мнoгу крaткo...дo мoментoт oтприликa кoгa Џејн реши дa oстaне сo Стивен и пoкрaј бoлестa. Јaснo беше вo тoј мoмент декa oдлукaтa е дoнесенa oд млaдa, неискуснa, зaљубенa девoјкa, и јaснo беше декa вo oстaнaтиoт дел oд филмoт ќе гледaме кaкo тaa се мaчи, предoмислувa, фрустрирa и нa крaј зaминувa сo првиoт згoден мaж штo ќе се пoјaви кaкo приликa. Тaкa и би. Кaде е тукa гoлемaтa љубoвнa прикaзнa? Пoгoлемa љубoвнa прикaзнa видoв пoмеѓу Џејн и нoвиoт тип oткoлку пoмеѓу неa и Стивен. Мислев и oчекувaв декa нaјгoлем дел oд филмoт Стивен ќе е здрaв, прaв и некaде нa крaј ќе гo видиме вo кoличкa и изoбличен. Вaкa беше мaчнo дa се гледa. Рaзoчaрaнa.
Threads (UK, 1984) Ненормално јак, емотивен, безнадежен и брутален филм на веселата тематика позната како Трета Светска. Што ќе се случи кога еден ден сепак сите тие илјадници нуклеарни оружја ќе полетаат кон целта. Во филмов една од целите е Шефилд, индустриски град во Англија над кој ќе падне советска термонуклеарна бомба. Неверојатно е како е поврзан претходниот нормален живот, нестварното исчекување за време на кризата, недефиниран филинг дека сепак политичарите ќе изнајдат решение и нема да дојде до војна... И на сето тоа се надоврзуваат последиците, радијациската болест, повраќањето на цревата и смртта. Мутантите, распадот на општеството и падот на сите вредности. Како што некој приметил, оние кои умреле при првиот удар биле оние среќните. Нема нешто познати глумци, сето е тоа британски прецизно и опипливо, нема холивудски глупости, нема хепи енд, нема надеж. Ако животот ви е феноменален и саката недела дена да се осеќате гадно, тогаш симнете го ова нестварно добро остварување. Ако животот не ви е феноменален, тогаш сепак симнете го и утешете се дека ете...има и полошо Spoiler: Сцени
The Loft Петмина женети мажи тајно ќе делат еден ист стан-место каде што тие ќе можат да прават тајни работи и да ги оживуваат нивните фантазии. Крајот на нивните фантазии ќе дојде кога во станот ќе се појави тело на мртва жена и тогаш тие ќе сфатат дека мора еден од нив да е вклучен во тоа. 10/10
Убавицата и ѕверот Го изгледав пред малку и мојата импресија е така така. Не успеа целосно да ми го задржи вниманието, успеа само да ме врати во детството. Ема Вотсон потполно се внела во улогата, па имав чувство дека не е филм туку реалност. Нејзината глума е повеќе од совршена како и стајлингот и тоа да ја воодушеви публиката. Меѓутоа за Ѕверот не можам да го кажам истото, за жал очекував пострашен ѕвер бидејќи цртаната верзија има погрд ѕвер, неговиот лик не беше толку грд да кажеш, има малку измени во ликот. Улогата е тешка и бара повеќе внимание и совземање со истата, меѓутоа тоа кај ѕверот го немаше. Многу ме изнасмеа сцената со плакарот кога ќе ја облече Бел во тие баротски фустани и за време на борбата со селаните кога ги преобрази тројцата мускестари во жени и тие си се симнаа онака "женствено"по скали. Имаше доста интересни сцени со часовникот, свеќникот, како и сетовите за чај, баш поради нив го догледав до крај. Оценката ми е 8/10.
The whistleblower 2010 Базиран врз искуството на американска полицајка пратена во мировна мисија од ОН во пост-воена Босна. Непланирано, открива секс скандал во кој учествуваат како обичната полиција, членови на мировните сили, високи функционери и дипломати. И открива како во никој не може да има доверба и помош околу разрешувањето на случајот. А се работи за огромна трговија со луѓе од регионот, односно млади девојки од југоисточна Европа. Моника Белучи исто е дел од актерската екипа. Српски, босански, хрватски актери, како и добра холивудска екипа. Па цел филм е на англиски-хрватски-руски-украински-бугарски... Филмот ме потресе, и ми остави грозно чувство откако го изгледав, најмногу поради фактот што е според вистинска приказна и поради што се им праеја на девојките, иако секогаш кога на филм има силувања мењам канал, тоа е претешко за моја психа. Добар филм, го препорачувам.
Beauty and the Beast(2017) Прво да нагласам дека е малку да кажам дека обожавам Дизни цртани. Ама поради некоја причина уште од како дете Beauty and the beast цртанот не ми беше омилен, иако највеќе се пронаоѓав во ликот на Бел. Затоа и немав некои големи очекувања од филмов. Ама не можев да останам пристрасна, филмов ми беше препрепресладок! Бајковит баш, магичен. Каст погоден совршено! Од музика, сценографија, приказна, ау се ми беше перфекција. И морам да признаам дека омилениот лик од цртанот и тука ми беше омилен, светилникот, Lumiere 10/10
Butterfly on a Wheel Се работи за среќен пар чиј живот ќе биде уништен кога нивната ќерка ќе биде киднапирана. Не сакам да откривам многу детали само ќе кажам дека го препорачувам на сите. Доста поучен филм.Сите треба да го изгледаат и да научат што не треба да прават. 10/10
Kidnap 2017 9/10 Карла е мајка на шестогодишно дете кое е киднапирано. Потрагата по нејзиниот син ја превзема во сопствени раце.
Пред некој ден го видов твоето мислење за фимлот, па решив да го гледам. Има 7/10 од мене Има добар тек. Моментите со тишина ми беа одлични за доловување на таа монотонија, и истакнување на таа конфузија во главата која му се случуваше на главниот лик. Посебно ми се допаѓање моментот на навраќање на мислите на главниот лик. Моментите кога неговите сеќавање беа како кратки секвенци, и потоа и самиот се пресечуваше од реалноста. Не ми се допадна крајот, happily ever after. Извини што ти реплицирав на коментарот, ама сметав дека треба да додадам некој позитивен впечаток од филмот на твоите 1/10 Инаку нормално, целосно го почитувам твоето мислење и видување за филмот. Имаме различни работи кои ни се блиски и симпатични т.е. несимпатични
Што не треба да прават мажите, бидејќи има досетливи,остроумни жени кои ќе вратат тројно поболно. Инаку, стварно добар и поучен филм.