Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Може линк за филмов ?
     
    На Ane-Goki1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.077
    Пол:
    Женски
    Штом ти го препорачуваш мора да е добар :)
    За утре го оставив

    Денес последната епизода од Присон .Б
     
    На Ane-Goki1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Ако немате идеја одете во препорачај трилер јас од таму ги гледам по ред.Кој од кој поубав :D
     
  4. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    The Pursuit of Happyness
    IMG_6193.JPG
    10/10
    Самохран родител води секојдневна борба, за да може да си ги плати сметките и да му овозможи достоен живот на малиот Крис.
     
    На Ane-Goki1, simonna.a, iloveyou29 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Оваа недела изгледав 4 филмчиња , па да споделам со вас што мислам.

    1. Alien: Covenant
    [​IMG]

    3/10
    Прво да го гледате фимов треба да го гледате Prometheus бидејќи ова е некакво продолжение , за филмов повеќе се смеев него што ми беше хорор. Повеќе е да го гледаш како шоуто големиот брат , само што тука се обложуваш со другарите кој прв ќе умре. ( пс секогаш е тој што прв ќе иде на страна да се измоча)
    Ако немате што да правите и досадно ви е , и сакате да гледате како еден мрсен набилдан вонземјан гази и убива луѓе, тогаш овој филм е за вас.


    2. Pirates of the Caribbean
    [​IMG]

    7/10
    Фимлот е како и другите 4, клетва голема , Џони деп , полуживи луѓе кои сакаат да го утепаат Џони Деп, згодна женска во фустан , група британци кои сакаат да го утепаат Џони Деп , група пирати кои се со или против Џони деп. И најважното , еден од најдобрите Villans во филмов.
    На моменти ќе видите примена на Fast and furios физика, добар хумор , добри акциони сцени , пак ќе напоменам одличен негативец, дури на моменти навивав да победи он. Прича е така така , не е нешто посебно али може да се погледне.

    3. Moana
    [​IMG]

    8.5/10

    Задоцнето гледање , и можам да кажам дека филмов е еден од најубавите анимирани филмови што сум го гледал , ви го претпорачувам моментално да го гледате ако не сте го гледале.
    На кратко се работи за девојка која иде да плови низ морето барајки спас за својата земја, со помош на еден мрсен комичен дебелко. Повеќе не ви откривам , да го гледате.


    4. Inside out
    [​IMG]

    8/10
    Истотака одличен анимиран филм , "Meet the little voices inside your head" кажува све за што се работи филмов. Интересна приказна и ви го претпорачувам да го изгледате филмов, нема да зажалите.
     
    На simonna.a, ceca-1, ludoto19 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.151
    Допаѓања:
    50.529
    Пол:
    Женски
    Desert flower

    [​IMG]

    Филмов ме трогна тотално. Колку ужасни работи им правеле на жените, премногу е жално.
    10/10
     
    На ludoto19, joy1, sikica7 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    LOLITA (1962)

    [​IMG]
    Кратка содржина

    Поставено во 1950-те години, филмот започнува со крајот на дејствието кога имаме приказ на соочувањето помеѓу двајца мажи. Еден од нив, Clare Quilty кој е пијан и свири на пиано пред да биде застрелан позади портрет на млада жена. Пукачот е Humbert Humbert, 40 годишен Британски професор по Француска литература. Филмот потоа се враќа назад на настаните кои се случиле пред 4 години. Humbert пристигнува во Ramsdale, New Hampshire со намера да бара соба на изнајмување. Вдовицата Charlotte Haze му доаѓа во пресрет и му понудува да остане во нејзината куќа. Тој одбива додека не ја види нејзината 14 годишна ќерка Dolores, нагалено нарекувана "Lolita", во кој набрзо се заљубува. Со цел да биде поблиску до Lolita, Humbert дури и прифаќа да стапи во брак со нејзината мајка. Еден ден Charlotte Haze ја праќа Lolita во женски камп за време на летото и нивниот брак се влошува со отсуството на Lolita. Кога Charlotte ќе го открие и прочита дневникот на Humbert каде тој ги запишал неговата страст за Lolita и каде ја опишува Charlotte со погрдни зборови, таа налутено излегува од куќата и набрзо е удрена од кола на улица која ја умртвува на лице место. Сфаќајќи дека веќе ништо не го спречува, Humbert оди да ја земе Lolita од женскиот камп и заедно одат преселувајќи се од град во град низ цела Америка...

    Рецензија

    Lolita претставува прва филмска адаптација на истоимената книга напишана од Рускиот писател Владимир Набоков. Иако постојат мали измени, сепак е доста верен на оригиналот. Особено ми се допаѓа тоа што актерите навистина се совршени за улогите кои ги играат, особено младата Sue Lyon која ја глуми Lolita, и воедно станува многу славна и популарна актерка по успехот во овој филм.

    Оценка
    10/10

    Доколки сте заинтересирани, филмот од 1962 може да го погледнете на овој сајт
    http://ffilms.org/lolita-1962/

    [​IMG]
     
    На ludoto19, P.S.love, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    ^ и мене многу ми се допадна филмот Лолита само што ја имам гледано поновата верзија од 1997 година
    Убава рецензија
    IMG_8299.JPG
    Доста блиску до книгната, одлична актерска екипа
    10/10
     
    На ludoto19, Briar Rose, toogood и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    A Perfect Murder
    Стивен Тејлор има се што ќе посака,но ја нема љубовта на неговата сопруга.
    Емили својата љубов и страст ќе ја поклони на помлад уметник.
    Откако Стивен ќе дознае за нејзиното неверство,он планира да изврши совршено убиство.
    10/10
     
    На ludoto19, Acka22, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Blue is the warmest color
    BLUE_QUAD.jpg


    Значи филмот е дефинитивно една од поубавите драми што ги имам гледано во животот. Иако не сум голем фан на драми, некогаш сум така расположена.
    Филмот е француски и е љубовна приказна помеѓу две лезбејки. Трае 3 саати ама не осетив кога поминаја од што ми беше убаво смислен филмот.
    Содржи експлицитни сексуални сцени, да напоменам.

    Се заљубив во едната глумица- совршена е! Топло го препорачувам филмот на секој што сака да гледа уникатна љубовна приказна и секако што нема предрасуди. :l:

    Имдб рејтинг: 7.8
    Мој рејтинг: 10/10
     
    На ludoto19, azelea, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    @Ane-Goki1
    Баш убаво ме потсети на филмов да го гледам пак. Гледан ми е многу одамна. Препорачувам и јас да го гледате. После него можеби нема да можете да заспиете од некои мисли што ќе ви дојдат.
     
    На Ane-Goki1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Tristan & Isolde 2006
    IMG_6231.JPG
    9/10
    Двајца млади вљубени ги преминуваат границите на две омразени меѓу себе кралства и брачниот завет.
     
    На Mishela, joy1, toogood и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Јас исто така сум ја гледала и поновата верзија од 1997 и навистина е добро направен :) Ми се допадна што и оваа верзија беше многу блиску до книгата на Набоков. Имаше и неколку дијалози кои беа сосема исти од црно-белиот филм.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    A Perfect Getaway
    Клиф и Синди ќе решат да го поминат медениот месец на Хаваи каде што ќе запознаат друг пар кој ќе им каже дека островот повеќе не е сигурно место,бидејќи монструозен убиец пресретнува парови и ги масакрира.
    Како поминува времето овие два пара полека започнуваат да се сомневаат едни во други
    9/10
     
    На Elen4e_sonce, LadyC, Acka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-6-6_11-55-6.jpeg
    37 Days
    2014 ‧ History ‧ 2h 57m

    Se raboti za 37 dena pomegu ubivanje na Princ Ferdinant i negovata sopruga vo Sraevo i pocetokot na Prva Svetska Vojna.
    Mnogu bliska no ne identicna storija, prekrasno odglumena, prekrasno scenario, vistinsko uzivanje koe ke ve zarobi okolu tri casa za stolce.

    10/10

    upload_2017-6-6_11-59-29.jpeg
    My Mother (Italianski film)
    2015 ‧ Drama film ‧ 1h 47m

    Prekrasen film koj ja prikazuva povrzanosta na majkata i decata, borbata na majkata so bolesta i niz se sto pominuva edno semejsvo koga ima bolen covek na koj mu nema ozdravuvanje.
    Mnogu paloma, mnogu emocii ke se razleat, mnogu dobra psihicka podgotvenost pred da se gleda zosto ovaa tema gi pogoduva i najjakite srca.

    10/10

    upload_2017-6-6_12-3-42.jpeg
    The Whole Truth
    2016 ‧ Mystery/Crime film ‧ 1h 34m

    Ubava drama /misterija koja se slucuva pogolemiot del vo sudnica. Se raboti za ubistvo za koe se nema mnogu ostanati dokazi koj go napravil. Se pretpostavuva sinot i zatoa e i toj vo zatvor no.......
    Odlicna gluma na advokatot, majkata na momceto no momcevo zalno ama vistinito podvali.

    8.5/10
     
    Последна измена: 6 јуни 2017
    На joy1, elimkd и duffi им се допаѓа ова.
  16. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    The Shawshank Redemption
    Не знам како не сум го гледала филмов досега.
    Повеќето може го знаат и го имаат гледано,но кој го нема препорачувам да го изгледа.
    Се работи за човек кој ќе биде осуден на доживотна казна за убиството на неговата жена и нејзиниот љубовник,иако е невин.
    Филмот трае скоро 2 ипол часа,ама ги изгледав во еден здив.
    Крајот дури ми измами солзи радосници.
    Со еден збор-Преубав
    10/10
     
    Последна измена: 7 јуни 2017
    На JuLleE, simoncelicius, boomsleng и 8 други им се допаѓа ова.
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    The Time Traveler's Wife (2009)
    brisi.png
    10/10
    Хенри работи во библиотека. Тој има ретка генетска болест која му попречува да го живее животот така како што очекува љубовта на неговиот живот, Клер.

     
    На mila1111, Sky-butterfly, Acka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.240
    Допаѓања:
    170.337
    На LadyC и Acka22 им се допаѓа ова.
  19. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Extortion
    Маж и жена со своето мало синче одат на одмор на Бахами а таму место да уживаат ги чека многу непријатен настан. Интересен филм.
    [​IMG]
     
    На sikica7, azelea, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    The truth (1960)
    (French: La Vérité )


    [​IMG]

    Кратка содржина

    Dominique Marceau е млада французинка која се наоѓа на судење поради тоа што го убила нејзиниот љубовник, Gilbert.
    Обвинителот Eparvier, тврди дека тоа било чин на убиство со предумисла која бара смртна казна. Од другата страна, бранителот Guérin, тврди дека тоа било чин на страст кој не е казнив со смрт. Во текот на судењето, ги гледаме настаните кои довеле до злосторството. Родителите на Dominique и дозволиле да се пресели во Париз откако таа се обидела да се самоубие кога тие одбиле. Таа живеела со нејзината сестра виолинистка Anne, додека спиела и се забавувала со мажи. Таа набрзо се запознава со Gilbert, момчето на нејзината сестра кој е музички студент. Dominique го заведува Gilbert и тој сезаљубува во неа...


    Рецензија

    Уште еден vintage филм со Brigitte Bardot ! :inlove:
    Овој филм бил масивен box office хит во Франција, еден од најголемите филмски хитови на Бардо со која таа станувала вистинска актерка.

    Оценка
    10/10

    Доколку сакате да го погледнете филмот, целиот го има објавен на YouTube (+ English subtitles)


    [​IMG]


     
    На Acka22 и boomsleng им се допаѓа ова.