Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    T2

    http://www.imdb.com/title/tt2763304/

    [​IMG]

    Шта речи? Коју сполуку порати? Коме?
    Кога на еден од омилените филмови некој ќе се осмели да прави втор дел, па макар тоа бил и самиот Дени Бојл, човека го фаќа извесен страв дека ќе биде епик фејл, уште еден во низата на бесмислени и беспотребни продолжетоци наменети да искамчат уште некој долар врз сеќавањето од првиот филм.

    Посебно после тешкото срање со Глупавиот и поглупавиот 2, очекувањата беа ниски до таа мера што долго време не го симнував овој филм за да не се разочарам.
    Но бидејќи сум во основа нестрплива особа склона кон сентименталност, не издржав и го симнав :worried::worried:

    И за среќа, не бев разочаран. Дури се осеќам некако крив, бидеќи уживав во филмот.
    20 години подоцна, преживеаните членови на старото друштво џанаци од Единбург сеуште се никој и никаде, без маче и куче, со спремни животни причи за странците како и за пријателите. Рентон се врача кучи после егзил во Холандија, развод и отказ, Сик Бој работи во пабот на тетка си, Спад е суицидален после отказот, сите се под кирија, никој нема ништо свое а Бегби е на робија ради убиство.

    [​IMG]

    За раја на средина на 40-те години од животот тоа е причина за сериозна криза на идентитетот. Па и за посегнување кон старите навики, шприцеви во вена и ситни кражби за да се одржи тој сомнителен лајфстајл.

    Сите стари ликови се појавуваат пак, се издвојува феноменалниот и незаменлив Роберт Карлајл се здебелил 20кг за оваа улога :D но сеуште е истиот психопат, тој нездрав израз кој предизвикува нелагодност :party:
    Во филмот има и некаква скоро стереотипна бугарска проститутка со која "стопанисува" Сик Бој Сајмон и која на крај ќе ги преземе на себе гревовите и откупот на дилот со ѓаволот на веселото друштво. Сик Бој е едини сеуште активен џанак и бугарката успева да му донесе доволно пари за одржување на навиката. Сепак, рака на срце и ноздрва на маса, овој пат Хероинот е заменет со Кокаин.

    Иако е далеку од динамиката на првиот филм, и со веќе познати и разработени карактери од кои сепак се очекува нешто од минатото, овој филм имаше потешка улога да оствари конекција со гледачите отколку првиот. Nobody saw the original Trainspotting coming :)

    Ако го сакавте првиот дел, ќе уживате и во овој иако на поинаков, поспокоен начин, во склад со годините и багажот на актерите. Во секој случај не го пропуштајте.:mm:
     
    На Mayyya, zhap4e, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  2. SexyGirl2

    SexyGirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2017
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Sinoke go izgledav filmot i malce me voznemiri pred spienje :( Samo cekav da dojde krajot i da se spasi kutrata..
     
    На simonka93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.709
    јас искрено неа ја обвинував, што мајка бара со непознат во туѓа земја да легне, колку сака нека е привлечен...
     
    На LBC, joy1 и SexyGirl2 им се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Secret in their eyes.

    http://www.imdb.com/title/tt1741273/


    Видов дека е со Џулија Робертс и Никол Кидман, и си викам кој знае каков ќе биде.
    Не дека толку беше лош, ама некако многу ми беше спор за мој вкус.
    Да заспиеш додека го гледаш.


    Во полиција добиваат повик дека е најден женски труп во близина на џамија, па се собира тим и одат да истражуваат.
    Кога ќе стигнат таму, едниот од колегите оди поблиску до жртвата и кога ќе види таа всушност е ќерка на колешка... а колешката е одма зад него и таа е тука да истражува.

    Сите се скршени од болка и тага....Девојката е силувана, брутално убиена и фрлена во канта.

    Инаку филмот почнува во денешно време (13 години после убиството), а во меѓувреме даваат сцени што се случувало тогаш...пред 13 години...
    После убиството, тој колегата што прв ја виде убиената девојка, тотално се повлече од работата (кога виде дека се неуспешни обидете за да го најдат виновникот) и секој ден сам исктажувал за убиството......Конечно наоѓа трага, и се појавува на работа после 13 години....Па ги моли да го отворат тој случај.

    И цело време во филмот даваат моменти де од минатото, де од сегашноста.

    На крај се случува нешто непредвидливо, и тој колегата џабе губел 13 години од својот живот за да истражува.

    8-|

    Се сложувам со оцената на imdb.
     
    На Bender Rodriguez, Yipman2, simonka93 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Po preporaka na @elimkd gi izgledav ovie dva filma.

    upload_2017-6-18_20-27-55.jpeg
    The Curious Case of Benjamin Button
    2008 ‧ Fantasy/Drama ‧ 2h 46m

    Ljubovna prikasna koja me voodusevi.
    Se raga dete so specivicna bolest, cii zivot trga od starost kon mladost.
    Interesna magicna prikaska niz koja licnosta se zaljubuva vo edna zena i nivniot pat niz zivotot.
    10/10



    upload_2017-6-18_20-29-38.jpeg
    Legends of the Fall
    1994 ‧ Drama film/Family Drama ‧ 2h 13m

    Semejna drama isprepletena so ljubov i odmazda od ljubov.
    Jas bi dodala kaobojski film so malku poveke nasilstvo, krv,..... ama se vo ime na ljubovta.:?:

    10/10

    upload_2017-6-18_20-35-36.jpeg
    5 to 7
    2014 ‧ Drama film/Romance ‧ 1h 37m

    Eden ljubic koj mi ja stopli dusata i me nauci nekoi raboti.
    Textot e inzvonreden, samo treba pazlivo da se slusa i da se uci. Zenava e mnogu klasicna i sexi vo isto vreme, moze da bide primer za mnogu zeni.
    Tolku mi se dopadna sto ke go izgledam uste ednas ama ovoj pat so tevterce vraka. :l:

    10/10
     
    Последна измена: 19 јуни 2017
    На JollyGirl, One.Moment, Acka22 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.709
    Bad Moms
    Три мајки, уморни од таа функција и во потрагата по совршеното одгледување на децата, се здружуваат со цел да си ја олеснат најтешката работа- да бидат мајки.
    Една од нив оди на избор за претседател на родителскиот совет,со цел да ја победи совршената мајка која ги прави децата роботи(ова јас така го доживеав)
    Се' на се' лесен позитивен филм, мене како мајка ме допре
    8/10
     
    На JollyGirl, Acka22, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    11.634
    Пол:
    Женски
    Law Abiding Citizen
    law-abiding-citizen-original.jpg

    Филмот е од 2009, не знам како не сум го гледала, предобар е. 10/10
    Му ги убиваат жената и ќерката и тој бара соодветна казна за извршителите, но не ја добива, па превзема се во свои раце. Повеќе нема ништо да кажам, ако сеуште не сте го гледале, препорачувам.
     
    На Acka22, M.laDy, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Wonder Woman
    [​IMG]

    7/10

    На кратко филмот е , згодна девојка во секси костим тепа група нацисти. Тоа е све.

    Згодните девојки на филмов се сите во секси костими и се јаки тепачи , таа дебелата ја турија во некоја забутана канцеларија во Англија да седи и кординира.
     
    На Oneo, Acka22, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.950
    Допаѓања:
    81.264
    Пол:
    Женски
    Цццццц, @Yipman2 не ги дискриминирај женските. |(
    (Опомена од модератор. :devil: )
     
    На Oneo, Someonespecial, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    @Mishela
    Не дискриминрам ,само саркастично и дрско посочив колку е дискриминаторски и смешен филмот што го гледав.
     
    На crazylady, JollyGirl, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.950
    Допаѓања:
    81.264
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, моето мислење не е нешто многу поразлично од твоите впечатоци, само сакав малку да се зафркавам. :lol:

    Он топик - утрово ми требаше некој шеќерна волна филм и изборот падна на што друго, ако не - Reese Witherspoon, кралицата на лимунадестите филмови. :D
    Го гледав Sweet Home Alabama (2002).
    [​IMG]
    Толку предвидлив, уште во првите дваесет минути знаев како ќе заврши. :D
    Се работи за модна дизајнерка со потекло од Алабама (која провинцијалка :P ), амбициозна и посветена кариеристка која веќе некое време живее во Њујорк.
    Откако нејзиното момче ќе ја запроси, се враќа дома кај нејзините да им ја соопшти веста и да ги расчисти несредените нешта со „демоните“ од минатото. :)
    Се насмеав навистина, ама приказната е многу провидна. Си треба понекогаш ваква лимонада-комедија, за да тргне денот. :)
    Рис е кралица на ваквите чик-флик филмови, а акцентот и' беше врв. :D
    6/10, има за пролазна. :)
     
    На JollyGirl, Acka22, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.077
    Пол:
    Женски
    И јас го пуштив за викенд и заспав после 20 мин |(
     
    На Yipman2 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    А знаеш кој филм не е дискриминаторен и досаден , филмот кој Јипи го посочи во феминското фоаје:!: , каде што има елегатно попунета главна интересна девојка(Melissa McCarthy си ја обожавам) и Jason Statham , двајцата заедно газат све живо и диво (барем така видов на трејлерот), филмот кој џои гласаше против:u:.

    Е тој филм Џои:smoke:, тој филм:smoke:......тој.....филм:smoke:....
     
    Последна измена: 20 јуни 2017
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.077
    Пол:
    Женски
    momentalno go gledam toj :D
     
    На Someonespecial и Yipman2 им се допаѓа ова.
  15. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    Still Alice
    [​IMG]

    Иако филмот е од пред некоја година, 2015та, јас случајно го видов трејлерот тука вчера и кога видов за што станува збор морав да го гледам. Станува збор за успешен професор по лингвистика кој со своите академски постигања се истакнува насекаде во светот. Но почнуваат да и се појавуваат дупки во меморијата па оди на невролог и ѝ е констатирано дека станува збор за Алцхајмер, редок тип кој генетски се преснесува.
    Прикажан е целиот процес низ кој таа поминува и сите падови и крахови кои ги има. Од успешна личност, преминува во личност која се губи и не се сеќава на ситници. Си поставува тест од 3 прашања(како се вика најстарата ќерка, на која адреса живее, кога е нејзиниот роденден), за самата да биде свесна како и напредува болеста. Остава и видео во кое самата себе си нагласува дека кога нема да може да ги одговори трите парашања, треба да стави крај.

    За мене филмов искрено има многу поголемо значење. Има делови кои длабоко допираат до мене, потсетници на потежок период во мојот живот, па тука се мени појдовната точка за мене.

    Џулиан Мур и Кристен Стјуарт се главните глумци, и филмот е оценет со 7.5 на iMDb. Јас би му дала 10 од 10, без да го вклучам крајот. Мене искрено крајот ме разочара. Очекував разрешница на ситуацијата, не добив ништо. Ако дадам целокупна оценка, крајот го гнаси делото, со 1 од 10. И тоа е многу, но сепак е најниската оцена што може да се даде.
     
    На AURUA, boomsleng, christinnn и 6 други им се допаѓа ова.
  16. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.709
    Split
    Три девојки се киднапирани и држени во подрум од човек кој во себе има повеќе личности...Тој е третиран од докторка која се бори да му ги открие намерите, но за жал безуспешно. Целта на главните личности во него е да создадат нешто надприродно
    Не ми е јасно како девојката не успева да го убие, нели пак физички е човек, иако мисли дека е ѕвер??
    Напнат филм, од мене 6/10 заради некои нелогичности
     
    На LadyC, JollyGirl, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    SHIPS
    Релаксирачка комедија за двајца полицајци кои ќе станат партнери.
    [​IMG]
     
    На Yipman2, joy1 и Acka22 им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    http://www.imdb.com/title/tt1232829/

    21 Jump Street

    Прејака комедија.
    Не знам досега зошто не сум ја изгледала.

    Се работи за двајца нововработени полицајци, што ќе добијат задача да откријат кој произведува и кој дила некоја јака дрога во средно училиште.
    Со цел успешно да ја изведат задачата мора да се вклопат со тинејџерите, па и тие ќе се прават дека имаат 17/18 години и дека се средношколци.

    Ќе одат на часови и ќе се обидуваат да стекнат доверба помеѓу останатите ученици, па некако да дојат до тој главиот што произведува.
    Јаки зезања, достеки и смешни ситуации, а сосема на крај произведителот на дрога е сосема неочекуван човек.


    Откако ќе го изгледаш првиот дел, обавезно мора и вториот да го симнеш.

    http://www.imdb.com/title/tt2294449/

    22 Jump Street

    Во овој дел, истите партнери, добиваат задача да одат во Универзитет, пошто таму е појавена многу јака дрoга што убива млади луѓе.
    Сега ќе се прават дека се студенти...Од полиција им е уплатено да спијат во соба во студенски и да посетуваат часови.
    Покрај работата, овие двајца малку повеќе си се забавуваат со студентите и создаваат нови пријателства....Па често забораваат дека се полицајци.

    И во овој дел има навистина интересни и комични делови.

    Според мене 10ки за двата би дала.
    Обично комедиите на imdb секогаш се послабо оценети, но овие два дела имаат солидни оцени и таму.

    Ги препорачувам за тепање време и смеење до солзи.
     
    На Yipman2, simonka93, boomsleng и 3 други им се допаѓа ова.
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Gifted 2017 IMG_6382.JPG
    7/10
    Френк е старател на девојче кое е различно од своите врсници.
     
    На Acka22, zhap4e, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Awake
    Додека е подложен на операција,млад човек нема да биде успиен и ќе може да слушне се што се случува во операционата сала.
    Што точно ќе се случи нема да откријам.
    Филмот е класифициран како трилер/хорор ама според мене е и добра мистерија.
    На едно место не ми се допадна како одглуми Џесика Aлба и само поради тоа има од мене
    9/10

    Gothika
    Миранда е психијатар чиј живот ќе се промени кога една ноќ ќе удри девојка со својот автомобил.
    Ќе се разбуди во менталната болница потполно дезориентирана каде што ќе и кажат дека го убила својот сопруг.
    Со тек на време ќе почне да ја открива вистината за тоа што се случило,но за да ја открие целосно мистеријата мора да побегне од болницата
    9/10
     
    На LadyC, Bozica1980, Acka22 и 3 други им се допаѓа ова.