Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    [​IMG]
    Their finest
    Филм за филм :) Сместен во 40тите, под постојани воздушни напади, мала романса, британски хумор и инспирација од две девојки, филмот го следи снимањето на филмот за овие две девојки и нивната авантура кон спасување многу војници.
    Всушност, не знам и зошто филмот е класифициран главно како романса, кога тоа изгледаше толку безначајно во целиот филм. Главната хероина Кетрин Кол е најмена да пишува рекламни комични текстови кои главно ја целат женската публика. каде веднаш и е нагласено дека не може да зема иста плата како мажите. И од тука некако филмот веќе почнува да цели кон правата на жените, или барем во мои очи тоа така изгледаше :) Кетрин дури и одбива да замине од Лондон со својот "маж" затоа што ја сака својата работа, а тоа така силно делува, особено земајќи го во предвид периодот во кој се одвива дејствието. Силна, своја, интелигентна, мене навистина многу ми се допадна. Тука е и приказната за две храбри девојки кои скришно го земаат бродот на својот насилен татко и одат кон Данкирк за да помогнат при евакуација на војници.
    Би го препорачала (y)

    [​IMG]
    The space between us
    Да имаш таква идеја и да направиш ваков филм (facepalm) Брит Робертсон не можам да ја поднесам, а момчево при толку упорен пат да стигне до земјата, така некако на крајот лесно си полета. Мислам, не знам... да го искусиш сето тоа на земјата и да се согласиш да се вратиш на Марс само за да живееш, каков живот е всушност тоа? Или можеби премногу ги поетизирам работите. Онака филм, ништо посебно. Не би го гледала пак.

    [​IMG]
    Collateral Beauty
    Мислев дека филмов ќе ме распарчи и расплаче и слично, ама само ме направи многу гневна. Не можев и не можам да разберам зошто некој што те сака би измислил целосно сценарио да те направи луд, кога поминуваш низ такво нешто. Верувам дека има многу начини да му се помогне на човек, можеби не ја сфаќам тежината на нивните рамења, но да доведеш човек до состојба да мисли дека почнал да халуцинира, кога веќе доволно страда... :| Ниту Време, Љубов и Смрт не успеаа да донесат нешто вау што би ми го променило мислењето.
     
    На Bozica1980, Mayyya, boomsleng и 4 други им се допаѓа ова.
  2. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Барајќи некој сличен на The boy in the striped pajamas или The book thief, наидов на овој...

    http://www.imdb.com/title/tt0387914/

    Innocent voices.

    Искрено не ми беше добар колку претходните два филма.

    Се работи за дете што преживува граѓанска војна во Ел Салвадор. (1980тите години)
    Татко му е избеган уште пред неколку години (на почеток на војната), а детево живее со мајка му, сестра му и мал брат.
    Мајката едвај врзува крај со крај.
    Уловите за живеење се катастрофа...Куќата им се распаѓа и од сите страни тече вода.
    Пари скоро ич и да немаат, па и детево се обидува да работи нешто за да и помогне на мајка му.

    Кога ќе наполнат 12 години, машките деца ги земаат за војници.
    Детево баш тогаш треба да наполни 12, па некако со лажења, манипулации, бегања, се обидува да се спаси.

    Во филмов акцент му се дава на секојдневниот живот на обичинте граѓани... како работат училиштата за време на војна...Како функционира црквата...Какво детство имаат децата...Како си помагаат комшиите, пријателите и семејството...Каков товар имаат родителите за да си ги заштитат децата, а како се тоа го преживуваат малите.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Perfect stranger
    Уште една добра мистерија со Хали Бери во главна улога.
    Хали Бери во улога на новинар ќе ги искористи своите вештини да го реши убиството на својот пријател.
    Нејзините истражувања ќе ја донесат до Харисон Хил,но дали тој ќе биде вистинскиот виновник останува да видите.
    Препорачувам
    10/10
    @only44you ако не си ја гледала,еве уште една добра мистерија.
     
    На buba4e89, Acka22 и only44you им се допаѓа ова.
  4. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Allied(2016)- 10/10.
    Тој е англиски шпион,па потоа напредува до англиски полковник. А таа е шпион дали француски или германски се открива во филмот. Филмот зборува за интензитетот на љубовта послина од се, од војна, од лажен идентитет, од се непотребно на кое се сопнуваме сите останати во обидот да зачуваме ваква љубов ако и воопшто сме благословени да пронајдеме ваква љубов. Повеќето се сопнуваме и ја губиме. И тука реално се изгуби, но зарем? Зарем потребен е некој физички за да биде вечно љубен,сакан,почитуван?
     
    Последна измена: 29 јуни 2017
    На mila1111, Acka22, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    IMG_8725.JPG
    Surviving Pisacco
    Биографски филм за извонредниот и талентиран Пикасо, за неговата пасија кон убавите жени и способноста да ги претвори во свои робови, вечно младиот дух, неуморливо дете во душа.

    Скомен, славен и богат-
    "Не сум јас толку добар колку што се останатите лоши"

    8/10
     
    На Acka22, 1209, toogood и 2 други им се допаѓа ова.
  6. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Moze link vo soodvetnata tema ?
     
  7. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Go gledav vo tv programata na prekuokeanski let.
     
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Вуди Ален mood. 8-|

    Cafe Society
    Cafe_Society.jpg
    Боби (Jesse Eisenberg) го напушта Њујорк и оди во Холивуд надевајќи се дека таму ќе изгради успешна актерска кариера со помош на неговиот вујко кој е познат филмски агент во Холивуд. Вујко му ќе му даде работа како ранесувач на пошта и ќе ја задолжи неговата секретарка Вероника (Kristen Stewart) да му го покаже градот. Боби се заљубува во Вероника но таа веќе има некој. Самата приказна не е нешто ново и невидено, но кога ќе се додаде нарацијата и хуморот на Вуди Ален, шмекот на Холивуд во 30-тите, костимографија, сценографија, неизбежниот џез, се добива 1 и пол часовно уживање за сите сетила.


    Irrational man
    80039308.jpg
    Познат професор по филозофија (Joaquin Phoenix) доаѓа во едно провинциско градче да предава на факултетот. Професорот надвор од факултетот е депресивен и без "живот", но тоа ќе се промени дали благодарение на шармантната студентка (Emma Stone) или идејата да изврши совршен злочин во стилот на Раскољников. Го препорачувам и овој филм.
     
    На AURUA, Acka22, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  9. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Po preporak na @elimkd go izgledav
    upload_2017-7-4_20-22-48.jpeg

    The Shawshank Redemption
    1994 ‧ Drama film/Thriller ‧ 2h 22m

    The Shawshank Redemption , storija za Andy Dufresne (Tim Robbins) and Ellis "Red" Redding (Morgan Freeman),nivniot brutalen zivot vo zatvor, nivnoto vecno priatelstvo i strplivosta koja sekogas se isplati.

    Andy bese osuden na zatvorska kazna vo Shawshank Prison so obvinenie deka ja ubil svojata zena i nejziniot ljubovnik. Sam Norton (Bob Gunton) igra uloga na nekoj glaven sev vo zatvorot koj e ziva dalavera od vnatre vo dusa. Toj mu dozvoluva na Andy, bivs bankar, da gi sreduva finansiskite knigi koristejki go negoviot talent vesto da go krade zatvorot vo koris na Sam.
    So tekot na godinite Andy se adaptira na uslovite vo zatvorot no ideata da izleze od nego nikogas ne zamre.
    Za okolu 20 god. intenzivna rabota uspea da pobegne, da go ispocituva drugarstvoto i......

    Gluma odlicna, scena, kostimografija
    10/10

    @elimkd blagodaram za ovoj prekrasen film.
    Odamna vetiv deka ke go izgledam ama izgleda e mnogu popularen vo biblioteka pa morav da pocekam za da dojdam na red.
    Kako i da e go izgledav i sum prezadovolna.
    Mislam deka i ovoj film e tvoja preporaka[​IMG], nego ke go podignam slednata nedela. (y)
     
    Последна измена: 5 јули 2017
    На AURUA, Acka22, ludoto19 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    @toogood баш ми е мило што ти се допадна филмот :) и @Ane-Goki1 исто скоро пишуваше тука за истиот филм :)

    Имав пишувано за Brideshead Revisited од 2008 година
    IMG_8747.JPG
    Постариот не сум го гледала
    Па чекам критика :)
     
    На Acka22, ludoto19, Ane-Goki1 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Spirited away

    Се запрепастив кога прочитав дека филмот е всушност приказна за проституција. Јапонците се ептен чудни. Ако не верувате прочитајте на гугл, ќе ви текне на некои сцени и ќе се згрозите :).
     
  12. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    [​IMG]
    Barney's Version
    2010 ‧ Drama film/Comedy ‧ 2h 14m

    Pocnuva kako inzvonredna komedija koja ima nezaboraven humor za poleka da pomine vo drama koja na kraj ke go ukrade vaseto srce.
    Barney e tip koj bas nemoze da se odluci okolu zenskiot rod. Se ozeni tri pati za na kraj da se zaljubi vo zena koja ja sretna na svojata vtora svadba. Involviran e vo edno ubistvo koe isto taka do kraj ne e rasfetleno.

    10/10

    @elimkd eve sto pisuva za filmot Brideshead revisited.
    Publisher: [England] : ITV Studios Limited ; Silver Spring, MD : Distributed exclusively by Acorn Media U.S., ©1981.
    Edition: 30th anniversary edition
    ISBN: 9781598286700
    Branch Call Number: DVD FICTION BRI
    Characteristics: 4 DVDs (659 min.)
    Additional Contributors: Waugh, Evelyn 1903-1966. Brideshead revisited.

    Ti toj sto go gledase tolku bese dolg (659 min.) ?
    Toa e sto e, drug nemaat. :^)
     
    На elimkd и boomsleng им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    долг е околу два часа, која и да е верзија гледај го па чекаме критика :)
    Повели trailer

    @toogood
     
    Последна измена: 5 јули 2017
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  14. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Во последно време имам изгледано повеќе филмови, најчесто анимирани :^) (благодарение на Енџела :inlove:), ама ништо не ми оставило впечаток да пишам, се' до:

    THE WIZARD OF LIES (2017)

    Драма со Роберт де Ниро :inlove: и Мишел Фајфер, мислам дека се' е кажано :D.
    Ама ај на кратко, фантастичен филм за најголемата проневера во САД од страна на Берни Мејдоф и како тој и целата фамилија се носат со теретот од неговиот криминал.
    Филмот е 2 часа, а мислам да траеше уште 2, немаше да трепнам.
    Можеби имало и некои пропусти, ама кога е во прашање Роберт де Ниро, малку сум пристрасна, така да оцена се знае 10/10.

    Само ми фалеше на крајот да напишат како заврши Барни, баш ме занимаше дали ќе умре од брза или мачна и бавна смрт :devil:.

    12 FEET DEEP (2016)

    Во овој филм се работи за две сестри кои случајно ќе бидат затворени во водата на еден олимписки базен и нивната борба да се спасат, а воедно и да си ги откријат тајните кои ги чувале една од друга цел живот.
    Добар филм, од мене оцена 9/10.

    2:22 (2017)

    Во овој филм се работи за човек кој неколку дена по ред доживува исти ситуации од 9:10 часот до 2:22 часот кога се' завршува со едно големо БУУМ.
    Почнува да истражува, а истрагата е испреплетена со една нова љубов која го усложнува целиот процес на откривање на вистината.
    Интересен филм, држи внимание, од мене оцена 9/10.

    THE BELKO EXPERIMENT (2016)

    86 луѓе се затворени во фирмата Белко и им е кажано дека мора да се убиваат меѓу себе за да преживеат.
    Многу крв, малку муабет, глуп и веќе виден крај, од мене оцена 7/10.

    THE RESIDENT (2011)

    Да сум го гледала филмот во 2011 година, сигурна сум дека би ми бил 100 пати поинтересен.
    Сега во 2017, се' ми беше веќе видено, очекувано и досадно.
    Во филмот се работи за докторка која се населува во нов стан и сопственикот кој е опседнат со неа.
    Единствено нешто поради која не жалам што го гледав, а и беше најголема причина да го гледам воопшто, е што во филмот игра Jeffrey Dean Morgan :inlove: (што ми е толкав голем симпатија што 5 пати му го проверував името на Гугл :rofl:).
    Од мене оцена 8/10.

    Од анимираните што ги гледав најголем впечаток ми остави:

    LEAP! (2016)

    Филмот е приказна за две деца сирачиња кои ќе успеат да избегаат од сиропиталиштето со цел да си ги исполнат своите соништа, девојчето да биде балерина, а момчето изумител.
    Филмот беше прекрасен, таман и за деца и за возрасни, буди емоции, и како за анимиран, од мене оцена 10/10.

    CHICKEN RUN (2000)

    Анимиран филм за кокошки кои на секој начин се трудат да избегаат од кокошарникот и да го запознаат светот од другата страна на оградата.
    Интересно филмче, Енџела го изгледа од почеток до крај, од мене оцена 9/10.

    THE BOSS BABY (2017)

    Интересно филмче за детенце кое добива братче, но тоа не е обично бебе, туку бебе шеф :D.
    За мене беше филм за детенце кое не може да се справи со промената братче и за братската љубов.
    Филмчето ме разнежи на крај, а и Енџела беше задоволна, па оцена 9/10.

    SAUSAGE PARTY (2016)

    Што да кажам за филмот :^)?
    Дали да почнам од тоа дека се работи за колбас и лепче кои се трудат да дознаат што ги чека надвор од супермаркетот (односно да дознаат дали таму започнува или завршува нивниот живот)?
    Или да почнам од дијалозите како од темата Дали сум бремена :^) :rofl:?
    Не знам, само ќе кажам дека цело време ми се вртеше во глава мислата, фала му на Бога што Енџела ништо не разбира :whew: :rofl:.
    Инаку, филмот ми е пет пати до пола изгледан, така да од мене оцена 8/10.
     
    На Elen4e_sonce, Acka22, ludoto19 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.155
    Допаѓања:
    50.546
    Пол:
    Женски
    Everest

    [​IMG]

    Филмот е биографски. Во мај 1996 година неколку комерцијални експедиции во базниот камп на Монт Еверест се подготвуваат за искачување, но при враќањето назад еден од планинарите му се влошува здраствената состојба и каде што заглавуваат на планината.
    Малку истражував и открив дека во 1996 година се случила најголемата трагедија на Монт Еверест каде загинале 12 луѓе.
    Оцена за филмот 8/10
     
    На Matotheja, AURUA, Acka22 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Transformers: The Last Knight 2017
    [​IMG]

    Филмот трае 158 минути.
    По напуштањето на Оптимус Прајм, Бамбли го зазема водството над групата роботи. Земјата се бори против вселенските бродови, но без автоботите немаат никаква шанса.
    Оптимус Прајм пристигнува на својата планета Сајбертрон но тоа е уништена од кралицата Квинтеса.
    Таа успева да го маѓепса Оптимус Прајм и да го сврти против Земјата. Убедувајќи го дека Земјата порано се викала Уникорн. Насекаде низ светот се случуваат чудни работи ( изникнуваат рогови од земјата). Во меѓувреме Бамбли има проблем со својот глас и не може да си го поврати. Десептиконите бараат ослободување на најлошите злосторници затворени во државата.

    Бамбли го обожавам и ми е миленик, смешна е сцената кога женскиот главен лик со стапче ќе се сака да се бори со автобот кој претходно ја киднапира од својот дом. Нели се калумфираат во добри автомобили. :rofl:

    Емотивна е сцената кога Бамбли наеднаш со сета сила проговорува и му вели на Прајм "Јас сум твојот брат животот ќе го дадам за тебе".;(:hug:

    [​IMG]

    Оценка: 10 звезди.

     
    На Acka22 и boomsleng им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    The mummy 2017

    Ако се сеќавате на серијата филмови за египетски акрофакти и мистерии, овој филм е продолжение на Мумија снимен во 1999 година.
    Египетската принцеза Аманет треба да стане кралица на Египет, но фараонот ( нејзиниот татко ) се преженува со друга жена и добива син. Во Египет било значајно машко дете да биде наследник на тронот. Аманет станува похлепна и љубоморна и сака да си го земе тоа што и припаѓа, па заклучува пакт со ѓаволот Сет така што го убива татко и, братот ( бебето ) и жена му. Таа својот избраник треба да го преобрази во Бог и за време на ритуалот ја фаќаат војниците на фараонот и ја мумуфицираат жива во гробница недалеку од Египет. Години подоцна гробницата е откриена од случајни лопови меѓу кои и Ник.....ќе мора да си го гледате за повеќе.

    П.С. Многу ми се свиѓа бојата на очите на Аманет, но филмот не ми го задржа 100% вниманието.
    [​IMG]

    Оценка: 8 звезди.
     
    На GabyTranceॐ, Acka22, ludoto19 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Extortion (2017)

    [​IMG]

    When a Caribbean family vacation takes a disastrous turn, a father finds himself at the mercy of a cold-blooded fisherman, and a desperate race against the clock to save his wife and son.

    US family оди на одмор во Карибите, изнајмува глисер и оди на подалечни острови по инсистирање на нивното дете (иако мајката се противи - мајка ко мајка секогаш се грижи), но на враќање имаат проблем пошто не можат да го стартуваат чамецот и остануваат заробени на островот. После неколку дена доаѓа чамец со двајца локални жители кои ветуваат дека ќе ги спасат но под еден услов - таткото да им плати $1 милион долари пошто дознаваат дека работи како доктор. И тука започнуваат сите заплети, има многу пресврти и перипетии и секако на крај happy end.
     
    На iloveyou29, Acka22, ludoto19 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.879
    Допаѓања:
    176.981
    Пол:
    Женски
    Gifted 2017

    Во принцип претпочитам хорори, ама филмов е прекрасен.
    Приказна позната. Добра глума.
    Се работи за надарено 7 годишно девојче и се се врти околу борбата за старателството над него, меѓу нејзиниот вујко и нејзината баба. За љубов и егоизам.
    Има доста емотивни моменти. Совршено емотивни моменти.
    Препорачувам.
     
    На crazylady, joy1, Acka22 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    The Raven (2012)
    [​IMG]
    Кој ме знае, знае дека Едгар Алан По ми е еден од најомилените, ако не и најомилениот поет, а сите негови дела ми се голема слабост. Затоа и филмов, гледан по од прилика десетти пат, не ми здосадува.
    Се работи за животот, поточно, последните недели од животот на Едгар Алан По.
    Сериски убиец, опседнат со делата на По, ќе почне да ги спроведува на дело грозоморните чинови кои се споменуваат во расказите, при што притоа ќе биде вовлечена и љубената на авторот. По е приморан да го напише својот последен расказ, и притоа да донесе огромна одлука, доколку сака да ја спаси свршеницата.
    Готик хорор, кој ги оживува дел од делата на По. Филм, кој иако воглавно фиктивно, се обидува некако да ја долови психолошката состојба на авторот во миговите пред неговата прерана смрт.
    Препорачувам.
    10/10

    The Mummy (2017)
    [​IMG]
    Древна принцеза која склучила пакт со Сет (египетскиот еквивалент на ѓаволот), е разбудена од нејзиното околу 5000 години старо почивалиште длабоко под пустината на денешен Ирак. И то.
    Филм според мене направен само за да се домолзе кравата.
    Том Круз во уште една фина главна улога, во филм во кој е вложено многу, но за џабе.
    Доколку го гледате само како таков, можеби ќе ви е интересен, можеби и не.
    Сепак сметам дека по филмовите Мумија со Брендон Фрејзер од '90 и некоја, овој не бил ич потребен.
    4/10
     
    На Acka22, buba4e89, Annath и 2 други им се допаѓа ова.