Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    14.440
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    IMDb. 7.7/10
    Моја оценка 10/10
    Филмска класика,нешто што не се пропушта.Иако Одри Хепберн имала 32 години кога се снимал овој филм,одлично ја доловува улогата на 18 годишната Холи Голајтли.
    Холи е млада жена која не знае што сака од животот,односно не се познава себе си и постојано се сели од град во град.Откако ќе дојде во Њу Јорк,страст ќе и биде да ги гледа раскошните дијамнти на излогот на познатата продавница за накит Тифани.Кога во нејзниот живот ќе се вплетка писателот Пол,Холи ќе ги гледа нештата од друга перспектива.Безвременски филм за младите девојки и жени,за малиот црн фустан,љубовта,среќата...
     
    На Annath, Mayyya, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  2. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Vampire Clan (2002)
    http://www.imdb.com/title/tt0310298/?ref_=rvi_tt

    [​IMG]
    Филм снимен според вистинската сторија за Родрик „Род“ Фарел кој се смета за 5000г. вампир, создава клан со неколку свои пријатели, и на крајно брутален начин ги убива родителите на својата бивша девојка, по што е прво осуден на смртна казна, која потоа е сменета на доживотна робија.
    Краток филм, буквално го опфаќа само признанието на Род во полициска станица за тоа што го сторил, но според мене е океј; интересен и ужаснувачки е начинот на кој умот на одредени луѓе функционира...


    The Ultimate Gift (2006)
    http://www.imdb.com/title/tt0482629/?ref_=rvi_tt
    [​IMG]
    Можеби по малку клише филм - ултра богат дедо умира, а за да богатството му го остави на внукот, тој прво мора да се смени од корен; меѓутоа, исто така, и прекрасно, топло, семејно филмче, онакво какво што во последно време не се снима, за тоа кои се вистинските вредности и богатства во животот.
    Да, можда малку (малку повеќе) ме разнежни, и да, топло го препорачувам секому; од мене чиста 10.
     
  3. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.650
    Допаѓања:
    29.333
    Пол:
    Женски
    Ghost in the Shell(2017)
    [​IMG]
    Филмов беше доста hyped, сите го збореа, и мене ме интересираше искрено. За компјутерската обработка и како е направан, немам коментари, врвно е, значи визуелно е многу исполнителен. Приказната така/така. Во иднината вештачката интелигенција станува дел од секојдневието, луѓето можат да си заменат делови од телото со вештачки, а роботите им се како најдобри пријатели. Главниот лик што го глуми Скарлет Јохансон е меѓутоа нешто посебно. Првиот робот во кој е префрлен човечки мозок, и нормално е најмоќното оружје против криминалот. Ама дали се нештата така како што изгледаат? :wasntme: Дејствието многу некако ми беше развлечено, ама зошто ми се допадна како е направен има 7/10. Повеќе од тоа нема шанси, at least not in my book.
     
    На boomsleng и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  4. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.151
    Допаѓања:
    50.529
    Пол:
    Женски
    Gods of Egypt (2016)

    [​IMG]

    Смртоносниот јунак Бек се здружува со богот Хорс против Сет, немилосрдниот бог којшто го зароби Египет претварајќи го во тотален хаос.
    Не ми се допадна многу филмот скоро да немаше никаква врска со Египет.
    Оцена би му дала 6/10.
     
    На Bender Rodriguez и sanja.burgundy им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Contratiempo
    upload_2017-8-2_22-34-53.jpeg

    Како во животот се менува фокусот на работите ,од таа страна ги гледаш.Млад бизнисмен е обвинет за двојно убиство,на случаен возач и на неговата љубовница.За да се брани спрема свој поглед на настаните и кој на прв поглед си велите,да така е...но ,што ако сосема ги превртува работите,за да излезе од калта.Има еден проблем во неговиот план,некој е чекор понапред и поинтелигнетен од него.Дали е тоа желбата за одмазда или жал за своето дете...
    Сосема солиден филм,кој го држи вниманието,иако во еден период почувствував нетрпеливост некоја...и само заради тоа...
    7,5/10

    Gifted
    upload_2017-8-2_22-40-6.jpeg

    Кога го читав трајлерот си помислив дека е сличен на Крамер против Крамер.Ама не,не може ни да му се доближи...
    Млад асистент ,кој по игра на настаните во неговиот живот се решава да биде старател на неговата внука,чијашто мајка извршува самоубиство.Нејзиниот потенцијал на математички гениј останува неискористен,што нејзината мајка и баба на девојчето,никако не може да го прифати.Почнува да се бори за старателство на девојчето кое на крај завршува во семејство за прифаќање,за да си ја оствари до некаде и својата амбиција.Но нели,се завршува со солзи и среќен крај...
    Многу работи неопфатени детално во филмот ,глумата некако површна само девојчето Мери убива со својата спонтаност,шарм и интелигенција.
    7/10
     
    На azelea, Annath, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Pleiada

    Pleiada Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    The Wave

    The Wave или Bolgen е норвешки филм за природна катастрофа. Таму се очекува дека ќе има лавина која ќе предизвика огромно цунами, но никој не знае кога. Филмот е сниман во прекрасна природа, во норвешки фјорд, и има прикажано баш таква атмосфера што те прави напнат иако знаеш што ќе се случи. Глумата е добра и некако приказната е пореална и поемотивна отколку во американските филмови. Иако крајот е малку клише, сепак вреди да се гледа.
    8/10
     

    Прикачени фајлови:

    На ушко, Acka22, lunicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    A perfect Getaway

    http://www.imdb.com/title/tt0971209/

    Тазе брачен пар оди на меден месец на Хавајските острови.
    Таму успат ќе се сретнат со друг млад брачен пар и ќе се здружат.
    Ќе си уживаат во одморот сите четворица, но случајно ќе дознаат дека на местото каде што се, постои некој психопт (или психопатИ) што убива луѓе....Онака без причина убива млади брачни парови.

    Ќе почнат да се сомневаат едни во други...Пошто сепак се непознати.

    Ќе се случуваат некои работи и секогаш сомнежот паѓа врз едниот пар дека се навистина убијци.
    Но на крај ќе се случи нешто интересно и непредвидливо.

    На imdb оценката е 6.5...a јас околу 7 би им дала.

    Убав е филмот, но има некои дупки и нелогичности па затоа е послабо оценет.
     
    На joy1 и AURUA им се допаѓа ова.
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Хм... ај ќе пробам последните неколку накратко.
    р.ѕ. Сите се хорори... или бар обиди.

    Jennifer's Body (2009)
    Стар, ама порано не ми привлекуваше внимание. Вчера ми се гледаше нешто малку страшничко (иако нема ништо страшно овде), малку тин-глупости, па се решив за овој.
    Џенифер и Ниди се најдобри другарки. Едната е повеќе н'рди тајп, другата заводничка. Клише.
    Во нивниот досаден град иде бенд, кој има за цел да жртвува девица за да стекне светска слава.
    Ја бираат Џенифер. Џенифер не е девица.
    Оттогаш, таа станува вампир-демон и јаде момчиња. Топ. :D
    Оценка... па 6,5 негде (меѓу филмчиња од таа сорта), чисто пошто е чизи и лесен за гледање.

    Lights Out (2016)
    Базиран на истоимениот краток Јутуб филм, кој се здоби со големо внимание и слава, па режисерот се решил фул да го направи.
    Софи е депресивна жена и мајка на две деца, која на свој начин се справува со смртта на сопругот, кој умира под нАли, неразјаснети околности (за нив). Работите изгледаат нормални додека е ден и/или има светло во куќата, но штом се изгасат светилките, се појавува Дијана - измислената, или не, другарка од детството на Софи и ги малтретира неа и нејзините деца. Здружени и загрижени, блиските ќе се обидат да ја откријаат тајната зад Дијана и како да се решат од неа. А дотогаш, мораат да останат под светло ако сакаат да преживеат.
    Не знам, хорориве некако клише ми стануваат со тие џампскер моменти, кои, ако ги нема, филмот би имал бар две оцени помалку. Од мене 7 пошто сепак успеа да ми задржи внимание.

    Intruders (Shut In) [2015]
    Ана живее во огромна куќа со својот брат Конрад, кој е на смртна постела. Таа страда од агорафобија и нема мрднато од куќниот праг над 10 години.
    Кога брат ѝ умира, таа останува сама во куќата со куп пари, кои не знае и нема каде да ги троши поради својата фобија, па дел од нив нуди на момчето што секојдневно ѝ носи храна. Тој одбива, но прави грешка и кажува на своите лопужи од другари, па тие го напаѓаат нејзиниот дом во потрага по парите.
    Стравот од надворешен простор ја претвора Ана во затвореник во својот дом. Но, она што не знаат напаѓачите, е дека таа е многу попсихотична од една обична агорафобка (ако може така да ја кажам).
    И тогаш почнува забавата.
    Малку потсеќа на Don't Breathe, па ако ви се допаднал тој, океј ќе ви е и овој. Не е ништо спектакуларно, но е забавно (in its own terms, нели) за гледање. Од мене стаклена 8ца.

    Rings (2017)
    Се усраа со продолжетоциве. Памтам дека од првиот подмочнував од страв, кога го имав на шугава кино снимка на двд, од филмовине 2 за 50, а сега Скери Муви делот што е од Прстенот, каде дебелиот се врти на столица наопаку, ми е пострашен од ова.
    Професор на универзитет ја наоѓа лентата и ја продолжува забавата со Самара, јер девојче од 10-12ина години го држи сето зло во светот и досаден ѝ е задгробниот живот, пошто кога и да ја закопаат на место, некој ја откопува и оваа пак почнува да шврља.
    Овојпат во спотлајтот се млад пар. Има љубакање, џампскер сцени, вау моменти на откривање топла вода и ветувачки крај дека ќе се вратат со ново продолжение, се надевам овојпат одејќи уште поназад кон корените на Самара т.е. како проклетството почнало кога прах684854112154дедо ѝ жртвувал погрешна коза на пребирлив бог. Оцена 5, колку за трудот.
     
    Последна измена: 3 август 2017
    На melena, Bender Rodriguez, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.102
    Допаѓања:
    36.265
    Пол:
    Женски
    Like Cats & Dogs

    [​IMG]

    Двајца млади по игра на случајност треба да живеат во иста куќа под кирија во рок од две недели. Од старт има нетрпеливост помеѓу нив, заради нивните миленици. Со тек на време двајцата ќе се спријателат и ќе се роди љубов помеѓу нив.

    Филмов имал премиера на Hallmark Channel на 15ти Април оваа година. На IMDb има оцена 6.4/10, а јас би му дала оцена 10/10. Вреди да се погледне. Романтичен филм во кој има и малку комедија.

    How To Fall In Love

    [​IMG]

    Соученици од средно училиште се среќаваат после 20 години откако завршуваат прва година средно. Девојката ќе го учи дечкото како да освојува девојки. Тој е многу срамежлив и нема самодоверба. Со тек на време и двајцата ќе се засакаат. Девојката ќе направи промена со него. Дури тој самиот ќе биде изненаден од тоа колку е променет неговиот однос со девојките.

    Филм кој прв пат се прикажал во 2012 година. На IMDb оцена 6.3/10, а јас му давам 10/10.

    Сакам вакви филмови каде што на крај преовладува љубовта.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.151
    Допаѓања:
    50.529
    Пол:
    Женски
    Wonder Woman (2017)

    [​IMG]

    Пред да стане чудесна жена, таа беше Диана принцеза Амазонка и истренирана да војува. Кога пилотот се срушува и кога и раскажува за светската војна, за се што се спрема, таа решава да оди да војвува да го спаси светот од немилосрдната и страшна војна и таму ја открива својата вистинска моќ.
    Не беше лош филмот, беше полн со пресврти.
    Само на крај ми беше криво што Стив загина до последната минута очекував дека ќе се појави и ќе остане заедно со Диана, но тоа не е случи.
    Оцена 8/10.
     
    На Bender Rodriguez и sanja.burgundy им се допаѓа ова.
  11. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    The Dinner (2017)

    Two sets of wealthy parents meet for dinner to decide what to do about a crime their sons have committed.

    Целото дејство се случува во 1 ресторан каде што 2 браќа се среќаваат после подолго време со нивните сопруги, вечераат и дискутираат како да постапат откако дознале дека нивните синови се вмешани во убиство на бездомник и тоа убиство е снимено на камера. Дискутираат дали да ги пријават децата, што и како итн. Малку ретардирано филмче ама океј е, 5/10 му давам како прелазна оценка. За вкус не се дискутира, можеби ќе ви се свиѓа филмот. Навидум психолошки трилер, ама нема ич неизвесност и драматика. Екстра филм за гледање без око да ви трепне или срцето да ви слупа. Филм за опуштање.
    Ричард Гир и Ребека Хал во главните улоги.
     
    На Bender Rodriguez и only44you им се допаѓа ова.
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Nosferatu (1922)

    [​IMG]

    Кратка содржина

    Во овој мошне влијателен тивок хорор филм, мистериозниот гроф Orlok (Max Schreck) го повикува Thomas Hutter (Gustav von Wangenheim) во неговиот далечен Трансилвански замок на планините. Срдечниот Orlok се обидува да купи куќа во близина на домот на Hutter и неговата сопруга Ellen (Greta Schroeder). Откако Orlok ја открива својата природа, односно дека е вампир, Hutter се обидува да избега од неговиот замок знаејќи дека Ellen е во голема опасност. Во меѓувреме,слугата на Orlok, Knock (Alexander Granach), се подготвува за својот господар да пристигне во својот нив дом ...

    Рецензија

    Ова ми е дефинитино еден од омилените хорор филмови кои знаат како да го доловат страшниот карактер и појава на вампирот. Max Schreck успева да направи атмосфера која исполнува со морбидност и страв за разлика од познатиот Bela Lugosi, кој истовремено делува шармантно во неговиот филм. Оваа верзија на Дракула совршено стои сама по себе како уникатен филм кој посебно се истакнува како класика во тивката ера.

    Оценка : 10/10

    [​IMG]
     
    На Mishela, boomsleng, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    96.843
    Кој е во потрага по добра романтична комедија која после гледање остава пријатно чувство на лагодност, од мене две препораки:

    Knocked up
    IMG_20170810_010224.jpg

    И да те насмее, и да те разнежни. Кога од една пијана ноќ се создава врска заради обврска, а потоа...

    Along came Polly
    MV5BMTcxMDMwODg3Nl5BMl5BanBnXkFtZTYwMTM4NTY3._V1_UY1200_CR89,0,630,1200_AL_.jpg

    Дека во животот не оди се по план и пресметки, но дури и тогаш може да биде убаво. Бен и Анистон се одлична двојка во филмчево!
     
    На Acka22, boomsleng и AURUA им се допаѓа ова.
  14. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Black Swan (2010)

    [​IMG]

    Кратка содржина

    Nina (Natalie Portman) е балерина чија страст за танцот го забранува секој аспект од нејзиниот живот. Кога уметничкиот директор на компанијата ќе одлучи да ја замени својата прима балерина за нивното отварање на '' Лебедово Езеро'' , Нина е неговиот прв избор. Сепак, таа има конкуренција кај новодојдената балерина Lily (Mila Kunis). Додека Нина е совршена за улогата на Белиот Лебед, Лили го олицетворува Црниот Лебед. Со оглед на тоа што ривалството меѓу двете танчери се трансформира во изопачено пријателство, темната страна на Нина почнува да се појавува...

    Рецензија

    Natalie Portman совршено ја игра својата улога во овој филм, но најважно од се, ни покажува една многу важна лекција која не смееме да ја игнорираме а тоа е дека совршенството си има своја цена и додека некои не се откажуваат, други сметаат дека се подготвени да го жртвуваат својот живот и своето вистинско себе за совршеноста.

    Оценка: 10/10


    [​IMG]
     
    На ivimis, YoungandBeautiful, Mayyya и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    King Arthur: Legend of the Sword (2017)

    [​IMG]

    Како фан на Гај Ричи, можам да кажам дека немам изгледано лош филм од него (не, тој со Мадона не го имам гледано :D). Сѐ до сега. Океј, не беше филмов лош, ама беше далеку од добар и од она што генерално сме навикнале да го гледаме од Гај Ричи.

    Легендата за кралот Артур, иако е опсежна, детална и исклучително интересна, се покажала како криптонит за филмската индустрија. Имам гледано неколку филмови направени на оваа тематика и сите биле или исклучително лоши, или само ужасни, или едвај подносливи. И искрено, не сфаќам зошто е тоа така.

    Најновата верзија на приказната за Артур во доста елементи отстапува од легендата, но основната приказна е мање-више задржана. Моргана воопшто ја нема, Мерлин исто така, Утер е претставен како благороден херој, многу од витезите од тркалезната маса не се појавуваат. Сфаќам дека би било досадно да ја гледаме цело време истата приказна од легендата, дословно пренесена од А до Ш, во сите филмови кои се снимани на темава, но мислам дека можеби изборот на ликови и настани во ова видување на ликот и делото на Артур од страна на Ричи и не беше баш најсреќен.

    Друга работа која ми сметаше е што видно недостасуваше заштитниот знак на Гај Ричи во филмов. Имаше неколку кратки сцени кои го носеа неговиот препознатлив печат, но генерално филмов изгледаше како да е режиран од било кој рандом режисер. За разлика од сите негови претходни филмови, кои после само 10-ина минути гледање можевте да препознаете дека се негово дело, во овој филм отсуствува трејдмаркот на Гај Ричи.

    Доволно е да кажам дека филмов почнува со сцена со битка во која се појавува џиновски борбен слон – нешто што би го очекувал да го видам во 300 на Зак Снајдер, но не и во филм за средновековна Англија и кралот Артур.

    Талентите на глумци како Ерик Бана и Џад Ло беа целосно залудно потрошени, а од новите актерски фаци кои ги видовме, никој не се истакна доволно за да ми го привлече вниманието.

    И покрај сѐ што изнакажав, King Arthur: Legend of the Sword не е лош филм сам по себе. Напротив, просечен или можеби и малце над просекот е. Но кога ќе го споредиме со останатите филмови на Ричи, тогаш да, лош е, и тоа како.

    Не е тајна дека Гај Ричи не е оригинален во своите креации веќе некое време – почнувајќи со неговата ревизија на Шерлок Хомлс, завршувајќи со неговото претпоследно чедо – The Man from UNCLE, кој е базиран на серија од ’60-ите. Но разликата е во тоа што овие филмови, иако не беа оригинални и авторски креации на Ричи, сепак беа интересни, возбудливи и забавни филмови – добри, ако не и одлични филмови сами по себе.

    За жал, King Arthur: Legend of the Sword не може да се вброи во неговите успешни адаптации.

    Оцена: 7
     
    На YoungandBeautiful, Mayyya, calliope и 6 други им се допаѓа ова.
  16. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.650
    Допаѓања:
    29.333
    Пол:
    Женски
    Alien:Covenant(2017)
    [​IMG]
    Како голем фан на Алиен филмската франшиза, и prequel-от Прометеус, со навистина големи очекувања бев за филмов. Се надевав дека приказната ќе ја однесат повеќе кон откривање за Еngineers, како ги создале луѓето, и зошто потоа ги создале суштествата за да ја уништат човечката раса. Ама филмов отиде во друг правец, и многу повеќе наликуваше на типичен Алиен филм. И ми беше разочарувачки. Баш можеше да се направи многу добра приказна, и се надевам дека во наредното продолжение ќе се открие целата мистерија околу engineers и ќе биде подобар. Инаку вака како филм, за љубители на sci-fi/хорор е добар, одлично е направeн, да немав толку високи очекувања верувам дека многу повеќе ќе ми се допаднеше. Ама вака како што е и со оглед на тоа дека последните 30 минути беа крајно предвидливи има 7/10
     
    Последна измена: 11 август 2017
    На Acka22, Mishela, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    large_uamhDQBebdW3UQqOaVmma3yW8pm.jpg

    Стручњак за ретки книги од Њујорк, Борис Балкан го ангажира Корсо ( Џони Дееп ) во мисија за да ја открие автентичноста на книгата и да ја спореди со другите две копии кои се наоѓаат во Европа. Таа книга содржи упатства за контакт со Ѓаволот. Кога ке ја земе книгата и ке почне истрагата ќе почнат да се случуваат бизарни работи и постојано ке налетува на една непозната девојка.
    Филмот ме држеше во неизвесност цело време .
    Препорачувам 9/10
     
    На Arendelle, Mayyya, azelea и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    96.843
    The heartbreak kid (2007)
    upload_2017-8-13_18-20-33.jpeg

    Една од оние комедии кои би можела да ги гледам одново и одново. Кој е за час и половина добра смеа, забава и стварно урнебесни комични сцени, нека го пушти.

    A date with miss fortune (2015)
    [​IMG]

    Многу му се мислев дали да го пуштам бидејќи глумците не ми беа познати ама трејлерот ми беше примамлив па на крајот сепак решив да го гледам. Слатко филмче кое ја прикажува љубовта меѓу Мариjа и Џек, а во средина е португалското семејство на девојката кое е доста традиционално (таа истотака) и е до последно против нејзиниот избраник кој по нив мора да е Португалец и добро да ја познава Португалија. Лесен за недела попладне :).
     
    На Ane-Goki1, joy1, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Brimstone
    [​IMG]

    Уф...:sweat:
    Моја прва реакција на филмов.
    Младата Џоана бега од својот очув ,кој е садист и религиозен фанатик.
    Но,филмов почнува наопаку,фактички од претпоследниот дел,за да дојде сепак до некој крај.Снимен е во вестерн жанр,но тоа не ја намалува тензијата.Не би да ја раскажувам содржината зашто од една страна може да се раскаже во две реченици,но напнатоста,чувството на гадење,некои одвратни сцени,ежењето на кожата не се опишува.Ако имате добар желудник и може да гледате такви сцени кои не се многу но доволно да те здрмаат.Препорачувам.Дакота ме изненади со глумењето.
    8/10
     
    На Mayyya, joy1, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    IMG_9177.JPG
    Taxi driver
    Култен филм од '70тите,
    Младиот Травис е депресивен, осамен и пати од несоница. Ќе успее да се вработи како возач на такси, во доцните часови ќе превезува патници низ гнасните улиците на Њу Јорк каде владее проституцијата.

    Случајно ќе ја запознае преубавата Бетси и ќе се заљуби. Начиот на кој и се додворува ми изнуди насмевка на лицето.

    Дали ќе успее да го освои срцето на Бетси и дали ќе се исплати неговиот труд во борбата против проституцијата останува да погледнете.

    Глумците се одлични, толку многу природни и убедливи во својата улога.
    Де Ниро бил доста згоден :) IMG_9178.GIF

    10/10
     
    На Pleiada, YoungandBeautiful, Mayyya и 3 други им се допаѓа ова.