Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Aftermath
    Шварценегер е човекот кој ја губи својата фамилија во авионска несреќа и животот му станува празен и без смисла. Очекував акција да има во филмот, истраги откриени завери нешто било што ама ова стварно беше тапа.
    [​IMG]
     
  2. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    Southpaw_poster.jpg
    Филмот е приказна за еден боксер (Били) кој потекнува од Њујорк, и е шампион во својата категорија. Неговата сопруга (Морин) исто така потекнува од Њујорк, и имаат една ќерка. Финансиски добро стојат, ама Морин го наговара Били да ја заврши својата кариера. Еден млад боксер во обид да го убеди Били на борба, ќе успее да го изнервира Били и тогаш се ќе отиде во незамислив правец...
    Да не откривам што ќе се случи, филмот вреди да се погледне
    10/10
     
    На buba4e89, Мис Стоун, Ane-Goki1 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    A Stork's Journey
    Кој е љубител на вакви филмови им го препорачувам, многу е топол и интересен. 10/10
    [​IMG]
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    96.836
    How to be a latin lover (2017)
    [​IMG]

    Четириесет и шест годишниот жиголо после 25 год. брак е избркан од неговата вртоглаво богата осумдесетгодишна жена, која ќе го замени со уште помлад од него. Останат на улица, без желба и способност ништо да работи, оди кај неговата сестра која живее со својот син, а кои тој ги нема видено со години. Додека е таму активно бара нова богаташка која ќе го земе под своја закрила, а во меѓувреме после толку години конечно ќе сфати колкаво е значењето и топлината на семејството кое тој одамна го напуштил во замена за луксуз и лагоден живот.
    Препорака од мене, одличен!

    The kids are all right (2010)
    517GzGn43EL.jpg

    Приказна за едно неконвенционално семејство во кое работите никогаш повеќе нема да бидат исти откако двете деца тинејџери ќе одлучат да го запознаат донорот на сперма или нивен татко и ќе го претстават на своите мајки. Убава актерска екипа, солиден филм.
     
    На boomsleng, joy1, Mayyya и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.021
    Пол:
    Женски
    Gulliver's Travels (2010)

    [​IMG]

    Ми ги надмина очекувањата.
    Очекував да е глупава комедија и излезе уште поглупава комедија.

    Филмов е базиран на истоимената книга од Џонатан Свифт, хумористично-сатирична претстава за англиското општество во 18 век, како и целокупно исмевање на човечката споспобност да доделува моќ онаму каде што смета дека треба, притоа заборавајќи да ја гледа целосната слика.

    Од друга страна, адаптацијава од пораката извлече глупава романтична приказна, уште една глупава романтична приказна, целосно игнорирање на половина книга, очајни greenscreen сцени, уште поочајни обиди за комедија и секако, „најинтересната“ сцена во филмот, гасењето пожар со помош на урината на Џек Блек. И сето тоа заврши со... песна. Тоа беше моментот кога го исклучив филмот. :D

    Патем, зошто имам чувство дека целиов филм бил направен единствено за да ја има сцената со мочањето?

    Како и да е...
    [​IMG]
     
    На boomsleng и Mayyya им се допаѓа ова.
  6. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.712
    Допаѓања:
    2.924
    [​IMG]



    ''Everything, Everything'' (2017)

    7/10

    Снимен според истоимениот роман „Се`, баш се`“ од Никола Јун.

    Се работи за приказна во која девојката (Меди) е заболена од ретка болест поради која никако не смее да го напушти својот дом - живее затворена во куќата заедно со мајка ѝ, а дозволено ѝ е да влегува единствено на Роза, ќерка на нејзината негувателка, која се грижи за неа. Тие мораат да поминат низ разни „ритуали“ пред да влезат во внатрешноста од куќата.


    Меди поминала цели 18 години затворена, дружејќи се со книгите, интернетот и цртањето... Еден ден, сосема неочекувано во соседната куќа ќе се всели ново семејство. Таа, стоејќи на прозорецот од својата соба и мечтаејќи да излезе надвор, ќе го примети најмладиот машки член од новонаселеното семејство - Оли. И - веднаш се заљубува во него, иако не знае што е тоа љубов...

    Дали Оли ќе успее да допре до неа? Како би можела да опстане една љубовна врска, доколку не смее да дојде до никаков физички контакт? Секоја прашинка би можела да ја убие Меди....


    -------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

    Приказната некако ми беше и нова и не баш... Се гледа дека режисерски се потрудиле да тоа изгледа малку помодерно и поинаку, и , успеале... Иако не до совршеност. На моменти, се` ми изгледаше некако пластично, највеќе мајката, а понекогаш дури и главниот лик, Меди. Дечкото глуми предобро и совршено му стои улогата!

    Давам оцена 7/10 поради тоа што филмот баш не ми го задржа вниманието како што би требало - често премотував некои досадни сцени. Иако, рака на срце, крајот ме изненади. Сигурен сум дека сите од вас ќе бидат изненадени...

    Како и да е, се работи за добро филмско освежување. Еден сосема обичен филм со необична приказна... Од типот на оние филмовите за млади, кои , едноставно... Релаксираат! Такви филмови многу сакам, ме потсетуваат на минатото и на убавите денови...


    Препорака од мене, ем затоа што е нов, ем затоа што е добар!


    P.S. Кога го пронајдов филмот за гледање, не ни знаев дека е веќе на мојата листа на чекање... Ниту пак дека постои ваква книга. Се воспостави дека книгата ја има преведено и на македонски јазик - денес случајно ја видов во една книжарница и насловот ме потсети на филмот кој го гледав вчера - и откако ја разгледав - сфатив дека станува збор за истото нешто... Не можам да кажам дали филмот е подобар, или, пак, книгата...
     
    На boomsleng, sweet-cherry, Emy867 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.949
    Допаѓања:
    81.260
    Пол:
    Женски
    The Lure (2015)
    [​IMG]
    Сакав да гледам некој Европски филм затоа што ми имаат оставено некој поинтересен впечаток и не се со секојдневна тематика.
    Епа, не секогаш, би рекла. Некои лоши избори скапо се плаќаат - јас изгубив час и половина за смешка. :D
    Филмот е „микс 2015“ и обработува повеќе (лошо формулирани) тематики. Инаку е драма, мјузикл со примеси на хорор и јас како многу голем коркач, можам со сигурност да ви потврдам дека нема ниту „х“ од хорор.
    Освен ако заматени очи и изразени вамп-песјаци забиени во нечиј крвав врат се сметаат за хорор. :^)

    Нејсе, да се вратам на приказната. Интересна замисла, но лоша реализација. Би рекла дека е обид за реинтерпретација на Малата Сирена на еден поморбиден начин.
    Дејството се случува во текот на осумдесетите години на минатиот век и ги опфаќа животите на две сестри сирени-вампирки (Златка и Сребра :rofl: ) кои ќе ги пронајде и посвои просечна фамилија и од сирени ќе станат придружни вокали (и стриптизерки, меѓу другото) на главната пејачка во локален ноќен клуб.
    Сребра ќе се заљуби во басистот на бендот, но затоа што симпатиите не се обострани, се решава да направи жртва која дебело ќе ја плати. Златка за разлика од неа, преминува на д дарк сајд и фура свој филм откако ќе се пронајде во the bad guys.
    Останатото може да се погледне за да се долови впечатокот.:D

    Многу голотија, многу крв и неколку нелогични сцени. Ми се допадна Полскиот јазик - многу жуборлив и мелодичен, доста работи беа лесни за разбирање и мелодиите (а и вокалите) беа многу певливи и пријатни за слушање. :)
    Без сомнеж главната порака го вметнува култот кон женското тело, неговата перцепција и претерана сексуализација во туѓите очи.
    Од мене ќе добие пролазна студентска 6ка, затоа што приказната и пораката која ја крие во себе ми се допаднаа многу, но не и спојката на сè заедно како целина.
    Неуспешна реализација. (n)
     
  8. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.474
    Допаѓања:
    5.197
    Пол:
    Женски
    Се надоврзувам на твојата рецензија. Прилично истиот впечаток го остави и кај мене.
    Лесно летно филмче, Ништо форсирано, ништо напнато. Препорака и од мене.

    Исто мислење делиме и за оцената :D 7/10
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.639
    Пол:
    Женски
    The Pink Panther 2 (2009)

    [​IMG]

    Првиот дел мислам одамна го имам гледано, денеска вториов го фатив на Сител :D
    Високобуџетна комедија со многу актерски ѕвезди, во која „дрим тим“ составен од откачениот Жак Клузо и уште неколку (исто толку откачени :D) детективи од различни краеви на светот го решаваат случајот со повторно украдениот Пинк Пантер дијамант и други скапоцени историски артефакти.
    Доста клише пародија на детективските улоги, со смотан детектив со broken English којшто се брука и прави хаос штом се појави некаде, ама Стив Мартин е легенда комичар и создаден за вакви улоги :D Полн е со урнебесни сцени што ме изнасмеаја.
    Како за неделно опуштање и плус што одамна немам изгледано некоја комедија, 7/10 :D
     
    На boomsleng и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  10. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    The soloist (2009)
    [​IMG]

    Се работи за музичар кој боледува од шизофренија и останува без дом. Натаниел Ајерс одлично свири на чело, кој е откриен од страна на новинарот Стив Лопез кој работи во LA Times. Оцена 7/10
     
    На joy1, boomsleng и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  11. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Brimstone
    http://www.imdb.com/title/tt1895315/?ref_=nv_sr_1

    [​IMG]
    Од моментот кога нов свештеник ќе стапне во црквата во нивното село, немата бабица Лиз знае дека таа и нејзиното семејство се во голема опасност.

    Краткиов опис баш и не доловува многу, а и општо не сум фан на вестерн сетинзи, па зедов да го гледам филмов најмногу поради Кит Харингтон, и без некои други, големи очекувања.
    Не знам зошто во последно време владее општо мислење дека филмовите, за да бидат добри, треба да се ужасно долги, зошто воопшто не е така; филмов трае 2 ипол часа и беше измачување да се одржи вниманието толку долго, што само и штети на инаку добрата приказна.
    Освен непотребно долгото времетраење и две ситни нелогичности кои се занемарливи, други поголеми замерки и немам, а одличната глума и потресната приказна за мене го направија филмов скоро одличен.

    Преку 4 поглавја: Revelation, Exodus, Genesis и Retribution, се раскажува животот на Лиз; првата е во сегашноста, по што скока назад во времето на нејзината адолесценција, потоа уште поназад, во детството и ран пубертет, за да се врати повторно во сегашноста и на крај да покаже и дел од иднината.
    Потресната приказна за едно изопачено толкување на библијата, и слепо верување во оној кој истата ја проповеда, вклопено со маестралната глума на во прв план Гај Пирс и Дакота Фенинг, прави да во моменти не ви се верува што се случува, на моменти да ви се гади, и најчесто да ви се накостреши секое влакно.
    Бримстон е полн со христијански симболизам, многу крв, насилство, проповедање, оган и уште крв, што создава една мрачна аура на и онака сивата кинематографија и монструозната приказна.

    Признавам дека во првиот половина час од филмов малку ми немаше логика што гледам, но потоа етапно се откриваат причинско-последичните врски на секој лик и настан, и излезе дека времето потрошено на гледање на филмов не ми било залудно.
    Препорачувам.
     
    На Mayyya, Bender Rodriguez и boomsleng им се допаѓа ова.
  12. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Dracula: dead and loving it
    10/10
     
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Oldboy
    [​IMG]
    Бизнисменот Даесуох една вечер се напива и од полициската станица го собира неговиот најдобар пријател.Но истата таа вечер е киднапиран од непознато лице и затворен во соба цели 15 год.За тоа време вежба,пишува дневник и се обидува да побегне.Солидно е хранет и редовно дрогиран.Единствен поглед кон светот му е тв преку кој дознава за бруталното убиство на својата жена и посвојувањето на својата ќерка.По 15 год необјасниво е ослободен на покривот на зграда.Следејки ја својата желба да го открие својот киднапер,пред еден ресторан добива новчаник полн со пари и мобилен телефон.Во ресторанот ја запознава девојката Мидо.Јадејки жив октопод се онесвестува и Мидо го прибира во својот стан.Кога се освестува на тел.му се јавува Вулин кој го условува ако за 5 дена не го открие тој ќе ја убие Мидо.Ракавицата е фрлена.
    Следи откривање на затворот и поминувањето на неколку страсни ноќи со Мидо,но...
    Се открива и неговата грешка од младоста кога проговорил за инцестната врска на Вулин со сопствената сестра ...и неговата вина за нејзината смрт.Но Вулин му дава фотоалбум во кој открива дека Мидо е всушност неговата ќерка.За да не дознае Мидо за случајната инцестна врска си го пресекува јазикот.Вулин ја губи опкладата и се самоубива.
    На крајот Даесуох се обидува со хипноза да го заборави минатото.
    Брутален и мачен филм.
    8/10
     
    На Pleiada, DzingrlakaDzikica и Acka22 им се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.386
    Пол:
    Женски
    Го гледав вчера. Значи како што знаат шпанциве да направат трилер, никој не знае.
    Приказната е таа што држи внимание цело време. А и Марио Касас исто така иако е малце арогантен како лик ми се допадна.
    10/10
     
    На ackaaa91 и Elen4e_sonce им се допаѓа ова.
  15. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Raw (2017)

    Иако го предложив во ФФФ, не можев да дочекам и го гледав. Ах од каде да почнам... Иако ова првенче на младата режисерка Julia Ducournau навидум изгледа како уште еден канибалистички модерен хорор всушност ни раскажува coming-of-age приказна на баш необичен и тешко сварлив начин. Посебно за оние со „слаб“ желудник.

    Започнуваме со првиот студентски ден на послушната Џастин која сака да биде ветеринар, како нејзините родители. Уште на почеток лесно може да се забележи дека цела фамилија фураат вегетаријански лајфстајл и дека нејзините родители се строги и ја контролираат. Студентскиот дом е гнасотија права, постарите студенти ги малтретираат помладите, па згора на сѐ мора да дели соба со геј цимер. Со голема несигурност и желба да се вклопи наоколу едвај преживува некако сѐ до моментот кога поради еден језив традиционален ритуал е принудена да касне жив зајачки џигер. Оттаму, започнува нејзиното „будење“...

    Она што мене ми се допадна е тоа како режисерката на екстремен начин ни го доловила сексуалното будење не само на Џастин туку и на другите студенти околу неа. Млади кои ги тестираат границите на нивниот идентитет па така налетуваме на тип кој е опседнат со мајмунски секс, друг кој има желба да лизнува очно јаболко, гејот да се испробува како хетеросексуалец итн. Главниот лик и покрај нејзината невиност не мисли дека е жртва туку дека едноставно е „просечна“. Содржината чепнува само мал дел од она монструозното што сите ние го криеме длабоко во себе.

    Филмот изобилува со мноооогу гадни крвави сцена (ова доаѓа од човек што го има гледано Српски филм). Препорачливо е да немате грицки пред себе додека го гледате, освен ако не сакате го исповратите оној што седи покрај вас. Би го препорачала на сите хардкор филмомани кои уживаат во квалитетни европски парчиња (хехе, get it?).

    9/10
     
    На Bender Rodriguez, zhap4e и theunforgiven им се допаѓа ова.
  16. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.712
    Допаѓања:
    2.924
    [​IMG]


    '' TO THE BONE '' (2017)

    Филм на Netflix.

    Накратко: Се работи за тинејџерка која боледува од анорексија и се бори со оваа болест. Всушност, дали и навистина ја сака таа борба или, пак, можеби нема доволно причини за да продолжи да живее? Дали ќе се појави некој/нешто што ќе и ја разбуди желбата за постоење? Ќе успее ли да ја победи болеста или ќе ѝ се предаде?

    Уште еден од оние топли филмови... Од оние кои нема да ти станат досадни и тоталка ќе те изрелаксираат, натажат, насмеат... Од се` по малку.

    8.5/10

    Препорачувам!
     
    На Someonespecial, boomsleng, Nedalija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Annabelle creation
    Анабел повторно стапува во акција после 12 години од кога едно мало девојче ќе го загуби животот, нејзините родители ќе поканат група мали девојчиња во нивниот дом. Овде ги очекуваат доста непријатности. Првиот дел некако повеќе ме плашеше, ама не е лош и овој.
    [​IMG]
     
  18. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    Awake (2007)
    Млад богаташ кој што има “анестетичка свест“ и се наоѓа буден и свесен, но парализиран, за време на трансплатација на срце. Неговата мајка се бори со сите за нејзиниот син, и се обидува да ја открие тајната на неговата сопруга. Искрено јас многу емотивно го доживеав филмов, можеби затоа што сум го доживеала тоа (за време на операција ги слушав што зборуваа докторите).
    Сите настани ми беа неочекувани, никако не можев да го претпоставам крајот.
    8/10
    c1ba08a8a3e45704a088a4b3307bf6c6.jpg
    Letters to Juliet (2010)
    Софи сонува да стане писателка и патува во Верона по инспирација, и таму ќе ги запознае „Секретарките на Јулија“. Праќањето на одговор на едно старо писмо, ќе им го смени животот на примачот и на неа.
    Убав, роматичен филм со порака дека вистинската љубов никогаш не умира.
    10/10
    download.jpg

    Gifted (2017)
    Се работи за млад асистент, кој што по самоубиството на својата сестра, ја посвоил неговата внука. Девојчето има потенцијал на математички гениј, кој што неговата баба сака да го искористи. Следува борба за старателство. Девојчето е преслатко и убива со својата глума.
    8/10
    Gifted-movie-banner-poster.jpg

    Like Cats & Dogs (2017)

    Двајца млади додека се на одмор мора да ја делат куќата во која што престојуваат. На почеток не се поднесуваат, а подоцна се раѓа љубов меѓу нив.
    Убава роматична комедија, лесна за гледање и позитивно расположение.
    10/10
    MV5BMzBjMWY2ZjctODIwYS00Y2Q2LWIxN2QtZGQyY2E1Yjc2MmJhXkEyXkFqcGdeQXVyMjg1ODA0ODA@._V1_.jpg
     
    На buba4e89, Acka22 и boomsleng им се допаѓа ова.
  19. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    Unknown-2006.jpg
    Филмот е мистерија/трилер и се работи за група од 5 киднапирани мажи кои се будат во некоја стара фабрика, и неможат да се сетат како стигнале таму. Собирајќи информации околу нив, дознаваат дека некои од нив се киднапирани, а некои се дел од киднаперите. Тие одлучуваат дека мора да работат заедно, за да успеат да избегаат пред да дојде криминалната банда која ги заробила таму.
    7/10
     
    На Acka22, blackpanter и boomsleng им се допаѓа ова.
  20. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.712
    Допаѓања:
    2.924
    [​IMG]

    10/10


    Wonderful !!!

    Вистинска штета што има толку мала гледаност со оглед на гласовите на IMDB.

    Овој филм е толку топол, толку убав... Просто, те тера да сакаш да гледаш уште, и уште, и уште... Толку релаксира, толку умее на посебен начин да те насмее, да те растажи, да те замисли... Прекрасна приказна! И поучна, секако!

    Прекрасно!

    Ништо повеќе нема да кажам, освен тоа дека тотално го препорачувам!

    Филм за секој !
     
    На Acka22 и boomsleng им се допаѓа ова.