Се работи за две сестри кои се заглавуваат во базен. Филм кој е полн со адреналин. По жанр е хорор, ама нема толку престрашни сцени. Го препорачувам. Во некои сегменти е малце монотон, ама во целост е предобар.
Повеќе нема да имам време за филмови, па денес ги погледнав тие што ги имам свалено пред неколку недели. Kidnap (2017) Очекував нешто повеќе од филмот според видеото што го гледав за него, повеќе акција и раздвиженост на ликовите и настаните, за се да се одвива превише лагано по мој вкус како филм кој е исцениран за киднапирање на дете и после таква најава. Станува збор за разведена мајка, Карла која ја глуми Хели Бери, која работи како келнерка во мал ресторан и е во тешка финансиска сотојба. Додека таа работи син ѝ е со неа во локалот и чека да и заврши смената за да го однесе во парк. Но иако нејзината смена најавила дека нема да дојде, нема кој да ја замени па таа мора да работи уште неколку часа а во меѓувреме ќе наидува на нетрперливи и дрски клиенти. Кога одат во паркот таа го надгледива и повремено се довикуваат со "Марко"- "Поло" меѓу себе, се додека таа не добива повик каде и соопштуваат дека таткото сака старателство. Па кога ќе каже "Mарко" и нема да одбие одговор таа сфаќа дека нешто не е во ред и почнува да го бара. Син ѝ постојано со себе носи диктофон со кој снима, и таа ќе го здогледа на клупата каде што седел, а на него е снимен разговорот со жената која учествува во киднапирањето. Тие формирале мрежа и организирале трафик на деца, со Франки заедно ќе има уште две други девојчиња, а има деца кои се киднапирани пред неколку години. Ќе види како син го ставаат во кола и започнува потерата. Уште пред да се качи во кола таа го губи телефонот на паркингот, па нема како да се јави во полиција. А ќе слушне подоцна на радио како на нејзиниот опис во пракот е пронајдено дете. Така таа е препуштена сама на себе. Кога ќе стигне до полициска станица ќе здогледа објавени плакати за други деца кои ги нема од 2001ва, и знае дека ако седи и чека како што и кажуваат, можно е никогаш да не го види син ѝ повторно. Па продолжува повторно сама и доаѓа до адресата каде е син ѝ и успева да го спаси. Морам да кажам дека има одлична глума во филмот, ама ми одеше споро некако. На iMDb е оценет со 6, јас би дала 7 затоа што Хели игра улога на паметна жена која е свесна за сите случувања и ниту за еден момент не губи контрола. Atomic blonde (2017) Шарлиз Терон е една од подобрите глумици кои скоро да немаат утка со своите филмови и е секогаш на ниво. Не е ништо поразлично во овој филм. Снимен е во Берлин и е илустриран во периодот на Студената војна и Берлинскиот ѕид. Постои листа со имиња на сите агенти во Советскиот сојуз и на неа има име на двоен агент. Агенцијата за разузнавање(SIS или MI6) има агент кај кој е листата, но го убива Јури, агент на Комитетот за државна безбедност на Сојузот, и ја зема со себе. SIS во соработка со CIA, од Лондон ја испраќаат неа за да ја земе листата посочувајќи ѝ да не верува на никој, а може да соработува со Дејвид. Од самото излегување од аеродромот во Берлин, некој ги знае нејзините планови и се труди да ја саботира. Ја следи и француски агент, Делфин, со која подоцна ќе биде во врска и личност која има слики и знае кој е предавникот. Двојниот агент ја зема листата која всушност е видео во рачен часовник, откога ќе го убие Јури, и започнува соработка со русинот Александар, ветувајќи му дека ќе му ја предаде нему. Ама во меѓувреме Лорин ќе ја дознае целата сторија и ќе го убие, одма после убиството на Делфин. И се договора она да му ја предаде листата на Александар, како двоен агент. Таа е троен агент и сѐ враќа во Лангли. На iMDb мислам дека филмов има 7 и нешто како оцена, јас би му дала солидна 8ка. И ми останува Creed, одамна сакам да го гледам. Што се подразбир кога Силвестер глуми. Вечерва ќе завршам и со него, па можеби ќе споделам импресии и ќе се надополнам тука.
Првата сцена од филмот започнува со жена која се буди во кревет покрај еден маж. Таа е збунета и дезориентирана. Тој и објаснува дека е сопругот Бен, и дека и се случило несреќа и има амнезија. Секој ден кога се буди, не се сеќава на ништо, па дури ни на претходниот ден. Секој ден нејзиниот доктор кој се обидува да и го врати сеќавањето, и се јавува на телефон и ја потсетува дека има камера каде што сама си остава пораки. Последната порака на камерата е да не му верува на сопругот. Сплет на околности, се на се интересен филм. Ме држеше во неизвесност. 9/10
http://m.imdb.com/title/tt6113488/ The case for Chris.Млад брачен пар живеат како атеисти,се додека на вечерата во ресторанот нивната керкичка почнува да се гуши,и една сестра и го спасува животот.Мајката почнува да верува во Бог,и започнуваат нивните брачни проблеми,нејзиниот маж кој е новинар и писател ке се обиде да докаже дека библијата е лага. 9/10 моја отцена
Филмот е .. уф језив . Главниот лик е порно глумец , но и фамилијарен човек . Добива понуда да сними високобуџетен порно филм , режисерот на филмот е брутален во барањата , додека пак главниот лик не може да ги гледа сите тие крвави и безмилосни сцени . Незнаејќи што го чека , ја прифаќа понудата за да го сними филмот и отткуа почнува неговото патешествие помеѓу границите на нормалниот начин на снимање на овие филмови и екстремно ненормалните замисли на режисерот кој го ангажира главниот лик . Бруталност , инцест , насилство , убиства изобилуваат во филмот . Не го препорачувам на луѓе со слаб желудник .. Spoiler Искрено мене многу ме потресоа сцените каде главниот лик под дејство на дрога ги силуваше сопствениот син и сопруга , притоа не знаејќи дека голите задници се всушност на жена му и син му ( беа издрогирани и прекриени со чаршав од главите до половината ) . Кога главниот лик се " освести " што направил , заедно со жена му ги убија сите кои беа вклучени во бизарното снимање на филмот , за потоа и да се самоубијат .
Џон Бренан и неговата сопруга Лара имаат совршен живот, се додека не ја затворат Лара за убиство на нејзината шефица. Џон се обидува да го држи семејството заедно, го одгледува неговиот син и е професор на универзитет. Пробува на секој можен начин да ја докаже нејзината невиност, но кога ќе ја отфрлат нејзината жалба, на Џон му преостанува само едно - да ја извади од затвор. 8/10
The Hitman's bodyguard Интересна акција. Платен убиец ќе си добие приватен бодигард. Рајан Рејнолдс со задоволство го гледам во секој филм. Многу харизматичен глумец. А овој црнецов колку години направи, 70? Не старее и не... Само изборот на таа агентката не ми се допадна. Можеле друга да стават. Многу ми се допадна филмов. Има хумор и акција. Ви препорачувам. Кога Гери Олдмен е негативец нема лош филм.
Lion (2016) Филм снимен според вистински настан. Режисерот обработува една премногу моќна приказна за едно петгодишно дете во најсиромашните делови на Индија, коешто чекајќи го својот брат му се губи секаква трага... Освен моќната приказна преполна со емоции, филмов изобилува со прекрасна сценографија од Индија и Тасманија... Вреди да се гледа...
Љубовна приказна со Меди која има години и никогаш не излегла од дома поради тоа што има болеста SCID и нејзиниот нов комшија Оли кој и ја зголемува желбата да го запознае светот. 6/10 од мене поради тоа што има многу нелогичности во филмов, добро почна ама завршетокот.. I mean come on! Spoiler Девојкава има ретка генетска болест и ако се изложи на било каков вид бактерија големи се шансите да умре. Мајка и ја држи заклучена дома и никој освен нејзината негувателка и другарка и не може да влезе во куќата. Девојкава го среќава Оли, после некоја недела негувателкава го пушта кај неа дома да праат муабет еднаш, вториот пат се бакнуваат и она утредента повраќа... после бега од дома и иде на Хаваи и таму за малку умира за да дојде дома и да дознае дека немала уствари SCID и дека мајка е лажела за да ја задржи до себе и она да и се налути и да иде во Њујорк по дечко е и све супер последните 18 години ко да не постоеле... више не повраќа и не е на раб на смртта од кога дознава дека ја нема болеста..
ЏингрлакаЏикица го имаше предложено во ФФФ, ама, под претпоставка дека филмов не ќе победи поштено (ради непоштениот Пустец), освен при поштено ургирање/лобирање го изгледав. Иначе, француско-белгиски хорор (не мој омилен жанр) во кој глуми интересна млада актерка, Garance Marillier или Џастин. Џастин заминува на факултетот на кој, претходно биле запишани нејзините родители,на кој е запишана сестра и'. Накусо, семејството има цела традиција со тој факултет и случувањата таму. Принудена да ја следи традицијата на факултетот - плискање со крв, ритуал на јадење зајчји бубрези или што год, а која ја наметнуваат постарите студенти,меѓу кои и сестра и'... Џастин ќе ја открие својата огромна љубов кон месото. Во тој момент на гледачот и му станува јасно, оти сета фама околу вегетаријанството со што и почнува филмот. Фино прераскажана приказна (која, не би им ја препорачала на гадливите ), доста интересни сцени... интересно-чуден крај, но, некако слаба порака. Spoiler Очекував дека ќе има и таков момент - муабетот на таткото, но очекував нешто далеку помоќно од нешто кое те асоцира на тоа дека, this is it folks ти си таква, тоа е тоа... верувам ќе се снајдеш и ќе си пронајдеш љубов - некој од кого ќе се храниш. Буквално или фигуративно.. љубовта е еднострана пожртвуваност,радувај се што си јадачот. Гледајќи во каква состојба беше човекот...
What happened to Monday http://m.imdb.com/title/tt1536537/?ref=m_nv_sr_1 Предобра идеја, одлична реализација а глумата на главниот лик ме воодушеви . Филм кој не ме остави да трепнам, го препорачувам! 10/10
LA CARA OCULTA Шпански филм- драма. Девојка влегува во скриената соба во новиот дом, правејќи шала на својот дечко. Но, останува заклучена...... Интересен филм, ќе ве натера да се соживеете со девојката.. 8/10 EL CUERPO Исто така шпански филм- мистерија, трилер Тешка мистерија до самиот крај. Многу интересен и неочекуван расплет. Преубав, предобар филм. Вреди да се гледа. Гарантирам дека нема да биде губење на време 10/10
Perfect strangers (2016) Италијански филм кој се занимава со вечното прашање - дали вистински ги знаете најблиските? Филмот е драма комедија. Неколку пријатели се среќаваат на вечера за време на еклипса на месечината и решаваат да играат игра - да си ги читаат сите пораки кои ќе ги добијат на мобилните. И од таму клопчето се одмотува... Дејствието се одвива главно во една соба, но тоа не значи дека нема динамика, истражување на човечките односи, сјајна глума и интересни дијалози. Оценка 8/10
Вчера тато случајно го погледнал трејлерот на телевизија, и ме прашува како се пишува за да го свалам иако перфектно знае англиски. Ете ми занимација, според него. Па затоа наместо да разлистам тетратикте, го гледав Телохранителот на убиецот. The hitman's bodyguard (2017) Ова нема да биде типична рецензија како што давам јас, нема никакви реферати и информации овој пат, немам проверено ниту оцена на iMDb. Го свалив, и го гледав. Филмот е прекрасен. Акција. Ама имаше толку комични моменти. Ми требаше вакво нешто за да се опуштам. И Рајан Рајнолдс, ја пронајдов најновата љубов на својот живот... (не верувам што пишав, ми се гади кога се читам толку лигава ) Ќе си го додам подоцна во листата на селебрити краш. Станува збор за сериен убиец кој започнал да убива од тинејџерските години(мислам на 16, ако сум разбрала како што треба, не обраќав толку внимание на сите детали овој пат), кога го убиле неговиот татко свештеник додека тој го гледал настанот позади врата во црквата. Не ја оправдува одмазадата, ама било премногу долго за да ја чека правдата на Господ, па ја зел во свои раце. Од тогаш убива, но не и невини луѓе. Па кога рускиот претседател(мислам дека е претседател) ќе го повика и ќе му го каже планот во кој бара да се убијат и невини, тој одбива. Сега кога русинот е затворен во Амстердам, тој треба да биде донесен на рочиштето да сведочи против него. И тука почнуваат проблемите. И смешките. Како најкјут морам да ги издовојам реакциите за Форд-чињата. Повторно излезе реферат. И се сложувам со членката која пишала рецензија за филмов на пертходната страница во врска со црнецов. Заедно со неговата генерација одлично си ги носат годините, а глумата им е иста како и во минатото. Давам чиста 10ка без да ги премислувам критериумите. Гарантирам дека повторно ќе го гледам филмот во најскоро време. И морам да издвојам неколку цитати: "- It's almost boring. - And what's our motto? All: Boring is good" "The motherfu*ker's unkillable." "We were waiting for this?" "You fu*ked up when you shot my bodyguard."
Made of Honor Ова е забавна романтична комедија која навистина добро ќе ве насмее. Убаво покажува како изгледа машкото и женското пријателство и што мисли едниот пол за другиот. Плус јас сум гомем фан на Грејс Анатоми така да тоа беше само плус.
Everything, Everything (2017) http://www.imdb.com/title/tt5001718/?ref_=nv_sr_1 Да бидам искрена, филмов го симнав и гледав само зошто немав што друго да гледам, а во темава веќе видов дека неколку членки го гледале, па ајде. Толку е cheesy, и толку ништо си нема логика, живи глупости. Само зошто куќата беше најпрекрасна и се заљубив потполно во неа му давам 3/10. 7 Days in Hell (2015) http://www.imdb.com/title/tt3895884/?ref_=rvi_tt Ова е всушност документарец - пародија, за најдолгиот тенис меч на Wimbledon, кој траел 7 дена. Пародии на ништо обично не сакам, зошто ми се екстра глупави. Не дека и оваа е нешто подобра од било која друга, ама има смешни моменти, па како што бев нерасположена, а и онака трае само 40 минути па не ми одзема многу време, и зошто успеа да ме насмее давам 3/10. MI-5 (Spooks: the Greater Good) [2015] http://www.imdb.com/title/tt3321300/?ref_=rvi_tt При транспорт на терорист од страна на MI-5, тој успева да избега; човекот одговорен за пренесувањето е лажно обвинет дека го потпомогнал истото па мора да избега, и со помош на Will Holloway, млад агент кој ја напуштил организацијата, да го најдат терористот, да го спречат нападот на Лондон кој го планира, да го исчистат името на организацијата, и да најдат кој е предавникот во нивните редови. Фино филмче, ништо посебно, акционен трилер. Од мене 7/10.
The Godfather (1972) Дејството во филмот се случува помеѓу 1945-1955 и се однесува на „семејството“ на Вито Корлеоне и криминалните активности кои ги спроведува. Го прикажуваат и подемот на најмладиот син на Корлеоне, Мајкл кој учествувал во Втората Светска Војна и подемот кој го има во мафијашката имерија на татко му. 10/10 The Godfather Part II (1974) Во вториот дел од филмот Мајкал Корлеоне е претставен како новиот Дон на фамилијата. Тој се обидува да ги заштити семејните бизниси, а со тоа и нападите по неговиот живот од страна на другите фамилии. 10/10 The Godfather Part III (1990) Прикажани се нападите кон легалните бизниси на Мајкл Корлеоне, убиството на папата Џон Паул I и банкарскиот скандал на банката на Ватикан 1981-82. Убиството на бабата и банкарскиот скандал биле поврзани со Корлеоне. 10/10 Доколку ги немате гледано ви препорачувам да ги изгледате. Временски се долги филмови, ама нема да зажалите за потрошеното време. Се чудам како не сум седнала порано да ги гледам.
ДОМОТ ЗА НЕОБИЧНИ ДЕЦА НА ГОСПОЃИЦА ПЕРЕГРИН (2016) Жанрот на филмот е фантазија и авантура со многу паранормални појави Одличен филм за релаксација иако книгата е подобра 9/10