http://m.imdb.com/title/tt1469304/ Baywatch Незнам зошто го догледав до крај.Јас искрено би дала 4 отцена. Дури и глумата им беше некако безвеза а знам оти се добри глумци.
Brain on Fire (2016) http://www.imdb.com/title/tt3704700/?ref_=fn_al_tt_1 Филм снимен според автобиографијата на Susannah Cahalan, 21. годишна девојка со просперитетна кариера и успешен љубовен живот, чија здравствена состојба одеднаш се влошува до степен да прво станува психотична се до брзо развивање на евентуална кататонија. Куп доктори не сфаќаат што и е, се дури упорноста на еден искусен доктор не ја реши медицинската мистерија и не успее да ја спаси младата девојка, со тоа овозможувајќи и во иднина да може полесно да се дијагностицираат и лекуваат пациентите со ова ретко и тешко заболување. Препорачувам. To the Bone (2017) http://www.imdb.com/title/tt5541240/?ref_=nv_sr_1 Уште еден брутално искрен филм, овој пат за долгата и тешка битка со анорексијата, како и менталните предизвици кои таа ги носи со себе. Lily Collins е морбидно ослабена за прецизно да ја долови улогата на млада девојка со оваа болест, при што сцените каде е по долна облека качена на вага, како и некои сцени со други ликови кои се борат со оваа и слични болести може да бидат предизвикувачки за некои гледачи. Едукативен филм.
Тhe Ledge (2011) Американски трилер со интересна содржина, но според мене недоволно убаво разработена. Млад човек сака да изврши самоубиство на врвот од една зграда, а во меѓувреме полициски инспектор му се приближува и започнува разговор со него. Преку разговорот жртвата накратко го опишува својот живот и причините за ситуацијата во која се наоѓа. Има фини љубовни сцени. Мене добар впечаток ми остави Charlie Hunnam, главниот лик. Симпатичен ми е и некако дрска улога имаше во филмот која добро ја сноси. Дали полицаецот ќе успее да го предомисли останува на вас да видете. Оцена од мене 8/10.
The Hitman's Bodyguard (2017) http://www.imdb.com/title/tt1959563/?ref_=nv_sr_1 Епа кога не си пукнав од смеење. Со докажани актери како Ryan Reynolds и Samuel L. Jackson нема утка; всушност, не можам да се присетам на ниту еден филм со било кој од нив двајца кој не ми се допаднал - феноменални се. Акциона комедија. Телохранител од елитна служба (Ryan) останува без работа откако ќе биде убиен еден од неговите клиенти пред негови очи. Две години подоцна, платен убиец (Samuel) од затвор е повикан да сведочи против криминалот на белорускиот претседател, само што дури да стигне до судот има милион шанси да го убијат од заседа. Па, тука настапува телохранителот кој мора да се погрижи убиецот да стигне на суд. Кој сака малку да се посмее, обавезно го препорачувам.
All Eyez On Me (2017) Очигледно, во филмов е опишан животот на легендарниот Tupac и сите турбуленции низ кои поминал. Искрено, ќе беше поубав, ако беше со друг актер. Ликот му е too soft, и дури смешно ми изгледаше коа пробуваше да биди gangsta. Има некој тажен поглед, и баш заради актерот му давам на филмов само 6/10.
The Edge of Seventeen (2016) http://www.imdb.com/title/tt1878870/?ref_=rvi_tt Добра работа кога гледаш вакви филмчиња е што сфаќаш дека фала Богу си го надраснал сето тоа и си психички созреал. Лошата е што во 90% од филмот сакаш да му врзеш некоја шлаканица на главниот лик. Филм за тоа како на 17 години ти изгледа дека светот се руши околу тебе, дека твоите проблеми се единствени и најголеми, на сите околу тебе им е подобро и позабавно, ти немаш никој, а во исто време си очаен за внимание, не знаеш како да се зближиш со луѓе, правиш драма од најмали ситници. Сигурна сум дека ќе им се допадне на луѓе на таа возраст, мене - not so much. The Layover (2017) http://www.imdb.com/title/tt4565520/?ref_=nv_sr_1 Филмов од една страна е ултра деградирачки кон жените, а од друга е пак поприлично реален, ама најбитно од сѐ е фактот што е пресмешен, па мило ми е што се решив да го гледам. Мег и Кејти се најдобри другарки од детството, воедно и цимерки, на кои не им оди баш многу на професионален план, па одеднаш решаваат да заминат на краток одмор за да избегаат од секојдневните обврски и проблеми. Во авионот меѓу нив седнува згоден дечко кој инстантно им го привлекува вниманието на двете, меѓутоа поради дојави за приближувачки ураган принудно мораат да слетаат во едно гратче каде сите патници авио-компанијата ќе ги смести во ист хотел, и оттука почнуваат бројните урнебесни глупости кои девојките ги прават заедно и/или една против друга, борејќи се за вниманието на дечкото. Суптилната порака на филмов, е дали и колку се вистински пријателки, и што би направиле за пријателството. За опуштено попладне или вечер, проследено со доста смеа, препорачувам
Sausage party Немам коментар. Ваква глупост одамна немам гледано. Мислам отприлика знаев за што се работи ама пак не го очекував тоа што го добив.
The Silence of the Lambs (1991) http://www.imdb.com/title/tt0102926/?ref_=nm_knf_i1 Филмот е прогласен за национално богатство во САД и со право е. Фасцинантна глума на Антони Хопкингс и Џуди Фостер. Филмот е ремек-дело 10/10 http://www.fakulteti.mk/news/17-09-...stivnat_se_ushte_e_nenadminat_horor-film.aspx
Се' поретко ловам солидни драми од италијанската кинематографија, па во последно време и поретко ги гледам. И еве вака, задоволна, да ви ја препорачам драмава. Се работи за две семејства, на некој начин поврзани а посебен шмек на филмот му дава тоа што е снимен од аспект на повеќе луѓе. Од мене 9/10.
Те остава без здив до самиот крај, 90 минути како 9 поминаа. Добри филмчиња имаат Шпанциве. ИМДб Оценка - 8/10 Јас му давам - 10/10 За Марио.
Hide and seek 2007 7/10 Иако тешко се справува со губењето на својата сопруга Дејвид наидува и на друг проблем - неговата ќерка има невидлив пријател.
Професионален убиец ја напушта својата работа поради болест, и се стреми да се зближи со својата ќерка тинејџерка. Потоа запознава една девојка и работите не се одвиваат баш како што тој замислува 8/10
Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales http://www.imdb.com/title/tt1790809/?ref_=nv_sr_1 Од кога има добра снимка, а јас тек сега стигнав да го изгледам. Подобри ефекти од минатите делови, но полоша приказна. Смешен е, но не е тоа-тоа. Единствено Johnny Depp го вади филмов од калта бидејќи е незаменлив (и не, не го велам тоа зошто ми е вечна симпатија туку си го бива човекот за вакви ексцентрични улоги). Сѐ на сѐ, океј е за тепање време. Од мене 6/10.
Legend (1985) Визуелен рај. Откако принцезата Лили ќе направи непромислен потег, последниот еднорог е во опасност. Лордот на Темнината го сака неговиот рог за да неговата моќ биде бесконечна. Филм за херојството, триумфот на љубовта наспроти злото, чистотата, доблесноста. Исто и за балансот на природата. Со Том Круз, Миа Сара, Тим Кури (во улогата на Лордот на Темината). Саундтракот е прекрасен, ако не друго, погледнете го ради младиот Том Круз кој се движи на четири нозе тука.
Во свет каде што семејствата се ограничени на само едно дете поради зголемениот број на популацијата и ресурси се раѓаат идентична седморка и нивната мајка умира. За да се избегне од страна на властите да ги успијат во длабок сон, се води опасна борба за преживување. 9/10
И јас овој. Што жанр е филмов? Да ме насмеа, не ме насмеа, да беше некоја акција, па да ти го крене адреналинот, ни тоа... Ама затоа фантазија еден куп. Некако целата смисла на филмот беше изгубена со последниов дел. Ја немаше онаа пиратска вибрација, како во првите неколку дела. Приказната лоша, да. Улогата на Џони, океј како и секогаш, на другиве просечна, онака. Се гледа дека имаат вложено доста пари во филмов, ама можеле многу подобро. Затоа и од мене една 6ка. Битно, нè имаат спомнато.
Моја претпоставка е дека се категоризира како акција/авантура/фантазија. Проверив и на IMDb - и таму стојат тие три жанрови. Реално смешен ми беше само пиратот, пијан и луд како секогаш. Всушност, како и со многу други франшизи, последните делови не ги прават оти има многу логика, туку како начин да се домолзе кравата, зошто базирано на предходните делови, и сега ќе има кој да даде пари. А колку е за греота што the treasure of Macedonia е само - a troll of rotten wood