Дефинитивно преубав филм. 9/10 Neil Walker: In America I believe the ordinary meets the extraordinary every single day.
Дефинитивно преубав филм. 9/10 Neil Walker: In America I believe the ordinary meets the extraordinary every single day.
Alien: Covenant (2017) Најновото продолжение од Alien франшизата по малку пати од split personality disorder – од една страна, се обидува да биде филм со длабоки филозофски и егзистенцијални прашања како „Како настанало човештвото?“ и „Од каде потекнува животот?“, а од друга, сака да биде и мрачен сф-хорор. Резултатот е како да гледате два различни филмови паралелно – Prometheus 2 и Alien 5 – не баш кохезивен и по малку хаотичен наратив. Можеби најголемата моја замерка се должи на тоа што Ридли Скот го прекршува златното правило на хорор-филмовите, а тоа е „Никогаш не го покажувај чудовиштето целосно“. Мрачна атмосфера, силуети, сенки плус имагинацијата на гледачот секогаш можат да направат пострашен монструм отколку CGI, без разлика колку е добар. А Скот во Covenant ни ги прикажува alien-ите во полн „сјај“, на дневна светлина и резултатот е, како што можете да претпоставите, разочарувачки. Башка, само мене ли новите „бело на бело“ (бела боја во среде бел ден) alien-и ми изгледаа како чича Глиша со сперматозоид наместо глава? Во однос на генералната приказна, можам да кажам дека и таа е комбинација од предвидливи и клише ситуации и неочекувани моменти. Spoiler Она што мене лично ми засмета беше што главниот plot point беше т.н. neutrino blast кој го оштетува бродот Covenant и моментот во кој работите започнуваат да тргнуваат наопаку. Колку што знам, неутрина се честички кои секојдневно поминуваат низ Земјата (и луѓето, меѓу другото) без апсолутно никакви последици – затоа што се екстремно мали честички кои не реагираат со материјата туку едноставно поминуваат низ неа. Ваков пропуст за високобуџетен филм, од познат режисер, кој има аспирации да биде научно-фантастичен филм за мене е тотално незамислив. Сценава ми ги уништи барем наредните 10 минути од филмот кој ми поминаа во нервирање за ова. Мајкл Фасбендер е генијален во улогата на андроидот Волтер/Дејвид, додека останатата актерска екипа е прилично незабележителна – Кетрин Вотерсон дефинитивно нема да биде новата Сигурни Вивер, барем за мене. Од друга страна, од Фасбендер можеме да видиме од сѐ по нешто – монолози достојни за театарска сцена, рецитирање на песна од Шели, па и збунувачки долга сцена со свирење на кавал. Ако после гледање на филмов почувствувате дека многу прашања останале неодговорени, најверојатно сте во право. Испадна дека постои речиси 10-минутен пролог со нарација од Фасбендер во кој се поврзуваат настаните од Prometheus со Covenant, а останатите неразјаснети делови од приказната ги има во 3-часовно интервју со Ридли Скот – како на пример дека Исус бил од расата на Engineers, испратен на Земјата, а појавата на христијанството била единствената причина поради која Engineers се одлучиле да не го уништат животот на Земјата. I kid you not. Или, ако ве мрзи да го правите сето ова (или едноставно не ви е гајле), може да го почекате наредниот од prequel-ите, кој би требало да ја поврзе приказната со онаа во оригиналниот Alien и конечно да ни ги разјасни сите мистерии и одговори сите прашања. Или, познавајќи го Скот, да ги умрси работите уште повеќе. Оцена: 8 (воглавно поради Фасбендер) Baby Driver (2017) Најновото остварување на Едгар Рајт – режисерот на кинематографски бисери како Shaun of the Dead, Hot Fuzz и World’s End – е филм кој можам да го окарактеризирам со следниве зборови: акција, комедија, драма и мјузикл. Да, добро прочитавте, мјузикл. И со мирно срце можам да кажам дека е единствениот мјузикл кој ми се допаднал у животот. Најверојатно затоа што нема пеење, туку само одличен саундтрак – песни кои траат по цели сцени, без да ве здоболат очните мускули од превртување и без да ви се јави gag reflex. Приказната е следна: Млад дечко со извонредни возачки способности, познат само под прекарот Baby, се вплеткува со криминален мастермајд кој го користи како getaway driver за различни грабежи. Baby пати од тинитус (постојано зуење во ушите), поради што постојано слуша музика на својот ајпод. Работите започнуваат да се замрсуваат кога Baby ќе се обиде да излезе од криминалниот свет во кој западнал против своја волја, во моментот кога ќе ја сретне девојката од своите соништа. Освен Ансел Елгорт (за мене скроз непознат дечко), кој е одличен во главната улога, помеѓу „споредните“ актери ги имаме и маестралниот Кевин Спејси, Џејми Фокс и Џон Хам. Кога би морал да го споредам филмов со некој, тоа би бил Drive – но без намуртениот манекен Рајан Гослинг и неговиот став „ја сум душичка несфатена од светов“, без меланхоличниот саундтрак и со многу, многу повеќе акција и хумор. (Да не се сфатиме погрешно, и Drive е филм кој ми се свиѓаше. ) Ама генерално, филмов е толку свеж и оригинален, што реално друг филм со кој би можел да се спореди и не постои. И пак ќе речам – филм со одличен саундтрак и генијален избор на песни, кои совршено се совпаѓаат со секоја сцена. Сериозно, не можам доволно да го препорачам филмов. Оцена: 9
Се работи за љубов што се случува еднаш во животот. Но се појавува опасна болест, што не им дава шанса да бидат среќни заедно. Емотивен филм. 8/10
To the bone(2017) Филм за млада девојка која се бори со анорексија, која после неколку обиди да се излечи се одлучува да проба уште еднаш кај еден не толку типичен доктор. Кога ја видов Лили Колинс колку имаше ослабено за улогата бев запрепастена. Инаку и самата таа имала борба со анорексијата. Многу моќен филм, воглавно реално претставува како е да се бориш со оваа болест кога твојата перцепција за реалност е целосно изменета, а твоето семејство е комплетен хаос. Институцијата каде што ќе се смести имаше малку нереалности, но сепак е филм, па прогледав низ прсти. Од мене 8/10
Го гледав во автобус, со албански превод и ништо не разбирав. А плачев на крајот. Од што беше болна девојката?
http://m.imdb.com/title/tt1734493/ Алис е поранешна циа агентка,која се повлекла поради терористички напад во Париз кој не успеала да го спречи.Се појавува нов проблем и мораат да ја вратат.Ако продолжам да го раскажувам ке ви откријам многу работи. Од мене оцена 10
Незнам точно како се викаше болеста. Се појавувала кај стари луѓе, а таа беше многу редок случај. Почнуваше со заборавање, и на крајот нешто како склероза да не се сеќава на ништо, и на никого.
http://m.imdb.com/title/tt2989524/ Се работи за животот на надпросечно интелегентно девојче,повлечено и повредено од таткои и професорот од факултет кој ја искористил нејзината наивност и доверба. http://m.imdb.com/title/tt0120731/ Приказна за дете родено во брод напуштено од родителите.Го наога човек вработен во бродот и таму го израснува.Не го напуштил никогаш бродот дури и кога стана возрасен човек,пролжува да живее и работи на бродот како талентиран пијанист.Целата прикаска ја раскажува негов пеијател музичар исто како него.Доби искушение да се симне на копно кога се заљуби во една девојка.Понатаму гледајте го.Тим Рот го глуми човеков и секогаш ми се добри филмовите со него.
Hitman's Bodygard 8/10 Класичен филм со SAMUEL MADAFAKING JACKSON , акционен филм со тепање , убивање, експлозии , пцовки , агресивен хумор(не знам дали постои ваква етикета) , Самуел секој втор збор му е MOTHERFUCKER . Интересен е , претпорачувам да се гледа еднаш ако за ништо друго , за SAMUEL MADAFAKING JACKSON , за втор пат ќе се прашаме..
Gaga: Five Foot Two Документарен филм за еден краток период од животот на Лејди Гага. Интересно е кога гледаш што се случувало во животот на еден пејач, додека ти си го чекал неговиот нов албум, настап и слично. Убаво е тоа што во филмов може да ги забележиш сите предности и маани на тоа да бидеш славен и богат. Мене ептен ми се допадна филмов, а и верувам дека би му се допаднал на секој нејзин фан кој редовно ја следи и добро ја познава неа и нејзината музика, на другите не ви гарантирам.
https://www.gledalica.com/sa-prevodom/evim-sensin-2012-video_e9f3ddfc7.html EVIM SENSIM 2012 препреемотивен филм да те измести од умот сепак ке го препорачам кој не го гледал обавезно да го погледне
ТОА: Прво поглавие (2017) Филмот е римејк на дво-делната тв мини серија од 1990 година која пак се базира врз 2 томната книга на познатиот американски (воглавно) хорор писател Стивен Кинг Група деца од малечко гратче имаат привиденија на кловн кој не им мисли арно, но набргу сфаќаат дека тој се храни со нивните стравови и дека само со заедничко другарство и верување во своите способности можат да го победат. Spoiler Филмот иако изобилува со детски ликови, воопшто не е за деца (сцена каде на 5-6 годишно дете кловнот му ја одгризнува раката, тоа во агонија плачливо моли за помош но никој не го слуша на празната улица поради силниот дожд), барем не за помали од 14 години. Но и покрај тоа, кино салата каде што го гледавме беше полна со дечурлана од 5-6 одделение која се смееше на страшните сцени од филмот, или барем се трудеше да се смее. Филмот изобилува со непотребно претерано насилство во непотребни сцени полни со недоследности кај ликовите. На пр. невротичен татко кој ја злоставува својата ќерка, од друга страна мнгоу фин и загрижен кога ќерка му вреска за помош. Иако на почетокот од филмот пишува дека дејствието се случува во 1988 година (книгата дејствието го сместува 1958 година) и иако гардеробата, автомобилите и сценографијата се од тоа време, децата актери, кои патем и не ги глумат улогите многу убедливо, не го доловуваат духот на 80-те кој го гледаме низ јутјуб спотовите и филмовите од тоа време. Едно од децата прави премногу непотребни „смешки„ во вид на реплики, како коа ќе ставиш премногу од некој добар зачин во некое добро јадење па го расипуваш истото. Не знаеш дали е хорор или е комедија. Има успешни филмови кои се хорор-комедии (на пр. Битлџус, Куќа 2 и тн.), намерно снимани така, но филмот „ТОА (2017)„ не е еден од нив и не верувам дека намерата била таа. Филмот го вадат до некаде специјалните ефекти и одличната глума на шведскиот актер Бил Скарсгорд (кој додуша и без маска да го видиш има морничава фаца), а во улога на злобниот кловн Пинивајз. Верзијата од 1990 не е до толку страшна но исто изобилува со специјални ефекти кои иако послаби (поради отсуство на софистицираната компјутерска технологија) честопати се покреативни, а и самиот филм некако е со повеќе душа отколку овој од 2017. Актерот кој го глуми Пинивајз е Тим Кари на многумина познат како рецепционерот од комедијата Home Alone 2. За крај неколку (различни) исечоци од двете верзии на филмот поради споредба: 2017 1990
Филмов, ако добро разбрав, е работен по приказната од A moment to remember, кој лесно можеш да го најдеш на нет со анг. превод, ако те интересира Имам пишувано за филмов, меѓу омилените ми е http://www.imdb.com/title/tt0428870/ Последно го гледав Everything, everything и толку ми беше се предвидливо, што не знам и што да искоментирам за истиот :/
It Волку добар почеток на филм одамна немам видено. Прејака opening scene, и првите 10-15 минути од филмот се ... .. Како се развива дејствието станува се помлако и помлако, испаѓа многу развлечено и на крај предвидливо. Али сепак сигурно спаѓа во еден од подобрите хорори годинава, и кој е љубител на тој жанр не смее да го пропушти. Spoiler: IT 2017 Georgie's Death Scene(SPOILERS)
Темава гледам многумина ја сфаќаат како да е насловена „Прераскажи филм„ Не! Треба да напишете рецензија - ваш впечаток, пофалба, критика, евентуално да истакнете одредени моменти, не да го прераскажувате дејствието.