Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    Извини сега гледам, незнам зошто не ми стигна нотификации дека си ме цитирала. Го има на замунда, ама на постарите страни мислам, не излегува на првата. Филмот е 2006 година.
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    [​IMG]
    The hitman's bodyguard
    Ми се допадна! Акција, комедија е нешто што отсекогаш ми било интересно искрено, ама немав големи очекувања за филмов. Ми го привлече и задржа вниманието и убаво ме насмеа. И Рајан и Семјуел Л. Џексон имаат интересни карактери, да не можеш да се одлучиш за кого да навиваш. :D Добра забава за слободно време (y)
    [​IMG]
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Paris can wait

    Филмот ми се допадна зошто има преубави пејзажи, храна и вино. Жак треба да ја однесе Ен до Париз, но додека да стигнат таму застануваат на многу места и се восхитуваат на природата. Ен е мажена жена и всушност цел филм чекаме да видиме дали ќе има нешто меѓу нив.
    Ми се допадна затоа што треба да не потсети да им обрнуваме повеќе внимание на луѓето кои секојдневно се со нас, да ги прашуваме како се и слично, зошто најмал гест на внимание од друга личност може да предизвика восхит, романса и желба за нешто ново. :)
     
    На sweet-cherry, Acka22 и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Gerald's Game
    [​IMG]

    Џес и нејзиниот сопруг заминуваат во убава викендица да го освежат бракот.Џералд сака со лисици и пиење на виагра да ја покаже машкоста,но доживува срцев удар...и тука веќе работите бегаат од реалноста.Соочена со самата себе Џес копа во мислите по своето минато,откривајки ужасна таја која остава печат на нејзината личност...средбата со '"месечевиот човек'" за кој мисли дека е дел од нејзината фантазија,всушност е реален...
    Напнато филмче...7/10
     
    На Acka22, joy1, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    The reader

    [​IMG]


    Кејт Винслет во главна улога. За овој филм доби оскар. Преемотивен, ќе излажам ако кажам дека не ми потече некоја солза. Еден ден додека Мајкл се враќа од училиште почнува да се чувствува лошо и се разболува. После три месеци оди да и се заблагодари на Хана која му помогна. Работите се малку надвор од контрола, Мајкл се заљубува и останува со скршено срце. После неколку години, веќе на факултет повторно се среќава со Хана која е осудена за смртта на 300 Евреи.
    Филмот ќе ве трогне, се надевам ќе ви се допадне исто колку мене.
    Посебно го препорачувам за сите мажи кои имале некоја прва, незаборавна љубов :) .
     
    На elimkd, only44you, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  6. peperutkaxxx

    peperutkaxxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    [​IMG]
    The Best Offer (2013 )http://www.imdb.com/title/tt1924396/
    La migliore offerta

    Дефинитивно едeн од најдобрите филмови што ги гледав во последно време.
    Чудната тема и чудниот крај даваат впечаток дека филмот трае многу пократко од 2 часа.
    Одлична музика,глума и уметност.
    Филм кој цело време држи внимание ...
    крај неочекуван.
    (се чудам како не сум го гледала предходно) :)
     
    Последна измена: 2 октомври 2017
    На MayDiamonds, ivimis, elimkd и 7 други им се допаѓа ова.
  7. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.712
    Допаѓања:
    2.924
    THE CULT OF CHUCKY (2017)

    Мизерија... Ја не знам што се случува со филмската продукција во последно време... Многу тапа филмови вадат. Особено кога станува збор за жанрот ХОРОР.

    Што да кажам... Млитав филм, пластичен, досаден... Куклата ЧАКИ, сигурно ја знаете. Имаше 2 моменти на БУУ - сцени кај шо би можел да се штрекнеш, ама ниту задржува внимание, ниту ништо...

    Колку сум жеден за добар хорор филм, ми фалат филмовите со slasher - убијците и слично. Се е некако со духови, нереални нешта, опседнати куќи... Досадни едни па исти тематики.
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  8. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Уф... се изнагледав романтични филмови деновиве...
    "Atonement"
    "Leap Year"
    "The Holiday"
    "PS: I love you"
    и други на кои сега не ми текнува. ПС-от, добар рејтинг на ИМДБ, но не ми се допадна. Атоунмент беше добар, за љубов на која не и се даде време да се реализира. Празникот ми беше и претходно гледан, многу ми се допаѓа. Престапна година ми беше многу океј, баш спој на романтичното и комедијата во права мерка. За девојка која патува до Даблин, Ирска да го запроси дечко и, бидејќи според ирската традиција тогаш неможе да ја одбие. Авионот со кој патува наидува на турбуленции и слетуваат предвреме во едно мало гратче. Оди во една таверна да повика такси. Оттука започнува дејствието.
    Приказната ми се виде многу реална. Многу ретко типот да не е некој џентлмен или класично убав, овој беше грубијан и навидум припрост. Девојката го опиша совршено покасно во филмот.
    Свежо, слатко и шармантно филмче.
    Инаку, го изгледав и хоророт "Cult of Chucky" седмиот дел од куклата Чаки, опседната од душата на сериски убиец. Порано, бев фан на актерот Бред Доуриф кој го глуми серискиот убиец и и го позајмува гласот на куклата во сите 7 дела. Можеби го знаете од "Lord of the Rings" 2,3 и "One flew over the cuckoo's nest", како и "Mississippi burning" (еден од моите омилени филмови за расизам). Седмиот дел беше режиран од типот кој го напиша сценариото за сите 7 филмови, а од 4от дел па навака и ги режира исто. Филмот беше болен. Имаше убава визуелност, I'll give ya that, но друго ништо не одеше во негова корист.
     
  9. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.378
    Пол:
    Женски
    Го има некаде да го симнам?
     
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    @christinnn јaс гo гледaв нa Milver site...
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.712
    Допаѓања:
    2.924
    IT (2017)

    ПРЕКРАСНО!

    Конечно еден добар филм! Конечно добар хорор! Многу ми се допадна, ама мно-гу!

    Целата приказна, текот на настаните... Не ти дозволува да одвоиш очи ни на секунда. Едноставно - одличен филм.

    Не знам каков е оригиналот за да споредам, меѓутоа ова мене многу ми се допадна. И кловнот е страшен, и децата прекрасно глумат, и све :)))))

    Го препорачувам 100% да го погледнете!
     
    На joy1 и boomsleng им се допаѓа ова.
  12. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    http://www.imdb.com/title/tt0412536/?ref_=rvi_tt
    Brideshead revisited (2008 )
    Филмот го следи Чарлс, млад и сиромашен уметник кој оди да студира на Оксфорд. Таму го запознава Себастијан, со кој станува близок пријател, преблизок пријател, или нешто повеќе? ?
    Себастијан го води во својата куќа Брајdсхед и го запознава со неговата мајка, роднини и сестра кои се во најмал збор... религиозни, но еден од нив е фанатик кој ги уништува животите на другите.
    Горки, осамени, очајни, лути на Божјата казна, додека Чарлс е слободен со својот статус на атеист. Или ќе биде заробен од самиот факт што го запозна ова семејство?
    Ова е само дел од приказната снимена по истоимената книга од Евелин Ву, која дефинитивно ќе ја прочитам во иднина.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.712
    Допаѓања:
    2.924
    Amityville: The Awakening (2017)

    Најновиот дел од серијалот за хоророт/теророт во Amityville, USA.

    Искрен да бидам, очекував многу повеќе. Не дека е лош, ама филмов на моменти излегува од ритам и ти здосадува. Веќе видено, ми се чини... А од друга страна, пак, не е лошо.

    Нема многу крв и такви нешта... Нема многу хорор-делчиња за потскокнување од место и слично. Нема напнатост. Нема исчекување. Но, сепак, не е лошо да се погледне. Не е ни лошо, како што кажав. Има многу лоши хорори, овој нема да го вметнам во тој кош.

    5/10
     
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.797
    Допаѓања:
    176.031
    Пол:
    Женски
    IT 2017
    Оригиналот е сто пати бољи иако ефектите споредено му се сто пати полоши. Стариот предизвикува далеку повеќе напнатост додека го гледаш. Новиов е толку исфилуван, децата препаметни, но приказната е сепак интересна. За некој кој пати од кулрофобија, не ми беше тешко да го "проџвакам" филмов без поголема мака.


    Alien: Covenant 2017
    Имам само да кажам дека филмов е WOW, само за оние што не ги изгледале претходните делови, па според тоа не мораат да поврзуваат ништо, пуштаат, гледаат, се восхитуваат и толку. За оние што редовно го следат, благо речено делов е мех...

    Wind Chill 2007

    Еден симпа хорор. Гледан ми е многу одамна, вчера случајно го фатив на тв. Дејството се одвива на едно место, но генерално филмот е језив цело време. Има доста пропусти, ама е далеку бољи од новиве хорори. Мислам дека Емили Блант е потценета актерка и може да се носи со вакви улоги повеќе од што и е дадено.
     
    На Mishela и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  15. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Bad Education 2004

    Филм на Педро Алмодовар, кој сум го испуштила, во времето кога правев: Недела на Алмодовар филмови.
    Прекрасна драма, како трилерче ќе му дојде. Во време кога католичките свештеници ги злоставувале малите момчиња, која подоцна се се развивива во љубов помеѓу свештеник и дете. Од друга страна, љубов помеѓу две машки деца, кои низ текот на животот се бараат.

    Се наоѓаат, поради сценарио за снимање филм. Целиот филм е испреплетен со перипетии и има доста пресврти.

    9\10


    bad-education2.jpg
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  16. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    download.jpg
    Една жена доживува сообраќајна несреќа. После тоа се буди во некакво засолништво со двајца мажи, кои тврдат дека надворешниот свет е под влијание на хемиски напад 8/10
     
    На marta993, Mermaid90 и GrevMk им се допаѓа ова.
  17. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    A Single man (Colin Firth, Matthew Goode) раскажува за загуба на љубовта на животот помеѓу Џорџ и Џим, поради смрт. Зборува за очај, горчина и немање сила да се продоложи напред, во иднината.
    7/10
     
    Последна измена: 7 октомври 2017
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  18. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
    Aftershock (2012)
    [​IMG]
    Интересен филм, како нешто неочекувано може од нигде никаде да се случи и да не знаеш што побрзо да правиш да се спасуавш самиот или да ги спасуваш другарите или гледаш како умираат. Филмов е психо бтв.:worried:
    Група млади патници желни за убав нокен живот, ке одат на забава во Чиле во нокен клуб и таму ке им се случи нешто неочекувано....
    7/10
     
    На theunforgiven и Miss.A. им се допаѓа ова.
  19. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.723
    Ќе се согласам со еден пост претходно, дека не треба некои посебни рецензии и откривање детали за филмови. Нарочито за култни филмови како Full metal jacket на Кјубрик. Му посветив 4,5 дена на неговите филмови, да се потсетам на тоа како си имал "мака" во главата. А таа "мака" успешно ја префрлил на филмското платно.
    Нов систем за оценување за Кјубрик!
    10/10
    images.jpg
     
    На Schhhh..., boomsleng и Mayyya им се допаѓа ова.
  20. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    The Hateful eight 7/10
    61226d.jpg
    Филм на Тарантино. На овој човек во секој филм му блика крв. :worried:
    Прикажува период после граѓанската војна во америка, а најголем акцент е ставен на луѓето кои заработуваат пари со ловење на криминалци и отпадници.