Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    14.440
    Пол:
    Женски
    Coco Chanel
    [​IMG]
    Животната приказна на Коко Шанел пред да стане бренд,доловена од перспектива кога нејзината долгогодишна работа е мета на критики.Филмот е извондреден,од улогите,до костимите,дијалозите.Очигледно еден од најдобрите филмови кои ја покажуваат моќта на жените и волјата да се успее.
    Моја оценка 10/10
     
    На boomsleng и elimkd им се допаѓа ова.
  2. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    "Burning Man" (Matthew Goode)
    Уникатно искуство во секој случај, прв пат да гледам филм кој доловува машка болка на овој начин. Метју беше прекрасен во својата улога. Да ве предупредам само, многу секс имаше во филмот. Приказна за неспособност за справување со смртта на близок, емоциите пловеа на лицето на главниот актер, како бои на платно. Преубав филм. 10/10
     
    На DzingrlakaDzikica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    "Stoker" (Matthew Goode) Ако не заприметивте цела недела гледам филмови со него и горда сум да се наречам негов фан :D Може дефинитивно да помине незабележено како сериски убиец, толку невино изгледа, како од друг свет. Хемијата со Миа беше интензивна, посебно додека свиреа на пианото, WOW! That was sexy... Плотот е Индиа го губи нејзиниот сакан татко. На погребот го здогледува оддалеку човекот кој и е вујко, вујко за кој никогаш немаше слушнато порано од татко и. Осеќа привлечност кон него, доста чудна и речиси ја задушува. И вујко и го чувствува истото. Но... луѓето во негова близина исчезнуваат. 8/10
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Miranda [1948]
    [​IMG]

    Кратка содржина:

    Откако неговата сопруга ќе изрази дека е незаинтересирана за ловење риби, Dr. Paul Martin оди на одмор сам во Cornwall coast. Таму ја фаќа Miranda, сирена, и е повлечен во водата. Таа го чува како нејзин заробеник во нејзината подводна пештера и само ќе пушти да оди доколку тој се согласи да и го покаже градот Лондон. Тој ја маскира сирената во инвалидски пациент во количка и ја носи во неговиот дом за време од еден месец. Сопругата на Мартин, Clare неволно се согласува на договорот но посакува да најмат некого за да се грижи за нивниот гостин ...

    Рецензија:

    Овој популарен Британски комичен филм од 1948 година е всушност филмска адаптација на позната истоимена драма. Филмот производствено бил избрзан да се пушти со цел да се победи филмот Mr. Peabody and the Mermaid на екранот.
    Инаку, особено ми се допаѓа преубавата актерка Glynis Johns како и костмографијата.

    Оценка:

    10/10

    [​IMG]

    За оние кои се заинтересирани, филмот може да го погледнете на оваа страна:
    https://free-classic-movies.com/movies-04/04-1948-04-06-Miranda/index.php
     
    На Adi888, Arendelle, boomsleng и 5 други им се допаѓа ова.
  5. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Blade Runner 2049 (2017) :bow:thus аватарот

    (чисто за контекст)

    Што и да напишам нема да биде доволно за да сфатите колку многу емоционално бев инвестирана во првиот дел. Сега, пред самиот филм ме тресеше блага анксиозност зашто не знаев дали потфрлиле со новото парче. Доживеав огромно разочарување по екранизацијата на Ghost in the Shell (јасно е од каде е инспирацијата и за овој :)) и дефинитивно не сакав пак да жалам по изгубеното време.

    НЕ ПЛАЧАМ НА ФИЛМОВИ.НЕ ПЛАЧАМ НА ФИЛМОВИ.НЕ ПЛАЧАМ НА ФИЛМОВИ.НЕ ПЛАЧАМ НА ФИЛМОВИ.

    Да скратам...

    WOW! Познато ви е она чувство на прва вистинска љубов, завршувате пред олтар со таа личност и по три декади пред умирачка ја погледнувате во очи, повторно го чувствувате тој магичен момент и тивко си се тапкате по рамо за одличниот избор? И мене не ми е. Далеку сум од умирачка ама гледајќи го продолжението убедена сум дека станува збор за приближно истата работа.
    Обожавав буквално сѐ. За почит е тоа што успеале да го скријат главниот плот од рекламите кои што фрчеа изминативе месеци. По 20-тата минута бев целосно инвестирана во содржината, повторно ја чепнуваат идејата за она што значи да си човек... Villeneuve и Deakins маестрално се покажаа и овој пат. Ќе ги зберат сите награди на Оскарите, ви гарантирам. Филмот изгледа и звучи фантастично! Глумата на Рајан не ме ни изненади, паметно ги бира улогите во последно време и не разочарува. Верувам дека по ова ќе остане запаметен во историјата. А Харисон Форд... кога повторно се појави на сцена во улогата на Декард за прв пат се расплакав во кино. Триесет години подоцна, сега веќе старче ама тотално истата енергија, истиот шарм... Сцената со Елвис Присли ме изремети тотално, никогаш повеќе нема да ја слушам Can't Help Falling In Love со истиот state of mind.

    Единствено нешто што ми фалеше беше Вангелис, прочитав дека не сакал да се врати. Да, филмот потфрли на бокс офисот (исто како неговиот претходник) ама и за тоа има објаснување. Ретко кој од младиве го имаат гледано култниот класик за да го разберат и ценат ова новото.

    "WHAT CAN I SAY EXCEPT YOU'RE WELCOME" - Villeneuve at some point after directing this

    НЕ ПЛАЧАМ НА ФИЛМОВИ.НЕ ПЛАЧАМ НА ФИЛМОВИ.НЕ ПЛАЧАМ НА ФИЛМОВИ.НЕ ПЛАЧАМ НА ФИЛМОВИ.

    ;(:bow:
     
    На Acka22, Arendelle, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Gentlemen prefer blondes (1953)
    [​IMG].

    Кратка содржина

    Lorelei Lee и Dorothy Shaw се Американски Шоу девојки и најдобри пријателки. Lorelei има пасија за дијаманти, верувајќи дека еден од начините една жена да го подобри финансисикиот статус е да се омажи за богат сопруг. Таа е верена за Gus Esmond, наивен бубалица кој е подготвен се да стори и да купи за неа. Но Gus е под контрола на неговиот богат татко кој припаѓа на високата класа. Dorothy од другата страна, бара поинаква љубов, привлечена само на мажи кои се фит и имаат добар изглед. Lorelei планира да се венча со Gus во Франција, но неговиот татко го запира син му да отплови за Франција, верувајќи дека Lorelei не е добра за него. Иако работата на Lorelei налага таа да оди во Франција со или без Gus, пред таа да замине, Gus и дава писмо на кредит за да ги покрие трошоците од нејзиното пристигнување и верува дека ќе се сретне со неа во Франција. Но исто така и ја предупредува да се однесува пристојно. Сеуште непознато за Lorelei и Dorothy, таткото на Gus најмил приватен детектив наречен Ernie Malone за да ја шпионира Lorelei ...

    Рецензија:

    Оваа добро позната Американса комедија претставува класика која секој треба да ја погледне. Особено ми се допадна приказната, костумите, како и местата на сцените. Исто така ја обожавам изведбата на песната Diamonds are a girl's best friend од страна на Marilyn Monroe.

    Оценка:
    10/10

    [​IMG]
     
    Последна измена: 9 октомври 2017
    На Acka22, boomsleng и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.638
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Mighty Aphrodite (1995)

    Се работи за Лени и Аманда, брачен пар кои имаат еден посвоен син Макс. Кога тој покажува изразита натпросечна интелигенција, Лени станува опседнат со вистинското потекло на детето и ја наоѓа неговата биолошка мајка, која испаѓа дека е проститутка и порно актерка. Решава на секој начин да ѝ помогне да го остави зад себе тој живот... и тука почнуваат перипетиите :D
    Комедија на Вуди Ален во која и самиот тој ја глуми главната улога. Како љубител на стилот и вајбот во неговите филмови, ми се допадна филмчево. Софистицирана и во исто време откачена комедија, фина и симпатична за опуштање. Посебно ми се допадна елементот и идејата со раскажувањето од античкиот грчки хор :D
    7/10
     
    На Acka22, boomsleng, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    ФОКС Мувис? Или Алфа беше? Алфа, да. Некни го даваа и јас го гледав!
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    The Hatton Garden job, 2017 (Matthew Goode, Stephen Moyer)
    Интересно и помалку познато филмче за кражба на продавница со накит, нејзино планирање, извршување и потоа. Можеше да биде подобар, но можеше да биде и полош. Интересното е што сите крадци се олд скул, стари, само Метју е млад. Имаше и адреналин иако во мали дози. Крајот го красеше делото во овој случај. 5/10
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    "South from Granada" (Matthew Goode, Veronica Sancez)
    Снимен по автобиографската книга на Џералдо Бренан,култивиран, начитан Англичанец, филмот го гледи него додека живеел во Шпанија, искрено портретирајќи го неговиот личен живот. ИМДБ погрешно го жанрира како комедија, драма, романса, кога комедија всушност нема, но затоа другите жанрови се точни.
    Додека во рурално село во Шпанија, тој се заљубува во Хулиана, страсна и невина, убава девојка која ја вработува како помошничка во неговата куќа за да биде блиску до него. Потоа филмот продолжува да раскажува за нивната романса и неговиот живот. 7/10
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    "Self/less" (Ryan Raynolds, Ben Kingsley, Matthew Goode) Човек пред умирање ја префрла својата свест во млад човек, со помош на мистериозен лекар. Рајан беше баш супер, можеш да видиш од филмот дека е прекрасен татко. Метју во улогата на негативецот лекар, беше убедлив (и многу убав, но тоа не е релевантно) Нов филм, а ако се прашувате за ликот на Кингсли, тој беше човекот на почетокот од филмот пред умирање. 7/10
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    IMG_9455.JPG
    The last station

    Биографски филм за големиот Толстој за време на последната година од неговиот живот. Година исполнета со турбулентен период и несогласувања помеѓу толстоевото движење од една страна и неговата темперамента сопруга од друга страна кога станува збор за неговите авторски права.

    Љубов, емоции, разделби, тага, непромислени постапки

    8/10
     
    На Briar Rose, Acka22, Mayyya и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    The Midnight Girl (1925)

    [​IMG]

    Кратка содржина:

    Nicholas Harmon, богатиот патрон на музиката кој многу повеќе ги сака девојките отколку операта е заљубен во неговата љубовница Nina, инаку оперска пеачка чиј глас почнува да слабее. Неговиот полусин Don, оркестарски диригент, го одбива вниманието на девојка од општеството. Don му се налутува на очувот по жестока кавга и заминува од дома за самостојно да успее. Тој и помага во кариерата на Ана, ново пристигната пеачка од Русија која станува ѕвезда во ноќен клуб "Midnight Girl" ...

    Кратка реценција:

    Овој црно бел тивок филм во која се раскажува прекрасна љубовна приказна. Уште еден филм во кој глуми познатата хорор легенда Béla Lugosi, како и убавата актерка Lila Lee.
    Оригинално адаптиран од приказна напишана од Garrett Fort, подоцна го пишува и сценариото за Dracula во кој глуми Lugosi.

    Оценка:
    10/10

    [​IMG]
     
    На Acka22, Mayyya и boomsleng им се допаѓа ова.
  14. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    http://m.imdb.com/title/tt3302654/
    MV5BNzQ4ODkwNzY1NV5BMl5BanBnXkFtZTgwMTQwMzQxMzE@._V1_UX182_CR0,0,182,268_AL_.jpg
    Џејни која има аспергов синдром и 25год,посакува да има момче.Напишав горе доле што е филмов,ама кога си го прочитав мислењето сватив оти го раскажав филмот па го избришав :)
    Интересен е го препорачувам .Баш добро глуми девојчево.Од мене 8/10
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  15. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.415
    Допаѓања:
    22.760
    Пол:
    Женски
    Wind River
    Синоќа го гледав филмов и многу ми се допадна. Приказна инспирирана од вистински настани, за едно девојче од Индијанската заедница во Вајоминг, Америка. Интересен и возбудлив трилер, го препорачувам.
     
    На Schhhh..., only44you, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    7722185.3g.jpg



    Одамна не сум гледала вакво романтично филмче, плус полски режисер бе? Се работи за професорка по музичко на возраст околу 27-8 години, која се состанува со момчиња преку дејтинг сајтови.
    Неа ја открива еден шоу мен кој сака да направи цела приказна за нејзиниот "проблем".
    Актерите не ми се познати,а сите преубави. Убаво снимен и супер приказна.
    Комедија, со додирнувачки :smirk: сцени, при крајот
    Препорачувам и давам 9 од 10 оцена, :) само затоа што на моменти беше малце бавен. А може и да изведувам, пошто не сум некој филмски критичар, на веков.


    Wind-River-New-Film-Poster.jpg
    Филмов ме бендиса затоа што е снимен на Алјаска, па самото место си носи своја специфика и таинственост. Снежно белите пејсажи...би истражувала таму:?:.

    Трилер, мистерија во кој главна тема се убиствата кои се случуваат во последните три години. Една од жртвите е ќерката на тамошен, доселен ловџија кој е женет за Индијанка. Втората-нејзината другарка.

    Од мене 8\10
     
    На zhap4e, mila1111, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Amityville the awakening
    Уште едно продолжение, нова фамилија се вселува во веќе проколнатата и опседната куќа. Може да се гледа, не е лош.
    [​IMG]
     
    На Acka22, joy1 и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    IMG_9458.PNG
    Madame Bovary 2014

    Филм за една изгубена душа, која е роб во својот сопствен дом, жена на угледен и почитуван доктор бескрајно вљубен во неа, а таа е бескрајно осамена и празна.

    Барајќи нешто што ќе ја одржува во живот ќе западне во невољи што живот чинат.

    8/10
     
    На SwanMay, crazylady, Acka22 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    MV5BMjQ3MjI4OTU1Ml5BMl5BanBnXkFtZTgwMTgwODcyMjI@._V1_SY1000_CR0,0,674,1000_AL_.jpg

    The Book of Henry (2017)


    Интересно филмче, погодно за недела претпладне. Го препорачувам 8/10
     
    На Mayyya и joy1 им се допаѓа ова.
  20. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    "A quiet passion" (Cynthia Nixon)
    Био пик за животот на поетесата Емили Дикинсон, со Синтија во главната улога. Емили била исклучителен карактер со ангелска душа и непокорлив дух, а Синтија ја доловува совршено, прикажувајќи ја професионално и болеста на Емили.
    Насловот е многу погоден за филмот, баш така ја сфатив Емили. Филмот изобилува со нејзината поезија и нејзиното копнеење. 9/10
     
    На Mayyya, elimkd и Briar Rose им се допаѓа ова.