http://m.imdb.com/title/tt0095953/ Незнам како досега не сум го гледала филмов.Том Круз одкрива дека дека има брат и дека таткому после смртта му го остава богатството на брат му.Што е финтата понатаму кој не го гледал нека го гледа . 10/10
http://m.imdb.com/title/tt5091014/ Во предградие се случува убиство на девојка.Дечкото на девојката ја наоѓа обесена и решава да го скрие телото со помош на едно дете од маалото,се додека не го реши убиството,затоа што знае оти него ке го обвинат.
A royal affair Историја/драма Младата принцеза Каролина патува во далечната Данска каде ја очекува идниот сопруг. Станува збор за однапред договорен брак, но она на што ќе наиде е разочарувачко за неа бидејќи кралот боледува од ментална болест. Во дворецот ја очекува тешок период на осаменост, борба, прељуба, страст, предавство... Самиот факт што во филмот актерите зборуваат на дански јазик придонесува за поголема автентичност и убедливост на приказната сместена во 18тиот век Одлична екипа на актери, глума, костимографија 10/10
Дааа знам,доби и награда Дастин Хофман,знам го имав слушнато,ама никогаш не сум го зела да го гледам.Го спомнаа во предходниот филм што го закачив и си реков ај да го гледам.
"Far from the maddening crowd" (адаптација на истоимената книга од Томас Харди) Батшиба Евердин е непоколеблива и вредна девојка, со силен дух која ја обожава својата независност од мажите. Меѓутоа, уште на стартот од филмот добива понуда од еден сиромашен овчар, таа ја одбива понудата. Во наследство чичко и и ја препушта својата фарма и таа својата должност ќе си ја извршува како што и доликува. Овчарот ќе работи за неа и и е лојален, иако е господар на својот морал и начела баш како неа. Наскоро таа добива и втора понуда, од имотен и осамен средновечен маж кој многу ја почитува. Му кажува дека ќе и треба време за да размисли. Тогаш запознава убав, страстен и млад војник во кој ќе се вљуби и кој ќе и стане сопруг, на неа, на жената која мислеше дека бракот не е неопходност. Приказната не завршува овде, погледнете го филмот. 9/10
Нервозен заради неговата венчавка, се буди заглавен во лифт гол. Пробува да стигне на венчавката и тоа му се случува одново и одново. Интересно филмче 8/10
Wish upon Интересен филм, една млада тинејџерка добива подарок од својот татко една кутија која е испишана со кинески букви и исполнува 7 желби. Но исполнувањето на секоја желба зема по една жртва.
Rough Night Ептен ретaрдирaн филм. Америчкo клише. Знaев декa е oд oние кoмедии штo сите се исти нa некoј нaчин, aмa кoгa видoв декa Скaрлет е вo глaвнa улoгa, мислев декa ќе ми биде интересен. Е сфaтив декa Скaрлет не е зa вo кoмедијa. Пoпрвo би јa стaвил Киви вo глaвнa улoгa, тaa другaркa штo и' беше. Другиве беa oкеј. И дa не беше филмoв кoмедијa, ќе беше трaгедијa, тaкa дa... Клише кaжaв бидејќи веќе гoдини нaнaзaд, скoрo вo сите кoмедии стaвaaт буцки девoјки, сo кoи oчигледнo сaкaaт дa ги урнaт сите предрaсуди и сaкaaт дa кaжaт декa и тие мoже дa бидaт луди, horny, журкaчи... Мислaм oкеј е се тoa, aмa сo тoa штo вo секoј филм дaвaјќи им јa истaтa улoгa, кo сaми дa ги нaметнувaaт предрaсудите.
Fracture 7/10 Рајан Гослинг/Вили е млад и успешен јавен обвинител кој досега нема изгубено ниеден случај.
Водичот на мајмуните Цезар, ќе ја започне својата потрага по човекот кој му го уби семејството за да му се освети 6/10
Split (2016) Насловот ми излезе кога пребарував филмови со Брус Вилис за тато, затоа што тој знае и сам да свали ама подобро е кога јас ја вршам целата работа. Поточно во филмов, Вилис се појавува 10 секунди на крајот само. First Kill и Once upon a time in Venice сам ќе ги гледа, јас во наредна прилика. Филмот ми се допадна, покажа дека вреди да го гледам него, наместо збирката задачи. Нема да го ставам во хорор како што е категоризиран, ама дефинитвно е психолошки трилер. Станува збор за личност која страда од DID, dissociative identity disorder или попознато multiple personality disorder т.е split personality од каде произлегува и самиот наслов, и киднапира три млади девојки. Др. Флечер е психолог кој работи на оваа проблематика, и се обидува да докаже дека ова пореметување креира нови личности од пациентите, но тоа не не ништо лошо туку напротив, можеби тие треба да донесат нешто подобро во светот. Што на крајот излегува неточно. Таа му помага на Кевин, и на крајот таа ги открива девојките во Зоолошката за да заврши трагично. Само Кеси, една од девојките, успева да се зближи со него како резултат на траумите од нејзиното детство. Била злоставувавна од нејзиниот чичко кој по смртта на татко ѝ е нејзин стрател, па белезите по телото укажуваат на страдање кое по сѐ изгледа и ја спасува на крајот. Главни глумци се Џејмс МекАвој и Бети Бекли, поради која и беше пресудно дали да го гледам или не, одлична глума. На iMDb e отценет со 7 и нешто, јас би го оценила со 9 затоа што ми се допаѓа како е обработена самата тематика и искрено би ми било жал доколку останеше незабележан од моја страна.
Dracula (1931) Кратка содржина: Renfield е адвокат кој патува до замокот на Грофот Дракула во Трансилванија поради деловна работа. Луѓето во локалното село се плашат дека вампири живеат во замокот и го предупредуваат Renfield да не оди таму но тој одбива да остане во гостилницата и го заамолува својот возач да го одвезе до преминот Борго. Renfield е потоа одвезен до замокот од страна на кочијашот на Дракула, кој е всушност самиот Дракула. Кога влегува во замокот, му се чини дека е добредојден од шармантниот но ексцентричен Гроф, кој непознато за Renfield, е вистински вампир. Тие разговараат за намерата на Дракула да ја изнајми Карбакската опатија во Лондон, каде планира да патува следниот ден. Дракула набрзо го хипнотизира Renfield за да го отвори прозорецот и да се онесвести кога ќе здогледа лилјак како лета пред него. Ова му дава можност на Дракула да го нападне самиот ... Рецензија: Сметам дека оние кои се љубители на хорор филмови, особено постарите кои биле снимени за време на винтиџ ерата, го гледаат овој филм како класика во која улогата на Грофот Дракула ја игра незаборавниот Bela Lugosi. За разлика од морничавата глума која Германскиот актер Max Schreck кој го играше вампирот Nosferatu, Bela Lugosi освен што на моменти изгледа страшно, истовремено делува и многу шармантно и софистицирано. Дефинитивно еден од најдобрите филмови кои сум ги гледала (по сто пати досега ... ) Оценка: 10/10
Точно така @blonde_supergirl Тоа е една од причините поради која преферирам да гледам стари винтиџ филмови отколку модерни ...