Gifted (2017) . Топло препорачувам.Никако нема да здосади пред се заради добрата приказна а потоа заради ФЕНОМЕНАЛНАТА глума на малото девојче. ОЦЕНКА: 8,5/10 To the Bone (2017) Поучен и со силна порака,иако е тема која ја имам видено барем во уште еден филм.Погодена актерка која ослабела толку многу за истата улога со цел да ја долови темата АНОРЕКСИЈА.Поради се тоа заедно,ОЦЕНКА: 8/10 Hello,My Name Is Doris (2015) Ке речам благо нереален или само нереален,зависи за кого како заради фактот дека се работи за 60 годишна жена која после све,на работно место се заљубува во новиот вработен,околу 27 годишен дечко и не само тоа туку и стануваат блиски со симпатии и од негова страна.Според тоа на каков начин ке сака да му се доближи и ке му се доближи,всушност го прави филмот интересен до некаде.Ништо повеке од тоа. ОЦЕНКА: 6 / 10
http://www.imdb.com/title/tt3381008/ The Brothers Grimsby Луд, откачен, со британски шмек за комедија. Има некои клише моменти, но генерално на пар сцени се насмеав баш слатко. Оценка: 8/10
Заборавив да напоменам. Сите што обожаваат трилери и мистерии топло ви го препорачувам шпанскиот филм The Invisible Guest. http://www.imdb.com/title/tt4857264/ Според мене Шпанците имаат една од најјаките филмски школи.
Rest in peace deparment Неодамна убиениот полицаец се приклучува на тим од полициски службеници, и се обидуваат да го најдат човекот што го уби 7/10
White Zombie (1932) Кратка содржина: На пристигнувањето во Хаити, Madeleine Short се среќава со нејзиниот свршеник Neil Parker, со плановите веднаш да се венчаат. На патот до одреденото место, кочијата на младениците го поминува Murder Legendre, злобен вуду мастер кои ги набљудува со голем интерес и успева да го грабне шалот на Madeleine. Neil и Madeleine пристигнуваат во домот на богатиот сопственик на плантажата, Charles Beaumont. Љубовта на Charles кон Madeleine го мотивира тајно да се сретне со Murder во неговата воденица. Charles сака да ја убеди Madeleine таа да се венча со него и бара натприродна асистенција од Murder ... Рецензија: И покрај критиките дека не е доволно добар филм на Universal Studios колку што беа Dracula и Frankenstein, сепак сметам дека љубителите на винтиџ хорор филмовите сепак би го обожавале и овој филм. Базиран врз The Magic Island од William Seabrook, легендарниот Bela Lugosi повторно ја игра улогата на негативецот и тоа Murder Legendre. Иако сум навикната да го гледам во неговиот најпопуларен филм Dracula од 1931 година, сепак одлично се снаоѓа и во останати улоги. Оценка: 10/10
Ќе почнам од оној кој мене ми се чинеше, најинтересен. Филмот ме потсеќа на фимови со Бен Стилер и разни такви комедии. Додуша, многу и не е комедија фимов, си викам, како црна хроника малку ми делуваше на моменти. Ама не сакав да заврши, е од тие филмови е. Препорачувам - 9\10 од мене. Иако е оценет со 6.0, мене, ми беше одличен. Сличен на друг филм кој одамна го имам гледано, каде им даваат лекови за да немаат емоции. Занимливо и не толку , беше тоа што смислија лек против болеста која се појавува. Начинот на кој луѓето се однесуваат и како изгледа една личност која немала емоции дотогаш...Филмови во кои доминира научно фантастични моменти, не преферирам...ама љубов, да. Романтична драма на која и давам 7 оцена. Филмов го барав, скоро секој ден. Мислев дека е маллааалце позабавен, ама, ќе се скраси само со 7. Викторија е девојка од Мадрид која во Берлин запознава група мафијаши, па им се придружува да ограбат банка. Ми се свидна филмот, само му фалеше малку перипетии. На моменти мислев дека дремам и кога ќе се разбудам, пак тука,застанало времето, филмот. Или јас имам чуден вкус, или штознам?Премногу акција и исфорсираност до немај каде.Дејството се случува во Берлин, каде Шарлиз Терон е пратена на мисија.Па и тие натписи, смешни, како од видео игра. 6.5. од мене . Еден од оние очајно досадни филмови. 6\10 затоа шо филмов беше монотон и без никаква содржина. И не сум негативна, само се надевам повеќе нема да се снимаат вакви филмови А и од мистериите кои не ми се јасни, тоа е оценката на филмов на имдб.
Татко и син случајно се сведоци на убиство. Детето завршува кај еден од нив, и таткото прави се за да го спаси 7/10
Oculus (2013) http://www.imdb.com/title/tt2388715/ Dunkirk (2017) Филмот не ми беше ништо посебно. Особено кога станува збор за режисер од таков ранг како Нолан.
American Made (2017) Аххх, конечно, после долга низа лоши филмови (заклучно со новата Мумија), конечно да го видиме Том Круз у добар филм! Скиентологијата и останатите негови испади настрана, Том Круз отсекогаш ми бил симпатичен и пред сѐ, глумец што знае да одбере добар филм. Последново испадна дека и не е баш точно, затоа што Круз во последниве години го видовме, па, во сѐ и сешто. Да се вратам на American Made. Ова е филм кој е (многу лабаво) базиран врз вистинска приказна, за животот на Бари Сил – пилот, шверцер на наркотици и агент на ЦИА. Дејството се случува во ’80-ите години, кога САД и СССР водеа тивка војна за превласт на соодветните режими во земјите на централна Америка, и кога коканиот стана a thing во US-of-A, а неговиот шверц мултимилионски бизнис. Иако се занимава со сериозна тематика – уривање државни режими од „тајни служби“ и бизнсот со наркотици – American Made успева да одржи лесна, забавна и хумористична атмосфера во текот на целото траење на филмот. Во таа смисла, потсеќа на други слични „базирани на вистинска приказна“ филмови со комична атмосфера, како The Wolf of Wall Street и Pain and Gain. Филмот изобилува со интересни настани и колоритни ликови, од „борците за слобода“ на Никарагва, панамскиот диктатор Нориега и членовите на Меделин картелот, меѓу кои и Пабло Ескобар, и за време на целото траење одржува брзо темпо на одвивање на настаните, што ќе направи филмов во ниту еден момент да не ви биде досаден. И секако, бидејќи е сместен во ’80-ите, има и одличен саундтрак. Освен Том Круз, ниту еден друг актер не ми беше познат, ама без разлика на тоа, актерската екипа е сосема солидна. Режисерската палка ја има Даг Лајман, режисерот на првиот (и едниствениот асален) филм за Џејсон Борн и наодличниот Edge of Tomorrow. Оцена: 8 The Limehouse Golem (2017) Помалку познат филм од годинава (најверојатно поради отсуството на звучни авторски имиња), за серија на грозоморни убиства во областа Лајмхаус во Лондон, кон крајот на 19-иот век. Убиецот е наречен Големот од Лајмхаус, според митското битие од еврејската митологија. Филмов има мрачна, викторијанска атмосфера, која многу потсеќа на филмовите за Џек Мевосек и генерално, на авантурите на Шерлок Холмс. Накратко, познатата актерка од лондонската тетарска (мјузикл) сцена е обвината за убиство на својот сопруг и осудена на смрт, а детективот кој го добива случајот се обидува да ја докаже својата хипотеза за тоа дека нејзиниот сопруг всушност бил Големот и, со тоа, да ја спаси од бесилката. Филмов изобилува со пресврти кои, во зависност од тоа колку многу филмови сте изгледале, ќе ви бидат повеќе или помалку предвидливи, постојано се појавуваатнови осомничени во случајот, а вистинскиот убиец не се открива до самиот крај. Освен со пресврти, филмов изобилува и со познати историски личности – како Ден Лино, кој е и еден од централните ликови во филмот – познат викторијански комичар за кој сум прилично сигурен дека никој друг освен Англичаните не го знае, Џорџ Гисинг и Карл Маркс. Интересен за гледање, The Limehouse Golem е филм кој успева да обедини доста различни ствари во себе – борбата за слава, бесмртност и место во историјата, прашањето за еднаквоста на жената, дискриминацијата на хомосексуалците – и све тоа фино запакувано во забавен murder mystery. Дефинитивно еден од филмовите од годинава за кој не сте слушнале, a кој вреди да се погледне. Оцена: 8
Адријан е млад успешен бизнисмен кој е осомничен за убиството на својата љубовница Лаура. Додека е во домашен притвор, доцна во ноќта го посетува Вирџинија, експерт за подготовка на сведоци, која треба да го припреми за сведочењето и одбраната на суд. Имаат само 3 часа да ги согледаат сите детали од приказната на осомничениот. Настаните добиваат сосема неочекуван тек... Филмов е ОДЛИЧЕН и вреди да го погледнете. Оценка: Чиста 10ка!
The hunt Драма Уште еден мастрален дански филм со одлична екипа на актери. Лукас е омилен учител меѓу малите дечиња, обвинет за сексуално насилство врз девојче, ќерка на негов најдобар пријател. Дали децата секогаш ја кажуваат вистината или преголема е фантазијата во нивните мали главчиња? 10/10
The Ides of March (2011) Филмот опишува период во изборна кампања каде политиката ја крие корупцијата. Предавството каде секој сака да стигне до позиција која ја посакува.
The Snowman Го бендисувам глумецов, и очекував многу повеќе. Не е лош, али не вреди да дадеш пари за кино. Ме нервира кога филмот е предвидлив. А може е и до мене, премногу изгледани филмови се во прашање. Thor: Ragnarok Е ова е веќе друга димензија. Кога знаете за некој филм дека ептен ќе ви се свиѓа уште пред да го гледате... Епа овој е таков. Општо фан сум на Марвел, и со секој нов филм станувам уште поголем. Од хумор, до борби, сцени за паѓање на гз, за ефекти да не зборам... Апсолутно врвно филмско остварување во своја категорија.
White Zombie (препорака од @Briar Rose , 1932) Егзотичен филм, некарактеристичен за тоа време. Од музиката па до темите кои изобилуваа со магија. Опсесија како мотив. Бел (прекрасен) зомби отелотворен во преубава, ангелска девојка и спасот на нејзината загубена душа. Дали ќе успее херојот да ја врати својата невеста? 8/10
Cell 211 После еден куп млитави филмови, се освежив убаво. Не сум гледала толку добра шпанска акција. Може да го погледнете, со покривање на очите, на гадните сцени од тепачките. Дејствието се случува во затвор, каде еден стражар случајно заглавува внатре, додека затворениците спремаат сценарио. Во сета збрка, жена му ќе биде убиена. И доста раскажувам Оцена 9.
The picture of Dorian Gray (1945) Кратка содржина Во Лондон, 1886 година, Доријан Греј е убав и богат млад човек. Додека е генерално интелигентен, сепак е наивен и лесен за манипулирање. Овие недостатоци ќе го доведат неговиот живот во грев и мизерија. Како што позира за неговиот портрет сликан од неговиот пријател Басил, Греј се запознава со Лорд Хенри. Циничниот но мудар Лорд Хенри го убедува Доријан дека во животот треба само да се посвети на задоволството бидејќи "она што Боговите го даваат, набрзо и го земаат" Откако Хенри целосно ќе го разубеди Доријан дека младоста и убавината ќе му донесат се што посакува, Доријан замислува желба неговиот портрет да може да старее наместо него ... Рецензија The picture of Dorian Gray (1945) претставува познат Американски хорор-драма филм базиран врз познатата книга на Oscar Wilde напишана во 1890 година. Сметам дека изборот на актерите е навистина добар, а особено ми се допаѓа што улогата на талентираната Sybil Vane е играна од страна на Angela Lansbury. Уште една работа која навистина ми се допадна во филмот е употребата на класична музика. Имено, додека Доријан e на пианото пред Sybil ја свири Frédéric Chopin's Prelude No 24 in D minor, а потоа и Ludwig van Beethoven's Moonlight Sonata. Оценка: 10/10
Wind river Во индијански резерват,во суровите климатски услови на северот на Амерка,еден ловец и агент на ФБИ истражуваат убиство на една млада девојка.Нерешените работи од минатото и личната семејна трагедија се мотов плус за наоѓање на убиецот. Оцена 8/10.