Testament of youth Драма/биографија Младоста е синоним на храброст која не познава чувство на страв. Војната е само обичен збор, но вистинското значење го знаат само оние кои биле директно засегнати. Станува збор за филмска адаптација на книга пишувана според сведоштвата на девојката по име Вера за време на првата светска војна. Вера живее живот покрај своето семејство, пријателите и саканиот. Благодарение на Вера, нејзиниот брат ќе завземе учество во војната. Нејзините мемоари се сведоци за една генерација која е спасена од заборав. 8/10
Ingrid Goes West (2017) Нов филм со - за мене - многу потресна содржина. Многу реално отсликување на нашето секојдневие и на она „робување“ на социјалните мрежи за кои сведоци сме и самите. Дали под влијание на новите трендови и на сите оние блогери, блогерки и убави лица кои кружат низ етерот, добиваме желба да се натпреваруваме во прикажувањето на нашите животи од што посовршен агол и со внимателно одбран филтер од Инстаграм; дали сето тоа е реално, дали сме тоа ние или е само добра глума за да прикрие вешто некоја наша празнина од емоционален карактер. Фина приказна за Ингрид, која запаѓа во депресија по разделувањето со најдобрата пријателка и тргнува на „патувањето до врвот“ на социјалните мрежи. 8/10
А дека во Бел Зомби актерката ја свиреше мојата омилена „Љубовен сон“ од Franz Liszt? Срцето ми затрепери полека кога ја слушнав, и бајаги време траеше! Последен филм кој го гледав е: The Wolf Man (1941) Уште еден класичен хорор на Универзал, со Лон Чејни Џуниор и Клод Рејнс. Уште од старт на филмот локалните луѓе предупредуваат за врколаци и суеверието владее. Но дали кадешто има чад, има и оган?! Ова прашање се развлекува низ филмот во потрага по одговор додека главниот лик се претвора баш во ова суштество од месниот фолклор. Ја сакав употребата на магла, и карактеристичната музика од тој период. Ефектите беа добри, содржината добра, глумата одлична, пример за некогашната елеганција на Холивуд и прекрасните манири. Дефинитивно ќе му се навратам. Сега се припремам да го гледам I Walked with Zombie (1943) 9/10 The Wolf man
I walked with a zombie (1943) Само што ќе напишев дека филмов би бил одлична адаптација за готик новела, проверувам на ИМДБ и гледам дека е базиран врз роман на Шарлот Бронте (мкеј, МОРАМ да ја прочитам. EDIT: според википедија е базирана на артикал од Инез Валас, каква штета!) Прекрасен филм, посебно сценариото. Имаше топлина и емоции во него, како и натприродно, совршен баланс меѓу сите овие. Медицинска сестра оди на Карибски остров да се грижи за сопругата на нејзиниот работодавец која е или mad or a zombie. 10/10 inlove:)
Откако градот ке им ја земе стипендијата за школување на нивната ќерка, родителите ќе почнат да работат со илегално казино во куќата на нивниот пријател, само за да соберат пари за нивната ќерка 7/10
Тор Рагнарок Дефинитивно најдобар од сите делови до сега. Ефектите беа прекрасни,костимите и глумата исто така. Но едно нешто беше најдобро-хуморот. Одамна се немам смеено така добро како на филмов. Топло го препорачувам,одличен беше!
Frankenstein (1931) Кратка содржина Во европско село, еден млад научник наречен Henry Frankenstein, и неговиот грбав асистент, заедно составуваат човеково тело од делови кои имаат различно потекло-најчесто украдени скорешно закопани тела на гробишта и обесени криминалци. Frankenstein посакува да креира човечки живот преку електрични уреди кои самиот ги усовршил. Тој го испраќа неговиот грбав асистент Fritz во едно училиште каде Dr. Waldman, стариот професор на Frankenstein по медицина предава. Неговата цел е од таму да украде мозок, меѓутоа Fritz го испушта нормалниот мозок и поради тоа е приморан да го земе мозокот на еден криминалец.... Рецензија Во овој филм всушност го запознав талентираниот актер Boris Karloff кој совршено го глуми чудовиштето на Frankenstein меѓутоа тој не бил првиот актер на ум. Имено, по големиот успех на Dracula, Bela Lugosi се надевал дека ќе ја добие улогата на Dr. Frankenstein но наместо тоа му била понудена улогата на чудовиштето по што Lugosi изјавил: " I was a star in my country and I will not be a scarecrow over here! ". Ова се смета за една од најголемите грешки кои Lugosi ја направил за време на неговата кариера. Инаку, иако филмот е различен од популарната книга на Мери Шели, сепак е навистина посебен и се издвојува како класичен филм кој секој љубител на винтиџ хоророт мора да го погледне. Оценка: 10/10
Jigsaw Последниот во низата на добро познатиот серијал Пила. Дејствието е 10 години по смртта на Џон Крамер - Џигсо. Има фини стапици, напети сцени, `oн е, не е он` , неизвесности, гадни сцени, многу крв, преокрети.. И така
http://m.imdb.com/title/tt3532216/ Интересно филмче,мада крајот се предвидува мислам.Том Круз е пилот кој ке биде ангажиран од циа да работи за нив. 7/10
http://www.imdb.com/title/tt0362225/?ref_=tt_rec_tt Французите имаат лимонатка глупи романтики, али трилери вадат и те како добри. Препорака.
The Bride of Frankenstein (1935) Кратка содржина: Во една бурна ноќ, Percy Bysshe Shelley и Lord Byron ја фалат Mary Shelley за нејзината приказна во која се раскажува за Франкенштајн и за чудовиштето. Потсетувајќи ги дека нејзината намера беше да се научи една важна лекција, Mary вели дека има уште за раскажување. Потоа веднаш се префрлува кон завршната сцена од првиот дел на Frankenstein од 1931 година. Селаните се собрани околу запалената воденица и ја слават претпоставената смрт на чудовиштето но нивната среќа е ублажена од сознанието дека Henry Frankenstein исто така се претпоставува дека е мртов. Hans, татко на девојчето кое чудовиштето го удавило во претходниот филм посакува да ги види коските на чудовиштето и така пропаѓа во поплавената јама под уништената воденица каде што чудовиштето преживувајќи го огнот го задавува ... Рецензија: Поради големиот успех на првиот филм Frankenstein направен во 1931 година, Universal Pictures се одлучува да создаде втор дел на филмот повторно ставајќи го Boris Karloff во улогата на чудовиштето. Според мене, ова продолжение на познатиот винтиџ хорор филм ми беше подеднакво добар како и првиот оригинален дел и особено ми се допадна глумата на Elsa Lanchester која во филмот ги глуми и Mary Wollstonecraft Shelley и невестата на Frankenstein. Секако нејзиниот изглед во овој филм постанува многу претпознатлив и копиран во понатамошната култура. Оценка: 10/10
Група пријатели ќе се приклучат на патување во џунгла во Боливија, во потрага по Индиско село. Сметајќи дека ќе биде интересна авантура, почнуваат да сфаќаат дека џунглата е полна со мистерии 7/10
Sleepers Ме остави без КОМЕНТАРР !! Се работи за 4другари,кои се заедно од мали и многу се *луди* .. Завршуваат во поправен дом и што ли уште не преживуваат таму..*жалосно* е сега откако ПОРАСНАА дојде нивен ред за одмазда и правдата беше задоволена..ПРЕПОРАКА
Пијанист. http://www.imdb.com/title/tt0253474/ Топло го препорачувам на сите љубители на филмови со војни (поточно Втора светска војна). Се работи за Полски (Евреин) пијанист, кој се обидува да преживее за време на војната. Уште кога почнува филмот, војната веќе е почната во Полска, па за Еверите има посебни правила кои важат во општеството. Цела тортура кон Евреите, измачување, исмевање, изгладување до смрт, психичко и физичко осакатување е прикажана на генијален начин...Баш да се наежиш, па дури и солза да пуштиш ако имаш меко срце. Дали вреди да си упорен и да се бориш до крај за да излезеш како победник, иако цело твое семејство, пријатели и дом, преку ноќ си снемува...Дали љубовта и талентот кон пијаното, ќе му помогнат за да се спаси овој млад човек...Дали и помеѓу Германските монструми војници, сепак постои мала човечност и срце....Видете сами.
Simpaticno praznicno filmce koe ke vi ja stopli dusata. Dve ljubovni prikaski i plus potsetuvanje na vozdrasnite koj za praznicite se bas osameni. 8/10