The hunt (2012) За сите љубители на квалитетна драма. Шокантен приказ на неправда и нехуманост. Дали децата секогаш ја зборуваат вистината или пак кажаното е производ на нивната имагинација? Совршенство преточено во 115 минути. Топло препорачувам! 10/10
Двајца браќа се професионални крадци на автомобили. Еден ден ќе успеат да украдат многу редок автомобил кој е продаден на аукција. И од тука почнува акцијата 6/10
Sabrina (1954) Кратка содржина: Sabrina Fairchild е младата ќерка на шоферот на семејството Larrabeе и таа е заљубена во David Larrabee целиот свој живот но тој никогаш не ја ни забележувал. Разочарана, таа на татко си му остава проштално писмо и се обидува да се самоубие но не успева во тоа кога Linus, постариот брат на David, ја спречува во тоа. Sabrina потоа оди во кулинарско училиште во Париз и по две години се враќа дома како атрактивна и софистицирана млада девојка. David, откако не успева да ја препознае кога прв пат ќе ја види, набрзо се заљубува во неа... Рецензија: Ова е еден од најдобрите винтиџ филмови кои сум ги гледала со Audrey Hepburn во главната улога. Особено ми се допаѓа костумографијата, како и прекрасните фустани кои Audrey Hepburn ги носи. Исто така, станува претпознатлива Француската песна La Vie en rose која реферира на тоа да се гледа светот низ розови очила. Пригодата за Hepburn да ја пее токму оваа песна е кога нејзиниот лик Sabrina се враќа од Париз и сега е далеку посамоуверена пред да замине, и нејзиниот живот навистина станува порозев. Оценка: 10/10
Gravity. http://www.imdb.com/title/tt1454468/?ref_=nv_sr_2 Двајца астронаути (Сандра Булок и Џорџ Клуни) се единствени преживеани од екипата после несреќа што им се случува додека се на мисија низ вселента. Без гравитација, со се помалку кислород во опремата, и со речиси никаков сигнал од Земјата, ќе се обидуваат да преживеат низ вселената лутајќи без контрола. Покрај тоа што е цело време додека го гледаш филмов си напнат и со покачен адреналин, не верувам дека некој ќе остане рамнодушен и на неколкуте емотивни сцени што допираат до срце. Филмов е добар за луѓе што сакаат авантура, шок и адреналин.
"The Tenant" 1976 (режисер и главна улога Роман Полански) Културен и фин ненаметлив човек се вселува во мал стан. *** Еден од најдобрите психо трилери што ги имам гледано (и хорори). Тензија, клаустрофобија, параноја од која се заледува крвта во вените, прекрасно режирање, сценарио и глума, Станарот е филм по кој нема лесно да заспиете и еден од ретките кој се занимава со психологијата на човечкиот мозок на начин што е доста вистинит. 10/10
Приказна а девојче кое се бори за опстанокот на својот миленик. Корпорација создава нови видови на животни, со цел масовно производство на нивното месо. Заштита на животните- главна тематика на овој филм. Оцена- 8/10
The Santa Incident Во пресрет на новогодишните празници почнав јас со овие филмови.. Дедо мраз случајно ќе го изгуби својот пат и ќе се најде во друштво на две мали дечиња. Лабаво филмче уште снегче фали и да се гледа на раат.
The Front Page (1974) со Џек Лемон и Волтер Матау (го знаеме од Денис како г-дин Вилсон) До каде ќе се оди да се задржи еден од најдобрите новинари кои ги имате? Таква добра и интелигентна комедија немам гледано до сега. Сценариото ме воодушеви, многу паметно, како учеле порано толку многу дијалог е над моите разбирања, сега напола има од тоа што тогаш имало. Не го пропуштајте овој филм, ќе ве насмее до солзи. Овие два актери имаат повеќе комедии заедно, па вечер планираме со мм да гледаме нешто со нив.
Летот 7500 заминува од Лос Анџелес до Токио. Во текот на 9часовниот лет, патниците ќе сфатат дека не се сами во авионот, туку дека има натприродна сила 7/10
Flighplan (2005) На што сè е подготвен и до каде би одел еден родител за своите деца... По ненадејната смрт на нејзиниот сопруг во Берлин, Кајл Прат фаќа лет за да се врати дома во САД заедно со својата шестгодишна ќерка, Џулија. Меѓутоа, за време на летот исчезнува Џулија, а изгледа дека никој од патниците и екипажот не ја видел никогаш во авионот за време на летот. Дали овде се крие нешто друго или во прашање се mindgames кои Кајл си ги има во сопствената глава, останува да видите. Џоди Фостер е извонредна. 8/10
The Colony(2015)-8/10 Вистинска приказна за неуморната борба на млад пар да избегаат од Колонија Достоинство во која се живее се освен достоинствен живот. Приказна за политичките превирања во Чиле и безредието кое тие го предизвикале. Интересен,интригантен филм во кој се сожиевеав со крајот. Ќе го биде или не?Ќе избегаат или не? Преубава глума на цела актерска екипа.
Пак јас, се погоди денот за филмски маратон. Panic Room (2002) Пак Џоди Фостер во акција. Како да станеш заложник во сопствената куќа; приказната се врти околу Мег и нејзината ќерка Сара. По разделбата со сопругот, тие две се вселуваат во нова куќа, во која се „крие“ тајна соба во улога на скривница при одредени непогоди или неволји. Истата вечер, во куќата ќе провалат тројца натрапници, а Мег и Сара ќе се сокријат во „тајната соба“ и за среќа или за жал, ќе им го пореметат планот на крадците, па тие ќе мора да „импровизираат“ за да ги натерат да излезат од скривницата. Ми се допаѓа тоа што низ целиот филм ме следеше некакво тензично чувство. Сакам вакви филмови, особено оние од '90те, па сè до 2007/8. Во последно време навистина не испаднал добар трилер што ќе ми го задржи вниманието вака. 8/10
Murder on the Orient Express (2017) Во 30-тите години на минатиот век, на Ориент возот кој патува на далечна дестинација се случува убиство. За (не)среќа на патниците, во возот се наоѓа најпознатиот детектив во тоа време, кој го превзема случајот, но ни тој самиот не може да претпостави какви мрачни тајни се кријат зад ова убиство. Го гледав на кино само за да направам споредба со верзијата од 1974 година. Премногу го изрекламираа филмов, мене не ми остави некој посебен впечаток, дали дека дејството ми беше веќе познато, не знам. Премногу внимание посветиле на звучни ефекти, премногу непотребни сцени и развлекување на дејството, а за сметка на тоа не беше убаво разработена главната тема околу самото убиство, забележав неколку пропусти при разоткривањето на убиецот, кои во верзијата од 1974 година се баш убаво разработени. Инаку одлична глума на Kenneth Branagh, а јас како фан на Johnny Depp се изнервирав кога видов која улога ја добил. Од мене оценка 6/10. Препорака за оние што веќе ја погледнале верзијава од 2017 година, а и за тие што не ја гледале , да го погледнете филмот од 1974 година (http://www.imdb.com/title/tt0071877/)
Jeannette Walls е втората најстара од четирите деца. Нејзиниот татко, Рекс, е алкохоличар, а нејзината мајка, Роза Марија, сликар и уметник. Додека Жанет е шест, семејството се движи околу Аризона и Калифорнија на секои неколку месеци кога долговите на Рекс и Роуз Марија растат премногу бројни. Кога Жанет има седум, семејството се преселува во планината Невада, каде што тие имаат стабилност за прв пат додека Рекс работи за рударска компанија и семејството живее во конвертираната железничка станица. На крајот Рекс ја губи својата работа и децата растат. Роуз Марија, која има сертификат за настава, добива професија за работа во локалното училиште, но Рекс брзо ја исцртува својата плата. Интересен филм, го задржува вниманието, ми остави голем впечаток,многу ми се допадна. Поучен филм кој ја прикажува реалноста за сиромаштијата во која луѓето живееат и најважно како еден родител не треба да се однесува кон своите деца. За жал постојат и вакви родители на овај свет.... Крајот не ми се допадна, очекував поинаков крај. Топло ви го препорачувам, многу поучен филм. Оценка 9/10
Whiplash (2014) 10/10 - препорачувам!! Премногу моќен и инспиративен филм. Доказ дека вреди да се работи напорно до крај, покрај сите "пречки", за да се постигне посакуваната цел. Не можам да ги опишам чувствата што ми ги предизвика филмов. Едноставно не. Мислам дека е еден од најдобрите филмови што сум ги гледала, и дефинитивно би го пуштила пак, затоа што мотивира, да дадеш се од себе, да го пронајдеш својот пат кон целта. Да пронајдеш доволно сила, храброст и креативност за да успееш.
Murder on the Orient Express (2017) IMDb вели: кога ќе се случи убиство во возот со кој патува, славниот детектив Херкул Поаро е регрутиран за да го реши случајот. Ај сега јас. Прво, што да ви речам - одете гледајте го! Филмов, без двоумење, е најубавиот (бар во поглед на сценографија) филм кој сум го гледала долго време. Без разлика дали се работи за вистински локации или такви створени со помош на CGI, сѐ е доведено до таква перфекција, што создава двочасовен рај за очи. Искрено, ќе бидам разочарана ако не земе макар некоја награда зошто (според мое скромно мислење) е кинематографско ремек-дело. Новиот изглед на фамозните мустаќи на Поаро, како и неговата блага форма на OCD доведоа до неколку смешни моменти кои, според мене, беа и те како потребни за разведрување на инаку електричната атмосфера. Исто така, добро е тоа што филмот почнува и завршува со тоа како детективот работи (а потоа го повикуваат да работи) на сосема друг случај, бидејќи со тоа полесно се воведува новата публика во тоа кој е паметниов детектив, и зошто се смета за најдобар во она што го работи. Ќе пробам да не излагам спојлери, па само оддалеку ќе се осврнам на таа една сцена во која Поаро објаснува кој навистина е убиениот патник, и што тој има сторено. Направена е на таков начин кој истовремено е трагичен и заледувачки, што ја прави една од моите омилени сцени. Првокласната листа на актери, без двоумење, доловува и повеќе од ветеното, и сите се совршено одбрани за своите улоги. Арогантноста на Рачет, бесот на грофот, авторитетноста на принцезата - буквално не постои подобар актерски избор за секоја дадена улога. Единствената, да ја наречам ете, мана, која лично успеав да ја најдам, е тоа што крајот беше малку избрзан, а неколку важни детали беа објаснети толку бргу што е сосема можно да ви поминат пред очи без да ги приметите, на сметка на што имаше неколку долги (и, да речам, непотребни?) сцени во кои Поаро зборува сам со себе, или ѝ зборува на публиката, или зборува со било кој, а кои можеле слободно да бидат скратени, или да не речам - сосема изоставени. Фан сум на делата на Agatha Christie, но, да не се лажеме, отрчав да го погледнам филмов само поради фактот што во него глуми Johnny Depp, и иако него го имаше во околу три сцени и максимум 10-ина минути, што инаку би ме разочарало, филмов беше и тоа како вреден за гледање сам по себе. Мислам дека без разлика на тоа дали сте ја читале книгата или сте го гледале оригиналниот филм, би ви се допаднала оваа верзија исто толку колку и на оние кои не знаат за што се работи во приказната. Му давам 9/10.
Jungle - интересна авантура според вистинска приказна. Дејството се одвива во Боливија, по течението на Амазон. Во главната улога е Даниел Ретклиф, и многу ми се допадна. Во потрага по индијанско племе, наидува на многу проблеми и препреки. Филмот навистина го задржува вниманието. Го препорачувам
Вознемирувачко ТВ реално шоу, каде што луѓето ги завршуваат своите животи за пари додека публиката ужива во сето тоа 4/10