THE BAR (EL BAR) (2017) Шпански трилер/комедија за луѓе заробени во бар откако еден од гостите во барот ќе биде убиен кога сака да го напушти барот. Сакајќи да му помогне уште еден гост од барот ќе биде убиен секунда штом го премине прагот на барот. Откако останатите во барот сфатат дека не смеат да го напуштат барот, почнуваат да смислуваат теории што би можело да е причината за тоа што се случува, а со тоа почнува и недовербата меѓу нив. Филмот задржува внимание, ама ништо спектакуларно и веќе невидено. Крај предвидлив, плус некои нелогичности за кои не би сакала сега да тупам, па од мене оцена 8/10. TERRIBLE ANGELS (2012) Линда е зависник од дрога и дилер која станува заложник на безмилосен киднапер. Наскоро дознава дека не е единствена и дека ја чека истата судбина ако не ја превзема работата во свои раце. Филмот не е нешто посебно се' до самиот крај кој ме остави без зборови, па оцена нормално 10/10. THE TREATMENT (DE BEHANDELING) (2014) Белгиски трилер во кој детективот Ник е во потрага по педофил, а истовремено се бори со своите демони од детството, кога неговиот брат е киднапиран од друг педофил. Почнува истрагата, а со тоа и клопчето што се случило сега и пред 20 години почнува да се размотува. Но, ништо не е како што изгледа. Мрачен филм кој не е за сечиј вкус, но мене ми се допадна. Оцена 10/10. THE ABSENT ONE (FASANDRAEBERNE) (2014) Дански трилер во кој се почнува со расветлување на убиство на близнаци пред 20 години, а кое навидум е решено и убиецот казнет. Но, како се одвива истрагата, така се' повеќе жртви излегуваат на површина. Напнат, преинтересен трилер, со маали преувеличувања кои не сметаат филмот да го оценам со 10/10. ALONG CAME A SPIDER (2001) Трилер со Морган Фриман во кој тој е во улога на детектив кој откако ќе го изгуби својот партнер не може да продолжи со својата кариера и живот. Во меѓувреме, ќерката на сенатор е киднапирана, а киднаперот го контактира Фриман со што почнува нивната игра и надмудрување. Интересен филм, имаше некои пресврти, ама самиот крај е предвидлив. Од мене оцена 9/10. @Mishela
Калум Линч ги истражува сеќавањата на неговиот предок Агилар, пред да го превземе тајното друштво на Темпларите 8/10
Murder on the Orient Express Кој ја читал книгата, знае каква возбуда и неизвесност буди приказната. И покрај тоа што има одлична актерска екипа, филмов мене ми беше досаден. Не почувствував никаква неизвесност, како да немаше никаква динамика... Го гледав во кино, но да го гледав дома, одма ќе го исклучев.
Minority Report (2002) Дејството се случува во иднината. Во САД веќе неколку години успешно функционира, за многумина контроверзната, специјална полициска единица која може да ги уапси убијците пред да го извршат предвиденото злосторство. Најголемиот поборник на оваа полициска единица се наоѓа во тесно кога ќе биде обвинет за идно убиство. Не сум љубител на science-fiction филмови, но овој филм ми се допадна повеќе од што очекував. Држи внимание до самиот крај и има доста напнати и адреналински сцени, со неочекуван пресврт кон крајот . Единствена замерка ми е што долго се развлекува дејството и поради тоа филмот трае 2 и пол часа. Исто така во филмот има 2-3 сцени кои пробале да ги направат хумористични, најверојатно за да се намали напнатоста која владее низ целиот филм, но мене некако не ми се совпаѓаат со самиот филм. Том Круз, како и секогаш, одличен . Од мене 8/10.
Стара рок ѕвезда и неговата сопруга одат на одмор во Чиле. Таму е киднапирана неговата сопруга.Тој прави се да ја ослободи неогвата сопруга. Спремен е да го плати износот што го бараат, но ќе биде спречен од страна на Владата 8/10
Logan Lucky (2017) Последниот филм на Стивен Содерберг, со многу звучни имиња како Ченинг Тејтум, Адам Драјвер, Даниел Крег, Кејти Холмс, Хилари Свонк и Сет Мекфарлејн, меѓу другите, претставува своевидна антитеза на неговата трилогија со Дени Оушн. Logan Lucky е акција/комедија/heist movie, која изобилува со стереотипи за просечниот американски hillbilly сељак – сите глумци зборат со тежок каубојски акцент (да, дури и Даниел Крег ), изгледаат како придружната екипа на Honey Boo Boo (да, ќерката на Ченинг дури учествува и на натпревар за таленти ), а целта на нивниот грабеж е олицетворението на сељаштвото во Америка – NASCAR трката. Како што реков, тотална пародија и спротивност на гламурозносат и софистицираноста наOcean’s филмовите. Иако на IMDb е класифициран како комедија, не очекувајте хумор карактеристичен за типичните холивудски комедии и очајнички обиди на филмов да ве насмее на секои 5 минути. Комедијата во Logan Lucky е спорадична и изобилува со црн хумор – со ситуации кои ќе ви бидат смешни, но ќе ви биде непријатно од самите себе зашто тоа ви е смешно. Во секој случај, интересен и несекојдневен филм кој вреди да се погледне, ако не ради нешто друго, тогаш затоа што е последниот филм на Содерберг пред неговото пензионирање и секако, за да ги видите главните актери во поинакво светло од она на кое сте се навикнале. Оцена: 8 Geostorm (2017) Најновото филмско остварување на Џерард Батлер, Geostorm е, накратко речено, disaster film, од оние во кои на Земјата ѝ се заканува целосно уништување. Филм за катастрофа или катастрофа од филм, тешко е да се каже. Во блиската иднина, 2050 или така нешто, Земјата е погодена од низа климатски катастрофи, како урагани, земјотреси, цунамија, поплави и суши. Одговорот на обединетите сили на човештвото е Dutch Boy – систем од сателити за контролирање на климата кој ја покрива целата Земја. Проблемите настануваат кога системот кој функционирал беспрекорно започнува да се расипува и да предизвикува (наместо да спречува) климатски катастрофи на Земјата. Не е објаснето како Dutch Boy го прави ни едното ни другото, но океј – ова е само еден од мноштвото на проблеми кои ги има овој филм. Лошо напишано сценарио, полно со дупки како швајцарско сирење, мрзлива глума и супстандардни специјални ефекти – сето тоа спакувано во филмско клише. Е така некако би го опишал филмов. Штета за Џерард, после Olympus Has Fallen и Gods of Egypt, се чини дека Geostorm нема да биде последниот во низата на неговите катастрофални филмски улоги. Оцена: 5 Acts of Vengeance (2017) Најновиот филм на (за жал) веќе позаборавениот Антонио Бандерас, во кој го гледаме во едно поинакво светло. Acts of Vengeance припаѓа во филмскиот жанр „Познат глумец кој станува акционен херој во својата старост“ – жанр кој го измисли Лиам Нисон со Taken, а во кој се испробаа уште многу познати глумци, како Кевин Костнер и Шон Пен, на пример – со поголем или помал успех. Сега, во улогата на средовечен кршач на кичми го имаме Антонио Бандерас и, морам да кажам, не му стои толку лошо. Приказната е следна – Антонио е познат адвокат, специјализиран за ослободување на криминалци. Откако ќе ги загуби жената и ќерката во неразрешено убиство, тој влегува во самодеструктивен период, случајно налетува на книгата Медитации од Марко Аурелиј и, во духот на стоицизмот, се одлучува да си даде завет за молчење, сѐ додека не ги најде одговорните за нивната смрт. Acts of Vengeance е акционен филм, со солидно темпо и траење од само саат и дваесет минути – значи, филм кој знае како да прејде на поентата без да го тупи. Поделен е на 5 дела, а секој дел започнува со цитат од Аурелиј од гореспоменатата книга. Акцијата е на солидно ниво, а сцените во кои малечкиот Бандерас млати луѓе се сосема уверливо снимени. Не сум сигурен дали е намерно или ненамерно, ама филмот има неколкју (траги)комични моменти, кои се должат на заветот за ќутење на Антонио, што мора да признаете, не е идеална одлука во ситуација кога се обидувате да истражувате убиство, да следите траги и да испрашувате осомничени. Во секој случај, доволно забавен за да ви го задржи вниманието и да не ве натера да се покаете за потрошеното време. Оцена: 7
A Bad moms christmas Одамна не сум се смеела толку многу на филм, го гледав вчера во кино и одличен е. Мајките на три пријателки доаѓаат да прослават Божик заедно со своите ќерки и следуваат комични ситуации.
Еден сноубордист се губи во зимска бура во High Sierras. Тој е принуден да се бори за опстанок максимум колку што е човечката издржливост во тие планини 8/10
Loving Vincent Џозеф Рулин, поштар и пријател на Винсент ван Гог, му дава задача на син му Арман да го врачи последното писмо на Ван Гог на семејството на неговиот брат Тео. Преку патешествието на младиот Арман и средбите со луѓе од животот на Винсент, прикажана е биографијата на познатиот сликар, неговата психичка состојба и околностите на неговата смрт. Филм за секоја уметничка душа. На повеќето ни е позната трагичната биографија на Ван Гог, а емоциите се прекрасно доловени тука. Најмногу го прави посебен фактот дека целиот филм е во форма на движечки слики во техниката на Ван Гог, насликани од тим од 100 сликари - и е прв филм од ваков тип (насликана анимација) во светот. 10/10
Tulip fever Жанр: историја/драма Дејството се случува во Амстердам 17ти век. Корнелис, богатиот и двојно постар споруг на Софија ќе го ангажира младиот сликар Јан да креира фамилијарен портрет. Младата Софија и наивниот Јан лудо се вљубиваат, сакајќи да останат заедно, ќе се заплеткаат во мрежата од лаги што сами ќе ја сплетат. Филмот е прикажан во одлично светло карактеристично за тој период. Не ми се допадна глумата на манекенката Кара, неубедлива во улогата, среќа што беше присутна само неколку минути, останатиот тим на актери се полн погодок. 8/10
Home again 2017 Алис е во фаза на развод и се враќа во куќата која ја наследила од својот татко. Очајот од нов почеток во друг град исчезнува кога запознава тројца млади продуценти и актери. Tinker Tailor Soldier Spy 2011 Во време на ладната војната, агентот Смајли (Гери Олдман) ветеран во шпионажа е задолжен да го пронајде рускиот агент одговорен за истекување на информации.
After the Wedding (Efter brylluppet) Жанр: драма Јакоб живее и работи во сиропиталиште во Индија грижејќи се за малите дечиња. Заминува во Данска за да се сретне со богат донатор, но она што ќе го открие за себе си, тајна скриена 20 години ќе му го промени текот на животот. Глумците се толку многу природни, просто да се запрашаш дали навистина им се случила сторијата. 9/10
Bitter Harvest (2017) Филм кој ќе им го скрши срцето на сите. Сеуште имам грутка во грлото колку е сурово болен и сеуште неможам да поверувам дека ова е всушност реалност. Филмот е посветен на еден од најстрашните геноциди во историјата - Гладомор или масовното изгладнување на украинскиот народ предизвикан од советската влада на Сталин во 1930. Приказната започнува во едно село во Украина со најплодна почва на тие простори, Јури е млад талентиран сликар кој заминува во Киев по потрага по подобар живот со надеж дека ќе го спаси своето семејство од гладот, за време на бунтот тој убива член на совиетите и е осуден на затвор. Животот на украинскиот народ се претвора во пекол кога луѓето се принудели да прават грозоморни нешта со цел да дојдат до храна вклучувајќи ја неговата жена Наталка која си го продава своето тело.. Филмот изобилува со прекрасни пејсажи но и такви кои ќе ве здоболат до срж, а сето тоа надополнето со маестралната музика на DakhaBrakha ќе ве остави занемени. Досега не бев слушнала за неа но жената го има најубавиот вокал на планетата. Сите песни се традиционални украински песни, со еден збор ремек дело. Секако ќе ги споделам и тука Имам мала замерка за главниот пар кој според мене немаше баш хемија и им фалеа посилни емоци па само заради нив ќе ставам 7/10 http://www.deezer.com/track/142749742 http://www.deezer.com/track/142749766
Звучи интересно, голем фан сум на Мадс. Го гледав The Hunt (2012) Данска драма. Животот на мирен учител во градинка ќе тргне на лошо, откако едно мало девојче ќе каже 'невина' детска лага.
http://m.imdb.com/title/tt5799780/ Хрватски филм е,се работи за човек чиј дедо(татко на женаму) му наоѓа работа кај него во министерство.Треба да одкрие кои вдовици на загинати војници живеат вонбрачно со маж повеќе од три години,за да можат да им ја укинат пензијата.Интересен е од мене 9/10
Transcendence (2014) Како дури и по смртта со помош на вештачка интелегенција, свеста на еден научник ќе биде инсталирана во софтверски програм. Неговата моќ постанува голема и тешко некој може да го спречи. Оцена- 9/10
Murder on the Orient Express Извонредна актерска екипа собрана на едно место, во воз. Филм според добро познатиот best seller на Агата Кристи. Можеле и повеќе со ваков тим глумци, али сепак солидно. Justice League Е од ова очекував многу повеќе. Секако многу повеќе сакам Марвел јунаци и филмови, и ова е уште еден доказ колку се многу напред од DC. Пристоен филм, и ништо повеќе од тоа. The Killing of a Sacred Deer Кој е запознаен со претходните дела на режисерот ( Yorgos Lanthimos ) , знае што може да очекува. Ако сте го гледале The Lobster не е ништо, овде се е x100 . Чудно е мал збор, извитоперено, по малце болно и благо ретардиранко. Никако не те остава рамнодушен, го гледаш и на сите го збориш. Е сега што ќе збориш......