Hangman (2017) Ако и вас ве фаќа носталгија по Ал Пачино и посакувате да гледате нешто ново со него, тогаш Hangman е филм кој можеби треба да го прескокнете. На хартија, филмот изгледа одлично. Ал Пачино плус Карл Урбан, во трилер/мистерија за сериски убиец кој убива луѓе у стилот на детската игра бесилка – по еден човек за секоја буква од зборот кој треба да го погодат, ако сакаат да го фатат. Во реалноста, ова е можеби единствениот филм со Ал Пачино за кој би рекол дека би бил подобар ако Ал Пачино не беше во него. Искрено, не сум гледал одамна нешто ново со него, ама Ал е остарен. Бајаги остарен. Премногу стар за да глуми у филмови, би рекол. Сериозно, не ни успеав да се сконцентрирам целосно на генеричката приказна, затоа што цело време се плашев дека ќе му се слоши на човеков и ќе се струполи на земја. Иако неубедливо му ја изфарбале косата, Пачино изгледаше како налудничав дедо кој залутал на филмски сет, најверојатно затоа што има Алцхајмер и не знае како да се врати дома. Глумата му се движеше од неразбирливо мрморење (фала Богу за титловите!) до буквално дерење на репликите у фаците на другите актери. Да се разбереме – не дека филмов ќе беше добар и без Ал. Приказната е толку неубедлива и со толку многу дупки и нелогичности што на крај се откажав од тоа да ги приметувам. Карактерот на Пачино буквално вадеше заклучоци од газот за тоа која ќе биде наредната жртва на Hangman и правеше поврзувања на стварите кои би можеле да ги поврзете само ако веќе сте го прочитале сценариото. Патем, филмот завршува со cliffhanger – кој нема никаква логика во контекстот на приказната, туку е очигледно ставен само како обид филмов да има интересен крај. (Hint: Ствари што не прават никаква логика не се интересни, туку само ретардирани.) Искрено се надевам дека не се надевале дека ќе се снима и втор дел. Што да се каже за останатите глумци? – Ал Пачино ги засенува сите до еден, но овој пат не на добар начин. Карл Урбан е стандардно океј, женската глумица (Џенифер Анистон wannabe) се трудеше премногу, и тоа јасно се гледаше. Имам впечаток дека сите се согласиле да го снимат филмов само поради тоа што Ал Пачино е во него. А Ал се согласил да глуми у него... Господ знае зошто. Фанови на Пачино, избегнувајте по секоја цена. Оцена: 5
Spider-Man: Homecoming (2017) Со нетрпение го исчекував новиот Спајдермен ииииии... се разочарав, ама ептен. До тој степен што го гледав на два пати. Дефинитивно најразочарувачкиот филм во цел MCU, додуша уште Тор не ми е изгледан. Не знам ни јас што очекував, но филм за деца од 5 годишна возраст не очекував. Имав впечаток како Том Холанд едвај да чека да си оди дома за да им раскаже на другарчињата како си поминал на снимање со RDJ. Се надевам Infinity war нема да го зезнат.
http://m.imdb.com/title/tt2872518/ Многу ме бендиса Запчнува кога Мак е растен со татко пијаница кој ги малтретира постојано него и мајкаму.Неможејки повеке да трпи ги превзема работите во свои раце.Потоа продолжува како е веке пораснат и има жена и деца.Христијани се но он баш и нема некој однос со Господ за разлика од женаму.Вистинската средба и промена со Бог ја доживува после голема трагедија во нивнот живот кога е целосно огорчен на Господ за тоа што го дозволил.Што се случува понатаму оставам да видите.
Изгледав уште два дански трилери со истите детективи, односно департмент Q и толку многу ми се допаднаа што со душа го чекам следниот : DEPARTMENT Q: THE KEEPER OF LOST CAUSES (KVINDEN I BURET) (2013) Во овој дел, детективот Карл Морк е суспендиран од детективската работа и за казна треба да ги затвара долгоотворените случаеви кој никој не можел да ги реши. Но, наместо да ги затвара, тој одлучува да ги решава . Му доделуваат партнер со кој почнуваат да работат на случај со исчезната жена за која сите мислат дека се самоубила фрлајќи се во вода, освен Морк кој мисли дека е убиена. Почнуваат да копат подлабоко и некои тајни излегуваат на површина, а со тоа и мистеријата околу самоубиството се решава. Истиот коментар како за претходниот, преинтересен, од мене оцена 10/10. DEPARTMENT Q: A CONSPIRACY OF FAITH (FLASKEPOST FRA P) (2016) Во одделот Q пристигнува шише со порака внатре за која откриваат дека е напишана од дете пред 7,8 години во која моли за помош. Почнува истрага зошто, како и кога е пуштена пораката и нивната истрага се вкрстува со моменталната истрага на две исчезнати дечиња. Коментар читај погоре , преинтересен, од мене оцена 10/10. THE THIRTEENTH TALE (2013) Филмот го пуштив поради истоимената книга која ми беше читана пред неколку години и која иако ми беше тешка за читање, сепак крајот беше неочекуван и ме воодушеви. Филмот беше лесен за гледање, глумата и амбиентот совршени, така да не зажалив што го гледав. Се работи за позната писателка на книгата "Тринаесетата приказна" во која се раскажани 12 приказни, па сите ги интересира која е 13тата. Писателката е пред умирање и решава да повика личност која ќе ја напише нејзината биографија која воедно ќе биде и последната приказна која недостига. Филмот е драма, мистерија, препорачувам, од мене оцена 10/10. INSOMNIA (TODESSCHLAF) (1997) Норвешки трилер за детектив кој доаѓа да го реши убиството на една млада девојка, а наместо тоа случајно го убива својот партнер и наместо да го реши случајот, тој уште повеќе го замрсува. Очекував многу повеќе од филмот, некако млак, досаден, од мене оцена 8/10. FRENZY (1972) Трилер од Хичкок за сериски убиец кој убива жени задавувајќи ги со својата вратоврска од една страна, и особа која поради несреќен сплет на околности ќе стане првоосомничен за злосторствата од друга страна. Можеби оти не сум навикната на филмови од пред 45 години, се' ми беше некако смешно, површно, наивно... Па и таа "најексплицитната" и "најбруталната" сцена на силување беше (сигурно пред 45 години била , ама јас се изнасмеав на неа ). Од мене оцена 8/10. THE SUFFERING (2016) Одамна не сум гледала хорор, најчесто се трилери, мистерии, па го пуштив овој филм да ме раздрма малку . И успеа во тоа. Се работи за проценувач на имот кој е повикан од еден старец да ја процени неговата куќа. Тој почнува со работа, ама наскоро почнува да доживува надреални работи кои во некои моменти ме подместуваа од место . Крајот ми се допадна, не можев ни да го претпоставам, па на обожавателите на хорор би требало да им се допадне. Од мене оцена 10/10. DON'T HANG UP (2016) Уште еден хорор во кој млади момчиња се зафркаваат по телефон и потоа зафрканциите ги ставаат на интернет за добивање лајкови и прегледи. Но, сето тоа ќе им се обие од глава кога тие ќе станат зафркаваната страна од страна на психопат. Фимот беше интересен, на моменти предвидлив, со сцени веќе видени во други хорори, од мене оцена 9/10. THE INVITATION (2015) Млад пар е поканет во куќата на поранешната сопруга на мажот каде се поканети сите нивни блиски. Но, уште од почетокот се осеќа дека нешто чудно се случува. Која е целта на поканата во куќата, гледајте, па ќе дознаете . Исто предвидлив, не ми беше нешто посебно, од мене оцена 8/10. TIMECRIMES (LOS CRONOCRIMENES) (2007) Шпански трилер за човек по име Хектор кој гледајќи со двоглед загледува млада гола девојка во шумата и оди да види што се случува. Но, таму е прободен со ножица во раката од страна на манијак обвиткан со завои во главата. Хектор почнува да бега и стигнува до еден силос каде еден научник сака да покрене временска машина. Хектор влегува во машината да се сокрие и тука почнува збрката во вистинска смисла на зборот . Филмот е гледлив, земајќи во предвид дека е научна фантастика, интересен, задржува внимание, ама можно ли е да се направи толку добар филм и крајот да се упропасти 100 на 100 . Толку многу нелогичности, да гледаш филм и на крајот да не ти се одговори најбитното, ЗОШТО и КАКО започна се'? Ако некој го има гледано, или ќе го гледа во иднина, би сакала да ми ги објасни тие нелогичности, иако не верувам дека има логично објаснување, освен дека авторот сам се смотал во сопствениот филм (кој ќе го гледа филмот ќе знае за што зборувам ). Не знам дури ни како да го оценам, хмм .
Rememory Научник - иноватор мистериозно умира непосредно по промоцијата на неговата нова креација, машина за реминисценција и прегледување на сеќавањата. Сем Блум, негов познаник и исто така многу заинтересиран за изумот, ја истражува неговата смрт, но и несаканите ефекти од машината. Не толку напната и интензивна мистерија, но сепак солидна, очекував и јас повеќе ама не знам зошто до толку негативни критики и слаби оценки по сајтовиве за филмови Го гледав најмногу заради Тирион од Гејм оф троунс (Питер Динклиџ) и ми се допадна неговата глума и овде. 8/10
Го изгледав.Интересен,првпат гледам дански филм и малку чуден беше.Ме изненади последната сцена и баш ме замисли кој беше тоа.По силуетата не беше таткото на Клара,дали можеби братчето...штознам.
@Matotheja @bebaa Spoiler https://movies.stackexchange.com/qu...-symbolism-in-firing-shot-right-next-to-lucas
Spoiler Нели во истата секунда исчезна пукачот. Мене ми изгледаше како да му се причини сето тоа. Во линкот на Марта има интересно четиво во врска со крајот.
Dunkirk Пред да напишам било што, морам да кажам дека деновиве сум во доста емотивна состојба, па филмов како грутка на грло ми дојде. Втора светска војна, германската војска се пробива низ Франција, притискајќи ги војските на Франција и Англија кон брегот на морето во Данкирк. Преку 400.000 војници, заробени на мало парче земја, со единствена надеж, бегство преку морето кон Англија, A дома е толку блиску, и толку проклето далеку. Прочитав неколку коментари дека на филмов му недостасува лик со кој емотивно би се поврзале, лик со приказна, некои имаа забелешка и за музиката, а и за недостатокот на дијалог. Мене музиката ми беше одлична, и лежеше на тежината на филмот, недостатокот на дијалог го приметив, но исто така и го разбрав. Не знам кој мислел дека на толку многу војници на кои смртта им дише во врат, а од море еден брод на ден доаѓа и собира по неколку стотици, би им се разговарало. Гладни, жедни, уморни, исплашени... дефинитивно молкот совршено ја илустрираше психичката и физичката состојба на овие момци. Е сега за главниот лик, преку 400000 луѓе, јас мислам дека секој еден од нив е главен лик. Доколку му се дадеше позадина, семејство, девојка...било што, мислам дека филмов би изгубил барем за некој поен кај мене, оти таквите ги имаме видено многу. Зарем само оние што имаат некој да ги чека дома заслужуваат да бидат спасени, или имаат право на желба за живот, или можат емотивно да не допрат? Помеѓу херојство и кукавици? Дефинитивно уште една точка на која треба да се посвети внимание, таа состојба, желба да се биде спасен и тој страв да се вратиш дома без да ја победиш војната. Филмов можеби имаше некои технички недостатоци, прво што ми доаѓа на ум се бродовите кои доаѓаат при спас. Треба да се навистина многу, а во филмот некако смешно делуваат. Останатите карактерни недостатоци се всушност не по вина на сценаристот, туку поради реалните настани во времето на случување. Мене ми беше тешко да го одвојам филмот како филм, а не како веќе случен настан, а тоа особено ми дојде тешко па и си приплакав Тазе гледан, тешко ми е да ги средам мислите и да се сетам што друго би требала да напишам. Ова е филм што дефинитивно треба да се види.
Hunt for the Wilderpeople http://www.imdb.com/title/tt4698684/ Мој најфилм за 2017, а веројатно и најфилм во животот досега. Не десетка, милион има од мене. Совршенство! Односно- magestical ( да, знам дека зборот е погрешен ) Приказната е ултра едноставна: Рики Бејкер е навидум проблематично (а всушност срце) дете кое е сместено во фостер семејство. Се случуваат некои работи и детето и неговиот фостер-вујко одат да се кријат во новозеландската дива шума додека полицијата ги бара. Таму доживуваат авантури, запознаваат мрднати ликови и полека стануваат семејство. За мене, ова е филм без мана. Пресимпатични ликови, дискретен ама ефективен хумор, добра музика, убави пејзажи (за оние кои сакаат такви работи). Топол, фил-гуд филм со душа и срце. Режијата е на Таика Ваитити (What we do in the shadows , Thor: Rangarok), главните улоги се на Сем Нил и Џулиан Денисон. Ако ви се гледа убав филм, да ве насмее, опушти и расположи, ова ви е вистинскиот избор. Вистина, нема лепотани за гледање (едниот е престар, другиот премлад) ама мислам дека на крајот ќе се заљубите и во двајцата
The Foreigner Многу добар филм, Џеки Чен во улога на татко кој ќе ја изгуби својата ќерка по еден терористички напад, тргнува во поход да ги дознае кои се напаѓачите.
Thelma Многу интересен филм. Се работи за една девојка што ќе се заљуби во друга девојка и во тој момент открива дека има натприродни моќи. Всушност девојкава има некои вештерски способности кои порано ги имала нејзината баба, има напади но кога открива дека не станува збор за епилепсија се труди да истражи за нејзината болест. Тоа што ќе помисли тоа се остварува. Оценка: 8/10
Dumb & Dumber Приказната сите ја знаете... Него филмов уште поише го засакав поради репликава, која досега не сум приметила дека е од The Silence of the Lambs. Башка ова е првиот филм што го имам гледано во кино.
http://m.imdb.com/title/tt5013056/ Многу добар фил.Дествието го даваат од три перспективи.За втората светска војна е кога германците го напаѓаат Данкирк и англичаните се повлекуваат.Не обожаваме со мм да гледаме филмови од војните ама...Том Харди е воздушната одбрана а сите филмови со него се многу јаки.
Hector and the search for happiness(2014) Ми се чини на филмов налетав некаде низ форумов и го имам симнато уште пред година дена. Денеска конечно му дојде ред Се работи за Хектор, психијатар, кој живее прилично задоволителен живот. Има девојка, таа се грижи за него и секој ден му се одвива според рутина. Но, со сплет на околности започнува да сфаќа дека не знае како им помогне на своите пациенти да бидат среќни и се одлучува да оди на експедиција за да открие која е тајната за да се биде среќен. Слатко филмче, онака душата да ти ја стопли додека го гледаш, да си пуштиш по некоја солзичка и на крај да си се насмееш. Од мене препорака 7/10