Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Двата филма се со Jake Gyllenhaal во глава улога.
    Сосема различни улоги, и двете доловени на перфектен начин.


    Prisoners

    http://www.imdb.com/title/tt1392214/

    Додека две семејства се собрани на ручек, двете помали девојчиња ќе излезат да поиграат надвор и ќе исчезнат.
    Ќе биде известена и полицијата, а случајот ќе го води еден од најдобрите детективи.
    Но денови минуваат, а нема трга од нив, па таткото на едното девојче не може веќе да се потпира на полицијата, и затоа си ја превзема работата во свои раце.

    Филмот е навистина добар, иако во исто време е напнат, малку мрачен и емотивен.


    Nightcrawler

    http://www.imdb.com/title/tt2872718/?ref_=tt_rec_tt

    Млад човек не може да најде работа, па често преживува со крадење.
    Но сосема случајно ќе биде присутен на една сообраќајна несреќа, ќе ги забележи новинарите како сликаат и снимаат, ќе ги праша колку заработуваат од тоа, и некако ќе му се види интересна работа па ќе посака и тој да се занимава со новинарство.

    Сосема сам ќе почне, со ефтина камера, стара кола и без никаква останата опрема, ќе се обидува прв да стигне на местото на злосторот, за да направи ексклузивни сминки.

    На почеток потешко ќе му оди, ама после ќе ја сфати финтата и ќе влезе во шема....Ни јаде, ни спие, само со тоа се занимава.
    Ќе се внесе во новинарството па често ќе ги преминува границите (со лажење) за да добие екслузивна снимка, за што повеќе пари.

    Мотивирачки филм...се е возможно ако доволно го посакуваш.
     
    На azelea, boomsleng, Acka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    И ако си надежен социопат, како Џејк у филмов. :D
     
    На SV1911, 1209, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Знаев дека за ова си ме цитирал :lol: Дека не ја спомнав психичката состојба на ликот.
    Ама уште во првата сцена ќе забележат самите гледачи дека нешто не е во ред со него :sweat:

    Замсили дека е нормален човек, и навистина ќе ти изгледа баш мотивирачки филмот :bandit:

    Туку ај и така пак пишав, ќе оставам уште еден филм со слатката и убава Amanda Seyfried.

    Fathers and daughters

    http://www.imdb.com/title/tt2582502/

    Не е јапонски порнич, да не ве лаже насловот :lol:

    Се работи за писател што ќе остане водвец со мала ќерка, како се обидува финансиски да преживее пишувајќи книга, додека има чести нервни сломови и трауми од незгодата.
    Паралелно ја покажуваат ќерката сега веќе 27/28 годишна девојка, како пак таа се обидува да има нормален живот после толку тажно и тешко детство, без мајчинска љубов....Не може да им верува на мажите, нема пријатели, сама живее и никако не може да воспостави нормални врски со луѓето.

    Од прилика се согласувам со оценката на имдб.
     
    На boomsleng, Acka22, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    The mountain between us 2017
    77E35742-A183-448A-8B4E-034B5407A492.jpeg
    8/10
    Алекс и Бен после авионската несреќа се изгубени на врвот на снежна планина. Се бодрат еден со друг, иако знаат дека нема да преживеат.

    Lila and Eve 2015
    BF08DD64-9900-4D44-AA32-8BB8E9AA7AE7.jpeg
    8/7
    Синот на Лалја е убиен случајно во мафијашка пресметка на уличните банди. Во групата за поддршка ја запознава Ив, мајката која на сличен начин ја изгубила својата ќерка.
    Исплашена за животот на другиот син Лајла се согласува на поинаква правда.
     
    Последна измена: 9 декември 2017
    На buba4e89, boomsleng, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  5. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    The Zookeeper's Wife

    Овој филм е предобар и е по вистинска приказна. Се работи за маж и жена од Полска кои имаат своја зоолошка. И додека траела германска инванзија тие им помагаа на сто луѓе кои се еврејци да се спасат од германците.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_9521.JPG
      IMG_9521.JPG
      Големина на фајлот:
      25,1 KB
      Прегледи:
      7
    На Veki4kaa, boomsleng, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    http://m.imdb.com/title/tt4572792/
    images.jpeg
    Надпросечно интелегентно дете ке прави план како да ја спаси другаркаму од очувот што ја малтрерира.(го планира неговото убиство) Работата ке се искомплицира и ке мора тоа да го направи мајкаму.
    Добар е иако несакам такви содржини,да не ви откривам.
     
    На theunforgiven и boomsleng им се допаѓа ова.
  7. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    MOTHER! (2017)

    За овој филм го имам истиот коментар како гореболдираниот :drunk: :D.

    Во филмот се работи за брачен пар кој живее мирен живот во својата куќа.
    Мажот се труди да ја продолжи својата поетска кариера :D, а жената е целосно посветена на реновирањето на куќата.
    Еден ден на вратата се појавува непознат човек кој ќе го наруши нивниот мир и ќе ги натера да размислат за својот однос..
    Наскоро почнуваат да пристигаат разни, непознати гости и настанува вистински хаос.
    Уствари, хаос е премал збор за тоа што следува :drunk: :drunk:.

    Филмот е една голема метафора, исто како Еnemy, полн е со симболика и без објаснување тешко дека може да се разбере филмот.

    Иако некои работи малку се нелогични, сепак филмот ми остави преголем впечаток и ме замисли за некои работи (дури и солзи пуштив пред крајот :!:), а мислам дека ќе ве замисли и вас, во смисла "куда плови овај брод" (еве ви еден хинт од мене) :rofl:.
    Во целина јас бев воодушевена од филмот, посебно од улогата на Џенифер Лоренс, па оцената е 10/10.

    П.С. Изгледа треба уште еднаш да си ја пробам среќата со Black swan :lol:.

    ANNA (MINDSCAPE) (2013)

    Во филмот се работи за детективи кои можат да влегуваат во сеќавањата на жртвите и на тој начин да ги решаваат нерешените случаи.
    Еден таков детектив, Џон Вашингтон, после претрпената семејна трагедија, добива задача да ја открие причината зошто една 16 годишна девојка, Ана, одбива да јаде.
    Уште првиот ден тој не може да открие дали Ана е жртва или социопат, па заинтригиран од тоа почнува да навлегува во нејзините сеќавања кои не знае дали се вистински или измислени.

    Филмот е многу интересен за гледање, напнат психолошки трилер, ама многу работи остануваат недоречени, како нафрлени само без никаква потреба и смисла во филмот.
    И самиот крај е некако нејасен, па мојата оценка е 9/10.

    THE CAT VANISHES (EL GATO DESAPARECE) (2011)

    Шпански трилер за професорот Луиџи кој откако три години се лечи во психијатриска клиника конечно е пуштен дома со фамилијата.
    Поточно, филмот е за сопругата на Луиџи и нејзиниот страв повторно да живее со својот сопруг додека во неа постои сомнеж дали Луиџи е целосно излечен или во секој момент може да се повтори некоја негова епизода на лудило.
    Нејзиниот страв уште повеќе доаѓа до израз кога нивната семејна мачка, откако ќе го нападне Луиџи за добредојде :lol:, наеднаш исчезнува.
    Дали нејзиниот страв е оправдан или се' е во нејзината глава?
    Интересен, убава глума, од мене оцена 9/10.

    И за крај еден филм за најмалите, анимиран со емотиконите на нашите телефони (на Енџела и' беше интересен :!: :lol:):

    THE EMOJI MOVIE (2017)

    Во филмот се работи за емотикончето кое треба да претставува МЕХ (ни на мртов плаче, ни на жив се смее :D), но наместо тоа, тој е мултиталентиран и може да ги имитира другите емотикони, и кога треба, и кога не треба :D (а најчесто не треба :!: :rofl:).
    Откако ќе западне во проблеми поради тој негов талент, тргнува во потрага по хакер кој може да го репрограмира и да го врати да биде емотикон како што сите очекуваат да биде.
    За деца е интересен, јас го гледав со едно око, па оцена њама :P :D.
     
    Последна измена: 10 декември 2017
    На SV1911, steffysteffy, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  8. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Hacksaw Ridge.

    http://www.imdb.com/title/tt2119532/


    Вистинска приказна за тоа како еден војник ќе успее да стане херој, без да допре оружје.
    Дезмонд Дос е млад човек што се пријавува во војска, но под еден услов...Да оди на бојно поле, да биде рамо до рамо со непријателите, но да не користи пушка во никој случај, туку само да им помага на ратетите војници.

    Заколнат е дека нема да фати оружје, и според религиска и според сопствена волја.

    Дали лесно ќе биде прифатен од останатите војници...Дали ќе успее до крај да не фати пушка...Дали ќе успее да им помогне на своите другари војници...Дали ќе преживее...Видете сами.

    Andrew Garfield на толку убав начин ја долволува улогата, што секундарно посакуваш да имаш таков другар/брат/маж во својот живот.

    [​IMG]






    127 hours


    http://www.imdb.com/title/tt1542344/

    Уште еден филм базиран според вистинска приказна, за млад човек што ќе успее да преживее 127 саати заробен помеѓу тесни карпи.
    Арон е млад авантурист што претежно сам се искачува по карпи, клисури и планини.
    Така и овој пат ќе замине сам, но за жал ќе дојде до несреќа при качувањето па ќе остане заробен.

    Не е многу длабоко пропаднат, и би можел лесно да излезе доколу не му беше раката поклопена со карпа.

    Карпата никако не може да ја тргне од рака...раката му станува модра...има уште две голтки вода со себе и малку храна...Не може ни лево, ни десно да мрдне....Само виси со раката заробена и чат пат со камерата се снима.

    Низ интернет лесно може да се најдат вистински снимки од вистинскиот Арон.

    Клаустрофобичен и психички напнат филм, многу сличен на Buried.


    [​IMG]
     
    На boomsleng, Someonespecial, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    http://m.imdb.com/title/tt5462602/
    The_Big_Sick.jpg
    Интересе филм.Се работи за индиец од строго традиционално семејство кој има доста тајни од неговите,меѓу кои и дека е заљубен во американка.Тие се заедно но работите им се искомплицируваат кога ке дознае девојката дека него му е забрането да биде со некоја што не е индијка.Сепак нешто друго ке се случи што повторно ке ги зближи.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  10. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Parker 2013
    [​IMG]
    7/10
    Паркер е професионален крадец кој има поинакви манири од останатите крадци.
     
    На iloveyou29, Acka22 и joy1 им се допаѓа ова.
  11. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Die Fälscher (Фалсификатори)

    Англискиот наслов гласи: The Counterfeiters.

    Филмот е австриско-германски и е направен според вистинска приказна. Дејствието на приказната е во Втората Светска Војна и станува збор за група Евреи кои се мајстори во фалсификување документи, пасоши и пари. Главниот лик во филмот е Саломон Сорович. Истиот овој лик ќе биде уапсен од нацистите и веднаш ќе биде префрлен во логорот Матхаузен. Но, бидејќи самиот лик е доста надарен и вешт успева да се избори за подобро место во самиот логор каде што за нацистите е ангажиран да прави уметнички слики. Кога нацистите ја планираат операцијата „Бернхард“ тие го префрлуваат Сорович во друг логор (во Заксенхаузен) заедно со уште други фалсификатори и е ставен во посебен оддел кој е задолжен за производство на фалсификувани банкноти. Мисијата која ја имаат е да создадат фалсификувани британски фунти со цел да ја преплават британската економија со и да предизвикаат нејзин колапс. И успеваат во тоа. Потешкотии ќе имаат при фалсификувањето на доларите зошто тие биле посложени и во тоа време за фалсификување.

    Понатаму нема да општам, сепак станува збор за кратка рецензија. Остатокот ќе го дознаете сами.





    Ако веќе го има некаде филмов во темава тогаш слободно избришете го коментаров.
     
    Последна измена: 15 декември 2017
    На Acka22 и boomsleng им се допаѓа ова.
  12. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    The Pursuit of Happyness
    [​IMG]

    Како да се извишиш високо, кога животот те спуштил на најниското скалило? И покрај безбројните проблеми и препреки како да ги браниш и применуваш добрите вредности во животот.
    Приказна за татко и што се тој е подготвен да превземе за доброто и среќата на своето дете.

    Ако сте во потрага по емотивна приказна, искрено го препорачувам.
    Да напоменам, базиран на вистинска приказна.

    Оцена: 10/10
     
    На Acka22, boomsleng, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  13. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    http://m.imdb.com/title/tt5715874/
    images.jpeg
    Психоза е филмов и малце ме збуни затоа што незнаев дека е поврзан со некаква грчка митологија.Одпосле читав конентари.Во кратки црти се работи за др што се дружи со едно дете,кое подоцна порадигрешка ба др ке му го исконтролира животот,па ке мора дадонесе страшна одлука за да преживее остатокот од семејството.Инаку цело време додека го гледав имав некое морничаво чуство.
    http://m.imdb.com/title/tt2226597/
    7843_5765.jpg
    Интересен филм.Се работи за маж и жена целосно странци решаваат да изнајмат мал авион затоа што нивниот лет е одкажан а и двајцата брзаат да стасаат едниот на операција а другиот на сопствена венчавка.Работите натаму ке се искомплицираат и што ке се случи оставам да видите.
     
    На buba4e89, Acka22, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Under sandet

    Англискиот наслов гласи: Land of mine

    http://www.imdb.com/title/tt3841424/

    Филмот ги опишува настаните после Втората Светска Војна и дејствието се одвива во ослободената Данска. Филмот е инаку дански. Станува збор за млади деца-војници кои биле рекрутирани и служеле во текот на војната во војската на Нацистичка Германија и нивниот живот после војната како заробеници. Децата инаку имаат за задача да го исчистат данското крајбрежје од мини кои биле поставени токму од Германците и имаат за задача да исчистат четириесет илјади мини цел да можат да се вратат во Германија како слободни луѓе. Филмот според мене претставува критика на победничката страна.





    Моја оценка: 10/10
     
    На JollyGirl, boomsleng и Acka22 им се допаѓа ова.
  15. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    [​IMG]


    Hidden Figures

    Приказната за три жени афро-американски математичари кои служеле витална улога во НАСА во раните години на американската вселенска програма. Толку!

    Филмот е предобар а посебно глумицата Taraji P. Henson која глуми исто во серијата Империја (ако ја знаете).

    Оценка: 10/10 (y)(y):inlove:
     
    На Ketchup, toogood, marta993 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    flatliners-poster.jpg
    Пет студенти по медицина интересирајќи ги што се случува после смртта, ќе направат мал експеримент со застанување на нивните срца за да го доживеат тоа кратко смрттно искуство 8/10
     
    На sweet-cherry, buba4e89, Acka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    The Purge: Election year 2016

    Во Америка се врши т.н Чистка со која се убиваат голем број луѓе.Има уште еден дел: Anarchy издаден во 2014 и се очекува во 2018 нов да искочи.Психопатски некако ми е филмов ама ми се сфиѓа по втор пат го гледам
    10/10


     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    67.560
    IT http://www.imdb.com/title/tt1396484/

    Да почнам од тоа дека кога гледам хорор филм секогаш ја читам целосната содржина на википедија прво :whew:

    За тие што уживаат во хорори, сигурно ќе ви се допадне. Филмов направи многу галама по социјалните мрежи и не за џабе. Актерите си ја завршија работата одлично, ефектите беа ептен на место и не беше премногу мрачен. Баш језививо, да те фати страв да отидеш до подрум и преку ден дури. :wasntme:

    [​IMG]
     
    На Acka22 и boomsleng им се допаѓа ова.
  19. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    MADAME
    Романтична комедија за една собарка која случајно ќе треба да седи на масата за време на вечерата која ја приредува семејството на кое му служи и каде што се поканети само видни личности. Овде ќе започне и нејзината романса. Онака лабав филм за смеење и релакс е ок.
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, JollyGirl, bebaa и 3 други им се допаѓа ова.
  20. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    I'll Be Home For Christmas (2016)

    Интересен божиќен филм. Се работи за самохрана мајка и работи како адвокат. После три години татко и, груб пензиониран полицаец, неочекувано се појавува на нејзината врата и ќе бидат принудени да се соочат со стари рани.

    10/10
     
    На boomsleng, toogood, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.