Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Исцелител


    [​IMG]

    [​IMG]



    Механичар од железничко депо, немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала кои во него гледаат нова надеж, исцелител.

    Кога ќе го изгледаш без никакви посебни очекувања и предзнаења , добиваш филм што ти побудува истовремено и хистерична смеа и плачење со солзи. Според мене најдобар македонски филм снимен последниве години, убедливо пред `До Балчак`, `Трето Полувреме`, и сите слични од тој период.
    Апсолутно маестраелен, толку едноставен филм а толку длабоко може да допре и таква силна порака да пренесе.
    Препорачувам на секого во секое време.
    Од мене 10/10 .
     
    На CameliaMiller, 1209, sweet-cherry и 7 други им се допаѓа ова.
  2. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    [​IMG]


    Almost Christmas (2016)

    Дисфункционално семејство се собира заедно за нивниот прв Божиќ, откако нивната мајка почина.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Coco (2017)

    Интересен анимиран филм.
    Аспирантниот музичар Мигел, кој се соочува со забраната на музиката во неговото семејство, влезе во Земјата на мртвите за да го пронајде својот пра-прадедо, легендарниот пејач.
     
  4. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    67.712
    Beyond Skyline

    Пост апокалиптичен трилер кој ја покажува борбата помеѓу човекот и вонземјанците. Веќе видео, крајот предвидлив секако, ама ако барате филм за опуштање овој ќе помине. Глумата е солидна, акцијата исто така, ефектите се добри, од мене 5/10.

    [​IMG]
     
  5. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    http://m.imdb.com/title/tt0179626/
    71u0j3xPrvL._SX342_.jpg
    Интересен филм незнам коко ни се промакнал досега да не го гледаме со мм.Двајца криминалци одкако ке излезат од затвор идат во Америка да расчистат стари сметки,а воедно и едниот од нив сака да снима филм и да стане познат.Толку е ратардиран што всушност филмов е од реалните убиства што ги прават.Роберт Де Ниро е познат детектив и заедно со еден пожарникарски испектор се оние со кои ке се соочат,а сали ке успеат да ги фатат не ви откривам :).Го препорачувам.
    http://m.imdb.com/title/tt4846232/
    A1b6cR-Ia5L._RI_.jpg
    Двајца брака од кои едниот е со ментални проблеми и е целосно манипулиран од брат му,ограбуваат банка.Ники(оној со менталните проблеми)ке го фатат,а брат му ке се обиде да го извлече.Целиот филм понатаму е бегството од полицијата и како да го извади брат му.Онака добар е филмов ама дали не сум љубител на ваков жанр или до филмот е незнам.На мм му се допадна доста реален е филмот,а мене ми беше малку досаден.
     
    На blackpanter му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Го пуштив Mother! Гледав до пола и напорен ми беше, ако не го мрзи некој нека пише во спојлер појаснување, многу конфузен филм
     
  7. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    На кино ли го гледаше или има од некаде да го симнам
     
  8. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Don't hang up
    Двајца тинејџери си прават забава на сметка на другите луѓе им се јавуваат по телефони ги зезаат ги снимаат се додека не загазат кај еден психопат кој што ќе им наплати за секоја шега. Добар филм, за поука малку...
    [​IMG]
     
    На SV1911 и blackpanter им се допаѓа ова.
  9. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    Само што го изгледав,преслатко детенце желно за љубов и внимание :).Преубав филм.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Wind river 2017
    Wind-River-movie-poster-1024x390ok.jpg

    8/10
    Кори е локален трагач по диви животни кој ќе и погне на агентка од ФБИ да реши случај.


    Boyhood
    2014
    biyhood.jpg
    9/10
    Филмот е снимен во период од 12 години. Го прикажува животот низ очите на Мејсон - од мало дете до тинејџер.
     
    На SV1911, Acka22 и boomsleng им се допаѓа ова.
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    [​IMG]

    what happened to monday
    10/10

    Супер филм, мене ми се допадна, Noomi Rapace одлично ги долови улогите на 7те сестри.
    Во период кога земјата е пренатрупана од народ, на глобално ниво се забранува плодење, а посебно 2 деца. Во тој период се раѓаат 7 сестрички близначки, па дедото мора да ги крие од светот, да не бидат одземени од државата.Тие растат и....
    Интересен и нетипичен филм.

    :) Од мене има препорака
     
    На sweet-cherry, kravce, bebaa и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    The Snowman (2017)

    [​IMG]

    The Showman на хартија делува одлично – приказна за сериски убиец, преземена од бестселер скандинавски писател на крими романи, одлична актерска екипа и прекрасна кинематографија, со кадри од Норвешка.

    И всушност, делува солидно и додека го гледате – успева да ви го задржи вниманието, иако на моменти делува малку развлечено – сѐ додека не стигнете до самиот крај и почне одјавната шпица, а вие не сфатите дека ви останале огромен број на неодговорени прашања.

    Која е мотивацијата на убиецот? На каков начин ги бира жртвите? Која беше поентата на целиот политички subplot на филмов?

    Прво помислив дека можеби филмов е намерно снимен за да биде двосмислен и отворен за интерпретација. Но некои моменти не беа двосмислени туку едноставно бесмислени, а тоа сепак не е нешто што некој би го направил намерно.

    Потоа, прочепкав на интернет и сфатив дека The Showman бил вистинска продукциска катастрофа.

    Прво, сниман е по серијал на книги за детективот Хари Хол, но од некоја причина, продуцентите одлучиле да почнат со снимање од седмата!!!, наместо од првата книга. Со тоа автоматски се уништува расплетот – кога се открива дека убиецот е уствари лик кој се појавува уште од првата книга (SPOILER ALERT за сите што планираат да ги читаат книгите за Хари Хол :D).

    После, поради краткото време за снимање, режисерот открил дека фалат 10-15%!!! од сценариото (уопште не ги снимиле) дури кога филмот стигнал до фазата на монтажа – така да, она што го гледаме е некаков лош обид за „сечено-лепено“, у надеж дека ќе испадне некаква кохерентна целина од тоа (уште еден спојлер – не испадна).

    Стварно ми е криво, затоа што верувам дека The Snowman можеше да биде сосема солиден, а вака едвај може да се нарече филм.

    Оцена: 5


    The Mountain Between Us (2017)

    [​IMG]

    The Mountain Between Us е survival филмче за двајца луѓе (Идриз Елба и Кејт Винслет) чив авион се руши во зимска планинска вукојебина, кои се обидуваат да се спасат.

    Иако ваквиот машко-женски survival жанр е прилично исцрпен, филмов успева да внесе доза на оригиналност во него – почнувајќи од вклучувањето на доста непредвидливи ствари (како на пример причината за урнувањето на авионот :D), завршувајќи со многу посуров и реалистичен пристап кон жанрот (за разлика од комичниот тон на Six Days, Seven Nights, на пример).

    Ништо претерано оригинално и инвентивно, но сосема доволно интересно, неизвесно и напнато за да го задржи вниманието на гледачите. Барем првите 3/4 од филмот.

    Последната четвртина, од некоја за мене необјаснива причина, се претвора во љубовна драма. Иако Идриз и Кејт се супер актери и имаат одлична хемија меѓу себе, морам да кажам дека овој дел ми дојде некако неприродно накалемен на остатокот од приказната, целосно спротивен на тонот кој го постави филмов од самиот старт. Едноставно, изгледа како да гледате два различни филмови – survival филм од саат ипол и кратко полачасовно љубовно филмче – со истите актери.

    Оцена: 7
     
    На 1209, Tiki-lolipop, Elen4e_sonce и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Mark of Zorro (1920)
    [​IMG]

    Кратка содржина:

    Дон Диего Вега е син на богат ранчер Дон Алехандро во старата шпанска Калифорнија од почетокот на 19 век кој гледајќи го малтретирањето на луѓето од богатите земјопоседници и угнетувачката колонијална влада, Дон Диего, кој не е толку ефикасен како што тој се преправа, го зема идентитетот на маскираниот Señor Zorro , шампион од народот, кој се појавува од никаде да ги заштити од корумпираната администрација на гувернерот Алварадо, неговиот припадник на злобниот капетан Хуан Рамон и бруталниот наредник Педро Гонзалес...

    Рецензија:

    Тивок, односно нем филм кој навистина ми се допадна со Douglas Fairbanks во главната улога како Зоро. Сметам дека овој филм навистина ја популаризираше една од трајните креации на американската фикција во дваесеттиот век, лик кој беше прототип за херои на стрипови како Бетмен.

    Оценка: 10/10

    [​IMG]
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Lion (2016)

    Уште една вистинска приказна за млад дечко што сака да си го пронајде вистинското семејство, бидејќи е изгубен уште како мало дете.

    Потекнува од многу сиромашно семејство, па со цел да придонесе во домот, и тој ќе сака да работи со брат му, иако само има 5 години.
    Поради сплет на околност се губи многу далеку од дома.

    Неколку години од детството поминува низ сито и решето, а љубовта за мајката, братот и домот цел живот ги носи во себе.

    http://www.imdb.com/title/tt3741834/



    [​IMG]
     
    На Ketchup, boomsleng и +++ им се допаѓа ова.
  15. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    http://m.imdb.com/title/tt0111495/
    r1.jpg
    Само што помислив нешто ке се случи во филмов,.....заврши....
    Незнам не го разбрав изгледа.:||-):shake:
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  16. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.521
    Допаѓања:
    27.940
    Пол:
    Женски
    The mountain between us
    Не знам зошто очекував нешто повеќе од филмов.Немаше и баш некоја борза за преживување според мене :?:
     
    На soffce и Weird0 им се допаѓа ова.
  17. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Brødre

    Англискиот наслов гласи: Brothers

    Филмот е дански, во режија на Сузане Биер и станува збор за животната приказна на двајца браќа и станува збор за штетите кои ги нанесува една војна врз човековата психа. Еден од браќата, инаку дански мајор, ќе замине во Авганистан и таму ќе има како прва задача да спаси еден од данските војници кои влегле во заробеништво на талибанците. На неговиот пат кон неговата цел неговиот хеликоптер ќе биде соборен и тој ќе остане како единствен преживеан, но ќе биде и тој заробен од талибанците и ќе го натераат да направи нешто што засекогаш ќе го смени како човек.





    http://www.imdb.com/title/tt0386342/
     
    На Acka22 и boomsleng им се допаѓа ова.
  18. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    [​IMG]


    Christmas With The Kranks (2004)

    Со нивната ќерка далеку, Кранкс одлучи да го прескокне Божиќ додека таа не одлучи да се врати дома. Тие одлучија да не го слават Божиќ и да одат на крстарење и нивните комшии се бунат пошо само нивната куќа нема да биде накитена. Но ќерка им ќе им се јави и ќе треба да останат и да го прослават празникот во последен момент.
     
    На AliciaSilver, joy1 и ivimis им се допаѓа ова.
  19. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Arrival,_Movie_Poster.jpg
    На Земјата се појавуваат мистериозни вселенски летала, а професорката по лингвистика има за цел да го протолкува јазикот на непознатите посетители 7/10
     
    На boomsleng и LitttleRNBPrincess им се допаѓа ова.
  20. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.787
    Допаѓања:
    3.086
    '' MADAME '' (2017)

    Toni Colette ја обожавам, и баш супер што беше дел од филмов. Иако, улогата ѝ беше онака... Нетипична за неа =)

    Филмот баш фин. Ме опушти, на неколку моменти и се смеев на глас. Арно ама... Крајот е КРШ! Највеќе што мразам е добар филм да заврши без цел, без дообјаснување, без да знаеш шо всушност е и како... Страшно!

    8/10 само поради лошиот крај.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.