Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Bright (2017)
    Enjoyable e, песните се топ, можеби и подобри од филмов, малце childish ми е, ама сепак уживав додека го гледав. Will Smith, си го сакам чоеков. Немам многу други замерки освен тие што ги спомнав. 7/10
    [​IMG]

     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Around The World In 80 Days (2004)

    Стар филм, но предобар е и дека глуми Џеки Чен.
    За да ја победат кладбата, ексцентричен британски пронаоѓач, покрај неговиот кинески камериер и амбициозен француски уметник, застанува на пат полн со авантури и опасности околу светот за точно 80 дена.
     
    На joy1 и Elen4e_sonce им се допаѓа ова.
  3. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    67.548
    Продолжен викенд = филмски маратон :~:

    The Limehouse Golem - спаѓа во категоријата хорор, трилер ама мене лично повеќе ми се виде како драма, предвидлива и на моменти досадна. Актерите добро си ја завршија работата, нивната глума го направи филмот доволно интересен за да го задржи вниманието.

    Детектив иследува серија убиства во Лондон, а неговата истрага го води до вдовицата на локален новинар која е обвинета за неговото убиство. Тој ќе направи сѐ за да докаже дека таа не е виновна, туку е уште една жрвта на нејзиниот жесток маж.

    Од мене 5/10.

    [​IMG]

    Little Evil комедија, хорор
    Ваквите филмови ми се омилени. Гери се жени на жена која што има 5 годишен син. На свадбата сфаќа дека детото не е баш ангел, иако мајка му одбива да ја види лошата страна на нејзиниот син.
    Од мене 6/10

    [​IMG]

    Movie 43 категорија: романса, комедија
    Ептен бизарна комедија, која искрено е за џабе потрошено време.
    Филмот е серија на мали клипови од разни луѓе фатени во рандом бизарни околности, сѐ во потрага на Филмот 43 кој може да ја предвиди иднината. Да не ве лаже тоа што таму глумат Ема Стоун, Хали Бери, Ума Турман итн.

    Од мене 1/10

    [​IMG]

    The Babysitter комедија, хорор

    Повеќе оди накај трилер, хорор отколку комедија, хорор.
    12 годишно дете е оставено со неговата бејбиситерка додека неговите родители се надвор од градот за викенд. Сакајќи да дознае што прави бејбиситерката откако тој ќе заспие, ќе ја шпионира но ќе стане сведок на настан кој што ќе му ја смени представата за неа.

    Од мене 5/10

    [​IMG]

    OtherLife криминал, мистерија, научна фантастика

    Млада девојка, научник, сака да му помогне да брат ѝ да излезе од кома настаната после несреќа при нуркање. Создава капки за очи со чија помош корисникот добива реално искуство на настан, иако не биле навистина присутни на тоа место. Но нештата ќе излезат надвор од нејзина контрола после еден експеримент.

    Од мене 7/10

    [​IMG]

    24 Hours to Live акција, трилер

    Професионален убиец ќе сака да се одмазди на организацијата која го најмува откако ќе стане нивно експериментално глувче. Типичен трилер - акција филм.

    Од мене 5/10

    [​IMG]

    Posledniy Bogatyr - фантазија

    Филмов е на руски јазик и гледачот треба да го знае рускиот фолклор и легендите за руските воини и мистични суштества за да му биде филмот интересен.

    Иван е тв звезда кој што се преправа дека е исцелител, но по игра на случајноста се враќа во средновековната Русија каде што мислат дека е син на голем воин. Добрите не се добри, лошите не се лоши - поинаква представа на руските легенди.

    Од мене 10/10

    [​IMG]
     
    На Matotheja и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  4. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Bad Match
    [​IMG]
    Интересен филм поврзан со денешниот начин на комуникацијата и запознавање на лица преку социјалните мрежи.
    Крајот е тоа што уствари треба да ни биде поука. Не ме бива за оценки давање ама може да го гледате филмот.
     
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Reaching for the Moon (1930)

    [​IMG]

    Кратка содржина:

    Larry Day, милионер од New York, е финансиски генијалец но неспособен кога станува збор за контакт со жените. Заљубен во убавата млада жена Vivian Benton, тој прифаќа љубовни совети од неговиот камериер. Потоа Larry ја следи Vivian до нејзиниот океански лагер на патувањето преку океанот каде што нуди коктели со "љубовен напиток". Larry успева да се понижи на многу начини а потоа и го губи своето богатство во паѓањето на пазарот и се чувствува дека исто така ја изгубил својата девојка но Vivian не е слепа за убавиот млад човек во непријатната надворешност ...


    Рецензија:

    Американски црно-бел музички филм со Douglas Fairbanks и Bebe Daniels во главните улоги, кој во себе ги содржи преубавите мелодични винтиџ песни "Reaching for the Moon" - Inrving Berlin и "When the Folks High-Up Do the Mean Low-Down" - Bing Crosby, Bebe Daniels.


    Оценка: 10/10

     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    [​IMG]
    Филмов толку ме изнервира на крајот, што не сакам ни коментар да му пишам. Некако.. глупо во целина. Не ми се допадна. А многу сакам филмови со слична тематика, со напуштени на остров, планини ватевр ама ете...И зошто по ѓаволите не дадоа сцена каде кучето јаде??? Poor dog :(
     
    На 1209 и joy1 им се допаѓа ова.
  7. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    http://www.imdb.com/title/tt0976051/

    The reader.

    Афера помеѓу 16 годишно дете и возрасна жена...На почеток може изгледа малку педофилски, со оглед на тоа што е малолетно детето, ама после неколку години од филмот, приказната навистина е тажна и е погодна за сите што сакаат да се исплачат.

    Ако имате некој што ве напуштил или вие сте напуштиле...Ако имате забранета и невозможна љубов...Ако имате некој што ви недостига, гледајте го и нема да сакате да испуштите сцена.
     
    На azelea, Asistentkа, marta993 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    http://m.imdb.com/title/tt5657856/
    Brawl-in-Cell-Block-99-UK-Poster.jpg
    Брутален филм.Типов е со некои негови свакања,против беспотребни насилства,ама кога има он оправдувања за тоа....се исклучува скроз.Добива отказ од работа и се одлучува да дила дрога за негов пријател.Една испорака нема да оди како што треба и завршува во затвор.Тек тука му настануваат проблемите.
    Ако трпите смачкувања на черепи,изгледајте го.
    http://m.imdb.com/title/tt1856101/
    download.jpeg
    Интересна прикаска ама на некои места непотребни тупења,барем така ми се виде,ама го препорачувам.Ми се бендиса тоа што мислев оти го предвидов крајот,ама не било така :) .Дејствието е во 2049год и освен луѓе живеат и биороботи.Првите биороботи се побуниле и ги уништиле,останати се многу малку и се ловени од новите биороботи.Интересното иде кога откриваат дека првите роботи можеле да се репродуктираат.Се бара детето.
     
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.065
    Пол:
    Женски
    јас со душа чекав да излезе филмот.На крај разочарување
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Тинејџерско момче го бара татко му и на крај дознава дека е Бигфут.
    Не ми беше нешто посебно добар хаха :):)
     
  11. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    Мене ме бендиса.Па горе доле се снајдоа и за храна и за место. @joy1 оти се разочара?
     
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.065
    Пол:
    Женски
    шо знам некако мн млака приказната.Очекував малце повеќе адреналин,и доста сцени како недовршени ми изгледаа :)
     
    На bebaa и mila89 им се допаѓа ова.
  13. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Kiss and cry
    [​IMG]
    Се работи за девојка која е болна од рак , и нејзината борба .
    Според вистинска приказна е и девојката која глуми во филмов и била најдобра пријателка на девојчето врз чија приказна е базиран филмов. Препорачувам 10/10
     
    На niaholly, Acka22 и joy1 им се допаѓа ова.
  14. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Into the wild 2007
    into-the-wild.jpg
    9/10
    После дипломирањето Кристофер ја донира својата заштеда во добротворни прилики и без да се збогува со своето семејство заминува на Аљаска каде живее како скитник.


    One day 2011
    one.jpg
    На самиот ден на дипломирање Декстер и Ема неочекувано ќе ја поминат ноќта заедно и ќе станат најдобри другари.
     
    На bebaa, boomsleng и toogood им се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Blade Runner 2049

    [​IMG]

    Ќе бидам искрен – оригиналниот Блејд Ранер ми е еден од омилените филмови, дефинитивно најомилениот сф-филм – го имам гледано небројано многу пати и би го гледал уште толку.

    Затоа и бев прилично разочаран кога разбрав дека се планира негово продолжение. Претпоставив, како што тоа обично бидува со продолженија на култни филмови снимани многу, многу години подоцна – дека ќе биде унаказена, искасапена и заглупавена верзија на оригиналот – сѐ со цел да се искешира од носталгијата на старите фанови, а и да си придобијат нови гледачи, по можност со некоја лесно сварлива, dumbed down приказна. Конечно, сѐ што Холивуд прави во последно време се sequel-и, prequel-и, reboot-и и филмови со суперхерои.

    Рајан Гослинг во главната улога исто така не ми влеа премногу надеж – неговата, мутава, безизразна фаца, а и генерално, изборот на улоги, прават да не ми биде меѓу омилените актери. Секако, и отсуството на Ридли Скот како режисер ми беше уште еден минус у целата приказна. Што значи, слободно може да се рече дека за филмов немав високи очекувања. :D

    Арно ама, Blade Runner 2049 ги надмина моите (ниски) очекувања многукратно и генерално, ме воодушеви – и како продолжение на култен класик, и како standalone филм, сам по себе.

    Од аспект на продолжение, Blade Runner 2049 има одлични адути. Пред сѐ, одличното сценарио, кое ја зема приказната од првиот дел и успева да ја прошири и надогради во некоја логична насока, за да делува како природен развој на настаните, а не нешто што е отпосле измислено и накалемено на фабулата од оригиналот. Второ, светот на Блјед Ранер, кој го осмисли Ридли Скот е беспрекорно пренесен во вториот дел – доловена е истата мрачна, дистописка, постапокалиптична атмосфера. Трето, начинот на кој е снимен – секој кадар е речиси совршен, внимателно поставен и детално осмислен – вистински празник за очи. И не само тоа, туку е и одлично вклопен со кинематографијата на оригиналот. Накратко кажано, 2049-та изгледа како продолжение кое би можело да е снимено и само 3, а не цели 35 години после првиот дел.

    Мутавата фацка на Рајанчо, на која инаку му замерувам, одлично се совпаѓа со неговата улога на (навидум) неемоционален репликат – дури и Харисон Форд, кој во најновите продолженија на неговите култни улоги како Индијана Џонс и Хан Соло изгледа како надркан дедич, во Blade Runner 2049 успева да го даде својот максимум во улогата на Рик Декарт.

    Да не го заборавам и користењето на сцени од оригиналниот филм – нешто што во Холивуд најчесто завршува катастрофално – во случајов е перфектно изведено.

    Со еден збор, Blade Runner 2049 го избегнува холвудскиот стеретип поврзан со вавките продолженија и успева да не биде бледа копија на оригиналот, како кинески Ролекс, туку е своевиден омаж на својот претходник, а истовремено и оригинален филм.

    За што всушност се работи во филмов?

    Блејд Ранер зема едно од безвременските прашања – „Што значи да се биде човек?“ или „Што е она што нѐ прави луѓе?“, но наместо да оди по патот на повеќето сф филмови и да ги земе роботите и вештачката интелигенција како дел од загатката за свеста, тоа го прави преку биоинженеринг.

    Репликантите – практично луѓе со генетски инженирани карактеристики, намерно направени да бидат less than human – се новите робови на иднината, кои ги работат најдолните занаети во општеството – рудари, војници, физички работници, простутки.

    Рајан Гослинг е еден таков рапликат – блејд ранер – кој работи во полицијата на Лос Анџелес и чија цел е да лови одметнати репликанти, оние кои избегале од работата за која биле предвидени и од своите човечки господари.

    Филмов е своевиден пат на неговиот развој – од послушен „војник“, до неговите први сомнежи, емоции и љубов и сознанието дека можеби може да се осмели да сонува да биде нешто повеќе од тоа што е – можеби дури и човек.

    2049-та трае 2 саати и речиси 40 минути и обично ова е нешто што им го замерувам на филмовите, но во случајов, секоја минута и секоја сцена вреди и искрено, не би сакал да трае пократко.

    На крај, дали може да го гледате Blade Runner 2049 ако не сте го гледале оригиналот? Претпоставувам дека да, но искрено не гледам причина зошто некој би го немал гледано и него. :D

    Оцена: 9
     
    На sexymia, sweet-cherry, boomsleng и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Dr. Jekyll and Mr. Hyde (1920)

    [​IMG]


    Кратка содржина :

    Врз основа на приказната на Robert Louis Stevenson , ентузијазмот на докторот Henry Jekyll за науката и неговите несебични дела на услуга го направиле многу восхитуван човек. Но, како што тој го посетува Sir George Carew една вечер, неговиот домаќин го критикува поради неподготвеноста да ја доживее посензуалната страна на животот. Sir George го наговара Jekyll да посети музичка сала, каде што ја гледа привлечната танчарка Gina. Jekyll станува фасциниран од двете спротивставени страни на човечката природа и станува опседнат со идејата за нивно раздвојување. По обемна работа во својата лабораторија, тој изработува формула која навистина му дозволува да преминува наизменично меѓу две сосема различни личности, својата личност и брутално, бесчувствително лице кое го нарекува Hyde. Не поминува долго време пред личноста на Hyde да започне да доминира во животот и работите на Jekyll ...

    Рецензија :

    Класичен тивок black and white хорор филм изработен во 1920 година, базиран врз книгата на Robert Louis Stevenson " The Strange Case of Dr Jekyll and Mr Hyde " за кој сметам дека претставува прекрасен филм кој секој би требало да го погледне, особено лицата заљубени во vintage ерата.
    Особено ми се допаѓа фактот дека првиот дел од првичната трансформација на Jekyll во Hyde беше постигната без шминка, потпирајќи се единствено на способноста на Barrymore да го преправа лицето.
    Во една сцена, како што Hyde се враќа назад во Jekyll, еден од простетичките прсти на Хајд може да се види како лета преку екранот, откако се разнишал од конвулзии на Barrymore.

    Оценка: 10/10

    [​IMG]
     
    На boomsleng, toogood и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  17. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    http://m.imdb.com/title/tt4714568/
    p13193313_p_v8_aa.jpg
    Ирска комедија.Баш ми беше јак филмов,ме изнасмеа.Двајца другари од кој едниот е деликвент,а другиот под негово влијание,решаваат да одат на пат до местото каде што се случило несрека со брод кој пренесувал дрога,со што пакетите со дрога беа на брегот.Во мегувреме им се случија баш авантури.Го препорачувам.
    @Bender Rodriguez го изгледав првиот дел на blade runer одкако го гледав вториот и искрено мене вториот повеке ме бендиса,но тие два часа можеле малку да ги скратат според мене мн развлечено а незнам да кажам кои сцени,едноставно нешто не ми штимаше и на момент дури губев концентрација.Ама ги препорачувам и двата.Имаат добра поента,дека неможе човек да си игра Бог.
     
  18. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.354
    Пол:
    Женски
    Get Out (2017)

    Млад црнец е некое време во врска со бела девојка. Таа го кани да го запознае нејзиното семејство кое живее во периферија. Навидум сè е совршено, нејзините родители се кул и не се расисти. Но, одеднаш ќе почне да забележува многу крипи ствари.

    Откако го изгледав, не знаев дали го мразам или сакам филмов. Прв пат ми се случува ова. Сепак, ќе помине кај мене со пролазна оценка бидејќи ми остави впечаток.
     
    Последна измена: 29 декември 2017
    На joy1 и marta993 им се допаѓа ова.
  19. marta993

    marta993 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    29.043
    Пол:
    Женски
    Дааа и јас имам исто мислење за филмов.. Како и да е, остава впечаток затоа што е необичен и чуден :D
     
    На Matotheja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.354
    Пол:
    Женски
    Изгледа имаме сличен вкус за филмови. :D
     
    На marta993 му/ѝ се допаѓа ова.