Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    The Mummy (1932)

    [​IMG]


    Кратка содржина :

    Во 1921 година, археолошката експедиција предводена од Sir Joseph Whemple а открива мумијата на стариот египетски првосвештеник по име Imhotep.
    Кога инспекцијата на мумијата од пријателот на Sir Whemple, Dr. Muller открива дека внатрешноста не била отстранета, Muller смета дека иако Imhotep бил завиткан како традиционална мумија, бил закопан жив.
    Исто така, погребано со Imhotep е ковчег со проклетство на него.
    И покрај предупредувањето на Muller, помошникот на Sir Joseph, Ralph Norton го отвора и на глас го чита древниот свиток за живот, "Свитокот на Тот"...


    Рецензија :

    The Mummy претставува хорор филм направен во 30-те години на минатиот век, инспириран од отварањето на гробот на Тутанкамон во 1922, како и Проклетството на Фараонот.
    И покрај тоа што актерот Boris Karloff, барем за мене, е познат и најмногу ме асоцира на неговата легендарна улога во филмот Frankenstein ( 1931) сепак можам да кажам дека ми остави навистина добар впечаток и одлично се снашол и во улогата на Мумијата.

    Оценка: 10/10

    [​IMG]
     
    На Matotheja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.087
    Пол:
    Женски
    Star Wars, сите делови, заклучно со The Last Jedi

    Татко ми како OG фан на Star Wars уште од седумдесетите, решил да купи карти за најновиов филм во 3D. And you know me, нема сигурно да одам сликички да гледам, мора да знам што се случува. :D Не, не беше лесно да се изгледаат 7 star wars филма за 2 дена.

    Дали се overrated? Секако. Дали се онесвестувам на секое спомнување на star wars сега? Hell nah. :D
    Сигурна сум дека филмовите биле светско чудо пред 40 години, ама сега не баш. Приказната е супер, но не е нешто најкреативно на свет. Акционите делови се сепак подобри, што не е нешто лошо.
    Морам да напоменам дека првите три дела, односно оригиналните три филма многу повеќе ми се допаѓаа отколку prequel-трилогијата, која не знам зошто, ама беше ужасно досадна. Некогаш при крајот не можев да седам повеќе во место од што ми беше досадно. :D

    За sequel-трилогијата не можам да го кажам истото, веднаш се препознава разлика во кинематографијата, не беше тооолку досадно, иако приказната е очигледно изнасилена. Mожам да препознаам дека трилогијава е само за пари, дури и без да знам што се случувало во фандомот. :D

    The Last Jedi, кој, ако не се лажам, е најдолг досега, со два и пол саати, го гледав без да трепнам. И тогаш сфатив зошто луѓето кои пред 40 години ги гледале филмовите на кино биле толку импресионирани, а јас дома на лаптоп не. :D Ова ми беше првпат да гледам филм во 3D и мислам дека беше вистинскиот. Изгледаше навистина одлично.

    Негативните точки од целава Star Wars- работа:
    • Хан Соло. Не можам да го сварам. Не сум од оние што замразуваат актер поради улога, ама страв ми е дека нема да можам да ги гледам Индијана Џоунс филмовите поради него.
    • Глупите сексистички реплики во првите три дела, секако од мојот сакан Хан упатени до Леја. Ако не се лажам приметив и сексуално вознемирување тук-там. Режисерот е типичен пример за холивудски чиче кој не знае баш што е во ред, а што не.
    • Новиот негативец во sequel-трилогијата. Сори бате, but you're no Darth Vader. Може и океј си беше човекот ама каков и да беше, него не може да го надмине.
    Позитивни точки:
    • R2D2 и C3PO. Просто ги обожавам овие двајца, ништо немаше да биде исто да не беа нивните сцени, особено C3PO, се насмевнував секогаш кога ќе му ја видев фацката. За жал, и едниот и другиот одвај ги имаше во The Last Jedi, повеќе го имаше BB8, кој не ми е многу интересен, жалам. :lol:
    • Чубака (и неговите пилиња). Некој имаше искоментирано дека Чубака и Хан се sw верзија на врската меѓу човек и неговото куче. Да, ама во случајов, Хан е кучето. :D
    • Саундтракот. Мислам дека нема филм со појак саундтрак, ниту пак лајтмотив помоќен од оној на Дарт Вејдар. Тоа ми фалеше во новите филмови и затоа оригиналните најмногу ми се допаѓаат.

    Заклучокот е, да го слушаа C3PO веројатно полесно ќе си поминеа. :D Ми се допаднаа филмовите сепак, и тоа многу, иако можеби не изгледа така поради погоре кажаното. Посакувам сите да можев да ги гледам на кино.

    П.С. Shoutout до сите деца во Сити мол што препознаа дека маската што ја носев беше од Дарт Вејдар. I like your life choices. :D
     
    На blackpanter, do-re-mi, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    The Man Who Laughs - 1928

    [​IMG]


    Кратка содржина :

    Во Англија 1690 година, кралот James II го осудува својот политички непријател, Lord Clancharlie, на смрт во железната девица. Синот на Clancharlie, Gwynplaine, е обезличен со постојана насмевка од страна на comprachico Dr. Hardquannone, така што тој "ќе се смее засекогаш на неговиот будала од татко".
    Кога comprachico бандата се прогонувани, Gwynplaine е напуштен. Тој пронаоѓа едно слепо бебе , Dea, која исто така е напуштена и заедно се посвоени од страна на филозофот Ursus...


    Рецензија :

    The Man Who Laughs претставува тивок хорор филм направен во 1928 година, адаптација на истоимената книга на Виктор Иго;
    За овој филм би кажала дека е еден од најдобрите тивки винтиџ филмови кои сум ги гледала, вистинска класика која одлично ја отсликува трагедијата на Gwynplaine, портретиран од страната на актерот Conrad Veidt, чиј иконичен изглед послужува како инспирација за еден од најпознатите негативци The Joker.

    Оценка : 10/10

    [​IMG]
     
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    D563CB85-63FC-475F-9B77-59B5C362E734.jpeg
    A Bronx tale
    Жанр/Драма

    Дејството се случува во 60тите години на ХХвек.

    Во филмот опишан е животот на едно наивно момче кое ќе биде воспитувано од две таткови фигури, од едната страна е неговиот биолошки татко кој скромно и чесно заработува, а од другата страна е локален ладнокрвен мафијаш, страв и трепет за околината.

    Сосема доволно, се останато би било откривање на сцени од филмот кој остава простор за размислување за тоа што всушност е вредно во животот, богатство со цена на нереди и коцкање, или скромност и чесност со цена на сиримаштија.

    Оценка: 9/10
     
    На +++, joy1, toogood и 2 други им се допаѓа ова.
  5. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Не знам дали е нешто напишано за овој филм (барем јас не најдов) ама ајде, ќе напишам.

    En kongelig affære

    Англискиот наслов гласи: A Royal Affair

    Филмот е дански.

    Дејствието се одвива во 18 век во Данска, кога Данска сè уште е крајно конзервативна земја. Филмот всушност ја опишува улогата на принцезата Каролин Матилде од Велика Британија во тогашното данско општество, млада дама која се интересира за образованието и голем поддржувач на просветителството. Просветителството инаку е движење кое се залагало за поголема толеранција, подобар живот за обичниот граѓанин, ослободување од стегите на религијата и.т.н. И сето тоа таа го спроведува заедно со германскиот доктор Јохан Фридрих кој ќе биде ангажиран од страна на данскиот кралски двор да работи таму и со кој ќе има исто така и афера. Понатаму нема да ви откривам, да не ви ја расипувам забавата ако се решите да го гледате. :D

     
    Последна измена: 31 декември 2017
    На boomsleng, LiliBoz, Briar Rose и 2 други им се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Имам пишувано за филмов неколку страни поназад. Одличен е, еден од омилените историски филмови
     
    На Ane-Goki1, LiliBoz и +++ им се допаѓа ова.
  7. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Не сум видел, извини. :)

    Инаку да, се согласувам со твоето мислење, и мене ми се допадна многу филмот.
     
    На LiliBoz и elimkd им се допаѓа ова.
  8. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    http://m.imdb.com/title/tt4925292/
    Lady_Bird_poster.jpeg
    Незнам зошто има толку отцена филмов,добар е но ништо посебно.Кристин или бубамара како што сама се нарекува,учи во католичко училиште во населбана Сакраменто каде живеат богатите но таа не живее таму,а одсекогаш посакувала живот на "повисока нога".Мечтае да го напушти градот и да има позабавен живот.Нема нешто конкретно што да кажам.Се работи за животот на девојчето.
     
  9. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    4 luni, 3 saptamâni si 2 zile

    Англискиот наслов гласи: 4 Months, 3 Weeks and 2 Days


    Филмот е романски. Настаните се одвиваат во комунистичка Романија, поточно во осумдесеттите години кога абортирањето било казниво со смрт. Филмот го раскажува патештествието на две девојки кои се студентки. Едната од студентките е бремена и се решава на абортус. За таа цел двете девојки ангажираат лице кое врши нелегални абортуси и лицето го нарекуваат „доктор Бебе“. Тоа што ми се допадна кај филмот е што убаво ја прикажува на еден начин комунистичка Романија и општеството во тие години. Недостасуваат производи, продавачи на црно на секое ќоше, раскантани коли и јавен превоз, хотели од хорор-филмови како и студентски домови во кои во една соба спијат по шест студентки. Пред сè ја покажува самиот филм бедата и сиромаштијата во Романија, напнатата ситуација и стегнатоста на самото општество.



    Моја оценка: 08/10
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Viva Maria! (1965)

    [​IMG]

    Кратка содржина :

    Во 1907 година во централно-американска држава наречена San Miguel, Марија II, ќерка на ирски републикански анархист, се сретнува со Марија I, пеачка во циркус.
    По смртта на нејзиниот татко, Марија II се крие во циркусот каде што го гледа партнерот на Марија I како се самоубивапо неуспешната љубовна врска.
    Двете Марии решаваат заедно да формираат театраски тим...

    Рецензија :

    Viva Maria! е еден од познатите филмови во кои глуми Brigitte Bardot, притоа снимен во 60-те години на минатиот век.
    Како комедична авантура, би рекла дека убаво ги отсликува револуционерните движења, како и учеството на жените.
    Особено ми се допаднаa местата на снимањата, костумите, како и хуморот во самиот филм.
    Инаку, филмот бил box office hit во Франција.


    Оценка : 10/10

    [​IMG]
     
    На Annath, boomsleng, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.368
    Пол:
    Женски
    The last word(2017)
    [​IMG]
    Хариет е 81 годишна тврдоглава, комплицирана, тешка жена која што има контрола над се во животот. Поради тоа одлучува дека треба да има контрола и над нејзинaта посмртница, и така ја запознава младата Ен која пишува посмртници за локалниот весник. Проблемот настанува кога Ен нема за што да пишува, ниеден од познаниците на Хариет нема што да каже позитивно за неа. Во тој момент Хариет одлучува да си го промени животот. Искрено не очекував филмов толку да ме допре, си липав како детенце. Солидно филмче, солидна глума, иако приказната горе долу е клише. 6.5/10
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  12. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Sophie Scholl – Die letzten Tage

    Англискиот наслов гласи: Sophie Scholl – The Final Days

    Филмот е германски и станува збор за тројца студенти од Минхен кои биле дел од анти-нацистичкото движење „Бела ружа“, кое се борело против нацистичкиот режим со мирни средства. Филмот е заснован на вистинска приказна. Членови на ова движење биле: Софи Шол, Ханс Шол и Кристоф Пробст. Дејствието се одвива во 1943 година. Софи Шол и нејзиниот брат ќе бидат фатени на универзитетот во Минхен како делат летоци кои имаат за задача да им ги отворат очите на обичните граѓани за нацистичкиот режим. Во тие летоци се укажува на опасностите кои ги носи војната на Третиот Рајх. Во тие летоци студентите укажуваат на тоа дека Нацистичка Германија ќе ја изгуби сигурно војната од Сојузниците и дека Хитлер со неговите дејствија ја продолжува војната која е осудена на пораз.
    Филмот пред сè за мене прикажува дека и во тие времиња имало луѓе кои биле свесни и цврсти противници на нацистичкиот режим и претставува исто така шанса за оние кои сè уште се робови на стереотипите да видат дека и во тие времиња имало луѓе кои размислувале сосем поинаку, иако за жал нивниот број бил мал. Тоа е сепак најтемното поглавје во постоењето на Германија и самите Германци нема никогаш да се ослободат од него. Бонус од мене: читајте го поетот Ерих Кестнер, поет чии дела биле забраните во времето на Третиот Рајх и поет кој бил строг противник на нацистичкиот режим.
    Луѓето кои биле припадници на ова движење на крајот биле погубени.

    Една од репликите која ми остана во главата од филмот се наоѓа во сцените кога Софи Шол ќе биде испитувана од полицаецот. Полицаецот ќе ја праша: „На што тогаш да се потпираме ако не на законот?“ . Младата Софи Шол на ова ќе одговори: „На свеста.“


    Моја оценка: 10/10



     
    На boomsleng и Briar Rose им се допаѓа ова.
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Angelique (2013)

    [​IMG]

    Кратка содржина :

    Во Франција, пред Луј XIV да се искачи на престолот, една млада бароница е принудена да се омажи против нејзината волја и е фатена во мрежа на предавство и убиство, заканувајќи се на неа и нејзиниот сопруг, во кого таа длабоко се вљубила.


    Рецензија :

    Angelique претставува помодерен Француски филм авантура кој е адаптација на истоимената книга напишана од Anne и Serge Golon.
    Пред овој филм, во 60-те години на минатиот век всушност била снимена првата филмска адаптација на книгата, исто така на Француски јазик.
    За филмот од 2013 година би рекла дека особено ми се допаѓа костумографијата, музиката, сцените, како и актерството на преубавата и талентирана Nora Arnezeder.


    Оценка : 10/10

    [​IMG]
     
    На boomsleng и +++ им се допаѓа ова.
  14. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    http://m.imdb.com/title/tt5716464/
    download.jpeg
    Преубав филм,прикажана е моќта на вистинската љубов,она вистинското значење на "во добро и зло".Робин се заљубува во Дајана која е позната како размазена недопирлива.Но љубовта му е возвратена и таа целосно му се посветува и неговиот живот станува и нејзин.Робин се разболува од полиовирус,а што се случува понатаму оставам да видите.
     
    На toogood, Acka22 и boomsleng им се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Justice League (2017)

    [​IMG]

    Уште еден во низата на филмови за суперхерои. Се прашувам, кога ли ќе заврши трендов, пошто мене искрено ми е смачен.

    Овој пат, за промена, не е сместен во Марвеловиот, туку во универзумот на DC – оние кои не се толку упатени во универзумиве можда нема ни да ја приметат разликата, пошто DC очигледно се решиле да ја ископираат формулата за успех на Марвел до најситниот детаљ, како Кинез на Алиекспрес. Чувај боже да пробаат да смислат нешто ново и оригинално.

    Филмот не почна лошо, но набрзо се појавија ванземаљци-бубачки, негативец налик на демон со име Steppenwolf и некакви си енергетски коцки наречени mother boxes – и тука скроз загубив интерес.

    Ако ги замените хероите од Justice League со Авенџерите, бубачките со други ванземаљци, Степскиот волк со Ултрон и мајчините кутии со тесерактот – го добивате The Avengers – буквално истиот филм, само со полош хумор – е до толку е неоригинален филмов.

    Како човек на кој не му се свиѓаа ни Авенџерс, можете да претпоставите кое ми е мислењето за филмов.

    Особено ми е криво заради Бетмен. Нолан се трудеше да го врати во живот со три одлични филмови, кои се одликуваа со одлична приказна и пред сѐ – реализам. Реализам кој отиде во ветар, затоа што во новиве DC филмови, Бетмен е типче кое екранот го дели со Амазонка, машка сирена од Атлантида, некаков си киборг (кој никој не знае точно што е) и, од некоја причина – Флеш, и се тепа со вселенски комарци и карикатура на Сатаната со име ради кое Хесе се превртува во гроб.

    И тоа е главниот проблем на кинематските универзуми на Марвел и DC – базирани се на американски стрипови наменети за деца, кои позади себе немаат ниту некаква логика, ниту реализам, ниту длабока приказна – а тоа се ужасни состојки за правење на филм за возрасна публика. Нолан успеа во тоа и сериите на Нетфликс донекаде, но другите не се ни трудат.

    Криво ми е, затоа што ми се свиѓа Афлек како Бетмен и би сакал да видам сериозен филм за Бетмен со него. Ама само за Бетмен, а не збирштина од ликови собрани од сите светски митологии.

    Ако сте 10-годишно дете, можеби ќе ви се свиѓа филмов. Ние возрасните ќе се тешиме со тоа што не трае предолго (фала Богу) и што Гал Гадот е во него.

    Оцена: 6
     
    На 1209, Tiki-lolipop, boomsleng и 3 други им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    100.487
    Пол:
    Женски
    Get aut
    [​IMG]
    Бев бомбардирана буквално со филмов,кај и да отворам воодушевувања од типот најдобар ,освежување и сл.
    Но бидејќи страдам од болест да не ме водушевува она на што паѓа маса луѓе,таква судбина и со филмов ме плесна.:D Не ме сфаќајте погрешно,не дека филмов нема добра тема,има но според мене неразвиена доволно.Карактерите на ликовите многу површно се покажани,во целиот филм владее некоја мрачна атмосфера и исчекување дека нешто ќе се случи,страшно.Или барем нешто ќе се открие онака подлабоко...ама цврц.
    Првите 40 минути буквално можете да ги преспиете ,и после почнува некое дејство,кое треба да биде со хорор елементи а тоа да ти е блесава идеја на пореметени родители.
    Од мене 6/10
    Three Billboards Outside Ebbing, Missouri
    [​IMG]

    Филмов не знаеш дали е за смеење или за плачење.Мислам барем има таква тема.Станува збор за мајка која 7 месеци по убиството и силувањето на својата ќерка ,откупува три билборди на кои го поставува своето прашање ,зошто полицијата не презема ништо,да го открие виновникот.Како резултат на тоа почнува во градот да се слушува нешто...а всушност се е тапкање во мртва точка.
    Мислам убиството е нешто што предизвикува наежување,но дијалозите меѓу актерите некогаш се плитки некогаш комични.А тие две работи не ми одат едно со друго. Има некои работи кои не ми легнаа,пример полицаецот Диксон очекував дека ќе има поголемо значење,мајката која има лице кое не покажува емоции,црниот полицаец кој очекував дека ќе донесе некоја разврска ,акција...а најмногу ми засмета крајот,кој заврши... никако.Мислам да се остави можноста на гледачот да го открие крајот во својата фантазија останува минимална од едноставна причина што и нема што да се фантазира.
    6/10
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mar023

    mar023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2016
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    И јас го гледав денес филмов, интересен филм, цело време ме држеше во неизвесност :) ако знаеш други филмови слични на овој пиши ги
     
    На Matotheja му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.355
    Пол:
    Женски
    Не е сличен, но ако сакаш неизвесност до крај, еве на пример Mystic River е добар. :)
     
    На mar023, Bender Rodriguez и marta993 им се допаѓа ова.
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    The Lives of Others 2006 (Das Leben der Anderen)
    [​IMG]
    8/10
    Во источен Берлин тајниот агент Герд е назначен за прислушкување и следење на познат писател за да се утврди дали е верен на комунистичката партија.
     
    Последна измена: 2 јануари 2018
    На boomsleng, bebaa, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.368
    Пол:
    Женски
    Ingrid Goes West(2017)
    [​IMG]
    Ингрид е девојка со психички проблеми. Се опседнува со девојка од инстаграм, и целиот живот го менува за да биде пријателка со неа. Искрено, филмчево е многу реално. Можеби кај нас не е толку ова изразено, ама во Америка често има вакви приказни. Колку луѓето знаат да се опседнат со социјални мрежи, и колку лесно е да се правиш нешто што не си. Крајот не ми се допадна tho. 7/10
     
    На theunforgiven и Briar Rose им се допаѓа ова.