Гo гледaв disaster artist нo е пoлoш oд oнa штo мислев декa ќе биде... Инaку фрaнкo дoбрo гo имитирa тoми вaјзo... Нo пoгoлемa кoмедијa oд the room сигурнo не е. 5.5 oд 10
A Bad Moms Christmas Целиoт филм немa некoјa пoсебнa пoентa. Пoлoш oд првиoт. Ми се дoпaѓa делoт при крaј сo мaјкaтa нa Милa Кунис вo филмoт, сaмo тoa имa некoјa прикaзнa вo цел филм. Некaкo сè е претерaнo вo филмoв. Некoлку смешни мoменти.
Nine 1/2 Weeks Јасно ми е зошто во екот на младоста на моите родители филмов бил „бум“, меѓутоа сексуалните игри и аферите ќе ги тргнам на страна - некои беа слатки, некои благо речено - одвратни, во смисол понижувачки општо за женскиот род. Ким Бесинџер е прекрасна, меѓутоа освен трепкање и должност да биде секси и убава, немаше нешто многу од неа. А можеше барем да биде малку попаметна, вака само се нервирам поради стереотипот „плавуша“ (употребен случајно или не, во приказнава). Сè почнува баш наивно, со случајна средба во која има клик кај двете страни (а можеби и не), па Елизабет (Ким Бесинџер) без многу размислување се впушта во еротска врска со извесен Џон (Мики Рурк). И нормално, сè е супер додека не престане да биде супер - односно, додека не испарат пеперутките од стомакот и не се смират страстите, па реалноста да и' удри во глава и да сфати како стојат работите. Најодвратна сцена ми беше онаа кога ја натера да лази и да собира пари. Значи...немам коментар. И мој заклучок од сето ова е истакнувањето на женската наивност (можеби и глупавост) кога во прашање е маж кон кого се гаат чувства и привлечност. До каде сè е спремна да оди жената, „во име на љубовта“, просто неверојатно. Јас не би, а Ким ми делуваше очајно и искрено ја сожалував во неколку наврати. И одвај го завршив филмов до крај. Залудно потрошени 1:55 минути. 2/10
Old Yeller (1957) Кратка содржина : Во 1860-тите пост- U.S. Граѓанската војна во Тексас, Jim Coates го напушта својот дом за да работи со добиток, оставајќи ја зад себе неговата сопруга Katie, постариот син Travis и помладиот син Arliss. Додека Jim е заминат, Travis тргнува да работи во пченкарно поле, каде што се среќава со куче наречено "Old Yeller", затоа што "yeller" е дијалектен изговор за yellow и поради фактот што неговото лаење повеќе звучи како човечко викање. Travis неуспешно се обидува да го одведе кучето далеку, но на Arliss му се допаѓа кучето и го одбранува од Travis. Меѓутоа, навиката на кучето да краде месо од тутунските куќи и и да ги ограбува кокошкините гнезда, не му се допаѓа на Travis ... Рецензија : Кога бев мало девојче во Канада, овој филм од Дизни навистина беше многу популарен. Го имаше по рекламите на скоро сите касети од Дизни што ги имав и поради тоа еден ден го замолив татко ми да ми го купи филмот. За среќа, филмот го имаше во продавницата на Blockbuster Video. Би рекла дека е вистинска класика и фамилијарен филм кој вреди да се гледа, навистина имам прекрасни спомени. Оценка : 10/10
It 2017 Хорор Група мали деца ги опседнува сениште кое се храни со нивниот страв, ги избира токму нив како резултат на нивното тешко детство и тешок период низ кој поминуваат во животот. Децата глумат феноменално, сметам дека им престои одлична актерска кариера. Од старт знаев дека нема да ми се допадне бидејќи дефинитивно не е мој тип на жанр, но некогаш потребна е и промена. 6/10
Вистинската приказна за капетан Ричард Филипс и киднапирањето од страна на сомалиските пирати од американската марка MV Maersk Алабама, првиот американски товарен брод кој беше киднапиран за двесте години.
http://m.imdb.com/title/tt0429068/ Филм за што значи право христијанство,борба меѓу сопствениот комодитет и да помогнеш некому. Препорачувам
Go izgledav po preporaka na @elimkd. Taa ima napisano review nekade na ovaa tema. 8/10 Ubav film no krajot bese nekako izbrzan i zatoa ocenata ne e maximalna. Sepak zasluzuva da bide poglednat.
The Conjuring (2013) Жанр: хорор/трилер Дејството се случува во 70тите години на минатиот век. Седумчлено семејство се преселува во куќа покрај езеро. Секој ден се случуваат чудни и необјасливи случки. Каролин загрижена за своето семејство ќе побара помош од брачен пар кои ќе утврдат дека куќата е проколната и опседната од мртви души. Она што дополнително влева страв е фактот што филмот е базиран според вистинска приказна. Одлична глума на актерите. 10/10
http://m.imdb.com/title/tt0210945/ Пре предобар филм.Дејствието е во времето кога сеуште трае онаа расистичка поделба помеѓу црнците и белците.Базиран е на вистинита приказна за рагби клубот Титани кои ке го рушат ѕидот помегу расите.Да не го раскажувам гледајте го нема да зажалите.
Catch Me If You Can (2002) Вистинска приказна за најмладиот, најсмелиот и најбараниот светски измамник во историјата, Френк Абагнејл, кој правејќи ги своите измами во рок од пет гoдини заработил неверојатни два ипол милиони долари. Тој е единствениот тинејџер, кој со неполни седумнаесет години стигнал на листата на најбарани лица на ФБИ. Според мене, интересен филм, кој со сигурност ќе го задржи вашето внимание. Препорачувам!
The Christmas Calendar Емили е пекарка која работи во пекарата што ја има наследено од баба и. Пред Божиќ добива календар од анонимен испраќач. А добива и конкуренција. Наспроти нејзината пекара се отвора друга. Филмов е преубав. Уживав додека го гледав. Убав пар се двајцата главни актери. Ми беа многу интересни кога се караа околу работата. Баш убаво од Емили што се реши да се посвети на семејниот бизнис.Оценка 10/10. Вреди да се погледне. Scream 4 На 15 годишнината од првите убиства во Вудсборо, Сидни се враќа за да ја промовира својата прва книга. Но, убиствата продолжуваат. Најдобар од претходните три дела. Извесен период читав на интернет дека има и четврти дел, па посакав да го гледам. На некои сцени сум се тресела. Другите 3 дела се гола вода во споредба со овој дел. Оценка 10/10.
Сосема ненадејно доаѓа страшна снежна бура која никој не можеше да ја предвиди. Едно семејство се труди да преживее 8/10
http://m.imdb.com/title/tt1869347/ Според роман на Агата Кристи.Мислам оти заслужува повисока отцена од таа на имдб.Се истражува убиство на еден богат влијателен човек.Осомничени се сите што живеат во куката.
http://m.imdb.com/title/tt0783233/?ref_=m_nmfmd_act_27 Постар е филмов незнам како ми се промакнал да не го гледам.Што може да направи една детска лага и колку може да се уништи животот на некого.Роби син на жеба која е слугинка во куката на девојката со која се сакаат.Меѓутоа е лажно обвинет за силување на нејзина братучедка.Во меѓувреме почнува втора светска војна и Роби пратен од затворот во војна.
Многу интересен филм. Се работи за една млада девојка што ќе се реши да ја бара својата сродна душа преку интернет. Таа со тек на време ќе стани славна благодарение на еден продуцент што снима Тв- шоу. Секој ден ќе се запознава со различни момци се додека не се заљуби во еден дечко... Понатаму гледајте , ветувам дека нема да зажалите. Топло го препорачувам. Оценка 10/10
Моли беше скијач на олимписки игри се додека не се здоби со повреда. После почна илегално да води покер игра со што стана главна цел на ФБИ 7/10
http://m.imdb.com/title/tt6018306/ Тројца стари другари што биле заедно во војната во Виетнам повторно се наоѓаат после многу години,т.е едниот од нив ги наоѓа на интернет и оди да ги замоли да му бидат поддршка за нешто битно за него.Интересен е го препорачувам.