Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Thor: Ragnarok (2017)

    [​IMG]

    Уште еден во низата на филмови за суперхерои и можам да кажам, Марвел ја дотерале формулата за блокбастери до совршенство.

    Ако на почетокот, следејќи го примерот на Нолан со Бетмен, се трудеа нивните филмови за суперхерои да бидат што е можно пореалистични и по-gritty, набрзо сфатија дека од приказните на стриповите на Марвел тешко може да се направи нешто веројатно, реалистично и gritty, па ја свртеа работата на шали и смеење.

    Па така, од првиот Guardians of the Galaxy навака, формулата е следна: сценарио со многу акција, смешки, вицови и комични моменти + плус што е можно повеќе познати актери + по можност, да се уфрли некој омилен лик/актер од Марвел универзумот, за бонус поени.

    Thor: Ragnarok не е исклучок од ова правило – целото сценарио е практично slapstick комедија, од нови актери овде ги имаме Карл Урбан, Кејт Бланшет и Џеф Голдблум, а како Марвел џокери – д-р Стрејнџ и Халк. И иако оваа марвелова формула е одлична за правење пари и може да направи двата саати кои сте ги поминале во гледање на филмот да ви поминат брзо и незабележително, после тоа ве остава да се чувствувате како нешто да недостасува.

    И баш во тоа и е проблемот: јас лично не се сеќавам на ништо од првиот филм за Тор (освен дека не беше претерано добар и дека беше со Натали Портман), за вториот дел буквално немам појма за што беше, а верувам дека додека да искочи четвртото продолжение за Тор (а да се разбереме, ќе има и четврто, сигурен сум), нема да се сеќавам на ништо ни од овој филм.

    Оригиналната формула за успех на Марвел направи филмовите да им бидат неоригинални – Thor: Ragnarok не е филм кој ќе разбуди некакви емоции кај вас, кој ќе ве натера да размислувате или да дискутирате за него со вашите пријатели откако ќе го изгледате. Накратко речено, новиот Thor, како и мноштвото Марвел филмови, не е ништо повеќе од двочасовна mindless забава – со исклучително краток рок на траење.

    За што се работи у филмов? Не знам, веќе заборавив. :D

    Оцена: 7
     
    На GrevMk, Tiki-lolipop, Jason123 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    http://m.imdb.com/title/tt3402236/
    Poster-pic.jpg
    Повторно Агата Кристи :).Се случува убиство во воз каде што патник е и Херкул Поаро па ке го истражува убиството. Интересен е го препорачувам.
     
    На sikica7 и toogood им се допаѓа ова.
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    INSIDE (2016)
    Несреќата за една бремена жена не завршува се додека е прогонувана од друга која е опседната со тоа да го земе нејзиното бебе. Филмот онака, ако нема што да гледате може да се тепа време.
    [​IMG]

    Acts of violence (2018 )
    Добар филм, борба помеѓу мафија која тргува со луѓе дрога и слично, и од друга страна оние кои се засегнати да ги најдат истите мафијаши и да ја ослободат киднапираната свршеница и пријателка.
    [​IMG]
     
    На emkaemka, Crna Dama и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  4. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    The_Climb_(2017).png
    Млад дечко без никакво планинарско искуство, ќе се обиде да се искачи на Монт Еверест само за да и покаже на една жена што се може да направи за неа. Дали ќе успее или не оставам да видите 9/10
     
    На sikica7 и emkaemka им се допаѓа ова.
  5. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.963
    Каде го гледаше? Го чекам доолго време
     
  6. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    Го симнав од thepiratebay.org
     
    На Chimera му/ѝ се допаѓа ова.
  7. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    STRANGLED (A MARTFUI REM) (2016)

    Дејството во филмот се одвива во Унгарија во 60тите години и е по вистинска приказна за сериски убиец на жени од една страна, и невин човек во затвор за истите дела од друга страна.
    Додека го гледав филмот постојано во глава ми се моташе филмот Frenzy и книгата "Признание" каде беа обработени истите теми.
    Филмот беше интересен, во некои моменти предвидлив, па од мене оцена 9/10.

    HOUNDS OF LOVE (2016)

    Австралиски трилер за брачен пар кој киднапира млади девојки за свое задоволство и потоа ги убиваат.
    Но, последната девојка ќе успее да предизвика раздор во нивниот навидум совршен брак.
    Од мене оцена 9/10.

    RESURRECTION (1999)

    Филм за сериски убиец кој од секоја жртва зема по некој орган или екстремитет со цел за Велигден да го "скрои" Исус.
    Напнат, интересен психолошки трилер со гадни сцени и чат пат пресврти, па од мене оцена 10/10.

    THE STRANGERS ( 2008 )

    Вљубена двојка после свадба на пријател оди во викендица да преноќи.
    Наскоро некој чука на вратата и набрзо тие дознаваат дека не се сами и дека се во голема опасност.

    Интересно ми беше да прочитам дека филмот е по вистинска приказна, а единственото вистинско во филмот било што на режисерот во еден момент од неговиот живот некој непознат му тропнал на врата :^).
    И толку од true story-то :rofl:.
    Оцена 9/10.

    THE SECRET SCRIPTURE (2016)

    Психијатар оди во установа која треба да се пренаменува да разговара со пациентка која е веќе 50 години затворена таму и не сака да си оди бидејќи ја смета установата за свој дом.
    Таа е затворена таму откако е обвинета дека си го убила своето новороденче.
    Сега е моментот таа да ја раскаже својата страна од приказната, детално врежана во тајни скрипти кои може да ги дешифрира само таа.
    Филмот ми беше преинтересен, Ванеса Редгрејв е стварно врвна актерка, од мене оцена 10/10.

    CITIZEN KANE (1941)

    Откако повеќе пати имам прочитано за овој филм дека е еден од најдобрите на денешницата, решив да го изгледам и не згрешив.
    Земајќи во предвид дека е од пред повеќе од 75 години и во црно - бела техника, филмот е супер, само треба многу трпение на почетокот :D.
    Се работи за милионерот Чарлс Фостер Кејн кој пред да умре кажува само еден збор "Rosebud".
    После неговата смрт сите ги интересира на што се однесуваат неговите последни зборови, па почнува истрагата преку која се открива неговото детство, љубови, кариера, па на крајот и неговата смрт.
    Филмот праќа силна порака на крајот, па од мене оцена 10/10.

    FACE 2 FACE (2016)

    Млад тинејџер решава да стапи во виртуелен контакт со другарка од детството која се преселила во друга држава.
    На почеток нивниот разговор е површен, но набрзо почнуваат да си ги кажуваат и најдлабоките тајни и сфаќаат дека ни црното е секогаш црно, ни розовото, розово.
    Супер филмче за вистинско пријателство и поддршка во најтешките моменти, од мене оцена 10/10.

    INSIDE (2016)

    Поглуп, попредвидлив филм со куп нелогични сцени, амин (n).
    Не знам зошто си го трошев времето на такви глупости, ама бидна, сега вас да ве предупредам да не ја направите истата грешка :!: :lol:.

    Бремена девојка станува жртва на опседната жена која сака да и' го земе бебето.
    Немам ни инспирација за поголема рецензија :D.
    Оцена 5/10 (мислам дека е најмалата оцена до сега дадена од мене, кај мене оцените се движат од 6 до 10 :!: :D).

    P.S. Постот ми е почнат од вчера, па гледам некој веќе се излажал да го гледа филмот (@Elissa :hai: :D)

    ASYLUM OF FEAR (2018)

    Уште еден промашај, ама пак се јаде до некаде :^) :D.
    Истражувачи на паранормалното одат во институт да откријат дали има нешто натприродно таму откако луд доктор ги убил сите вработени и децата во таа лудница.
    Оцена 7/10.

    THE SILENCE OF THE SKY (O SILENCIO DO CEU :?:) (2016)

    Бразилски трилер (во кој повеќе зборуваат шпански, фала Богу :lol:) кој започнува со напад и силување на жена која решава тоа да го држи во тајност од мажот, но и мажот има свои тајни, а набргу нивните тајни кои ги чуваат за да го зачуваат бракот се причина за распадот на нивниот брак.
    Со еден збор опишан - досаден :D.
    Оцена 7/10.

    ADIDAS VS. PUMA (DUELL DER BRUDER - DIE GESCHICHTE VON ADIDAS UND PUMA) (2016)

    Да не беше филмот никогаш немаше да дознаам дека основачите на светски познатите фирми Adidas и Puma се браќа :o.
    Во филмот е прикажан нивниот заеднички почеток и поделбата на заедничката фирма во две посебни после војната.
    Филмот ми беше ептен интересен, мислам дека на некои работи требаше повеќе внимание да се посвети, но сепак оцена 10/10.

    WE GO ON (2016)

    Во филмот се работи за човек кој има страв од смртта и решава да даде оглас дека ќе даде 30000 долари на оној што ќе му докаже или покаже дали има или не живот после смртта.
    Се јавуваат илјадници кандидати од кои тој избира тројца, еден научник, еден медиум и еден бизнисмен.
    Првата половина на филмот ветуваше нешто интересно, поинакво, ама втората половина малку ме разочара.
    Кога ќе се додадат и бесмисленостите и нелогичностите при крајот, од мене оцена 8/10.

    Забелешка: Најкористен збор во сите мои постови во оваа тема е - нелогичности :wasntme: :rofl:.
    Или филмовите веќе ги прават ради реда без да се има логика на нештата, или јас ептен цепидлачам, или не знам што е проблемот 8-| :D.
     
    На mila89, TheTribe, emkaemka и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Jumanji: Welcome to the Jungle


    [​IMG]

    [​IMG]


    Во новата Џуманџи авантура, четири деца од средно училиште откриваат стара видео-конзола и се вовлечени во џунглата на играта, станувајќи возрасни аватари. Она што тие откриваат е дека не можете само да играте Џуманџи - мора да ја преживеете. За да ја победат играта и да се вратат во реалниот свет, тие ќе мора да одат на најопасните авантури од нивните животи, да откријат што оставил Алан Париш пред 20 години и да го променат начинот на кој размислуваат за себе - или ќе останат заглавени во играта засекогаш.
    Јас како огромен филмоман стално имам проблем кога некој ќе ми побара добра комедија за препорака, зашто не обожавам баш комедии и на прсти се бројат колку имам изгледано цел живот.
    Ама ова луѓе мои, сум се смеела од прва до последна минута!!!
    Апсолутна препорака за смеење и презабавно поминати 2 часа..
    Одлична актерска екипа, интересни досетки, избегнати клише моменти.
    Оригиналниот прв дел на Џуманџи ми е можеби и омилениот филм од детството и многу ми беше страв да не го уништат , како што обично бива со сите продолженија на ултра успешни филмови, ама напротив.
    Најдобра комедија во последно време..
     
    На Sweetlove_0312, 1209, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  9. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    Секогаш гледаш интересни филмови и ни даваш предлози за гледање ;)
     
    На Ane-Goki1 и promeneta им се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Кратка содржина :

    Дејството на филмот се одвива во Делфт, Холандија, во 1665 година. По несреќата во која еден сликар го губи видот, неговата седумнаесетгодишна ќерка Грита мора да се вработи за да му помогне на своето семејство. Таа работи како домашна помошничка кај познатиот сликарЈоханес Вермер и со текот на времето започнува да му го привлекува вниманието. Иако меѓи нив двајцата постои огромна разлика во поглед на образованието, воспитувањето и социјалната положба, Вермер веднаш забележува дека Грита е надарена и има познавања од сликарството. Така, постепено, тој ја вовлекува девојката во светот на своите слики. Таа му станува модел и меѓу нив се развива наклонетост ...

    Рецензија :

    Откако претходно ја прочитав истоимената книга напишана од страна на Tracy Chevalier, навистина се заинтересирав да го погледнам и филмот.
    Лично, сметам дека е солиден филм, а и ми се допаѓаат избраните актери кои ги играат ликовите во книгата.

    Оценка : 10/10

    [​IMG]
     
    На bebaa, joy1, boomsleng и 3 други им се допаѓа ова.
  11. alexa_dimoska

    alexa_dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    MV5BMTA1ODUzMDA3NzFeQTJeQWpwZ15BbWU3MDgxMTYxNTk@._V1_UY1200_CR64,0,630,1200_AL_.jpg

    Несекојдневна комедија-драма исполнета со неверојатна длабочина, чувства и емоции.
     
    На bebaa, Dragonfly, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Actualized

    Actualized Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    2018-01-26 02.49.56.png
    To the bone (2017)
    Филм за анорексична девојка во свои рани 20ти години,од дисфункционално семејство завршува во дом за луѓе со слични болести. Филмот е особено добар за оние со искривена слика за себе и своето тело. Јас се пронајдов во опседнатоста со броење калории.
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.091
    Допаѓања:
    36.246
    Пол:
    Женски
    No Reservations (2007)

    [​IMG]

    Кејт работи како готвачка во еден ресторан. По смртта на нејзината сестра, таа мора да се грижи за нејзината внука. Ќе има проблем да се навикне на новата улога.

    Интересен филм. Жена навикната да живее сама и случајно добива нов член. Колку и да се труди, не и оди од рака. Се забележува и нејзината нервоза. Оценка 9/10.
     
    На bebaa, joy1 и elimkd им се допаѓа ова.
  14. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Jumanji: Welcome to the Jungle (2017)
    latest.jpg
    Четири средношколци пронаоѓаат стара видео игра, навлегуваат во џунглата на истата притоа заменувајќи ги понудените ликовите за играње кои тие ги одбрале.
    Откриваат дека не треба само да ја играат играта Џуманџи, туку треба и да преживеат.
    Тие мора да поминат низ повеќе опасности инаку ќе останат засекогаш заробени.
    Интересна акција и фантастика.
    Оцена: 8/10
     
    Последна измена: 26 јануари 2018
    На КикиМаус и Dennings им се допаѓа ова.
  15. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Кратка содржина :

    На почетокот на филмот, Edward Lewis случајно завршува на булеварот Hollywood во областа на црвено светло во градот, по раскинувањето со својата девојка за време на непријатен телефонски повик во кој тој изгледа многу контролиран;Останувајќи на забава, тој го зема спортскиот автомобил Lotus Esprit од својот адвокат и се сретнува со проститутка наречена Vivian Ward ...


    Рецензија :

    Иако сум го гледала овој филм повеќе пати, сепак морам да кажам дека се работи за вистинска класика иако е снимен во 1990 година.

    Оценка : 10/10

    [​IMG]
     
    На sikica7, Quincy, toogood и 3 други им се допаѓа ова.
  16. ^BadGirl007^

    ^BadGirl007^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2018
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    :~:Mientras Duermes AKA Sleep Tight:~:
    [​IMG]

    Цезар работи како вратар во зграда со апартмани. Освен што е посветен на неговата работа неговата мисија е да им го прави животот пекол на луѓето околу него. Тој верува дека е роден без способноста да биде среќен. :devil:
    Вреди да го погледнат љубителите на психолошки трилери.
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, sikica7, christinnn и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Кратка содржина :


    Jack Torrance, писател и поранешен учител, пристигнува на планинско-изолираниот хотел Overlook, каде добива работа како чувар за време на зимската сезона, кога хотелот е затворен. Притоа, хотелот е на лош глас поради еден дамнешен настан, кога тогашниот чувар го масакрирал неговото семејство. Неговиот син Danny Torrance има парапсихолошки способности: страда од синдромот на двоен идентитет и има необични визии. Пред да настапи зимата, Torrance, неговата сопруга и синот Danny се сместуваат во хотелот, каде што живеат потполно сами, но набргу, целиот крај го зафаќа голема снежна бура и тричленото семејство останува отсечено. Постепено, Jack го зафаќа депресија и нему почнуваат да му се причинуваат некои ликови кои порано работеле во хотелот ...

    Рецензија :

    Покрај филмот Lolita (1962), овој филм ми е исто така еден од омилените филмови продуциран од Stanley Kubrick. Иако има некои разлики од оригиналната книга на Stephen King од 1997 година, The Shining, сепак мислам дека станува збор за една одлична филмска адаптација, а и морам да признаам дека актерот Jack Nicholson на брилијантен начин успеал да го долови мрачниот лик на Jack Torrance.


    Оценка : 10/10

    [​IMG]
     
    На iloveyou29, Ketchup, sikica7 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    HEADHUNTERS (HODEJEGERNE) (2011)

    Норвешки трилер за Роџер Браун, човек кој работи во агенција за вработување и кој живее екстравагантен, луксузен живот со неговата сопруга.
    За да може да си го дозволи овој луксуз, тој води двоен живот, преку ден работи во агенцијата, а преку вечер краде скапоцени уметнички дела од своите клиенти.
    Но, неговите проблеми почнуваат кога неговата жена го запознава со Клас Греве, човек кој Роџер треба да го вработи како шеф во една фирма, а воедно е и сопственик на слика вредна стотини милиони долари.

    Филмот мора да кажам дека ми беше преинтересен за гледање, задржува внимание, има пресврти, црн хумор, добра глума (едниот глумец беше како излезен од списание, сигурна бев дека е манекен, a он да ти играл во Game of thrones :^) :D)...

    Но, откако го изгледав и малку подразмислив за него (бидејќи дејството е пребрзо и немав време да мозгам во сред гледање :D) излезе дека цел филм се базира на НЕЛОГИЧНОСТИ :!: :rofl: и целиот филм нема смисла (исто како Timecrimes) :wasntme:.

    1. Како Клас Греве знаеше дека Роџер е крадец на уметнички дела?
    2. Како Роџер не беше снимен како го убива Ове, а Клас стоејќи на истото место беше снимен?

    Доброто е што филмот те влече за нос до крај, па нема да се разочараш на сред, како што беше случај со Inside ]:).

    За крај, без размислување би му дала 10/10, но нели морав да мислам :headbang:, па оцената ќе биде 9/10 :D.

    THE SKIN I LIVE IN (LA PIEL QUE HABITO) (2011)

    Шпански трилер за пластичен хирург кој после претрпената семејна трагедија прави експерименти на жена и ја претвора во неговата мртва сопруга.

    Филмот е малку болен (како што сакам јас :drunk:), повеќе од пола од филмот тешко дека некој ќе го предвиди, а последниот пола час иако е предвидлив сепак е преинтересен.

    Сигурно нема на секој да му се допадне, ама од мене оцена 10/10.

    @iloveyou29, мило ми е што ти се допаѓаат филмовите за кои пишам рецензија, сите ми се гледани на Gledalica.com :) :*.
     
    На Ane-Goki1, boomsleng, Elen4e_sonce и 7 други им се допаѓа ова.
  19. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Mother! (2017)

    Во овој психотичен трилер/хорор ја имаме Џенифер Лоренс во главната улога на затворена и паметна жена чиј сопруг е писател на кој му треба инспирација. Во нивното досадно и сиво секојдневие, на врата чукнува еден лекар (Ед Харис) чие присуство ќе завлече многу неволји. Наскоро ќе се придружи и неговата жена (Фајфер) чие бесрамно однесување ќе ја вџаши “Мајката“. Ова е само почеток во она што ќе прерасне во кошмарен сон кој нажалост е јаве.


    Мене лично многу ме потресе. Целата агорафобична атмосфера на филмот ми се допадна, како и љубовта на ликот на “Мајката“ спрема сопругот. Ме допре навистина. Има луѓе кои ја интерпретираат оваа приказна како директна паралела со Стариот и Новиот Завет и го делам нивното мислење.
    7/10
     
    На boomsleng, Mishela, Acka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.833
    Допаѓања:
    109.162
    Пол:
    Женски
    images.jpg
    * филмов е предобар, има многу вицкасти моменти, го препорачувам!

    images-1.jpg
    * интересен е, иако на главниот лик ич не му личи улогата..

    images-2.jpg
    * некое продолжение на ,,SAW,, се што имало во претходните делови исто е и тука, крвови... ништо ново..
     
    На boomsleng, sikica7 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.