Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    21A9D722-4FA6-4BF8-A92C-3511BF683B1D.jpeg
    Prisoners 2013
    Жанр/Драма

    Денот на благодарноста за две семејства ќе се претвори во кошмар откако мистериозно и без трага ќе исчезнат нивните две мали ќерки. Единствен патоказ до девојчињата ќе биде комбето паркирано пред нивниот двор.

    Неопишлива болка, страдање, неочекувани настани, неизвеснот до самиот крај.

    Одлична екипа на актери.

    10/10
     
    На Ane-Goki1, boomsleng, Lady Phoenix и 6 други им се допаѓа ова.
  2. ^BadGirl007^

    ^BadGirl007^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2018
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Само што сакав да пишувам за филмов, предобар е!:devil: 10/10
    Јас би му дала критика само на крајот, требаше да ја покажат реакцијата на мајка и/му, па после да заврши.:lol:
     
    Последна измена: 28 јануари 2018
    На promeneta му/ѝ се допаѓа ова.
  3. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Штом сакаш болни филмови :devil: ти ги препорачувам и Oldboy и Martyrs (од 2008 година :!:) :hai:
     
    Последна измена: 28 јануари 2018
    На ^BadGirl007^ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.589
    Пол:
    Женски
    http://m.imdb.com/title/tt5301662/
    Marshall_(film).png
    Филмот е базиран на вистинска приказна,за адвокат(црнец)кој се бори за неправедно осудените црнци.Во филмов разработен е случајот за еден обвинет за силување.Интересен е го препорачувам.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  5. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Naracano deneska :lol:
    (y)
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.386
    Пол:
    Женски
    The Pursuit of Happyness
    [​IMG]

    http://www.imdb.com/title/tt0454921/?ref_=nv_sr_1

    Лошо е што е вистинска приказна, но толку често го гледаме ова во животот што баш искрено не ми е кејф и на филм да го гледам, но ете, го гледав. Убаво е човек да знае што се е можно да стори, но уште еднаш ни докажува дека-дур не ни стигне нож до коска не даваме се од себе. Единствена сцена која за мене е милион долари е кога му кажуваат дека е примен. Вреди за оскар дефинитивно.
    Имдб оцена 8.0
    Моја оцена 7

    Вториов по препорака од @iloveyou29 :f:
    A Family Man

    [​IMG]
    http://www.imdb.com/title/tt1718924/?ref_=nv_sr_2

    Батлер го обожавам како глумец. Филмот се базира на мотото what goes around comes around. Искрена да бидам, не сакам да гледам болно дете и родител кој работата му е на прво место па дур се свести... Но тоа е до мене, премногу се внесувам :D Солиден филм, оцената од имдб му е доволна, не е за повеќе но не е ни за помалку. 6.5 имдб, а од мене исто толку.


     
    На boomsleng, blackpanter, Acka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
  8. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Јас го спуштив, не беше најдобра снимката но, морав да го гледам.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    The Cabinet of Dr. Caligari (1920)
    [​IMG]

    Кратка содржина :

    Како што Francis седи на клупа со постар човек кој се жали дека духовите го оддалечиле од семејството и домот, една занесена девојка по име Jane ги одминува.
    Francis објаснува дека таа е неговата "свршеница" и дека страдале.
    Остатокот од филмот е прикажување на минатите настани од приказната на Francis, кое завзема место во Холштенвал каде се одржува годишниот саем на кој своја претстава дава и Dr. Caligari ...


    Рецензија :

    Овој германски тивок хорор филм произведен во 20-те години на минатиот век, е и ден денес многу познат, карактеризиран со темен и извртен визуелен стил.
    Ми се допаѓа фактот што сценариото било инспирирано од разни искуства од животите на Janowitz и Mayer, двајца пацифисти по Првата светска војна.


    Оценка : 10/10
    [​IMG]
     
  10. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    The Next Three Days (2010)
    [​IMG]
    8/10

    Погрешно време и погрешно место понекогаш можат да му ја одредат судбината на човек.
    После кавга со својата шефица Лара е обвинета за нејзино убиство и е осудена на 20 години. Нејзиниот сопруг Џон прави се за да ја извлече од затвор.
     
    На Elen4e_sonce, joy1, boomsleng и 4 други им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.459
    Допаѓања:
    42.484
    Пол:
    Женски
    Вчера во кино го гледав
    Исцелител
    [​IMG]

    Кај нас киното не функционира одамна, ама премиерно зошто главниот актер и една споредна актерка ни се сограѓани, имаше проекција викендов. Салата беше полна и покрај лошите услови и старото платно.

    Јас просто сум воодушевена од филмов. Алал да му е и на режисерот и на актерите. Одлично, маестрално си ја одиграа улогата и ја завршија работата.
    Приказната е онака горко вистинска. Ја опишува реалната ситуација во државава, борбата на една фамилија и на еден млад дечко кој водењето на домаќинството и грижата за болниот родител ја носи на свој грб во години кога треба да си го живее животот и да создава иднина за себе.
    Со доза на црн хумор ја покажува мизеријата на институциите, сиромаштијата, суеверноста на народот и примитивноста.
    Јас на пола филм се смеев, на пола плачев. Имаше толку болни ситуации во кои верувам 90% од гледачите се пронајде, буквално актерите беа секој од нас од оваа државичка. Актериот е одличен, иако го знам од порано како сограѓанин не знаев дека е толку одличен во тоа што го прави. Стварно одлично ја долови улогата и во мене разбуди на моменти толку неопислива тага и болка што мислев сама го доживеувам она низ што минува тој. И оние стари актери кои нема збор дека знаат да глумат, беа одлични.

    На кратко, се работи за млад дечко кој нема доволно финансии за да купи лекови на болниот татко од рак, па кога му се пружи шанса да украде ќесе со марихуана и екстази тој не размислува двапати. Прво се обидува да ја продава со надеж дека ќе собере за лекови и не успева, па од очај наоѓа рецепт за колач со марихуана на интернет и почнува да прави за татко му и го лаже дека е од некој исцелитет. Татко му е подобро ама у меѓувреме се издешаваат еден куп други ствари.

    Кај нас пред премиерата двајцата актери и режисерот беа гости во еден кафич и како промоција имаше колач со тајна состојка М(секако не со истата од филмот). Потоа ги видов во кафич каде што работи мм, и тој стоеше со нив ама јас тој ден не го гледав филмот и само се поздравив, сега ми е криво што не му дадов пофалби на актеров лично, сосем заслужуваат. Како и да е ептен го промовираа интересно филмов тука.

    Јас го препорачувам на сите да го гледате. Стварно мислам дека е еден од најдобрите македонски филмови.


     
    На kala21, sweet-cherry, Elen4e_sonce и 6 други им се допаѓа ова.
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека ќе ти се допадне исто како мене. Пиши откако ќе го изгледаш :)
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Call Me by Your Name
    [​IMG]

    Време е зa филмoвите нoминирaни зa oскaр. :party:
    Зaпoчнaв сo oвoј, oд мнoгу причини. Првo еден oд ретките сo oнлaјн снимкa и subtitles, втoрo, пoсле Moonlight, ме интересирaше кaкoв е гoдинaвa геј филмoт вo нoминирaните итн...

    Нa пoчетoкoт, дoбив чувствo кo дa ќе е oнoј филм oд oскaрите штo е нaјдoсaден, чуден и немa никaквa смислa. И кoгa видoв декa дејствoтo е вo 1983, си рекoв, oвa ќе биде нештo сo предрaсуди, плус тинејџер вo глaвнa улoгa, сигурнo ќе имa некoј другaр oд шкoлo сo кoј пoпoлекa ќе дoзнaвaaт декa имa нештo пoвеќе oд пријaтелствo меѓу нив. Пoтoa се пoјaвувa дoктoрoв, и мене ми требa некoјa минутa дa сфaтaм декa тoј е втoрaтa глaвнa улoгa. Тукa веќе зaбележувaм кaде тргнaл целиoт филм и се зaинтересирaв пoвеќе. И... мислaм декa oвoј филм ќе ми е фaвoрит гoдинaвa зa oскaр. Прикaзнaтa мнoгу ми се дoпaднa. Целoкупниoт тек... сè е убaвo oсмисленo. Мнoгу реaлни мoменти oд секoјдневниoт живoт кoи не се гледaaт вo секoј филм. Сценoгрaфијaтa е врв, музикaтa е мнoгу дoбрo вклoпенa, глумците ептен пoгoдени... Истo тaкa, мнoгу дoбрo е дoлoвенa вибрaцијaтa oд oсумдесетите. Местoтo нa кoе е снимaн филмoт, oблекaтa, некoи други ситни детaли гo прaвaт целиoт филм дa гo дoживееш нa пoнaкoв нaчин. Oбичнo кoгa гледaш геј филм, се чувствувaш нaпнaтo пoрaди целaтa сoдржинa кoјa јa нoси, меѓутoa oвoј е мнoгу смирувaчки. И целиoт се рaзликувa oд oстaнaтите дoбри геј филмoви, сo исклучoк нa крaјoт. Крaјoт е секoгaш ист, зa жaл...
     
    На Lella, sweet-cherry, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Murder on the Orient Express (2017)

    [​IMG]

    Постои одреден проблем кога се снима филм според многу позната и читана книга и кога тоа се прави доследно на изворниот материјал – без разлика дали е приказната за Ное од Библијата или некоја од авантурите на Херкул Поаро од Агата Кристи – најголем дел од луѓето веќе го знаат крајот.

    Филмовите кои имаат т.н. all-star cast имаат друг проблем – најчесто, повеќето од глумците и немаат баш што да прават во филмот – затоа што едноставно не сите улоги во филмот се битни.

    The Murder on the Orient Express за жал ги има и двата проблема. Кенет Брага направил фина и убава за око адаптација на делото на Агата и прилично се држел до автентичноста на книгата, без речиси никакви измени на приказната. Најчесто, ова е нешто за пофалба, но во случајов ефектот е малце underwhelming – барем за оние кои ја читале книгата или го знаат крајот – а верувам дека такви луѓе има доста.

    Во однос на актерската екипа пак, ги имаме Кенет Брага, Пенелопе Круз, Вилем Дефо, Џуди Денч, Џони Деп и Мишел Фајфер – сериозно, не можело ни да ги собере имињата на сите овие славни глумци на филмскиот постер, па морале да го направат landscape :D. Но за жал – и не по ничија вина, едноставно такви се ликовите – никој, со исклучок на Кенет Брага, кој е навистина одличен како Поаро, и можеби Мишел Фајфер, не се истакнува на ниту еден посебен начин. Сериозно, сите други глумци можеа да бидат заменети со рандом анонимни актери и филмов немаше воопшто да изгуби на квалитет.

    Филмот и приказната како такви се добри, кинематографијата е супер, сé е на ниво – но самиот факт што приказната за Ориент експрес постои веќе добри 80-ина години е малце (поголем) спојлер за повеќето гледачи.

    Имајќи предвид дека Агата Кристи е неверојатно позната писателка, а ова ѝ е едно од најпознатите дела, дека истото е напишано пред многу години, дека се направени небројано многу сценски и филмски адаптации на истото и се разбира, фактот дека повеќето гледачи случајно или намерно се запознаени со приказната и пресвртот во истата – се поставува прашањето „За кого всушност е наменет филмов?“ Ако е за 15-годишни millennials кои не ни чуле за Агата Кристи, а уште помалку за Ориент експрес, тогаш пак е утната целта – зошто во филмов нема ни вампири-тинејџери, ни фиџет спинери, ни снепчет. :D

    That being said, јас се сетив на пресвртот дури пред моментот кога и во филмот се открива истиот – па така можев непречено да уживам во него. Но истово задоволство несомнено им било ускратено на многумина.

    Не можам а да не помислам дека филмов ќе беше многу подобар ако во сценариото направеа некаква малечка, ситна измена, за да се разликува од книгата и за да биде непредвидлив и неочекуван и за оние кои ја читале.

    Во секој случај, се надевам дека ова ќе биде почеток на низа филмови со Поаро со Кенет Брага, затоа што стварно добро му стои.

    Оцена: 7
     
    Последна измена: 30 јануари 2018
    На buba4e89, sweet-cherry, Elen4e_sonce и 14 други им се допаѓа ова.
  15. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    @Bender Rodriguez оваа ситуација ти е "win some, lose some". Општо за сите филмови правени по некоја книга, не може да се одлучи дали да се следи слепо или да се промени нешто. А и во секоја од тие ситуации мислам дека ќе има незадоволни гледачи.
    Интересна тема е, а и самата не знам што би сакала во таков случај. Доколку некои книги премногу ми се допаѓаат веројатно би сакала да не ми биде уништен квалитетот и замислата во глава од страна на филмот.
     
    На Ketchup и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Good point. Јас лично не сум од оние кои сметаат дека книгата треба да се адаптира дословно, од збор до збор (и фала Богу што тоа ретко се прави), ниту пак сум од оние кои секогаш инсистираат дека книгата е подобра од филмот (не, не е секогаш :D).

    Комплексна е темава и интересна за разглабање, ама овде сигурно не и' е местото на дискусијава, па ќе пробам да бидам краток.

    Генерално, детективски и whodunnit романи не се некоја возвишена литературна форма - поентата е писателот да го надмудри читателот, да го натера да нагаѓа кој е виновникот и да не погоди, се' до самиот крај на книгата - кога и самиот ќе го разоткрие. Во суштина, се' се сведува на еден добар plot twist вметнат во сосема просечна приказна. Одземи и' го plot twist-от на публиката и се' што останува е просечна приказна. Во случајов, за завеан воз со рандом quirky ликови и моќните бркови на Поаро. :D

    Не викам не - има одлични филмови снимани според книги и историски настани за кои генерално сите сме знаеле како завршуваат од општа култура, ама тоа не не' спречило да уживаме во нив (битен е патот, а не дестинацијата и слични семесинаповски мудролии :D). Шала на страна, навистина е така.

    Арно ама, Ориент експрес и генерално, мистерии, според мене не би можеле да се вбројат во нив. :)
     
    На Asistentkа, boomsleng, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  17. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Комичен филм, некако не ми беше онака најак. Но добар е.

    Оцена: 5
     
  18. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    @Bender Rodriguez, кoгa видoв декa си пoчнaл дa гo кoментирaш филмoв, се сетив декa јaс гo немaм изгледaнo, иaкo гo чекaв скoрo целa гoдинa, пa веднaш гo пуштив. Ќе сoглaсaм вo целoст сo тебе, сaмo штo ти си јa читaл нaјверoјaтнo oдaмнa книгaтa, пa кo штo кaжa нa пресвртoт си гo дoживеaл вo мoментoт нa случувaњетo, нo јaс јa читaв книгaвa пред две-три гoдини и уште се сеќaвaм кaкo oдеше. Дoдекa гледaв, целo време ми се нaврaќaше мемoријaтa нa тoa штo ќе се случи следнo и се чувствувaв кo дa гo гледaв филмoв пo втoрпaт. Истo тaкa, зaбележaв декa некoи детaли беa скoкнaти, a мoжеби беa и неoпхoдни. Вo книгaтa убaвo е претстaвенo кoј кaкo влегoл вo сoбaтa нa Ричет, пaсoшoт нa Еленa, мaрaмчетo сo буквaтa H и некoи други ситници кoи прaвеa дa се зaинтересирaш уште тoлку. Вo филмoв имaв чувствo кo сè дa е некaкo избрзaнo, штo не ми ни дaде прoстoр дa се пoсoмневaм кoј е убиецoт. Пaк ќе кaжaм, мoжеби тaкa ми делувa зaтoa штo уште ми се свежи сеќaвaњaтa oд книгaтa, aмa дo тoлку ништo дa не oсетaм? :lol:
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    A bad moms Christmas
    7915_5802.jpg
    Го класифицираат како акција/авантура. Според мене, не е ни едното, ни другото. Би го ставила во комедија (...wanna be..) . Ама добро, за разлика од поголем дел од денешниве американски филмови кои немаат К од комедија, Бед Момс, си има смешнички моменти. Неколку пати, сред филм, се фатив себеси како чачкам низ телефон, наместо да пратам што се случува на екран. НО, еве признавам, крајот малку ме разнежни :$:$ А и актерите си беа на место, соодветен избор за секој лик.

    Препорака: Го препорачувам на секој што сака да проарчи вишок време, а и да се поднасмевне, гледајќи филм кој не бара многу мозгање; а си дава фина поракичка. Мајка, една е, спремна да ги пројде и своите и сите граници кога станува збор за своето чедо:angel:

    Оценка:
    3.5 / 5
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Moana
    flex_moana_header_ddaba7de-900x600.jpeg open-uri20160812-3094-p8x4dd_05e53f81.jpeg
    Цртанче, борба помеѓу добро и зло. Ми се допадна тоа што почнуваат девојките да ги претставуваат како силни и самостојни личности, кои сами им се спротиставуваат на предизвиците и не потпаѓаат под искушенија. Почнува да се става акцент на способностите на жените, а не само на нивните слабости. Супер е што мали дечиња кога ќе го гледаат тоа ќе увидат дека е во ред ако девојче застане пред неправдите, наместо да чека принцот да го победи змејот и да ја спаси. Исто така, ја промовираа природата, нејзините убавини, благодетите кои ни ги пружа, а за возврат треба само да ја негуваме. Интересен саундтрак, заразни мелодии. Ми го задржа вниманието цело време, на некои моменти и си се изнасмеав. Повеќе бев задлабочена во филмот јас, отколку братучедчево со кое го гледав:rofl:

    Препорака: Предлагам да им го пуштите на мали дечиња (синче, ќеркиче, внуче..), изобилува со многу интересни слики, шарени бои; дефинитивно ќе ги држи мирни 2 часа. Попатно седнете и погледнете го со нив, на крај од филмот, може да си подискутирате за некои делови, да им ја пуштите песничката што највеќе им го привлекла вниманието и нека ја меморираат, нека учат јазик на забавен начин :)

    Оценка: 4 / 5
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.