Mothers and daughters 2016 7/10 Филмот го прикажува односот на мајките со своите ќерки и обратно. Убава драма.
A Bad Moms Christmas (2017) Spoiler: Содржина Во продолжениево од "Bad Moms" веќе Ејми е во врска со Џеси и не планираат ништо посебно за Божиќ, но сè се смени кога доаѓа мајка и на Ејми во божиќна посета. Во меѓувреме, и на пријателките од Ејми - Кики и Карла им доаѓаат мајките за да го прослават заедно празникот. Мајката на Ејми прави божиќна забава во нејзиниот дом без нејзино знаење, двете се караат и Ејми ја брка мајка и од дома. Мајка и на Кики е опседната со неа и и кажува дека купила куќа веднаш до нејзината, при што Кики и вели дека сака да биде подалеку од неа и дека и треба простор - мајка и се лути и заминува со плачење. Во меѓувреме, Карла и позајмува на мајка и пари наводно за некој бизнис (но и требаат за коцкање) и мајка и си заминува со парите. Трите различни мајки се наоѓаат во црква на Божиќ и разговараат што се случило со ќерките, при што доаѓа Ејми и и се извинува на мајка си. Тоа води кон смирување на ќерките со мајките. Филмот завршува со заедничка божиќна вечера после која трите мајки заминуваат заедно за Лас Вегас. Искрено, ми беше досадно и сега дури ја "раскажував" содржината на филмот погоре. Никаква посебна приказна, на прсти се бројат смешните моменти, лоши шеги. Не би да должам за филмов и не го препорачувам. Освен за обожавателите на Миа Кунис Го оценувам со назадоволителна 5 (од 10). Daddy's Home (2015) Spoiler: Содржина Бред цел живот посакува да биде татко, но останува стерилен после повреда. Тој се труди да им биде добар очув и да ги придобие двете деца од неговата сопруга Сара. Се чини и дека би успеал, но доаѓа во посета поранешниот сопруг на Сара, Дасти. Со денови тие двајца се борат за вниманието на децата, но цело време изгледа како Бред да губи. Најпосле тој и Сара се караат и Бред си оди од куќата, при што Дасти треба да ги извршува сите обврски околу децата кои Бред ги правел со задоволство. Дасти не може да го издржи притисокот и сака повторно да ги напушти децата без поздрав. Бред го спречува and they save the day together На крајот од филмот се прикажани Бред и Сара со нивното ново бебе и децата, а и Дасти е преженет со нова сопруга која исто така има дете од претходниот брак. Пред неговата куќа се паркира мотор од кој слегува таткото на детето од жена му и тој се чувствува исто како и Бред на почеток од филмот. Ова и не е така лош филм според мене, приказната е интересна и задржува внимание на гледачот. Мислам дека актерската екипа е малку згрешена. Можеби други актери би оставиле подобар целокупен впечаток кога би глумеле во филмов. Имаше смешни сцени - прилично соодветствува со жанрот. Би го препорачала доколку сакате да гледате лабаво филмче со по некоја смешка ваму - таму. Му давам оценка 7. Taken 2 (2012) Spoiler: Содржина После серијата убиства на членови од албанската мафија во првиот дел од филмов, главата на мафијата Мурад во овој дел сака да ги одмазди загубениот син и останатите со што наредува убиецот - Брајан да се најде и да се жртвува во Тропоје каде се закопани албанците. Брајан во меѓувреме е во Истанбул со неговата ќерка Ким и поранешната жена Ленор. Таму албанците успеваат да ги киднапираат Брајан и Ленор и ги држат затворени додека ја најдат и Ким. Брајан успева да и се јави на Ким и да ја предупреди да се скрие. Потоа таа му помага да избега, но успеваат да се спасат само тие двајца - Ленор е одведена на друго место. Брајан ја пронаоѓа и пробува да склучи мир со Мурад велејќи му дека е уморен од крвната одмазда. Пиштолот го фрла на земја и се врти да си замине, но Мурад пробува да пука во него и сфаќа дека пиштолот е всушност празен. Брајан се враќа и го убива и Мурад како што ги уби претходно сите оние кои беа во неговиот тим. Добар за љубителите на акциони филмови. Сниман во полош дел на Истанбул, но во секој случај позитивен ми е впечатокот за сцените. Замерка: Лијам веќе изгледа стар за снимање вакви филмови, повеќе би сакала да видам некој подинамичен актер на неговото место. Го препорачувам и давам оценка 8. P.S. I will find you and I will kill you
The Night of the Iguana [1964] Кратка содржина : Во предговорот на приказната е прикажан епископскиот свештеник, преподобен Dr. T. Lawrence Shannon, кој има "нервен слом", откако беше остракиран од неговото собрание поради тоа што имал несоодветен однос со "многу млада наставничка во неделното училиште". Две години подоцна, Shannon, кој сега е туристички водич за компанијата "Blake's Tours," од Тексас, води група наставници со автобус до Puerto Vallarta, Mexico. Лидер на групата е Miss Judith Fellowes, чија 17-годишна внука Charlotte Goodall, се обидува да го заведе Shannon. Fellowes го обвинува Shannon дека се обидува да ја заведе Charlotte и изјавува дека ќе го уништи... Рецензија : Базиран врз истоимената драма од 1961 чиј автор е Tennessee Williams, би рекла дека ова е еден од моите омилени филмови од 60-те години на минатиот век. Ми се допаѓа тоа што има многу добри и популарни актери во филмот како Richard Burton и Ava Gardner. Интересно е што актерката Sue Lyon по нејзинатата најпретпознатлива улога како Lolita, во овој филм игра слична улога на млада девојка во врска со постар маж. Оценка : 10/10
Baywatch (2017) Филмoв гo пуштив сo мнoгу ниски oчекувaњa, сo oглед нa тoa декa Зек Ефрoн е вo глaвнa улoгa. Реaлнo, не беше нештo wow, aмa ни нештo мнoгу лoш. Мoже зa нијaнсa пoдoбaр oд другите oд oвoј тип нa филмoви. Амa сепaк, кoмерцијaлкa си е кoмерцијaлкa.
Роџер кој се смета за успешен "ловец на таленти" е во брак со една сопственичка на галерија Дијана. Тие живеат многу луксузно, но тој всушност има една тајна. За да дојде до пари тој краде уметнички дела 8/10
The best of me (2014) Кој е љубител на романтика..мора да го гледа овој филм. Интересен, каде што љубовта победува ама сепак не.
Law Abiding Citizen (2009) Филмов раскажува приказна за човек кој ја бара правдата откако неговото семејство ќе биде свирепо убиено. На свој начин ги казнува напаѓачите, но и сите оние кои го поддржуваат корумпираниот систем на кривичното право. Одличен трилер, кој не знам како не сум го гледала до сега. Само крајот не ми се допадна, требаше да заврши во негова корист!
Accident Man ( 2018 ) Accident Man е еден од оние филмови за кои немаше ни да дознаам дека постојат да не постоеја и сајтовите за симнување торенти. Краткиот опис на содржината ме заинтригира, а трејлерот на филмов со својот оригинален приказ на содржината ме убеди да го изгледам и, меѓу другото, ме натера да помислам „Хммм, ова ме потсеќа на филм на Гај Ричи.“ И не згрешив, за ништо од напишаново. Accident Man e британски филм, за платен убиец чија специјалност се атентати врз луѓе кои се направени да изгледаат како несреќни случаи. Тој е дел од организација на платени убијци, секој со своја посебна специјалност, со ликови кои се кој од кој поживописни. Приказната се заплеткува по грабежот и случајното убиство на неговата бивша девојка, за кои тој започнува да мисли дека можеби и не се толку случајни како што изгледаат. Кога би морал да го категоризирам, би рекол дека Accident Man е акциона комедија, со типично британски црн хумор. Влијанието на филмовите на Гај Ричи, особено од периодот на Lock, Stock and Two Smoking Barrels и Snatch, е многу очигледно и забележително, но тоа воопшто не го прави филмов да биде лош или неоригинален – напротив. Уствари, отсекогаш сум се прашувал зошто никој освен Гај не снима таков тип на филмови. И иако целата филмска екипа ми е непозната, од режисерот до актерите, филмов воопшто не делува ефтино или нискобуџетно – има одлична сценографија, акциони сцени и сценарио. И најбитно од сѐ – интересен е и забавен и без проблем ви го одржува вниманието. Препорачувам, особено за сите фанови на Гај Ричи кои се носталгични по филмовите од неговата „златна ера“, пред да почне да снима глупости од типот на „Кралот Артур“. Оцена: 8
Го изгледав Eteros ego...Ме бендиса. И цртаниот филм ми изгледа интересен ...може со ќерка да го погледнеме.
http://m.imdb.com/title/tt6429934/?ref_=m_nmfmd_act_2 Ги имам гледано сите делови и овој му е најслаб.Интересен ама ништо посебно.Треба да одкрие убиец на шоугрл и грофица.
http://m.imdb.com/video/imdb/vi1964552729?playlistId=tt1083452&ref_=m_tt_ov_vi Eddie the eagle (2016) Многу ми се бендиса филмов, дава порака дека упорноста секогаш се исплати, без разлика колку пати не си успеал во тоа што сакаш да го правиш. Препорачувам. http://m.imdb.com/video/imdb/vi1465824793?playlistId=tt2090465&ref_=m_tt_ov_vi Black butterfly (2017) Интересен филм каде Антонио Бандерас има улога на писател кој се труди да напише книга која би ја спасила неговата кариера од пропаст. Во градот се запознава со дечко кој ќе го одбрани од еден да не го истепа, па ќе му понуди превоз и преноќиште за да му се заблагодари. Многу интересен со неочекуван крај, ми се бендиса зошто цело време ме држеше во неизвесност.
The pursuit of happyness(2006) Не знам како филмов го немам гледано до сега. Will Smith е актер за кој што имам многу респект, и во филмов глуми маестрално. Мислам дека ми е втор омилен филм од него, после I am legend. На кратко, се работи за филм базиран на вистинска приказна за Chris Gardner, човек кој секој ден се бори за да преживее и да го прехрани своето дете. Во еден момент се одлучува на комплетна лудост, и одлучува да направи нешто кое што можеби ќе му го смени животот, но треба да жртвува многу работи за тоа. Толку реално и сурово прикажана е борбата за преживување, пожртвуваност и љубовта кон сопственото дете, крокодилски солзи ми потекоа Многу поучна порака испраќа, има предобри quotes од филмов. Fun fact: не знаев дека детето што глуми во филмот е всушност синот на Will, дури на imdb видов, ептен е слатко 8/10 Newness(2017) Налетав на филмов на нетфликс, не знаејќи што да гледам и видов дека е со Nicholas Hoult и решив да му дадам шанса. Се работи за Мартин и Габи, кои се запознаваат на апликација за hookups(нешто како Tinder), но се одлучуваат да започнат врска. Набргу сфаќаат дека врската им станува досадна бидејќи го нема елементот на нешто ново и започнуваат сплетките. Многу токсична врска прикажана, за жал се почеста во денешницава. Ама како позитива би рекла е што е доста емотивен филм, како на ролеркостер се чувствував. Инаку доста секс сцени има, некои малку непотребни. 6.5/10 mostly for the eye candy
Lady Bird Отворена тинејџерка која мора има љубов, но турбулентен однос со силна волја кон нејзината мајка во текот на паметна и потресна четврта година средно училиште. Оцена 7/10
The Millionairess [1960] Кратка содржина : Според условите на волјата на нејзиниот покоен татко, разгалената Лондонска наследничка Epifania Ognissanti di Parerga, најбогатата жена во светот, не може да се омажи ако нејзиниот потенцијален сопруг не може да се претвори £500 во £15,000 во период од три месеци... Рецензија : Оваа британска романтична комедија од 1960-та година е искрено еден од моите омилени филмови каде преубавата Sophia Loren ја игра улогата на Epifania. Особено би рекла дека ми се допаѓаат сцените на фимот од Лондон, како и костумографијата. Оценка : 10/10
The Terminal (2004) Во филмот се работи за човек од земја во источна Европа, кој е заглавен на аеродром во Њуjорк, откако влезот во САД му е забранет, а во исто време не може ни да се врати во родната земја поради воен пуч. Мене многу ми се допадна, поради несекојдневната приказна, во ниеден момент не ми здосади. Том Хенкс одлично се снаоѓа во улогата. Само не ми се допадна што се затреска во приглупа цура, али ај му помогна на крај.
Girls trip http://www.imdb.com/title/tt3564472/?ref_=nv_sr_1 Одамна се немав вака смеено. 4 другарки после 5 години избегнување повторно одат заедно на пат. Мене лично ми беше пресмешен, а тоа што е вметнат нигерски хумор е само плус во филмот. Супер глумци. Имдб 6.3 Јас велам 10
Oldboy (2013) Секој римејк се соочува еден неизбежен проблем – фактот дека ќе биде споредуван со оригиналот. Особено ако се работи за холивудски римејк на странски култен филм. И секогаш, речиси без исклучок, римејкот е критикуван од страна на фановите на оригиналот. Како некој кој не го гледал оригиналниот Oldboy од 2003-та, се решив да направам експеримент и наместо него, прво да го гледам холивудскиот римејк од 2013-та. И замислете, ми се допадна. Поради тоа што не ја знаев приказната, немав претходно поставени очекувања и не правев константни споредби помеѓу оригиналот и римејкот, успеав целосно да уживам и да дозволам да ме понесе приказната на римејкот на Спајк Ли. За оние кои не ја знаат приказната, Oldboy е трилер/мистерија/revenge film, со twist – и тоа каков! Се работи за човек кој е киднапиран и затворен во една соба цели 20 години, а единствениот контакт со надворешниот свет му е телевизорот кој го има во собата. Преку него, тој дознава дека бившата сопруга му е убиена, а главниот осомничен за нејзиното убиство е токму тој. После точно 20 години, тој е ослободен – исто толку ненадејно како што беше затворен. Поради што бил подложен на толку сурова и нехумана казна? Кој е мистериозниот човек кој го држел во заробеништво? Што се случило со неговата ќерка-единица, која останала сирак, после цели 20 години? Всушност, ако планирате да го гледате филмов, колку помалку знаете за него, толку подобро, затоа што секоја нова сцена и секој нов пресврт се целосно неочекувани и претставуваат право изненадување за гледачот. Приказната е толку оригинална и толку шокантна што филмов едноставно не може да се спореди со ниеден друг. Освен со оригиналот, де. Меѓутоа, дури и во однос на него, постојат некои клучни разлики. Од актери, во новиот Oldboy ги имаме Џош Бролин, Семјуел Џексон и Шарлто Копли, плус уште некои чии имиња можеби не ги знаете, ама ќе ви бидат познати кога ќе ги видите. Фино снимен, со солидна кинематографија и убава сценографија, и одлично адаптиран за западњачката публика (без да се изгубат клучните елементи на приказната), Oldboy на Спајк Ли заслужува да биде гледан и доживеан како целосно самостоен филм, а не исклучиво во споредба со корејскиот оригинал. Оцена: 8
Call Me By Your Name. http://www.imdb.com/title/tt5726616/ Лани ваков тип на филм зеде оскар за најдобар филм, па се сомневам дека и годинава би било исто. Не е лошо филмчето, ама не ми беше нешто ни толку добро...Ете ќе речам просечно. Се работи за двајца заљубени момчиња. Едниот има 17 години (син на професор), другиот е околу 10тина години повозрасен од него (асистент на професорот). Дејството се случува во Италија во 1980тите. Асистентот е дојден да престојува во куќата на професорот за време на летнен период, па тука се запознаваат со син му на професорот и почнуваат искрите. Уште прв пат кога ќе се видат се чувствува посебна енергија, ама малку споро им оди со признавање на чувствата и давање знаци дека си се допаѓаат. После многу добро и емотивно е доловена нивната врска. Прво се кријат и нормално се плашат од осуди, а со тек на време веќе поопуштено се дружат па и родителите на помладото момче ќе сфатат што се случува. Измешани чувства, страв, длабоки емоци и ново искуство. Крајот ми беше доста емотивен, па може на некој гледач и солза да му измами.
Lady bird(2017) Indie филмче, за 17 годишна девојка која поминува низ бурен адолесцентски период, впрочем како и сите на тие возраст, и се обидува да си го пронајде своето место во светот. Saoirse глуми одлично, номинацијата за оскар за женска главна улога сосема заслужена, ама филмов како филм е така некако просечен. Не е лош, далеку од тоа, ама му фали нешто, некој момент. Од мене 7.5/10