Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    The Death of Stalin (2017)

    [​IMG]
    The Death of Stalin е филм кој би го опишал како политичка сатира, кој го прикажува периодот непосредно по смртта на Сталин, сите перипетии околу тоа кој и како ќе го наследи и генерално, апсурдноста на советската реалност во тоа време.

    Мислам дека во случајов е многу битно да сте начисто со жанрот на филмов пред да го гледате, затоа што главните замерки на луѓето на кои не им се допаднал се должат на тоа што очекувале дека ќе гледаат комедија и/или историски документарец, па следствено на тоа се жалат дека не бил доволно смешен или доволно историски веродостоен.

    The Death of Stalin дефинитивно не е комедија, особено не во смисла на slapstick, #хехе хумор кој би го очекувале од некоја холивудска продукција. На крајот на краиштата, во филмов се обработуваат сериозни и мрачни теми како константниот живот во страв на просечниот Русин, садистички ликови како Сталин и Берија, геноцид, силување, педофилија и сл. – ствари, кои мора да признаете, и не се баш материјал за лабава комедија. И иако не сѐ што ќе видиме во филмов е историски точно, доста работи се – и тоа баш оние за кои би претпоставиле дека се измислени – како на пример, пијанките кои Сталин ги организирал секоја вечер со своите најблиски соработници, прво, за да ги понижи и второ, за да им даде можност да се издадат ако се против него додека се начукани.

    That being said, The Death of Stalin има свои смешни и траги-комични моменти – најмногу од типот на англиски црн хумор, меѓу другото, и затоа што најголем дел од актерите се Англичани. И кога сме веќе кај актерите, филмов навистина има одлична актерска екипа и всушност, токму таа е и носечки елемент на целиот филм и во оваа смисла, повеќе наликува на театарска претстава отколку на класичен филм.

    The Death of Stalin е оригинален приказ за ирационалноста и апсурдноста на овој период од советската ера, а ако го земеме во предвид и фактот што филмов е забранет во Русија, Киргистан, Азербеџан и Казахстан, тогаш е нешто што дефинитивно вреди да се погледне.

    Оцена: 8
     
    На kravce, boomsleng, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    CALICO SKIES (2016)

    Во филмот се работи за особа која води едноличен живот, односно секој нов ден е слика и прилика на претходниот.
    Живее во изолирано место каде нема близок контакт со никој и во цел филм всушност е прикажана неговата дневна рутина која е некако тажна и досадна во исто време.
    Таков е и филмот, во поголем дел досаден за на крај да ми пробуди некои тажни емоции, па заради тоа од мене оцена 8/10.

    HEADHUNTER (2009)

    Дански филм за "ловецот на глави" Мартин, кој ќе добие понуда од еден од најголемите богаташи, 85 годишниот сопственик на најголемата бродска и нафтена компанија во Данска, да пронајде особа која ќе ја превземе неговата империја наместо неговиот син.
    Од друга страна, и синот на старецот дава понуда на Мартин да му помогне тој да ја превземе компанијата од својот татко.
    Прилично интересен, не е нешто wow, ама крајот беше неочекуван, па од мене оцена 9/10.

    SHELTER (6 SOULS) (2010)

    Трилер, хорор со Џулијан Мур во улога на психијатар која добива случај со особа која пати од синдром на повеќекратна личност, но не баш се' може да се објасни и излечи, некогаш се случуваат работи поголеми од самите нас.

    Пола од филмот се надевав дека ќе биде само трилер со рационален крај, но како се ближеше крајот сфатив дека сепак ќе има и натприродни елементи.

    Сепак филмот задржува внимание, објаснувањето на сите тие случувања беше задоволително за мене барем, па од мене оцена 9/10.

    STRANGER THAN FICTION (2006)

    Барајќи друг филм со ист наслов налетав на овој филм со Вил Ферел кој ми е ептен антипатичен глумец, но за чудо тука ми беше поднослив, не ми пречеше многу :D.
    Во филмот Ферел е даночен агент кој треба да направи ревизија на данокот на една пекарка.
    Тој живее според рутини и правила и неговото опкружување го перцепира преку бројки, број на скали, број на чекори, број на четкања на забите...
    Но, неговиот "интересен" живот ќе се преврти кога ќе почне да слуша глас кој му кажува што тој прави во моментот.
    На почетокот не придава значење, но кога ќе слушне дека гласот кажува оти тој наскоро ќе умре, тој почнува да си прави ревизија на својот живот, односно решава да го живее конечно по свои желби и правила.

    Необична приказна, имаше комични елементи, од мене оцена 9/10.

    BIRTHDAY GIRL (2001)

    Банкар од Лондон решава да си пронајде сопруга преку сајт за невести од Русија.
    Наскоро во Англија пристига невестата, но не знае ни збор англиски.
    На денот на нејзиниот роденден пристигаат нејзини познати од Русија и тука започнува перипетијата.

    Филмот е со Никол Кидман и Висент Касел кои предобро си ја играат својата улога на руска невеста и руски багабонт :D.
    Висент е ептен шашав актер, толку грд, а толку шармантен :drunk:.

    Интересен трилер, на моменти досаден, а крајот не ми беше баш најјасен, да не кажам наивен и нелогичен :!::

    Како Џон замина за Русија на крајот со пасошот од Алексеј, а не си личат ама баш ич :?:.

    Во секој случај, само заради Касел, од мене оцена 9/10.

    THE CRIMSON RIVERS (LES RIVIERES POURPRES) (2000)

    Уште еден трилер со Висент Касел и уште еден предобар актер Жан Рено, во улога на детективи кои секој посебно води истрага во едно мало, изолирано место, а нивните траги се преплетуваат и водат до факултетот во тоа место.
    Напнат трилер, со пресврти и убава глума, од мене оцена 10/10.

    LA RAGAZZA NELLA NEBBIA (2017)

    "Најглупавиот грев на ѓаволот е неговата суета".

    Италијански филм за исчезнувањето на 16 годишната Ана Лу во едно мало, мирно гратче.
    Случајот го превзема познат детектив кој случаевите ги решава со помош на медиумите и манипулирањето на гледачите.
    Во филмот всушност детективот му раскажува на психијатарот како тој го решил случајот.

    Самиот филм некако беше развлечен, на моменти се мислев зошто толку добри коментари има, ама како се наближуваше крајот сфатив дека ќе биде мој калап на филм :nod:.
    Полека секој нејасен дел си доби свое место, а крајот беше феноменален.
    Препорачувам, од мене оцена 10/10.

    * Инаку во текот на целиот филм не можев да се изначудам како може психијатарот толку многу да личи на Жан Рено :?:, а оно стварно да ти бил Жан Рено :rofl:.

    Истото ми се случи и кога го гледав грчкиот филм Eteros ego кога го дадоа математичарот и само си помислив, аман Дастин Хофман колку двојници има, веќе видов еден во францускиот филм The untouchables.
    На крајот стварно излезе францускиот Дастин Хофман :wasntme: :D.
     
    Последна измена: 21 февруари 2018
    На sweet-cherry, christinnn, Lady Phoenix и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Casablanca [1942]

    [​IMG]

    Кратка содржина :

    Во декември 1941 година, американскиот иселеник Rick Blaine поседува ноќен клуб од класа и коцкање во Казабланка.
    "Rick's Café Américain" привлекува разновидна муштерија, вклучувајќи ги и Виши француски и германски функционери, бегалци очајни да стигнат до сеуште неутралните САД и оние кои се пленуваат врз нив.
    Иако Rick тврди дека е неутрален во сите работи, тој водел пиштоли во Етиопија за време на војната со Италија и се борел на лојалистичката страна во Граѓанската војна во Шпанија...


    Рецензија :

    Сметам дека Casablanca претставува класика за која верувам дека скоро секој слушнал. особено ми се допаѓа улогата на Ilsa Lund играна од страна на Ingrid Bergman за кое се вели дека тоа е нејзината "most famous and enduring role".
    Исто така, филмот има и свој soundtrack од оригинални песни како што се "It Had to Be You", "Shine", "The Very Thought of You", "Knock on Wood" и др.


    Оценка : 10/10


    [​IMG]
     
    На Annath, Marossa, Asistentkа и 3 други им се допаѓа ова.
  4. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    The gateway 2018 BsLbmUl.jpg
    Една жена дознава дека маж и доживеал сообраќајна несреќа и почина. Таа е научник и истражува за телепортација во паралелните светови. Сепак таа сака да проба да оди во тој паралелен свет за да го најде него повторно 9/10
     
    На buba4e89, sweet-cherry, blackpanter и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    Call me by your name (2017)

    [​IMG]

    Кога веќе решив да гледам филм од оскарите, it might as well be the gay one. :D Всушност, филмов го гледав пред недела-две, ама дури сега пишувам рецензија.

    Како некој што не е фан на романтики, но е absolute slut for gay love, можам да кажам дека ептен ми се допадна филмов и би сакала да ја читам книгата. Апсолутно освежување беше што никаде во филмов немаше ни трошка хомофобија, особено од родителите. Колку би било тоа реално во тоа време, на тоа место, не навлегувам, но таква лежерна работа ретко (да не речам ич) се среќава во филмови.
    Океј, јас не би знаела, бидејќи ова е првиот геј филм што го имам гледано. :D

    Како и да е, она што ептен ме фасцинира е што низ целиот филм тоа што врската е хомосексуална нема никаква улога или поинаку речено, тоа што се геј не им беше character trait, што е честа појава во филмовите (и сериите). Има еден лик кој е геј™ и тоа е единствената работа карактеристична за него. Во овој филм немаше да има никаква разлика ако Елио беше девојка и тоа многу ми се допаѓа.

    Исто така ми се допаѓа што врската беше необична не само од геј аспектот :D, туку и разликата во годините, поточно разликата во генералниот впечаток што го оставаа ликовите. Елио ја има таа нишка детски темперамент, емотивност, едноставно pureness, додека Оливер е резервиран smirking тип. :D

    Патем, јас апсолутно не сфаќам што е финтата со обраќањето со своето име на loverboi, дава некој чуден самобендисан филинг. :lol: Не ме тепајте, ама мислам дека авторот едноставно не можел да смисли наслов па морал да вметне нешто специфично и уникатно за нивнава романса според што ќе може да го наслови делото. Не? Тоа само јас го правев кога бев во фаза на пишување книги? Окej. :D

    Дилемата која веројатно се појавува кој доста луѓе кои го гледале филмов: дали работана со праската беше навистина неопходна?
    Јас би рекла да. Тоа е на некој начин обелжје на целава приказна, сигурна сум дека има некои мета-анализи за значењето на праската, ама не сум стигнала толку длабоко на тамблр уште. Дури и без некакво значење, целиот мотив на праски што се вртеше низ филмот е дел од атмосферата во која се капеше филмот цело време: италијански градови, дворче, праски, музика, љубов... :)

    Дали вредеше од аспект веќе да не можам да ги гледам праските со исти очи? Веројатно не. :D

    Ќе речев дека заклучуваме дека не сакам романтики, освен кога се работи за гејови, ама не. Не сакам лошо напишани романтики (I'm looking at you, Nicholas fucking Sparks), а најчесто геј романсите се напишани добро, бидејќи луѓето actually обрнуваат внимание на тоа да не користат премногу романтични тропи, да не биде плитка и неинтересна (бидејќи нели геј романтиките мораат трипати подлабоко значење да имаат за да можат академските чичиња да ги сварат) и секако да се осигураат да остават позитивен впечаток кај масата, бидејќи anything less би ги разлутило хомофобите.
    Токму затоа моите омилени љубовни приказни, кои ги сметам за квалитетни, се помеѓу луѓе од ист пол, *side-eyes all my ships*, и оваа дефинитивно е меѓу нив. :)

    [​IMG]
     
    На Mayyya, 1209, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.354
    Пол:
    Женски
    Call Me by Your Name (2017)

    Приказната ја прочитавте веќе, да не се повторувам. :)

    Него, мене филмов ме измести. Не очекував толку многу да ми се допадне. Совршен. :inlove:
     
    На Ketchup, Someonespecial, smooch и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Wolf children
    [​IMG]
    Филмот го следи животот на младата Хана откако нејзиниот сакан, врколак, ќе умре, па таа сама ќе треба да се грижи за нивните две деца, врколаци. Sounds... i don't know how it sounds lol.
    Би рекла стартот на филмов ме одврати од помислата да го погледнам цел, дури и неколку пати се помислив да го исклучам па се замислив...дали јас тоа некако доста пораснав штом не можам да прифатам една ваква фиктивна приказна? Го догледав секако. Прекрасно изработен анимиран филм, кој ако го отфрлиме делот со деца волци, некако станува една животна приказна за самохрана мајка. Многу емотивни моменти, смеа и плачки, насликани на фантастичен начин.
    Се одлучив за филмов намерно, со цел, сакав да ги "упијам" со очите прекрасните слики од анимираниот свет, а овој режисер со претходните свои дела ми се има докажано, па ете, падна товарот на него. И успешно беше, затоа што останав да се воодушевувам на сцените, можев да го помирисам дождот, да го осетам снегот, дури и отсјајот на сонцето врз планинското езерце. И сето тоа вклопено убаво во приказната, ми остави убаво чувство, и желба за повеќе. Уште да се решам од рационалноста...или да изберам по humanly аниме наредниот пат :)
     
    На Mishela, Matotheja и LivingGlam им се допаѓа ова.
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Кратка содржина :

    Richard Sherman е нервозен, верен, средовечен издавачки извршен директор со прекумерно активна имагинација и криза во средината на животот, чија сопруга, Helen и син, Ricky го минуваат летото во Maine. Кога се враќа дома со весло од кајак, кој Ricky случајно го оставил, се сретнува со една жена која е комерцијална актерка и поранешен модел која изнајмува стан горе додека во градот прави телевизиски спотови за бренд на паста за заби...

    Рецензија :

    Оваа винтиџ романтична комедија од 1955 година е еден од најпопуларните филммови во која глуми Marilyn Monroe, и од каде потекнува познатата сцена каде здолништето од белиот фустан е подигнат нагоре од возот што минува.
    Особено ми се допаѓа музиката, местата каде се снимани сцените, како и прекрасните фустани кои Marilyn ги носи во филмот.


    Оценка : 10/10
    [​IMG]
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.864
    Допаѓања:
    267.218
    Не знам дали смеам да прашам тука, ама каде го гледавте Eteros ego?
     
  10. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Јас го гледав онлајн на www.gledalica.com :).
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.589
    Пол:
    Женски
    https://m.imdb.com/title/tt5783956/
    MV5BMzM1OTI4NDM4Nl5BMl5BanBnXkFtZTgwMDAwODg2NDM@._V1_UY1200_CR90,0,630,1200_AL_.jpg
    Добро филмче за онака.На една забава Ноа се заљубува во девојка,но за жал таа го доживеа како добар другар.Таа се заљубува во друг,и Ноа случајно открива начин како да го врати времето.Пробува да ги исправи работите и да ја заведе.
     
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Forgotten
    [​IMG]
    Младиот студент Џин Сук се сели во нова куќа со своите родители и постариот брат. Неколку дена потоа неговиот брат е киднапиран, и без никаков траг, се води исчезнат 19 дена. Се враќа дома без никакво памтење за тоа што се случило, каде бил, и кој го држел заробен. Но се е изменето. Џин Сук приметува дека неговиот брат повеќе не е истиот човек.
    Филмот започнува со некоја напнатост, доза на мистерија и хорор елементи (заклучена соба во куќата од која излегуваат чудни звуци) и мислев дека ќе земе правец на натприродно. Згрешив. Филмов имаше навистина неочекуван пресврт, но и покрај добриот плот, во глобала како доста да недостасуваше. Втората половина од филмот, со таков пресврт, беше некако бледо пренесена и раскажана, мислам дека многу повеќе можеше да се направи. Не можам да напишам нешто повеќе, без да откријам нешто битно.
    Сепак, вреди да се погледне. Актерската екипа одлично си ја заврши работата.
     
    На Mayyya, iloveyou29, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    Aftermath(2017) 8/10.
    Филмот е тажна и тешка драма што ја преживуваат контролорот на летови кои не сакајќи пропушта да слушне дека еден лет ќе почнува да се спушта на координати на кои веќе лета друг авион и неговото семејство и човек кој во таа несреќа ги губи споругата и бремената ќерка.
    Приказна за одговорноста и носењето вина до ниво на себеуништување.
    Одлична глума. Базиран на вистинска приказна.
    афт.jpg
     
  14. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Call me by your name 5/10

    Саат време не се случува ништо, после ај некако почнува да оди дејството главно. Непотребни сцени ми имаше, вакви филмови развлечени ич не сакам.
    Едвај го догледав, и тоа со премотување. 2 саати и 12 минути филмов, рили?
    I'm not impressed.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AliciaSilver

    AliciaSilver Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    210
    Пол:
    Женски
    Се сложувам за bad moms,а вториот се мислам да го гледам
     
  16. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Кратка содржина :

    Во 1947 година Лос Анџелес, цртаните ликови глумат во театарски цртани филмови како и во живо акциони филмови; тие редовно комуницираат со вистински луѓе и животни и живеат во Toontown.
    Приватниот детектив Eddie Valiant и неговиот брат Teddy, некогаш соработувале со цртаните ликови на неколку познати случаи, но откако Teddy бил убиен од страна на цртан лик, Eddie му се препуштил на алкохолизмот и ветил дека никогаш повеќе нема да работи за цртаните ликови...



    Рецензија :

    Сметам дека скоро и нема некој кој не ја гледал оваа винтиџ класика, инаку оригинално базирана според книгата Who Censored Roger Rabbit?
    Еден од најпознатите ликови во филмот, без сомнеж, е прекрасната Jessica Rabbit, како и нејзиниот цитат:"I'm not bad, I'm just drawn that way"
    Исто така, многу ми се допадна песната "Why Don't You Do Right?" испеана на посебен начин и со побавен, сексапилен тон од страна на Jessica. Сепак, и оригиналната верзија од Peggy Lee е навистина одлична.


    Оценка : 10/10
    [​IMG]
     
    На Annath, boomsleng, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  17. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    3.305
    Пол:
    Женски
    "Downsizing" прикажува алтернативен начин на живот. Процедура која овозможува смалување на луѓе. Оние кои ја избираат оваа опција очекуваат нивните финансиски грижи и проблеми да бидат "смалени" како и нивното физичко тело.
    Смалувањето на луѓето е идеја која ја добиле научниците поради зголемената бројка на човечката популација и уништувањето на планетата. Со смалување на луѓе, се очекува смалување на отпадот и штетата, спасување на планетата. Процедурата е претставена како environment friendly.
    IMG_20180226_130111.png
    Но всушност е прикажана екстремната природа на луѓето за да си го подобрат животот, и како во тој обид си го зафркнуваат тотално животот. Ликот на Мет Дејмон е трагичен херој. Нѐ внесува во свет каде што оваа процедура не донела ништо добро кај одредени смалени луѓе. Процедурата на смалување е замислена како концепт за богат и удобен живот, но не дејствува исто кај сите кои се подложиле на неа. Сиромаштијата, проблемите, тешкотиите се дел од животот и на "смалените" луѓе.
    Солидна глума. Невообичаена, чудна, тажна приказна. И мала доза на хумор. 8/10
     
    На joy1, boomsleng и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Mute (2018)

    [​IMG]

    А значи само што ги пофалив Netflix дека конечно почнале да прават филмови кои не се ужасни. Well, not just yet…

    Mute е филм за нем шанкер, кој станува нем после несреќен случај во детството и останува нем поради религиозните (амишки) убедувања на мајка му која одбила да му се направи операција. Приказната се заплеткува кога неговата девојка, келнерка во истиот локал, ненадејно исчезнува, а тој по секоја цена ќе се обиде да ја најде, макар тоа да значи и прекшување на неговите амишки верувања и користење современа технологија. Единствениот clue во целата приказна се двајцата американски хирурзи, со кои постојано му се испреплетуваат патиштата.

    Визуелниот аспект му е можеби најсилната страна – филмов е сместен во Берлин, некои 40-ина години во иднината, и градот недвосмислено наликува на Лос Анџелес од Blade Runner. Сепак, самата приказна нема никаква врска со научна фантастика и филмов можеше комотно да биде сместен во денешен Берлин и да не приметиме никаква разлика.

    И тоа ми е генерално најголемата забелешка за филмов: има одличен потенцијал – sci-fi setting, добра актерска екипа (Алексадар Скарсгард, Пол Рад и Џастин Теру), солиден режисер (типот кој го режираше Moon) и добра основа за интересна приказна – а сепак, не успева да искористи буквално ништо од тоа.

    Визуелно интересен (иако не и оригинален), но од аспект на фабулата умрсен, нејасен, нелогичен и пред сѐ, досаден, Mute е филм кој дефинитивно ќе се покаете што сте почнале да го гледате – особено затоа што трае нешто повеќе од 2 саати. Скарсгард е збунет во својата улога и тешко му оди глумењето без зборови – изгледа тажно цело време, глумицата која ја глумеше Надира беше лоша, а имаше и уште неколку cringe-worthy актери во помали улоги.

    Светла точка во Mute ми беа Пол и Џастин, кои си тераа некој свој филм, со заебанции, црн хумор и целосно засебна приказна. И да бидам искрен, попрво ќе го гледав тој филм, со нив двајца во главните улоги – приказната за шанкерот и неговата исчезната љубена ми беше ужасно досадна и скроз неемотивна.

    Уште еднаш, се покажа дека Netflix е криптонит за надежни филмски проекти.

    Оцена: 5
     
    На sweet-cherry, lunicka, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Кратка содржина :

    Во 1996 година, ловецот на богатство Brock Lovett и неговиот тим на бродот за истражување Akademik Mstislav Keldysh ги пребаруваат остатоците од потонатиот брод Titanic за ѓердан со редок дијамант, Срцето на океанот. Тие враќаат сеф со цртеж на млада жена облечена само со ѓердан од 14 април 1912 година, на денот кога бродот го погодил ледениот брег.
    Rose Dawson Calvert, жената на цртежот, е донесена на бродот Keldysh и му кажува на Lovett од нејзините искуства на Titanic...


    Рецензија :

    И покрај тоа што не е баш прецизно со вистинските детали за луѓето и приказните кои се случувале на бродот пред да потоне, сметам дека овој филм е вистинска класика кој секој барем еднаш во животот морал да го погледне.
    Многу ми се допаѓа сценографијата, костумите, музиката, изборот на актерите... многумина луѓе го перцепираат за совршениот филм.


    Оценка : 10/10
    [​IMG]
     
    На buba4e89, ceca-1, boomsleng и 6 други им се допаѓа ова.
  20. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Се изнаплакав,ептен се внесувам у филмови.Многу ми беше реален 10 и од мене.
    Го фатив на Телма во саботата мислам го имаше,баш ме заинтресира дека по вистинска приказна ама не можев да продолжам откако го најде телото на ќерката,преемотивно за мене,почнав да си плачам и сменив.
    download.jpeg
    Овој само што го изгледав,видов Камелија го спомна,фала ти:)Малку ми пречеше грчкиот јазик зашто ептен ништо не разбирам и морам да читам све:DКако и да е добар трилер/мистерија.На почеток малку досаден ама пак не можев да го оставам.Пет убиства навидум неповрзани,предизвик за генијалниот професор по криминалистика...
    Кога кажаа анестетици одма се сетив кој би можел да е
     
    На Asistentkа и simonka93 им се допаѓа ова.