Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    По досадно нешто не сум гледала.Стариов ќе се заљуби во младата комшивка и нејзините кратки шорцеви,ќе се бакнат еднаш и тоа е се што треба да знаете.
    353761-d80bcc3de3b76759f57374682b961664.jpg
     
    На joy1, elimkd и Miss.A. им се допаѓа ова.
  2. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    The Other Boleyn Girl (2008)Preubava istoriska prikazna za rivalstvoto na 2sestri za kralot na Anglija. Koja ke go osvoi srceto na kralot i tronot An-preambicioznata do ludilo i incestoidni idei,lukavata,snaodlivata ili Mari miloslivata,socuvstvitelnata. Zakonskata zena ili ljubovnica od Boleyn kerkite?
     

    Прикачени фајлови:

    • bol.jpg
      bol.jpg
      Големина на фајлот:
      75,5 KB
      Прегледи:
      3
    На Possibility, alana и elimkd им се допаѓа ова.
  3. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    3.305
    Пол:
    Женски
    "Call me by your name" со глумата, приказната, музиката, пејзажите е погодок right in the feels :D
    За некои здодевно, бавно дејство, а мене лично ме опушти баш тоа релаксирано дејство.
    Се заљубив во италијанскиот countryside. Се заљубив во родителите на Елио. Мајката на Елио ме воодушеви. Classy lady, all the way.
    I wanna be her when i grow up :)

    Луѓе со едуциран ум но и срце.
    Секоја нивна активност, макар и најосновната како доручек, ручек се одвиваше со огромно задоволство. Луѓе кои знаат да уживаат во уметноста, музиката, храната.
    Првата љубов е прекрасно доловена во сeта своја devastating glory. Можеме да препознаеме мал дел од себе во Елио. Неговиот шарм, angst, coolness освојува.
    Ми се допаѓаше семејната динамика. Особено сценава ми е so fuckin' cute.
    IMG_20180228_191017.png

    Како пропуст ќе наведам неколку нешта кои не ми се допаднаа. Родителите беа cool но сепак се родители и кога веќе се свесни за нивниот сексуално активен син, задолжителен е sex talk; да му укажат на опасностите од std, sti & all that important shit. Ако веќе го имале тој разговор, таквата сцена не требаше да биде исклучена од филмот.

    И ending-от ми беше незадоволителен. Не од разлог дека сум романтичар (cause im quite the opposite) па очекував триумф на љубовта. Туку очекував победа над хомофобијата, очекував Оливер да се прифати себе, својата сексуалност. Анализирајќи го Оливер добив впечаток дека е in the closet а девојката му е beard. Можеби грешам, можеби е би, можеби е заљубен во девојката со која се верил но имаше повеќе моменти кои ми укажуваат дека не грешам.
    Она кое му го кажа на Елио: "треба да си среќен што имаш open minded родители" ми е индикатор дека се венчава за да угоди на своите хомофобични родители а не затоа што вистински сака брак. Недостасуваше повеќе дијалог за да дознаеме повеќе за нивните мисли и чувства.

    Би сакала да ја прочитам книгата за подобро да ми се разјасни филмот.

    Maybe im overanalyzing but that's just because i like this movie.

    A да заборавив #JusticeForPeaches :D
    tumblr_oldl62X1Ax1vjtz8bo2_400.gif tumblr_oldl62X1Ax1vjtz8bo4_400.gif tumblr_oldl62X1Ax1vjtz8bo5_400.gif
     
    На Lella, 1209, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Така?!
    Он беше тој што иницираше се, му збореше на Елио, му викаше не сакам да се осеќаш како да правиш нешто лошо БЛА БЛА БЛА. И на крај ко друг човек?
    Шо знам, не ми правеше ќеиф. Ама океј, за драма ефект беше, да не искочи дека е хепи ендинг.
     
    На BlackAndWhiteSwan му/ѝ се допаѓа ова.
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Crash 2004
    post.png
    9/10
    Одамна немам гледано толку добар филм.
    Дејството се случува во Лос Анџелес каде акцент е ставен на расизмот - како тој влијае врз секојдневните односи на луѓето и колку тие предрасуди што ги имаме може да не водат во заблуда.
     
  6. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    @BlackAndWhiteSwan @x.Daisy.x, Oливер пo првиoт бaкнеж се oддaлечувa oд Елиo и Елиo гo прaви следниoт чекoр сo писменцетo, зa тoa време нели не прaвaт муaбет. Oвoј дел е пoубaвo oбјaснет вo книгaтa, дa не ви oткривaм спoјлери aкo јa читaте. Вo книгaтa се пoубaвo oбјaснети некoи рaбoти кoи вo филмoт не ги зaбележaв. Инaче, режисерoт се мислел дaли дa гo вметне делoт сo сексуaлнo пренoсливите бoлести и зaштитaтa, нo oдлучул тoa дa гo oстaви зa вo прoдoлжениетo, кoе нaјверoјaтнo ќе се снимa вo 2020.
     
    На BlackAndWhiteSwan и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  7. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    NO ESCAPE (2015)

    Акција со Овен Вилсон кој има улога на вработен во американска фирма која треба да го преземе водоводот во една азиска земја.
    Поради неговата работа целото негово семејство (жената и двете ќерки) се преселува во Азија, но уште од првиот ден кога стигнуваат во хотелот почнуваат неволјите со тамошното население кое е против тоа американска фирма да го контролира нивниот водовод.

    Филмот е акција во вистинска смисла на зборот, нон стоп бегање, пукање, неизвесност, плус и деца во цела таа брканица, задржува внимание, од мене оцена 9/10.

    UC HARFLILER 3: KARABUYU (2016)

    Турски хорор во кој две жени се тероризирани од свекрвата на едната жена преку црна магија.
    На почетокот се здрвив од некои сцени, но како тече филмот станува предвидливо, некако ептен беше површна приказната, двете жени цело време имаа халуцинации, па на крајот малку заплет, па брзински расплет и толку.
    Ликовите не ми беа никако разработени, не можеш да се поврзеш со нив, приказната исто, имаше дупки кои не беа пополнети на крајот, па од мене оцена 7/10.

    THE PERFECT MAN (UN HOMME IDEAL) (2015)

    Француски филм во кој се работи за момче кое сака да биде писател, но неговата книга ја одбиваат издавачите.
    Но, еден ден додека работи како истоварач, во еден стан ќе пронајде стара книга од починатиот сопственик на станот во која се опишани неговите војнички денови во Алжир.
    Тој ја пушта книгата до издавачите како своја и тука почнува неговиот пат кон славата.
    Сепак, на лагата и' се кратки нозете, па набргу почнуваат да се нижат проблеми еден по друг.

    Филмот ми беше интересен, имаше некои моменти кои не ми се допаднаа, ама сепак оцена 9/10.

    FRIED GREEN TOMATOES (1991)

    Евелин со нејзиниот маж Ед одат кај неговата тетка во старечки дом на посета.
    Таму Евелин запознава една драга старица Нини која почнува да и' раскажува вистинска приказна од 1920тите за едно пресилно пријателство меѓу Рут и Иџи и со приказната и' помага на Евелин да направи промени во својот живот, а воедно и тие стануваат предобри пријателки.

    Филмот е топла драма за пријателството, лојалноста и иако ретко гледам драми, многу ми се допадна.
    Од мене оцена 10/10.

    THE COMMUTER ( 2018 )

    Трилер со Лиам Нисон во кој тој е во улога на патник во воз кој секој ден ја има истата рутина.
    Работи во агенција за осигурување и секој ден патува со воз до работното место.
    Еден ден добива отказ и додека во возот се мисли како ќе продолжи со животот, мистериозна жена му дава понуда од 100000 долари ако само каже кој од патниците не припаѓа во возот.

    Филмот е сличен на многу други филмови во кои игра Лиам Нисон, интересен е за гледање, но крајот некако многу ме потсети на некој друг филм, на моменти беше предвидлив, на моменти пребавен, па пребрз, а и го гледав со катастрофална снимка и превод, така да од мене оцена 8/10.

    CHASING SLEEP (2000)

    Филм со Џеф Даниелс кој еден ден станува од сон и дознава дека неговата сопруга не се вратила дома.
    Цел филм се одвива во неговиот дом каде тој се бори со несоница трудејќи се да сфати каде е неговата сопруга и што е сон, а што јаве.
    И така филмот заврши, а тој остана да се труди, а и јас со него да сфатам што воопшто се случило и што уствари беше вистина, а што халуцинации.
    Од мене оцена 7/10.

    PATHOLOGY ( 2008 )

    Млад специјализант почнува да работи во болница како патолог каде ги запознава другите патолози, а наскоро ја дознава и нивната бизарна игра во која секој од нив убива некое лице, а другите треба да откријат како е извршено совршеното убиство.
    Филмот очекував да се задржи повеќе на убиствата, на истражувањето, наместо на односите меѓу самите патолози, па од мене оцена 8/10.

    HUNTING SEASON (AV MEVSIMI) (2010)

    Турски трилер кој неочекувано ме воодушеви.
    Филмот започнува со пронаоѓањето на женска рака и запознавањето со ликовите кои ќе ја водат истрагата.
    Како се одвива филмот, така се дознава дека мотиви за убиството на девојката има многу, дрога, љубомора, извалкана семејна чест, предавство...

    Иако трае 2 и пол часа, секоја сцена си имаше свое место на крајот, глумата супер, ликовите супер, музиката совршена, целата приказна разработена до детал, крајот непредвидлив...
    Препорачувам, од мене оцена 10/10.
     
    На Lady Phoenix, Elen4e_sonce, iloveyou29 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Кратка содржина :

    По битката кај Фарсал во 48 п.н.е., каде што Јулиј Цезар го поразил Помпеј Велики во брутална граѓанска војна за контрола на Римската Република, Помпеј побегнува во Египет, надевајќи се дека ќе биде поддржан од младиот фараон Птоломеј XIII и неговата сестра Клеопатра.
    Цезар го следи во Египет, под изговор дека е именуван за извршител на волјата на нивниот татко, Птоломеј XII.
    Но на негово разочарување, на Цезар му е дадена главата на Помпеј како подарок, бидејќи високо-манипулираниот фараон бил убеден од неговиот главен евнух Потинус дека ова дело ќе му го посвети на Цезар.
    Бидејќи Цезар останува во една од палатите, робот наречен Аполодор му носи подарок. Кога сомнителниот Цезар ќе го отвори килимот, Клеопатра му се открива.
    Заинтригиран од нејзината убавина и топла личност, таа го убедува да го врати својот престол од својот помлад брат...


    Рецензија :

    Според мене, овој филм е еден од најдобрите кои сум го гледала, а снимен во 60-те години на минатиот век.
    Познато е дека на преубавата Elizabeth Taylor за нејзината улога на Клеопатра и се доделила Guinness World Record титула поради "Most costume changes in a film", иницирајќи дека Taylor вкупно 63 пати променила костуми во филмот.
    Како што Elizabeth Taylor е една од моите омилени актерки, особено ми се допадна и улогата на Richard Burton за Марк Ентони.


    Оценка : 10/10


    [​IMG]
     
    На boomsleng, Someonespecial и elimkd им се допаѓа ова.
  9. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Одамна сакав да го спомнам...Преубав.
     
  10. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Darkest Houer (2017)
    unnamed.jpg

    Содржина:
    Британскиот премиер соочен со недовербата во Горниот и Долниот Дом мора да одлучи како ќе ја води понатамошната борба со тогашниот најголем непријател на светот, Адолф Хитлер. И покрај притисоците од своите најблиски соработници да започне преговори со Мусолини, подржан од кралот и народот тој ја продолжува војната со нацистичкиот окупатор.

    Рецензија:
    Черчил ни е претставен во едно поинакво издание. Човек кој уживал во добра цигара, кој можел да пие во било кој период од денот, човек со поинаква смисла за хумор. Доколку сакате да изгледате добра историска драма ви го препорачувам овој филм.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Black Panther


    [​IMG]


    За тоа колкав hype доби, и колку го испофалија... Морам да кажам млако, доста млако.
    Сигурно со поголеми очекувања влегов во целата приказна, али освен една-две добри сцени.. Ништо друго.
    Приказната мех, глума ај може и не толку лоша, ама каде со тие иритирачки акценти каде.. (facepalm)
    Според мене најслаб филм на Марвел од тоа што досега сум гледала, или бар овој лик не ми е омилен, и се околу него. Најсветла точка во цел филм е убедливо главниот негативец... Или бар телото негово ...
    Што да правам тоа е, се трудев да си направам бар колку толку да ми е интересно нешто, да додржам до крај... :$:wasntme:



    Game Night


    [​IMG]

    Како нетипична љубителка на комедии , WOW !
    Али озбилно , смеење од почеток до крај.
    Добра актерска екипа, многу добра приказна, не типично глупо американско комедииче,
    цело време нешто ново, пресврти, акција, не е досадно ни за момент. Стварно убаво поминато време.
    Препорачувам. (y)
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  12. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    All I see is You
    Ја имаме Блејк Лајвли во улогата на млада омажена жена, која е слепа поголемиот дел од нејзиниот живот. Омажена е за човек кој не ни знае како изгледа, инаку доста неатрактивен, но многу вљубен во неа. Немаат деца. Наеднаш и се отвара могучност преку операција со трансплатација да си го врати видот. Операцијата е успешна. Но кога Блејк ќе ги отвори очите и во буквална смисла ќе го погледне својот живот, се' ќе се промени, и нема враќање назад.

    Не знам што да мислам за филмов. Рефрешинг од една страна но од многу други е и промашен, нејасен, но преубави визуелности има за очите, каков е светот во очите на Блејк Лајвли (не реков дека е сместен во Токио). Последните 15 минути мислам дека го спасуваат, има набој на многу јаки емоции ...

    Саундрак прогонувачки, сонувачки, прекрасен.


    6/10
     
    Последна измена: 7 март 2018
    На k.frosina, Elen4e_sonce и boomsleng им се допаѓа ова.
  13. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Red Sparrow
    images.jpg
    Балерината Доминика после повреда е регрутирана во 'Sparrow School,' Руска служба за разузнавање каде е присилена да го користи своето тело како оружје. Нејзината прва мисија е да се зближи со агент на C.I.A.
     
  14. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Го има ли некаде со превод?
     
  15. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Не знам да ти кажам...без превод го гледав и кино снимка....планирам пак да го гледам ако начекам поубава снимка.
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Фатив неколку филмчиња во последниве недели , ќе издвојам неколку да ви препорачам.

    Мurder on the orient express
    [​IMG]

    7.5/10
    Супер филмче, убиваат на воз човек и сеа кој го направил тоа , нема нешто посебно акции или хумор , повеќе е за тие што сакаат детективско-мистериозни работи , плус и Џони деп го има . Ако имате време ви претпорачувам да го гледате.

    ....................................................................................................................................................................................

    Daddy's home 2
    [​IMG]

    5.5/10
    По тиња е од првиот дел (тој треба да се гледа) , глуп хумор , неколку интересни работи и тоа е тоа .... Ништо посебно , немој случајно пари у кино да фрлате на ова , за дома само ако ве мрзи и ви се гледа нешто колку да помине време...

    ....................................................................................................................................................................................
    Maze runner the death cure
    [​IMG]

    6.0/10

    Иако е 3ти дел , не ви требаат првите 2 дела за да го разберете филмот , малтене све е исто секој дел , има акции , има една прејака сцена кога тој со камионот полн ескплозиви ќе прави зулуми. Лесно можеш крајот да го предвидиш и сцените , така да нема нешто да ве изненади , али препорачувам да го гледате, (може и првиот дел оти е убав , вториот не мора да се замарате)

    ....................................................................................................................................................................................
    Black Panther
    [​IMG]

    8.0/10

    Добро филмче , може и за во кино да го гледате , супер акции , хумор , малце тупење со тоа политиките али се на се претпорачувам да го гледате , особено ако сте фан на такви Марвел супер херои и слично.

    ....................................................................................................................................................................................

    JUMANJI
    [​IMG]

    3.0/10

    СРААААААААААААААААААЊЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ

    Навреда за оригиналната верзија на Џуманџи .... подобро парите да ги потрошите на бургер кинг него да го гледате овој филм.
     
    На sweet-cherry, DAngel, Bender Rodriguez и 4 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Only the Brave 2017
    [​IMG]

    Од сите филмови што ги имам изгледано овој ме трогна не знам зошто. Пишуваше дека е базиран врз вистинска приказна, јас пак не верувам многу во тоа па откако заврши прогуглав и се уверив дека е прераскажан. Прво крајот е многу емотивен, глумата на Аманда сопругата на надзорникот е совршена, се познаваа емоции.

    Кратка рецензија
    Филмот е спомен во чест на 19те загинати пожарникари во Јарнел гратче во Аризона. Од целосната екипа од 20 пожарникари, само еден преживува. Сите 19 души вклучувајќи го и надзорникот ги губат животите во големиот пожар...

    На 30ти јуни 2013 година тргнати да се соочат со пожар кој мислеа дека не може да ги спречи и ги прави незапирливи екипата на Гранитната планина загина во пожарот кој го зафати градот Јарнел во Аризона, соочени со загубата и неверојатната вест дека само еден преживува 4 години подоцна се снима филм во нивна чест.
    Филмот го прераскажува нивниот почеток, формирањето на групата, добивање лиценца (дозвола ) за работа, решавањето на проблемите и се така до нивниот последен пожар.

    Оценка 10/10

    П.С. Се расплакав кога ги најдоа телата, се надевав дека ќе преживеат. Предобар филм.
     
    На Lady Phoenix, blackpanter, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    dims.jpg
    Мајка и син планираат да го посетат Лос Ангелес и да го изненадат нивниот татко/сопруг.
    На пола пат тие ќе доживеат ужасна несреќа и ќе мора да се борат за да преживеат 8/10
     
    На Scorpiongirl12 и joy1 им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.637
    Пол:
    Женски
    Call Me By Your Name

    Го гледав пред месец и нешто, и сега после целиот hype од Оскарите си го пуштив и го изгледав пак - да, добро претпоставувате 8-| Иначе, не памтам кога претходно сум пуштила филм по вторпат... that says quite a lot :D
    Овојпат уште повеќе ме инспирираше, па и јас ќе пишам рецензија...

    Без претерување, мислам и се надевам дека во иднина филмов ќе спаѓа во класика. Не класика во рамките на романсите (уште помалку само геј романсите), туку воопшто како кинематографско ремек-дело. :bow:

    Можеби е малку нереално исклучувањето на хомофобијата како директен дел од дејствово и целиот релаксирачки вајб низ филмот (освен емотивниот крај), ама од друга страна ја прави посебна нивната приказна - ненаметлива, а толку длабока. Елио и Оливер се поразлични не како геј пар, туку едноставно како две уникатни личности коишто ги поврзуваат интелект, талент, уметност, култура...

    Покрај необичноста со која е обвиен, многумина можат да најдат по нешто во кое ќе се пронајдат, ќе се соживеат, ќе им предизвика силна емпатија - топлиот и supportive однос на родителите на Елио, крајот во кој конечно се чувствува горкиот удар на реалноста во сета таа убавина... И многу ме радува што во 99.9% од коментарите на видеа со најjaките моменти, гледам секакви луѓе кои едноставно се соживуваат како емоционални битија со (првата) љубов, радоста, тагата, болката - it feels like... уметноста како да ги победи барем за момент сите предрасуди :l:

    Приказната, фантастичните глумци со посебен шарм (не само Тимоти и Арми, туку и споредните улоги), прекрасната винтиџ сценографија... сето тоа е склопено во една целина од филм што никогаш не би ми се здосадил - и ми е премногу полн погодок за секоја уметничка душа со отворен ум, уште повеќе љубител на Италија :$ А да, и совршениот саундтрак од Sufjan Stevens да не ја заборавам - посебно Mystery of Love и Visions of Gideon, (која во комбинација со последната сцена е вистински try not to cry challenge :u:) :inlove:
    Доста филозофирам, еве и бонус гифчиња што кажуваат сè :*:

    ezgif-2-9e130a5846.gif tumblr_oz6vdmjGKH1qk9rnxo2_400 (1).gif
    ezgif-2-8179b37161.gif ezgif-2-bc3a1ee4f7.gif

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]


    [​IMG]
     
    Последна измена: 9 март 2018
    На sia.bella, dayla, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    22 BULLETS (L'IMMORTEL) (2010)

    Француска акција со Жан Рено во која тој е во улога на бивш крими - бос кој додека ја паркира колата ќе биде изрешетан со 22 куршуми.
    Сепак, тој ќе преживее и иако не сака повторно да убива, ќе биде натеран да се одмазди на неговите напаѓачи, откако ќе бидат вмешани неговите најблиски.

    Филмот ми беше тежок за следење, многу ликови, на француски јазик, а со лош превод, ама го изгледав до крај, ме интересираше како ќе заврши.
    И крајот ми беше малку недоречен, па од мене оцена 8/10.

    THE SHOW (THIS IS YOUR DEATH) (2017)

    Откако водителот на едно реално шоу биде сведок на убиство и самоубиство, тој се обвинува себе, а и сите гледачи и телевизии за таквата бесмислена смрт на учесниците.
    Така доаѓа до идеја да направи ново реално шоу каде учесниците доброволно ќе се самоубиваат во живо пред публика, а за повисока цел, односно за да обезбедат подобар живот на нивните сакани.
    Но, набргу се' тргнува наопаку.

    Филмот имаше добра тема, ама некако не беше реализирана најдобро.
    Се' беше набрзина, наместо да се стави акцент на самото шоу, филмот се вртеше околу водителот.
    Од мене оцена 8/10.

    THE WATCHER (2000)

    Трилер со Џејмс Спајдер и Киану Ривс, едниот во улога на сериски убиец, а другиот во улога на детектив кој за животна цел има да го фати убиецот.

    Филмот почна некако досадно, ама како траеше ми стануваше се' поинтересен.
    Не беше wow, ама задржува внимание, па од мене оцена 9/10.

    FORGOTTEN (GI-EOK-UI BAM) (2017)


    Некако во последно време се' почесто сум воодушевена од неамерикански филмови, најчесто европски, а еве сега и еден азиски.

    Многу ретко, кажиречи никогаш не гледам корејски, кинески или јапонски филмови, од две причини: прво, не можам да им ги запомнам имињата до крај на филмот :drunk:, и второ, не можам да им ги разликувам фаците до крај на филмот :drunk:.
    Сепак, во овој филм го немав овој проблем :!: 8).

    Во овој корејски трилер, мистерија се работи за личност која се преселува во нова куќа со своите родители и својот брат.
    Набргу, брат му е киднапиран од непознати лица и се враќа после 19 дена со дисоцијативна амнезија.
    Но, дали е тоа неговиот вистински брат или тој халуцинира?

    Филмот е ептен напнат, непредвидлив до последен момент, а расплетот е врв.
    Ептен ми се допадна, препорачувам, од мене оцена 10/10.
     
    На Ane-Goki1, sia.bella, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.