Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Огромна благодарност за препоракава за филмов, до сега го гледав и можам да кажам дека баш ми е драго што го предложи.

    Мерак ми е да гледам добри трилери и драми, па филмов спрема членката помислив дека е некој со бело робје, проституција ниту на крај памет дека ќе биде она што отсекогаш се плашиме.
    Можам да кажам дека филмов уште повеќе ја подига свеста дека денес на секому не се верува ниту дава информации. Се отвораат четири очи кога се патува во земји каде си непознат но и во сопствената земја.

    Berlin Syndrome

    [​IMG]
    Прво Берлин е прикажан како град кој е осамен и празен, голем и непознат. Берлин отсекогаш ми се допаѓал, но Германците ми оставале впечаток на студени луѓе. Секакви болештини ( не во буквална смисла ) шетаат по земјава.
    За да го гледате филмов треба да имате храброст и смелост, јас се залетнав. Не е хорор, но многу полошо од тоа, малку се соживеав, ми го задржа целосното внимание но и ме натера да се запрашам колку сме безбедни околу себе.

    Кратка рецензија.
    Клер е туристка од Австралија која дошла на сопствена режија да ја види Германија. Воодушевена од Берлин при разглед на градот го запознава Енди кој е професор во едно школо. Енди навидум изгледа како нормален човек, добар и фин и веднаш по вториот состанок и предлага да се пресели кај него. Верувајќи му на слепо, Клер се согласува и истата вечер се сели кај него. Другиот ден.... ќе мора да си го гледате.

    Оценка 10/10
     
    Последна измена: 10 март 2018
    На BlackAndWhiteSwan, kala21 и simonka93 им се допаѓа ова.
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.347
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    The Shadow Effect

    Zivotot na eden mlad covek se svrtuva naopaku , koga negovite nasilni sonovi se pomeshuvaat so realnosta ..

    Dosta interesno filmce , sto drzi vo neizvesnost do samiot kraj . Jas , kako gledac , seushte ne sum sigurna dali Gabriel umre ili pak seto toa bese samo uste eden koshmar ...

    imbd ocenka 4.2/10

    Od mene 9/10
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.589
    Пол:
    Женски
    Се убаво ама оти им го кажа крајот на филмот?Сега не е интресно да се гледа.Јас го имам гледано,ама за другите викам. :D
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Сум сметала дека така треба. :)
     
  5. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    3.305
    Пол:
    Женски
    "I am Love"/ "io sono l'amore" (2009) е дел од Desire трилогијата заедно со "A Bigger Splash" и "Call Me by Your Name".

    Италијанскиот режисер Luca Guadagnino ни го претставува семејството Recchi. Тие живеат во раскош и богатство. Желбата како главен мотив се провлекува во овој филм како и во наредните два. Дејството се случува во 2000та година во Милано.
    IMG_20180302_214256.png
    Тилда Свинтон е одлична во зборување на италијански и руски јазик. Акцент вo филмoт е задоволството во подготвување на храна, задоволството во јадење на истата. Љубовта кон храната создава една љубовна приказна која стартува како афера.

    Oва моќно и угледно семејство се соочува со трагедија предизвикана од откривање на тајна.
    6/10

    "A Bigger Splash" (2015)
    Тилда Свинтон во улога на rock star.
    Во текот на филмот скоро и не зборува затоа што го има изгубено гласот. Се опоравува од операција. Нејзината глума е во фацијалните експресии.
    IMG_20180302_214323.png
    Хедонизам, рок музика, италијански остров, вила, базен и најверојатно омиленото парче облека на режисерот - short shorts :)
    Ликови кои се во чудни и невообичаени односи едни со други.
    Ликови кои се борат со пороци и измешани чувства.
    Љубомората предизвикува трагедија која го размрдува бавното темпо.

    Тилда ми е впечатлива личност како со нејзиниот андроген физички изглед, така и со нејзината одлична глума.
    Од една страна овие два филма не се баш my cup of tea. Нагласена голотија и развлечено дејство.
    А од друга страна, режисерот успева таа голотија да ја сведе на сензуалност, а не на перверзија.

    Иако приказната не е total attention worthy оваа трилогија во целост е музички и визуелен delight.
    6.5/10
     
    На sia.bella, 1209, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.819
    Допаѓања:
    23.409
    Пол:
    Женски
    Call Me By Your Name (2017)

    |(

    Го гледав поради тоа што иако веќе имав оформено мислење кон него, сакав сепак да го потврдам. И да, ми беше потврдено.

    Филмот се фокусира на врска меѓу 17 годишно момче и 24-25 годишен маж. ????

    ???????????????

    Ако нелегална врска не е доволна причина да не се подржува еден филм, не знам што е. И тоа помеѓу двајца мажи, што е жешка шлаканица кон ЛГБТ луѓето кои постојано се обидуваат да го отргнат стереотипот дека тие имаат предаторско однесување, посебно кон млади.

    Али филмот не е виновен, колку што се неговите фанови, бидејќи тој горе-доле го прикажа лошото влијание што ја имаше врската врз Елио - но секако дека токсичните и unhealthy делови од врската на Елио и Оливер се игнорирани и се гламоризирани бидејќи нели, имаме 2 white men "in love". Фетишизирање на геј мажи до немајкаде. Иу.

    Веќе ми е здодевно да го среќавам филмов на твитер и да блокирам секој што ке ги ритвитне Тимоти и Арми на мојот timeline. :|

    Криво ми е што ваков проблематичен филм има голем успех. Што е романтицизиран кога тоа не беше поентата.

    2/10. Ради Италија.
     
    На Fauhxy и bebaa им се допаѓа ова.
  7. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    2.267
    Пол:
    Женски
    Parce-que c'etait lui, parce-que c'etait moi.
    [​IMG]
    Call me by your name, 2017
    Одмерени, а толку суштински дијалози; прекрасни кадри и совршена актерска екипа која точно, речиси хируршки прецизно го има доловено сензибилитетот. И уште еднаш се покажува дека оние кои си дозволуваат да љубат со сето свое битие се всушност најсилните луѓе.
    Филмот има свои мали недостатоци, но во споредба со целосната слика тоа е некако небитно. Или барем мене така ми се чини.
    Не би сакала да се повторувам со @Someonespecial , а со две раце го потпишувам нејзиното мислење. :sun:

    [​IMG]
    Belle de Jour, 1967
    Добар, но тежок филм кој дефинитивно не е за сечиј вкус.Тенка е линијата измеѓу она што навистина се случува во животот на Северин и она што е производ на нејзината фантазија. Несомнено е дека Буњел истовремено е и генијален и мрднат :) .
     
    На sia.bella, 1209, smooch и 2 други им се допаѓа ова.
  8. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Game night

    Добро филмче, посебно глумците се супер.
    Рејчел совршено се вклопува во улогата, срцка ми е.
    Се работи за група пријатели што се збират секој ден да играт игри, ќе се најдат во улога на решавање убиство. Но потоа ќе сфатат дека не станува збор за игра, туку дека тоа навистина се случува.
    Интересен, релаксирачки филм.
    Oценка 9/10
    Game-Night-New-film-poster.jpg


    Newnees 2017

    Прекрасен филм, еротски, романтичен. Со помош на една апликација ќе се запознат Мартин и Габи, меѓу нив има некоја голема хемија, но тие ќе бидат во отворена врска. Габи ќе се гледа со многу момци и ќе има односи но сепак на крајот пак ќе биде со Мартин

    Оценка 10/10
    download.jpg
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.386
    Допаѓања:
    250.079
    Темата едно време ми беше омилена. Често постирав. Сега гледам филмови, ама изгубив навика.
    Последно што гледав е The Shape of Water.
    Аман не ме тепајте, ама ова е еден ид поглупите филмови кои ги имам изгледано. Па и Оскар зеде. Задремав дури на моменти.

    Друг филм, мислам од Бендер го видов е Molly's Game.
    Овој ми се допадна. Интересен е и задржува внимание.
    Има рецензија веќе па да не се повторувам.
     
    На bebaa, boomsleng, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Кратка содржина:

    Во средината на 17-тиот век Франција, младиот Луј XIV се бори за неговиот престол, питачи и крадци, прогонуваат во Париз, а разбојниците се шетаат во селата.
    Петтото дете на осиромашен благородник, Angélique de Sancé de Monteloup пораснува на Poutou мочуриштата.
    Нејзината логична судбина би била да се омажи за сиромашен земјарски благородник, да има деца и да го помине својот живот во борбата за мала егзистенција.
    Судбината има и други планови за неа.
    На 17 години, по враќањето од своето образование во женски манастир, таа дознава дека е верена за богатиот гроф Jeoffrey de Peyrac кој е 12 години постар од неа, сакат и познат како волшебник.
    За доброто на нејзиното семејство, Angélique неволно се согласува со веридбата но ги одбива напредоците на нејзиниот сопруг.
    Peyrac ја почитува својата одлука и не го следи неговото барање за брачни права, сакајќи да ја заведе отколку да користи сила...


    Рецензија:

    Како што гледав модерна филмска адаптација од истоимениот роман на Anne и Serge Golon, така решив овојпат да го погледнам и постариот винтиџ филм снимен во 1964.



    Оценка: 10/10

    [​IMG]
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  11. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    27.884
    Пол:
    Женски
    Од која страна го имаш симнато Game night?
     
  12. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Онлајн го гледав на филмовизија :)
     
    На k.frosina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    L'ORA LEGALE (2017)

    Италијанска комедија во која се работи за едно мало гратче кое е во екот на изборите за нов градоначалник.
    Граѓаните незадоволни од досегашниот корумпиран градоначалник, избираат нов градоначалник, чие мото се промените.
    Но, за нивна несреќа, новиот градоначалник е пречесен за нивен вкус :D.

    Филмот беше толку реален, прикажан менталитетот на опшеството на еден комичен, саркастичен начин, и колку тешко може да му се погоди на еден народ.
    Преинтересен ми беше за гледање, крајот посебно ми се допадна, а има и поука:
    Ако сакаме да се променат нештата околу нас, треба да започнеме со променување на самите нас :nod:.
    Кој сака да се насмее, а и да подразмисли, препорачувам, од мене оцена 10/10.

    SECRET WINDOW (2004)

    Психолошки трилер со Џони Деп во главната улога како писател кој почнува да добива уцени од непознат мистериозен човек кој го обвинува Џони :D дека му ја копирал неговата приказна.

    Филмот ми беше интересен за гледање, но некако уште од почеток ми беше предвидлив дека ќе излезе такво нешто, па од мене оцена 9/10.

    WHO AM I (KEIN SYSTEM IST SICHER) (2014)

    Германски трилер за еден млад хакер Бенџамин кој случајно ќе влезе во една група на хакери кои сакаат да извршат напад со кој ќе станат најпознати во виртуелниот свет.
    Така, тие ја создаваат групата CLAY и решаваат да ја нападнат Германската тајна служба.
    Меѓутоа, нивната желба за слава наскоро ќе се претвори во желба за невидливост откако ќе се случи убиство на друг хакер за кој ќе биде обвинета токму групата CLAY.

    Филмот на почетокот не ми ветуваше многу, но како се одвиваа настаните стануваше се' поинтересен, за крајот да биде феноменален и за мене тотално непредвидлив.
    Исто, ми се допадна и делот со прикажувањето на виртуелниот свет и нивните виртуелни ликови.
    Препорачувам, од мене оцена 10/10.
     
    На sia.bella, Elen4e_sonce, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  14. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    The Boy in the Striped Pyjamas

    На ваква приказна не може да и се даде оценка...Солзи, многу солзи и желба да ги научам моите деца да не мразат никој, да не прават лошо на никој. Детска невиност, искрено детско пријателство кое не може да разбере зошто и како дете може да ти биде непријател. Дете кое не може да ги разбере границите и оградите кои ги прават возрасните. Жалам за се што се случило за време на Холокаустот, жалам...
     
    На Butterfly-Girl, AnotherLiar, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    I, Tonya (2017)

    [​IMG]

    Кој би рекол дека филм за уметничко лизгање би можел да мe заинтересира мене? :D

    I, Tonya е филм базиран според вистинската приказна на Тоња Хардинг, уметничка лизгачка и првата американка која успеала да го изведе тројниот аксел (и најверојатно првата американка која употребила насилство за да се ослободи од конкуренцијата во уметничко лизгање :D).

    Кога би морал да го опишам филмов со една реченица, би рекол дека е како Pain and Gain, ама со реднеци, т.е. некаква комбинација на Pain and Gain и Logan Lucky. Вистинскиот живот понекогаш е навистина многу поневеројатен од какво било креативно сценарио за филм. :)

    Ако сте како мене и не знаете баш ништо за уметничко лизгање и ако прв пат слушате за Тоња Хардинг, тогаш со филмов дефинитивно ќе бидете изненадени, запрепастени и во неизвесност во текот на целиот филм.

    Она што најмногу ми се допадна кај I, Tonya е што филмов не се сфаќа себеси пресериозно, но иако во суштина на прв поглед делува како црна комедија, со непрекината низа на неверојатни и апсурдни настани, исто така обработува сериозни и тешки теми како семејно насилство, во сите можни облици и форми и што, и покрај сѐ, кај гледачот може да побуди најразлични емоции.

    Иако сите ликови во филмов се генерално ужасни личности, вклучувајќи ја и самата Тоња (иако можеби не целосно по нејзина вина), сепак со сите нив можете некако да се соживеете – што навистина е права реткост.

    На крај, I Tonya е филм за тоа дека понекогаш суровиот талент и огромниот потенцијал за нешто не се доволни, особено ако сте родени во сиромашно семејство и израснати во насилна и нездрава средина.

    Марго Роби е одлична во улогата на Тоња, а актерката која ја глуми мајка ѝ е едноставно генијална!

    Оцена: 8
     
    Последна измена: 20 март 2018
    На Scorpiongirl12, grungy, theowndemon и 17 други им се допаѓа ова.
  16. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.589
    Пол:
    Женски
    https://m.imdb.com/title/tt2334649/
    movieposter.jpg
    Оскар е бивши затвореник кој искрено сака да си го среди животот.
    Добар е филмот навистина допира срце.

    https://m.imdb.com/title/tt1866249/
    movieposter (1).jpg
    Пациент болен од полио никогаш немал интимен однос и сака да го доживее тоа искуство па наоѓа професионален терапевт за тоа.Не обожавам вакви филмови искрено но не беше лош.
    https://m.imdb.com/title/tt0179098/
    51KE1BP47RL._SY445_.jpg
    После смртта на свршеницата Џо одлучува да остане кај нејзините родители и да си бидат меѓусебна утеха.Чува тајна која незнае како да им ја каже.Истовремено тој незнае што сака од жовотот и во кој правец да се усмери.Интересна прикаска.
     
    Последна измена: 20 март 2018
    На boomsleng и joy1 им се допаѓа ова.
  17. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Tomb Raider
    [​IMG]

    7.5/10
    Прилично добар филм , вреди да се погледне , ми се свиѓа што не е обичен акционен , тепање ,газење , газови и итн итн... Си има супер прича, одлични глумци , без многу клишеа , добра доза акција и фактички филмов е голем set up за понатамошните делови , односно како све настанало, претпорачувам да се гледа и во кино.

    П.С едиствено што ќе се прашувате е како може стрелата да е побрза од куршумот , мислам хелоууу , али друго си е ок :D
     
    На AnotherLiar, sia.bella, elimkd и 5 други им се допаѓа ова.
  18. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.589
    Пол:
    Женски
    https://m.imdb.com/title/tt2390361/
    1200x630bb.jpg
    Интересна приказна за маж и жена,двајцата разведени,и на двајцата керките им тргнуваат на факултет.Се развива романса но ке се случи нешто многу интересно :)
     
    На boomsleng и tace73 им се допаѓа ова.
  19. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.589
    Пол:
    Женски
    10х10
    C_4RnOtUQAAhDf_.jpg
    Интересна приказна,мада имаше некои глупи нелогични сцени.Маж се киднапира жена која крие тајна за нејзиното минато.Само тоа можам да ви го кажам без да одкријам работи кои би ви го уништиле филмот,иако се насетуваше уште одма причината :)
     
    На boomsleng, Mishela и Miss.A. им се допаѓа ова.
  20. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Pacific Rim Uprising

    [​IMG]

    4/10 (7/10 ако се гледа само акциите)
    Филмов е Holy shiiiitt , ако сте средно или kindergarden , ако сте возрасен највероватно нема да ви се допадне , целиот филм освен тепање роботи и чудовишта друго нема ништо, не ви ни треба првиот дел да го гледате за да го разберете, нема ни прича , ни хумор ,нит пак глума има нешто посебно, апсолутно е акција и тепање време, ако запазиш уште во првите 15 мин ќе знаеш како ќе заврши од што е пун со клишеа, да не спомнувам што законите на физиката ги применува од Fast and Furios универзумот.
    Не ви претпорачувам да фрлате пари у кино , али ако ви се тепа време или сакате со деца да гледате слободно.

    (Или евентуално можете ко мене у Милениум за беспари да го гледате со овие радијава што даваат гага карти)
     
    На AnotherLiar, Bender Rodriguez и boomsleng им се допаѓа ова.