"Tomb Raider" 2018 Алисија ми е извонредна актерка па затоа се одлучив да го гледам. Не знаев како ќе се снајде во ликот на Лара, затоа што за разлика од Џоли која е natural badass, Алисија има нежна убавина но поседува и природен шарм кој ја прави привлечна за гледање. Актерката одлично се вклопи во овој лик, и покрај тоа што немав такво очекување. Ме потсети на женски Индијана Џонс. Најинтересно во овие акции е што главниот лик е неизбежно deathproof човек, па таква е и таа. Импресивни fighting scenes. Освен што е жанр акција Алисија и тука успева да пренесе емоции. Ми се допадна татко - ќерка дуото. Thrilling од почеток до крај. Оцена: 9
Откако ќе сфатат дека нивната мајка со години ги лаже за нивниот починат татко, двајцата браќа тргнуваат да го барат 8/10
Да пишам за филмов пред да го заборавам Annihilation Плот: Едно место во САД (офкорс) добива некоја чудна светлина (the shimmer) и секој што ќе отиде на експедиција на истото место, не се враќа назад. Освен еден. И неговата жена. Ја видов Натали Портман во главната улога и си реков морам да го гледам. Филмов ми имаше многу нелогичности, но зарем не е чудно да се бара логика во ваков жанр? Тоа што ми недостасуваше беше емоционален ефект, кој дефинитивно ќе ја оправдаше мојата помисла дека ме потсетува на The Fountain. Не тематиката, можеби сцените, и дел од фасцинираноста. Вака ми делуваше како една депресивна приказна, депресивни карактери кои трагаат кон уништување на својот живот, обвиена во приказна која можеше да биде стварно фантастична. Сцените со сеќавања кои освен што не запознаваа со позадината на ликовите, недостасуваа емоција за да би се поврзеле со нив, а крајот пропушти да ни одговори што е следно. Масовна екстинкција? Клонови? Мore shimmers? Ај сами ќе си измислиме А имаше прекрасни ефекти, борбата против самиот себе, природата, линиите на прстите што се движат...тие моменти најмногу ме привлекоа. Требаше да го пишам коментаров кога го гледав филмов, вака осеќам дека доста заборавив. Иначе да, го препорачувам, и пак би го гледала. И покрај недостатоците, како да ме стави во некоја хипноза, па од втор пат можеби и ќе бидам на чисто зошто ми се допадна. Spoiler Можеби беше тоа една приказна за човештвото во иднината, борбата со природата, болестите, мутации, кои гени ќе победат? Или само уште една alien invasion приказна. Who knows...
In guerra per amore Филмов е уште една потврда дека Италијанците се махери преку одлични сатира и хумор да ни ги доловат животот, човечките судбини, особено страдањата на својот народ во втората светска војна. Додуша, филмов не е толку расен и не толку близок до роднините „Ла вита е бела“ на Бенињи, „Малена“ со Белучи, Медитеранео, можеби и црно-белите филмови од шеесетите на Тото, но е доказ дека крвта сепак не е вода. Филмот на хумористичен начин опишува до каде може да оди борбата за љубовта, влогот и борбата на САД да се победи фашизмот во Италија и цената која ја плаќаат Сицилијанците да излезат од виорот на војната. Нема да го раскажам дејството, само ќе кажам дека приказната не е лоша, ликовите се добро изградени, глумата е одлична, дејството изобилува со „бел и црн“ хумор и знае од смешна сцена веднаш да ве префрли на сцена сериозна и за подразмислување. Моја препорака како филм за лежерно поминати минути.
Кратка содржина: Dr. Ryan Stone, биомедицински инженер од Lake Zurich, Illinois, е на шатлот Explorer NASA за нејзината прва вселенска мисија, СТС-157. Ветеранот астронаут Matt Kowalski ја командува својата последна мисија. За време на spacewalkа сервисирање на вселенскиот телескоп Hubble, контролата на мисијата во Houston го предупредува тимот за руски ракетен напад на нефункционален сателит, кој ненамерно предизвикува верижна реакција што создава облак од вселенски остаток. Наредбата за контрола на мисијата наложува мисијата да биде прекината и екипажот да започне повторно да влезе, бидејќи остатоците се забрзуваат кон шатлот. Комуникацијата со контролата на мисијата се губи наскоро потоа. Вселенските остатоци со голема брзина ги удираат Explorer и Hubble, одделувајќи ја Stone од шатлот и оставајќи ја да се превртува низ вселената... Рецензија: За филмот можам да кажам дека иако беше навистина интересен, сепак не беше научно прецизен, бидејќи покрај се и не е документарец! Можам да кажам дека има навистина одлични ефекти, како и доста реализам во сцените. За оние кои ја сакаат вселената, како мене, сметам дека е одличен филм вреден да се погледне. Оценка: 10/10
All the Money in the World (2017) Не знам како порано не бев слушнал за филмов, особено со контроверзата која го опкружуваше – имено, филмов беше прво снимен со Кевин Спејси како Џ. Пол Гети, а откако изби скандалот со него во јавноста, за само 10 дена сите сцени во кои ги имаше беа повторно снимени со Кристофер Пламер. И, и покрај ова, филмов успеа да биде добар. Филмов е инаку базиран на вистинита приказна, за киднапирањето на внукот на Џ. Пол Гети, нафтен тајкун и тогаш најбогатиот човек на светот кој, како како позната циција, одбил да го плати бараниот откуп од 17 милиони долари. Приказната иако бизарна, во суштина не е претерано интересна, но Ридли Скот сепак успева да направи интересен филм од неа. Иако не се случува ништо особено, мајсторијата на Скот, плус комбинацијата од добри актери, го прават филмов да биде more than a sum of its parts, што во денешно време навистина е реткост. Мишел Вилијамс и Марк Волберг се солидни во своите улоги, како и остатокот од актерската екипа. Не можам да замислам каков би бил Кевин Спејси како Џ. Пол Гети – иако верувам дека ќе беше феноменален – но можам слободно да кажам дека Кристофер Пламер исто така заврши одлична работа. Оцена: 8 The Girl on the Train (2016) Околу филмов своевремено се крена доста прашина, но тогаш од некоја причина не го гледав – ваљда имало подобри ствари за гледање. The Girl on the Train е филм за жена која со својот алкохолизам буквално си го уништила животот – немајќи свој живот, таа се фокусира на животот на друга жена, која живее во куќа покрај која поминува возот со кој се вози секој ден – живот за кој таа си замислува дека е бајковит и совршен. Откако ќе ја види еден ден на балконот со друг маж, ќе биде triggered, и после едно од нејзините пијанства проследени со blackout, девојката од куќата ќе биде пронајдена мртва. Филмов ме потсеќа на филмовите со Мајкл Даглас од ’80-ите, оние во кои тој е лигав, но допадлив тип, кој се сплеткува со некоја женска, која најчесто испаѓа дека е психопат. Со таа разлика што овде буквално сите ликови се психопати. Шала на страна, приказната имаше потенцијал за солиден трилер и мистерија, но сето тоа не беше баш најдобро изведено. Премногу развлечен, со ниту еден допадлив лик со кој гледачот би можел да се поврзе и со претерано стереотипни ликови – особено женските – The Girl on the Train е океј филм, но ништо повеќе од тоа. Иако имаше потенцијал да биде и повеќе од добар. Оцена: 7 The Commuter ( 2018 ) Ова е еден од оние филмови од жанрот „Лиам Нисон е збунет и не знае што се случува“ (Unknown, Non-Stop, итн.). Нисон е бивш полицаец кој работи како агент за осигурување – ненадејно, ја губи работата, а е во бајаги незавидна финансиска ситуација. Истиот ден, на возот со кој се вози секој ден до работа, му приоѓа непозната жена (Вера Фармига) и му нуди 100000 долари, ако направи една проста и едноставна работа – успее да пронајде човек со торба на возот, кој инаку не припаѓа на него. Но во вакви филмови ништо не е просто и едноставно. Како што може да претпоставите, Лиам Нисон е збунет и не знае што се случува и остатокот од филмот го поминува откривајќи работи, одзбунувајќи се и кршејќи по некоја кичма. Како и многу филмови од овој тип, почетокот на The Commuter е интересен и обвиткан од мистерија, но како што мистичната магла полека се крева, под неа се наѕира просечен, run-of-the-mill, акционен филм. Имаше потенцијал за повеќе, но претераната ескалација на приказната, неверојатните пресврти и лошите специјални ефекти го спречија во тоа. Оцена: 7
The whistleblower Филмот го гледам по втор пат.Првиот пат кога го гледав беше многу стресен за мене,ако се земе во предвид дека бев доста помлада.Од овој аспект,филмот е ремек дело. IMDb оценка 7,2/10 Моја оценка 10/10 Филмот е базиран на вистинска приказна.Приказната е доловена од страна на полицајка,која во соработка со ОН е испратена во пост-воена Босна.Нејзината задача да пријавува кривични дела и да им помага на жртвите од војната,набргу станува истрага за трговија со бело робје.Кетрин ја открива мрежата за трговија со млади девојки од Источна Европа.Набргу работите не се воопшто така како што изгледаат.Зошто овие девојки се носени? Кој ги користи? Кој се знае за ова? Кој е вмешан? Понатаму останува на вас да погледнете што се случува.Предупредувам дека сцените и страдањата на девојките се доста вознемирувачки.Но,брутално реални.И ако се запрашаме,кој знае колку девојки се жртви на ова и ден денешен.А ние,ние сме само немоќна алка во целата мрежа. Глумците беа одлични,атмосферата одлично доловена,сценариото е топ. Филмот го препорачувам на сите то се занимаваат со право,на сите што ги интересира оваа тематика.
Wild (2014) Како прво, навистина ми е криво што си го прекршив правилото да гледам филмови правени по книга пред всушност да ја прочитам книгата, но 'the damage is already done'. Верувам дека некои работи беа подобро опфатени, но и покрај тоа, филмот сосема доволно ќе ве воведе во сето она што треба да го знаете. Ова не е уште еден филм на Рис Витерспун во кој глуми обесправена русокоса, изневерена жена или незрела тинејџерка. Добро, третото е повремено присутно, но во сосема друг облик. Искрено, мислам дека ова е една од нејзините најдобри улоги во последно време, по извонредната глума во Walk the Line. Приказната се врти околу Шерил, која како дете, кратко живеела во на некој начин дисфункционално семејство, но „врвот“ го доживува откако ќе ја изгуби мајка и' која била нејзината најголема поддршка. Можеби текот на настаните е „приказна за типични слабаци“, но тоа не ја направи приказната патетична, напротив; Шерил се губи себе си и се препушта на глупости, се навлекува на хероин, си го уништува бракот, едноставно заборава да живее (ок, имав момент кога се запрашав каде е побогу сопругот во целата таа приказна, но во ред, со текот на настаните се разјаснија и тие празнини). Но, сакајќи да излезе од вртлогот во кој самата се впуштила, тргнува на „патување“ кое го посветува на нејзината мајка со една цел: Како си дозволила да си го уништи животот за толку кратко време и каде ли само и' бил паметот кога најмногу и' требал, се само некои од прашањата кои си ги поставува а време на целата таа голгота додека патува. За остатокот, можете да погледнете и сами. Многу убава приказна за „будење од мракот“ во секоја смисла. Можеби клише, но поентата е многу подлабока и филмот е навистина содржаен. Прекрасни пејсажи, прекрасна музика (па може ли нешто да биде промашено кога е вметнато парче од Portishead ), прекрасни монолози/фрази, едноставно многу топла приказна која не може да не допре до некого. Многу ми се допадна и повторно, навистина ми е криво што не ја почнав книгата пред да го гледам филмов. 9/10
Annihilation 2018 Научната фантастика владее кај нас во филмовите само повеќе би рекла дека филмов влече кон мистерија. Неговиот почеток почнува со многу емоции но понатака ве продлабочува да се замислите што се случува со филмов. Го забележав на Нетфликс и многу ме влечеше да го погледнам, не се покајав. Само што одредени споредни ликови не прикажаа доволно емоции ко да им беше сеедно што ќе глумат во ваков филм - ладна глума. Меѓутоа тоа не ми ја менува големата оценка што ја дадов. Гледам на IMD оценка 7.7 води но мислам дека заслужува поголем рејтинг. Spoiler Кратка рецензија. Професорка по биологија губи се што има во нејзиниот живот. Во потрага по одговори на многу прашања што си ги поставува еден обичен ден во нејзиниот живот во домот се појавува нејзиниот сопруг за кој верувала дека е мртов веќе година дена. Седејќи во кујната тој добива напад и на пат кон болница ги пресретнува екипа со џипови кои ја онесвестуваат неа...таа се буди на едно место и таму дознава за многуте работи кои ја мачеле во текот на една година.... for the shimmer http://www.imdb.com/title/tt2798920/ Дојдов да пишам само за филмов инаку да ви кажам трае 2 часа па кој има вишок време, вреди да се погледне. Постојат и хорорски сцени, ќе видите чудни животни малку ме маваше психа ( дека бев сама дома), може да се запрашаме дали е ова некој предзнак за иднината, за мутантите, за клонирањето. Оценка 10/10
Пресмешен ми беше, и преубави креации, затоа што ликот, е моден креатор. Се работи за девојка која 20 години живее во Парис и е вратена во родното место... Оцена 8 би дала.
https://m.imdb.com/title/tt6000478/ Интересен филм за адвокат со голема способност за памтење податоци,но како да има некоја блага ретардација,барем така го доживеав.Голем поборник на првдата и ке мора да се соочи со финансиска криза кога ке го отпуштат од фирмата.
Ready Player One 7.5/10 Прилично добар филм, прича нема нешто посебно , еден играч против цела компанија во виртуелниот свет, така е све отприлика , ама затоа CGI , компјутерски е направено преубаво , дури ќе претпорачам и на 3D да го гледате ако имате можност. Филмот истотака е буквално како ќе биде за 20 год , кога сите ќе избегаат од реалниот свет у виртуелниот свет. Така да ви претпорачувам да го гледате , ако сте фан на акции ,мала доза на хумор и така...
The Titan Војник со неговата фамилија заминуваат во мало местенце (зона) за да учествува во експеримент за генетска еволуција на човечкиот род. Целта им е да создадат човечки вид способен да живее на една од месечините на Сатурн ( Титан ).
https://m.imdb.com/title/tt3721954/ Моди е жена која биледува од артритис уште од мала(ако не и од раѓање) па поради тоа што е искривена сите ја сметаат како ретадирана и неспособна,а всушност е доста интелегентна и силна женичка но повлечена поради начинот како ја третираат..За да докаже дека може сама да се грижи таа се пријавува на оглас за работа како куќна помошничка.Натаму гледајте
Македонец е полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија. Филмот е снимен од режисерот Петро Алексовски, син на главниот лик во филмот „Македонец“. Бил финансиран од Полскиот филмски институт. Снимен е по повод 65-годишнината од пристигнувањето на децата-бегалци во земјите од Источна Европа. Премиерно бил прикажан на 31 мај 2014 година на филмскиот фестивал во Краков. Во 1948 година кога започнува Граѓанската војна во Грција, грчката комунистичка партија испратила барање до социјалистичките европски земји да прифатат деца-бегалци од воените подрачја на Грција и да им дадат нов дом. 3.500 деца завршиле во Полска, од кои половината биле Македонци од Егејска Македонија. Помеѓу нив бил и малиот Мито Клавчов. Филмот „Македонец“ е посветен на околу 1.750 деца на кои Грција им ги затвора своите граници и денес и не им дозволува да влезат на нејзина територија поради нивните македонски корени. Грција донела низа закони со кои им ги укинала нивните државјанство и ги протерала со што не смеат да се вратат во татковината. Спречен од можноста за враќање дома, главниот лик во филмот, населен во северна Полска, каде и живее, го праќа неговиот син да го најде гробот на татко му.