Крајно необичен филм.Лена е биолог која се пријавува да учевствува во мисијата,во која предтходно настрадал нејзиниот сопруг,да навлезе во област која е под влијание на некоја чудна енергија по удирање на метеор во светилник.Фактот што главниот товар во филмот го носат жени,му дава посебен печат.Филмов е под жанрот научна фантастика иако има и неколку хорор моменти кои не се пријатни за гледање.Самиот крај е крајно необјаснет и остава место на вашата имагинација. Ама и покрај добрата кинематографија и музиката сосема соодветна за една ваква мрачна бајка,филмов не ми легна. 6/10
Gerald's Game Филмов има насловна страна со приказ на игра со лисици нешто навидум слично на 50 нијанси. Мислам дека тоа им е тотално промашен билборд како најавна шпица. Кога ќе го видите тој натпис ќе ве потсети на 50 нијанси па ќе се залетнете да го гледате. Многу далеку од 50 нијанси само затоа што цело време се одвива во спална соба и жена врзана со лисици. Психолошки филм со језиви сцени. Spoiler: Кратка рецензија Кратка рецензија. Џеси се обидува да преживее и да се ослободи од лисиците со кои ја врзал сопругот по повод првата брачна ноќ. Тој добива инфаркт откако ќе испие 2 таблети виагра и веднаш умира... http://www.imdb.com/title/tt3748172/ Во врска со оценката дадов 9/10 иако не заслужува толку, ми се допадна крајот каде што дава убава психолошка преживеаност после сите случувања.
Collateral Beauty (2016) После трагедија, Howard пишува писмо до смртта, љубовта и времето.. Многу убаво филмче, емотивно. На ИМДб има оцена 6.8 ама јас би му дала 8.
On Body and Soul (2017) Унгарски филм во кој две личности секоја вечер имаат исти соништа. Осаменоста развива една необична романса. Добра идеја но не доволно добро реализиран. Сцените во кланицата се дефинитивно за empty stomach. Како вегетеријанка и љубител на животни едвај ги изгледав. Мрачен, бизарен, чуден филм. Недостиг на емоции и дијалог. Крајот ми се допадна, но во целост - not my cup of tea. Номиниран за Оскар за најдобар странски филм и добитник на Златна Мечка. 5.5/ 10
Game over, Man - 2018 Три пријатели кои работат во хотел, се обидуваат да ја продадат својата видео игра. Во тој момент, хотелот е нападнат од терористи. Тие се обидуваат да се спасат. Просечен филм, ми се допадна ама немаше многу смешни сцени. 6/10
https://m.imdb.com/title/tt1259528/ Одамна немам гледано филм чиј крај нема да го предвидам.Обично колку и да е јак филмот крајот го "намирисувам" .Федералци сакаат да фатат ограбувачи на банки,го наоѓаат возачот на групата и се договараат да ги информира за следниот грабеж.
The imitation game Жанр: драма/биографија Алан Турин математичар од Втората Светска војна, малку познат низ историјата, но со огромен придонес во опшество кој ги постави темелите на модерната технологија, има за предизвик да го дешифрира моќното оружје на германците-Енигмата. Болката, страдањето, заборавот е цената која ќе плати само ради тоа што е различен од останатите. 10/10
Враќајки се од новогодишната ноќ, на маж и жена ќе им се случи една незгода. После тоа тие ќе пробуваат да го прикријат стореното злодело и ќе се заплеткуваат во лаги и интриги 8/10
Постара класична комедија. Groundhog day. Имав поинаква замисла за филмот и го пуштив, ама го гледав на раат Дефинитивно не ми остави никаков впечаток и го изгледав само зашто ми тежеше да го оставам на пола На познат прогнозер му се повторува истиот ден (истиот датум, како времето да застанало) одново и одново. Прво нормално е исплашен оди по доктори, пробува да се убие, ама кога ќе види дека нема спас и дека повторно е истиот ден, си се прилагодува на такво темпо па си прави глупости по цел ден, зашто кога ќе се разбуди (следнио т.е. истиот ден) никој не памти што се случило освен тој. Во меѓувреме пробува да и го освои срцето на колешката. Има мнооогу подобри класични комедии за губење време, а овој не ми е во листата за повторно гледање во иднина Поарно да не го оценувам
@JollyGirl тоа оти тајмингот ти е грешен, требало во 90тите да го гледаш Мене ми беше доста забавен, ама сум го подзаборавила, може треба пак да го гледам да ги споредам впечатоците. И онака ми фалеше малку Бил Муреј деновиве.
''PROUD MARY'' (201 Намерно не го ставив постерот од филмот, зашто сметам дека нема да ви ја даде вистинската слика за филмот. ПРЕКРАСНО !!! Јас не можам да сфатам зошто вака убавите филмови секогаш имаат мали/ниски оценки на IMDB. Ова е уште еден доказ дека, за да се пронајде добар филм на тој сајт - НИКАКО не смеат да се гледаат оцените - ниту да се суди според нив за квалитетот на филмот, приказната... Можеби е ствар на вкус, но мене филмот ми беше нешто... Не знам... Релакс. Секакви емоции пробуди во мене. Типкава е скроз лудница, ја обожавам од серијата „EMPIRE“ а детево глуми во една прекрасна серија (која, за жал, пред неколку дена ја откажаа од Нетфликс) - „Everything Sucks“. Го препорачувам филмов без око да ми трепне. Сигурен сум дека ќе ви се допадне, гарант! Нема да ви биде досадно ни на минута. 10/10, а десетка залепив и на IMDB.
Quatre etoiles (2006) Кога жената имајќи прилика да добие добар човек за себе, плус богаташ, одбира преварант без скршен денар во џеб. Глумицата прекрасна. Family plan (2005) Типично опуштачко Hallmark филмче. Ми се допадна.
In the Fade (Aus dem Nichts) Германски трилер во режија на турскиот режисер Фатих Акин, инспириран/базиран на убиствата во периодот од 2001-2009 од страна на неонацистичкото подземје. Катја е ексцентрична и неконвенционална Германка, чиј сопруг Нури е поранешен дилер на дрога од турско потекло. По неговото излегување од затвор, тие водат мирен семеен живот заедно со нивниот син, сѐ додека тој и детето еден ден не загинат во експлозија на бомба поставена пред канцеларијата на Нури. Во извршувањето на правдата и казнувањето на вистинските виновници - млад пар неонацисти кои го извршиле убиството поради ксенофобија, се вмешува нивното проблематично минато, по што Катја е решена да ја преземе одмаздата во свои раце. Не баш совршено реализирана приказна и со прилично предвидлива разврска според мене, но сепак солиден трилер – поради формата налик на трагедија во три чина, одличната глума и доловени емоции од страна на Дајен Кругер, и секако силната политичко-идеолошка порака. 7/10
Leon the professional Жанр: криминал/драма По масакрот на едно неморално и проблематично семејство, 12 годишната Матилда ќе биде единствена преживеана благодарение на Леон кој е професионален убиец. Нивниот однос ќе стане единствен, посебен, чуден, нераскинлив. Тешкото минато и болката ќе ги поврзе на таков начин да еден без друг е незамисливо да опстанат. 10/10
https://m.imdb.com/title/tt5742374/ Немојте да си го губите времето залудно.Се чудам зошто има висока оцена,или па ја не се разбирам до толку.Ветран истрауматизиран уште од детството,е платен убиец и треба да спаси девојче од јавна кука.Напоредно му го даваат и живото.Нема многу муабет во филмов и постојано некои забегани сцени.Модерна уметност .
The ritual 2017 4ца другари одат на планинарење во чест на 5тиот другар кој пред неколку месеци беше убиен во вооружен грабеж во маркет. Класична хорор прикаска кога едниот случајно ќе се повреди, па се решаваат на пократкиот пат за назад, кој бај да уеј ќе излезе подолг. Во меѓувреме нели и покрај “знаците” што ќе ги откриваат по пат, место да свртат гз назад, тие упорно продолжуваат, оти нели не би било интересно и филмот би завршил. И покрај тоа што не е нова прикаска, кај класичните хорори со горе долу иста тематика, добрата обработка на истата и креативноста прават чуда, и добрата глума секако. Но, не и во случајов. Крајот беше глуп. 5/10 Veronica 2017 Кој тоа ме прелажа дека филмов бил еден од најстрашните на сите времиња и бла бла бла бла бла бла бла бла? Ни страшен, ни добар, ниту вреди да се гледа. Сум изгледала доста глупи хорори во животов, овој е без конкуренција во своето време. Ме разочара шпанскава продукција. На врвот ми беа. Нема да има рецензија, оти колку и да е глуп, имам талент така фино да опишувам што ќе се залетате да го гледате. Немојте! Освен ако ви се губи време за џабе. 3/10 ради Антоанито
Rampage 6.5/10 Сте го гледале Godzilla? , епа ист филм е ова, само го смениле насловот и животните. Плус и го ставиле THE ROCK. Тиња прича али барем има добра акција , рушење згради , газење луѓе и маринци , експлозии , пукање , неколку клишеа и така... Ако имате време за тепање ви го препорачувам да го погледнете. Сега на ред е Avengers , време е за Orgazmus Maximus за неколку дена да го пишам тука.
Кратка содржина: Филмот започнува во Kansas, кој е прикажан во сепија нијанса. Dorothy Gale живее со своето куче, Toto, на фармата на нејзината тетка Em и вујко Henry. Toto влегува во неволја со лошата соседка Miss Almira Gulch, кога тој ја каснува. Сепак, семејството на Dorothy и земјоделците се премногу зафатени да ги слушаат нејзините проблеми. Miss Gulch пристигнува со наредба од шерифот дозволувајќи ѝ да го земе Toto, но тој побегнува и се враќа кај Dorothy, која плашејќи се дека Miss Gulch ќе се врати, одлучува да побегне од дома... Рецензија: Немам многу што да кажам за овој филм од 1939, освен дека претставува вистинска класика која верувам дека секој барем еднаш во животот го погледнал, како најпознатата и најкомерцијално успешна адаптација на детската книга The Wonderful Wizard of Oz напишана од L. Frank Baum во 1900 година. Оценка: 10/10
Brothers 2015 Филм за двајца браќа од кои едниот ќе се занимава со улични борби,а другиот животот ќе го натера да тргне по истиот пат како брат му. Во Индија ќе се отвори конечно натпревар во бокс на кој ќе се пријават и двајцата браќа. Што ќе се случи понатака оставам да видите. Предобар филм,ме остави без зборови. Од мене 10/10
https://m.imdb.com/title/tt1126590/ Филм за драмата во животот на Маргарет Кеин и како се прославиле нејзините уметнички дела. На имдб 7/10 и јас мислам заслужено,а може и повеке.