Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Avengers : Infinity Wars

    [​IMG]

    9.5/10

    Вчера на пред премиера во Cineplexx го гледав и можам слободно да кажам
    ORGASMUS MAXIMUS
    [​IMG]

    Jesus f-word christ , филмов е преубав , има све што треба да има , од акција , хумор , газење , уште повеќе газење , факинг добри ефекти , дури и убава прича има каде што не е све клишеа и гугу гага , браво за Марвел , со нетрпение ќе го очекувам следната година вториот дел што ќе излезе.

    Ви претпорачувам во кино да се гледа , и по можност да ги имате изгледано предходните 10-15 филма што водат до овој филм.


    И да не заборавам
    Глумецот што го глуми Танос го погодиле 10/10
    :bow::bow::bow:ALL HAIL LORD THANOS THE NEW RULER OF EARTH:bow::bow::bow:
    [​IMG]
     
    На tace73, Bender Rodriguez, x.Daisy.x и 2 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Red Sparrow

    [​IMG]
    Колку лош превод му направиле нашиве киномании на филмов на наш мајчин јазик. Точно е дека е во тој контекст само вистинскиот превод му е со сосема друго значење.
    Насловната шпица ме привлече кога ја видов на еден наш градски автобус како рекламен банер. Предавство, си викаш филм со Скарлет Јохансон ај да изгледам. Го симнав од замунда, ама каква Скарлет сосема трета димензија е.

    Кратка рецензија:
    Доминика Егорова е руска балерина од полусветски размер,на денот на нејзината претстава таа ќе ја скрши ногата. По операцијата веќе не може да танцува и да се финансира, да се грижи за нејзината болна мајка и нејзината помала сестра. Дознава дека нејзината повреда не е случајна туку намерна од нејзиното момче да ја симне од сцената на балетот и да ја внесе својата нова љубовница. Животот и станува кошмар кога е принудена да побара помош од нејзиниот чичко Еван Егоров кој работи за руската влада. Нели секоја услуга има свој данок....

    Филмот е многу фален и во превод треба да биде црвен грабливец. Значи предавство нема буквална врска со филмов, сосема нешто трето се случува. Психолошки на моменти, ќе ве збуни, не се знае кој на која страна е. Ми се допаѓаше тој дел. Цели 2 часа не се мрднав од екран, вредно потрошени 2 часа.
    И не глуми Скарлет туку така ми изгледаше на насловната страна гледано од далечен размер.

    Оценка 10/10
     
    На AnotherLiar, Bender Rodriguez, Briar Rose и 2 други им се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    E360CE33-2970-420E-9F45-DBACA672CB03.jpeg
    The revolutionary road
    Жанр: Драма

    Приказна за навидум среќно четиричлено семејство кое се сели во куќа од соништата. Постојаната потрага по среќа и душевна исполнетост ќе ги доведе до самоуништување а тагата, разочарувањата и караниците ќе станат дел од нивното секојдневие.

    10/10
     
    На boomsleng и joy1 им се допаѓа ова.
  4. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    2.961
    [​IMG]

    ''14+" (Историја на првата љубов) - 2015

    Руски филм.

    Прекраснотија!

    Баш онакво филмче кое не е типично американско шитче. Опуштено, реално, прикажува слика каква што ВИСТИНСКИ секој од нас доживеал/доживува/ќе доживее. Реално.

    Секоја чест како глумат децата, браво! Тоооолку реално, како да е снимено случајно, а не наменски. Сите воздишки, емоции... Преубаво!
     
    На angelche16 и Elen4e_sonce им се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Кратка содржина:

    По дипломирањето на универзитетот во 1956 година, амбициозниот режисер Colin Clark патува во London за да добие работа на следната продукција на Laurence Olivier.
    Менаџерот за производство, Hugh Perceval, му кажува на Колин дека нема слободни работни места, но тој одлучува да го чека Olivier, со кого еднаш се сретнал на забава.
    Olivier и неговата сопруга, Vivien Leigh, на крајот се појавуваат и Vivien го охрабрува Olivier да му даде на Колин работа за неговиот претстојен филм The Prince and the Showgirl, во кој глуми Marilyn Monroe.
    Првата задача на Colin е да се најде соодветно место за Marilyn и нејзиниот сопруг, Arthur Miller, познатиот драмски писател, да останат додека се наоѓаат во Англија...

    Кратка рецензија:

    Немам многу што да кажам за овој филм, освен дека е навистина прекрасен и секако винтиџ инспириран. Навистина ми се допаднаа филмските сцени, костумографијата, како и изборот на актерите, особено Michelle Williams во улогата на незаборавната Marilyn Monroe.

    Оценка: 10/10

    [​IMG]
     
    На LovelyGirl3 и boomsleng им се допаѓа ова.
  6. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    https://m.imdb.com/title/tt4693612/
    501294f99fb50f45634bc00d72568b28215f1543.jpg
    Значи стварно ги бива французиве :) .Алекс е писател без работа и оди кај дедото на женскаму да му дава часови за компјутер,но дедово незнае оти учителов му е зет за внука. Дедот е осамен и договара состанок преку интернет со млада девојка,но користи слика од Алекс.Натаму гледајте. :)
     
    На joy1, boomsleng и crazylady им се допаѓа ова.
  7. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.764
    Допаѓања:
    2.076
    Tulip fever 2017

    20180430_005341.png

    Сметав дека филмов е во рангот на Ана Каренина и Мадам Бовари спрема приказната за тоа како млада богата жена во несреќен брак ја пронаоѓа љубовта на својот живот и тука се случува експлозија од страсти ама за жал добив едно големо разочарување.

    Алиша Викандер во главната улога беше првото нешто што беше клучно да го погледнам филмот бидејќи ми е една од омилените актерки.. Факт е дека девојката е створена за вакви улоги каде е доволен само нејзиниот аристократски изглед и крупните очи за приказната да добие шмек но овој пат тоа не ја потполни досадната атмосфера и приказната без емоции и мотивираност. Нејзиниот љубовник Јан (глумецот го гледам прв пат) ужасно слаб, блед и некако по изглед женствен, хемија апсолутно не постоеше. Улогата и е слична како во Royal affair ама признавам таму беше далеку подобра. Крајот исто толку небулозен и глуп. Не ја сфатив ни улогата на Кара Делевин, ама веќе се навикнавме на неа да добива бесмислени улоги само затоа што гаи некој престиж во шоу бизнисот и само затоа што има пари па и здосади манекенството. Симпатична ми е и ја сакам, но само како манекенка, Холивуд не е за неа.

    Од мене 2/10 за филмот, не го препорачувам!
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    12 Strong ( 2018 )

    [​IMG]

    Приказна за група од 12 војници кои непосредно по нападот врз кулите од 9/11 заминуваат за Авганистан, во обид да го дестабилизираат владеењето на Бин Ладен и Талибанците таму и потенцијално, да спречат нови напади врз САД.

    За оние кои не знаат, мало потсетување за тоа како Бин Ладен и Талибанците станале моќни и влијателни in the first place – со помош на Американците, поточно ЦИА, кои ги снабдувале со пари и оружје и ги обучувале за војување – сѐ со цел да го разнишаат влијанието на Советскиот сојуз во Авганистан.

    Значи, да резимираме – САД потпомага бунтовничка група во странска земја со цел дестабилизирање на тамошниот режим и години подоцна, истата таа група се свртува против нив и прави терористички напади.

    Кој е брилијантниот план на Американците овој пат, се прашувате? Па да го потпомогнат генералот Абдул Рашид Достум, водачот на Северната алијанса, со цел дестабилизирање на тамошниот талибански режим на Бин Ладен, се разбира. Дали можеби планов ви звучи познато? :D Based on a true story – you can’t make this shit up.

    Практично, филмов е Рамбо 3, само наместо американскиот херој и white savior Сталоне да им помага на сиротите Талибанци против лошите Руси, овде американскиот херој и white savior Хемсворт им помага на сиротите Авганистанци против лошите Талибанци – со таа разлика што 12 Strong е нешто пореалистичен (сепак, заснован е на вистинска приказна :)).

    Филмот како филм – типична воена приказна – може да се рече и patriot porn, со добри акциони сцени, напнати ситуации и здрава доза на Uncle Sam. И неочекувано, барем за мене, доста хумор и смешни ситуации. Лајт е со крвишта, брутални и гадни сцени, барем од аспект на воен филм.

    Освен Тор, во филмов го имаме и Генерал Зод, плус уште некои солидни актери.

    Оцена: 7


    Dunkirk ( 2017 )

    [​IMG]

    И додека бев у воен фазон, го изгледав и Dunkirk – филмот кој некако го избегнував уште откако излезе.

    Dunkirk, уште еден филм снимен според вистинска приказна и историски настан, се занимава со не-толку-гламурозниот момент од војната за Сојузниците – евакуацијата на британски и француски трупи од гратчето Данкирк, кое е опколено од војската на Германија.

    Како приказна, Dunkirk е океј – за хероите од еден од најнехеројските моменти во војната за сојузничките сили и за тоа како и обичните луѓе прават херојски дела во тешки времиња. Но филмов е токму тоа – океј, и ништо повеќе. Да не беше името на Нолан поврзано со филмов, не верувам дека некој ќе му обрнеше особено внимание. Вака, го нарекуваат најдобриот воен филм некогаш снимен. А тоа дефинитивно не е. Но тоа е „Нолан феноменот“ – неговите филмови имаат фанови уште и пред да излезат.

    Имам чувство дека некои signature Нолан моменти беа вишок у филмов – нелинеарниот тајмлајн, кој у Inception и Memento има совршена смисла, у Dunkirk беше тотално непотребен. Неговите омилени актери, Силијан Марфи и Том Харди, беа целосно неискористени овде – Марфи прозборува 2-3 реченици у целиот филм, а Харди, освен што не зборува, не му ја гледаме ни фацата скоро цел филм (пилот е и носи кацига). Саундтракот на Ханс Цимер беше тотално просечен и целосно преценет.

    Ствари кои му идат у прилог на филмот – убаво снимен, со одлична кинематографија, прилично реалистичен и најдобро од сѐ – трае саат и четириесетина минути.

    Оцена: ќе му ставев седмица, ама пошто е од Нолан – 8 (на стара слава :D)
     
    На elimkd, boomsleng, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Incontrol (2017)
    а.jpg
    Група студенти откриваат уред кој им овозможува да ја преземат контролата врз другите и да го доживеат светот преку некој друг.
     
    На AnotherLiar, Briar Rose и joy1 им се допаѓа ова.
  10. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.764
    Допаѓања:
    2.076
    Red Sparrow ( 2018 )

    large_Sparrow-2018.jpg

    Со душа го чекав новиот филм на JLaw бидејќи ја обожавам како актерка и како личност па си реков штом глуми таа ова не може да е утка..
    Но...
    Сепак не би рекла дека е утка но не би рекла и дека е вреден за целата фама околу него. Беше најавуван жестоко како нешто спектакуларно за на крајот да испадне само една америчка пропаганда, згора на се и малку анти феминистички.

    На кратко да го опишам значи се работи за руска балерина по име Доминика Егорова која доживува несреќа на свој настап и станува инвалид.. Како што веќе не може да продолжи со кариерата како балерина нејзиниот вујко Иван Егоров кој успат гаи некои инцестуозни чувства спрема неа и предлага да стане шпион за руската влада, таа прво треба да помине низ една екстремно грозоморна обука како да стане шпион (sparrow)..Таму ги учат девојките и машките како да станат фактички роботи кои со помош на своето тело ќе умеат да дознаваат се од своите жртви..

    На моменти ми беше малце конфузен бидејќи не знаев кој за кого работи но на крајот се изјасни се. Крајот малку го предвидов па не ме остави во некој шок, се на се мислам дека во преден план на филмот беше ставен изгледот на Џенифер бидејќи пола филм се шета во долна облека, очигледно сценаристите играа на таа карта повеќе отколку што се потрудија за приказната.

    Од мене 5/10.
     
    На LovelyGirl3 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  11. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    2.961
    [​IMG]

    " 10x10 '' (2018 )

    7/10

    Фино филмче. Женската е киднапирана. Но, зошто? Дали ќе побегне?

    Еден од оние со неочекуван пресврт.

    Меѓутоа, малку нешто како да му фалеше, не можам да кажам што...

    Како и да е, фино филмче, пак ќе речам. Препорачувам!
     
    На AnotherLiar, bebaa и boomsleng им се допаѓа ова.
  12. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Не знам кога ќе можам да го гледам, а син ми не сака да ми каже дали Капетан Америка остана жив? Може одговор во спојлер???
     
  13. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    https://m.imdb.com/title/tt0795368/ 51Xur1wFnCL._SY445_.jpg Англиска комедија,ме пресмеа на некои сцениЦел филм е за време на погреб,и од обичен погреб стана попара работава :).Секој со своите проблеми преставен на комичен начин.
     
    На iloveyou29, Bender Rodriguez, tace73 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.992
    Допаѓања:
    81.331
    Пол:
    Женски
    127 Hours (2010)
    [​IMG]

    Филмов со Џејмс Франко, а јас не сум го гледала, unbeliavable. :D
    Сепак, не е некое издание во кое се навикнав да го гледам и мислам дека улогава дефинитивно е врвот во неговата кариера. Номинацијата за Оскар не била за џабе. :)

    Накратко, дејствието се случува во 2003 и се работи за Арон Ралстон, кој е доста наклонет кон екстремните спортови.
    Дечково добива луда идеја, за време на еден викенд да замине на „обиколка“, hiking - како сакате, околу Блу Џон Кањон и притоа не кажува никому дека оди на тоа „патување“.
    И сè е супер, додека не се случи пресвртницата од која буквално ми се преврте утробата - му се случува навидум мала незгода, се слизнува внатре помеѓу тесните удолници на кањонот и како капак на сето тоа, едната рака му останува заглавена поради одрон на огромна карпа која не сака да се помрдне за жива глава.

    And the rest is history...

    Што сè ќе направи за да преживее е храбро, лудо, одвратно можеби и навистина треба да имате силен желудник за да можете да ги поминете тие сцени со будно следење. Јас не бев од оние храбрите, некои делови беа премногу и или сум пувла или едноставно не сум за вакви екстреми. :|

    Но небитно, многу убава порака - колку и дали е логична не знам, но Џон Дон кажал буквално сè со фразава:
    Филмов е правен по вистински настан, многу ги сакам ваквите животни искуства преточени во приказна. Сè изгледа толку лесно и едноставно, па макар и кога станува збор за отсекување на дел од себе, буквално.

    Препорачувам, само на оние кои имаат желудник за ова. Мене ми требаше малку бедоксинче, ама преживеав. :D

    10*
     
    На sweet-cherry, Mermaid90, *Bridget Jones* и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Black Panther ( 2018 )

    [​IMG]

    Не знам дали е до мене, но претпоследното остварување од марвеловиот универзум можам да го опишам со еден, единствен збор – ужасно. И изненадувачки расистички, иако се обидува да се продаде како филм кој се залага за еманципација на црнците.

    Сериозно, дали Марвел им подметнале дрога у пијачките на гледачите ширум светот за да бидат океј со глупостите у филмов, па уште и да го фалат како еден од најдобрите филмови евр, првиот филм со црнец-херој и слично?

    Ништо од ова не е ни блиску до вистината.

    Филмов се занимава со младиот престолонаследник на Ваканда, Т’Чала (кој е истовремено и Black Panther), неговото доаѓање на власт и тешките одлуки кои мора да ги донесе како владетел на ова фиктивно кралство. Сето ова зачинето со неверојатни (у неубавата смисла на зборот) акциони сцени, лоши (у најдобра рака, просечни) специјални ефекти и нелогично сценарио преполно со дупки. Претпоставувам дека главниот дел од парите за филмов отишле за маркетинг и саундтракот, па остатокот бил дај шта даш.

    Првиот впечаток од Black Panther се акцентите на актерите кои параат уши и воопшто не наликуваат еден на друг, ненамерно потенцирајќи го фактот дека луѓето од Ваканда се од некоја причина неспособни да зборат нормален англиски, без акцент. Ваканда е уствари неверојатно богата и технолошки напредна земја (но не благодарение на интелектот и трудот на својот народ, туку затоа што им се посреќило да живеат врз огромен метеор од вибраниум), но всушност се крие од останатиот свет и се преправа дека е сиромашна (гладот и болестите во Африка очигледно се само измислица за мачкање очи на остатокот од светот). Но и покрај речиси вонземското ниво на технологија, Ваканда е општество на ниво на племенска заедница, со крал кој доаѓа на власт или со наследување или со ритуална борба до смрт со штит и копје.

    Сѐ на сѐ, она што филмов уствари ни го вели е дека дури и во фиктивната марвелова Земја, најдобро што може да направи африканска држава која ја има најнапредната технологија на светот е да биде на ниво на ритуалистичкo, полудивјачкo племе со ксенофобични, традиционалистички домородци. Но имаат невидливи летечки бродови и живеат во облакодери, so that makes it OK.

    Можеби „расистички“ е пресилен епитет за филмов, но „преполн со стереотипи“ е фраза која совршено го опишува, затоа што изгледа како сценариото да е напишано од најбелиот белец кој постои, кој не сретнал ниту еден црнец во животот и кој Африка ја видел само на разгледница. Во секој случај, филмов заслужува Оскар за најдобар пи-ар, затоа што кој и да успеал да ги убеди луѓево дека Black Panther е нешто со што црнците би требало да се гордеат, стварно заслужува некаква награда.

    Но не ме сфаќајте погрешно – дури и Ваканда да се викаше Вајтшајр и да беше населена со албиноси, сепак филмов ќе беше ужасен, минус стереотипите за Африка и за црнците.

    Ако сакате добар акционен филм со црнец во главната улога, гледајте го Blade – дури и третиот дел е подобар од Black Panther. Башка што Blade навистина е првиот филм со црн марвелов херој. A Black Panther не би му го препорачал ни на најголемиот непријател.

    Оцена: 5
     
    На kravce, SV1911, blackpanter и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Капетанот ќе пцовиса како куче , он и неговата банда ќе бидат као "EJ EJ MI SMO NAJACIII YEEEE:muscle:"
    И ќе дојде Чичко Танос и ќе ги гази. И ќе има еден од страна што ќе се дере "MAGNIFICENT , MAGNIFICENT" и силно ќе ракоплеска ( Yes that is meeee:inlove:)

    Ама не се секирај , Танос има таков добар бицепс и трицепс , ќе го засакаш него и ќе заборавиш дека постои Captan America. Дури и за него ќе навиваш на крај од филмот.
    Ќе запееш на чичко Танос , 100% те љубам , 100% е да , и пак ќе ти речам дека ја сакам твојата кампања - а:inlove:!


    Инаку штета што не го гледаше во филмот , имаше еден момент каде што цела сала се радуваа и ракоплескаа кога се појави Капетанот да гази , ама после сите тивко гледаа кога Чичко Танос ги згази како муви.
     
  17. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Уф, баш се разочарав :( . А филмот ќе го гледам штом ќе си најдам друштво!
     
  18. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    People do that?!


    Инаку, ме замисли Танос. Може да се каже дека до некаде е во право за пренаселувањето и немање на ресурси за сите луѓе. Иако многу сурово звучи помислата дека можеби ќе умреш, а нормално никој не сака да умре па сите се противат.
    Му доаѓа како, боље нека цркнуваат луѓето во војна, од глад и слично, ама ваков начин на „умирање по случаен избор“ никако не доаѓа во предвид.

    Не знам што оцена би дала ни на Блек Пентр ни на Инфинити Вор. Војнава многу натрупана и прехаотична.
    Омилени сцени
    Спајдермен кога го гушка Старк и му вика дека не сака да умре. Тоа ме погоди ептен, се виде дека е баш дете а не суперхерој или бог или ватевр. И исто така, сцената кога вештерката го уби Вижн за Танос да дојде, да го врати времето и да го земе каменот пред нејзини очи. Very cruel.
    Хајлајт, очекувано ми беше Тор и зајакот :D И сцената со окото.
    А за Пантерот не сум толку критички настроена како друже Бендер.

    И нормално за мене, предолги беа. 2+ часа ми е отекување и не можам да дочекам да заврши филмот.
     
    На tace73, boomsleng и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    100.479
    Пол:
    Женски
    The whisky robber
    [​IMG]

    Барав нешто интересно и најдов и тоа на унгарски јазик.Приказната е клише,не е нешто невидено досега,но филмов има некоја магија.Се преплетува акција,драма,бледа романса...Интересно е што е снимен според вистински лик а богами и дело.Станува збор за ограбувач на банки,кој тоа станува не по своја воља..
    Главниот глумец е бомбона,не личи на унгарец,а сум видела многу негови сонародници...
    Ако го гледате нема да зажалите
    8/10 оправдано
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.933
    Допаѓања:
    12.445
    Пол:
    Машки
    [​IMG]

    Го немам вториот дел гледано, не беше критички добро пречекан.

    Дејството се одвива во една просторија, помеѓу колеги од факултет, и муабетите ескалираат од општи теми, кон покомплексни теми, и кулминацијата е многу добра кога стигнува до збор темата за протагонистот.

    9/10 без двоумење.


    (@Bender Rodriguez white guilt strong when white people hype up Black Panther, eh? Pardon my Canadian, lest i use Sorry, eh? Се слагам за Блејд, добар филм, иако човекот не си плаќал даноци, не ми влијае на филмот/филмовит, исто така би рекол добра улога му дадоа на Крис Рок во Догма, има добри примери за црни машки улоги, поругување се денешниве, многу далеку отиде пендулумот на политичка коректност/расизам.)
     
    Последна измена: 7 мај 2018
    На SV1911, Briar Rose, alana и 2 други им се допаѓа ова.