Anon (201 Филмот е сместен во иднината, но сепак се соочуваме со истите проблеми и денес. Технолошкиот напредок е се поголем и придобивките од истата се зголемуваат, сепак забораваме на приватноста која во голем дел е нарушена. Излезен е во супер тајминг после случувањата со фејзбук.
Не знам дали е у прашање white guilt или едноставно луѓе паѓаат на добар маркетинг, затоа што Black Panther беше славен како апологија на црнците, првиот црн суперхерој и сл. уште и пред некој воопшто да го гледа. У секој случај, навистина е тажно што некој смета (особено ако е црнец) дека би требало да се гордее со филм кој е олицетворение на сите белечки стереотипи за црнците. У однос на глумци, има премногу црнци кои се одлични актери, ме мрзи да набројувам сега, а и не ми е тоа поентата. Ама све додека ги делиме глумците на добар глумец и добар црн глумец, ја утињаме целата поента на борбата против расизмот. И да не бидам скроз оф-топик, се слагам за The Man from Earth, солидно и несекојдневно филмче кое вреди да се погледне.
https://int.search.tb.ask.com/searc...=auf der anderen seite&si=&ss=sub&st=sb&tpr=s https://mk.wikipedia.org/wiki/На_работ_на_рајот_(филм)
https://m.imdb.com/title/tt1677720/ Футуристичнонопштрство каде луѓето живеат поголем дел од времето во виртуелен свет.Креаторот на тој свет умира,но им остава задача да поминат до крај игра креирана ид него,и победникот ке биде наследник на се што има тој.Интересен е . https://m.imdb.com/title/tt5397194/ Исто футуристчно општество каде секој може да види се за тебе.Имаат вградено нешто како компјутер,и се што гледаш ти може како снимка да го види друг. Неможе да се скрие никакво дело.Но ке им се појави проблем,се случуваат убиства,а убиецот успева да го хакне системот. Едит: отпосле видов оти веке го пишале филмов погоре. https://m.imdb.com/title/tt5844488/ Лед.Руски филм и ме бендиса .Прикаска за тоа колку многу е побитно да се бориш во животот и да работиш да станеш тоа што сакаш,наместо да се потпираш по талентот.Истовремено и борба и романса во животот на една лизгачка на мраз.Имаше некои нелогичноти ама како на филм нели,ги заненарив
Филмот е руски, еден вид на романтична комедија, но некако... поемоционален. Spoiler Надја мора да се откаже од својот сон да стане шампион во уметничко лизгање кога е хоспитализирана со повреда и останува во инвалидска количка. Но, го запознава Саша, хокеар кој и` помага на Надја одново да почне да верува во себе и во остварувањето на својот голем сон.
The Next Three Days Интересна акциона крими-драма со Расел Кроу во главната улога, приказна за едно хармонично семејство чиј живот за еден миг се превртува наопаку кога сопругата е обвинета за убиство.
https://m.imdb.com/title/tt3799232/ Интересно филмче онака за ладалка .Девојче и машко се деугари од мали нозе и си имаат и нивни правила на другарство меѓу кои и да не стапат во врска со роднини на другиот.Но девојчето ке се заљуби во братот на другарот.
Па да обично на премиери и слично , кога се работи за филмови со супер херои , Star Wars итн итн...има големи свршувања , ракоплескања и навивања од страна на публиката. Глеј т.е слушај го видеово Anyway TAXI 5 7.0/10 Филмов си грми , штета ги нема оригиналните глумци , ама сепак вреди да се гледа филмчево.Го задржале Францускиот хумор што го имаше во предходните делови , улогите се сменети и сега е полицаецот тој што е кул , има трки , има акции , има хумор , причата е такси против ферари и тоа е тоа , така да ви го претпорачувам да го гледате.
Woman in Gold 2015 Spoiler: трејлер Филм заснован на вистински настани во периодот пред Втората светска војна, па се до почетокот на 2000тата година. Семејството на Марија е ограбено од страна на фашистите во Виена, по што таа бега во Америка. Во 1998 година таа најмува адвокат, кој што исто така има Еврејски корени и потекло од Виена, со кого заедно ќе се борат против министерството за култура на Автрија за да ѝ ги вратат украдените слики од Густав Климт, меѓу кои е и Woman in Gold, портрет на тетката на Марија, Адел. Вреди да се погледне! Одлична глума, убаво разработен филм, не премногу долг ниту драматичен. Од мене 10/10
HOME AGAIN (2017) Ако сте расположени за лесно филмче со романтична и малку комична содржина, топло ви го препорачувам Home again со неодоливата Reese Witherspoon. Алис е самохрана мајка на две малолетни ќерки. Неочекувано, во нејзината гостинска куќа ќе се вселат тројца млади, симпатични и харизматични момци кои се на почеток на нивната кариера во филмската индустрија и тогаш животот на Алис добива сосема нов и неочекуван тек.
Diary of a Chambermaid (2015) Spoiler: трејлер Слугинка се вработува во богато француско семејство надвор од Париз. That is all this is about. Гледајќи го трејлерот очекував интересна драма, нешто налик на Девојката со бисерна обетка. Филмов во најмала рака беше досаден, Леа Седу не покажуваше никакви емоции, кучињата глумеа подобро од неа. Џабе потрошени саат ипол. 4/10 - и тоа четворка само заради убавата кинематографија и прекрасните пејсажи.
'' Winchester '' (201 Хмм, хмм, хмм... Not my cup of tea. Арно ама, го изгледав. Почетокот неверојатно успешно ме купи и, морам да кажам, бев тоталка опуштен во првите 30 минути. Си реков: Еј, супер! Конечно филм шо нема да ме тера да го мотам напред за да убрзам. Арно ама... Како минуваа минутите, јас почнував да мотам, да мотам, да мотам... Не знам, едноставно не ме привлече. Фино, особено поради тоа што се работи за вистинска приказна . 5/10 му давам јас, иако првично сакав 4, ама си викам ај, нека иде 5че од мене, убаво глумеа и добра сликата беше некако, убави мои и се' ,,, Со една реченица, можам да кажам дека заклучувам оти во последно време скоро сите амерички филмови се Ш*т. Скоро сите... Особено хорорите, лол !!! Колку само ми фалат старите, добри хорори, ја не знам кај е креативноста... Исто така, ќе речам и дека ДЕФИНИТИВНО не треба НИКОЈ да гледа оценки на IMDB. Од проста причина што милион пати се уверувам дека филмовите со препревисоки оценки мене НЕ ми се допаѓаат, и обратно. СЕ' е прашање на вкус! Не може филм шо е блокбастер да очекуваш да биде супер за сите.
THE PIANIST (2002) Music was his passion. Survival was his masterpiece. Филмот е адаптација на автобиографскиот роман на Wladyslaw Szpilman, полски пијанист, Евреин и неговиот живот за време на Втората Светска војна во Варшава. Феноменален филм од врвен режисер и со одлична актерска екипа.
Deadpool 7.5/10 Испадна многу јако филмче (не е како првиот дел ама пак е јако) , има акции , причана е колку да ја има, Deadpool ги гази сите , повеќе е хумор и заебанции , ви претпорачувам да го гледате , нема да ви биде досадно.
Molly's Game Вистинската приказна на Моли Блум, скијач на олимписка класа, кој ја водеше најексклузивната игра на покер со висок ризик и стана цел на ФБИ. Филмот не беше баш вау, ама добар беше оценка му давам 5.
HONEY RAISE UP AND DANCE За љубителите на хип хоп танцот вистинско скоро двочасовно уживање. Го изгледав без да трепнам. Моја голема препорака 10/10