Кратка содржина: Пристигнувајќи во Seattle, Washington, писателот Nick Eliot обезбедува работа во списанието Pique и сместување во куќа за гости која им припаѓа на Cliff и Liv Forrester. Привлечниот Nick наскоро ја запознава 14-годишната ќерка на Forrester, Darien, непостојана девојка која се повеќе развива интензивна привлечност кон него... Кратка рецензија: The Crush (1993) претставува Американски erotic-thriller film со Alicia Silverstone во една од главните улоги. Би рекла дека филмот ме потсети на приказната за Lolita, меѓутоа со обратни улоги. Оценка: 10/10
Мама Миа (2008 ) Мама Миа е комедија-мјузикл филм реализиран според мјузиклот „Мама Миа“ заснован на песните од легендарната поп група АББА. Се работи за 20 годишна девојка Софи која живее на убав грчки остров со мајка и Дона. Софи наскоро треба да се омажи, но заплетот почнува кога таа кани на свадбата тројца луѓе од кои еден од нив и е вистински татко, но не се знае кој. Филмот има неочекуван интересен крај. Многу интересно филмче е, јас најмногу го гледав ради песните на АББА бидејќи ги обожавам. Годинава на 20ти jули излегува вториот дел: Mamma Mia: Here we go again. Едвај чекам да го гледам стварно се надевам дека ќе го емитуваат кај нас. Spoiler: Mamma Mia 2008 trailer Од мене 10/10
INSTINCT (1999) После скоро две години од исчезнувањето од Африка, познатиот антрополог д-р Итан Пауел (кој го игра незаменливиот Ентони Хопкинс) е фатен поради извршено кривично дело-убиство и е затворен во психијатриска институција во Флорида. Еден млад психијатар го презема неговиот случај и се обидува да му се приближи на докторот кој живеел меѓу група горили во џунглата и воопшто не зборува. Кога успева да го прекине молкот на д-р Пауел, младиот психијатар ја сфаќа вистинската природа на битието, учи дека контролата на човештвото над се е само илузија и дека вистинските вредности на постоењето не можат да се најдат толку лесно.
https://m.imdb.com/title/tt1441952/ Онака филмче за ладалка.Малце предвидлив за некои работи,ама сепак интересен. Експерт за риби и риболов,ке биде принуден да помогне да се направи базен за рибарење во Јемен,бидејки еден шеик ке плати многу пари за да го овозможат сето тоа.
THE COMMUTER ( 2018 ) Крими-драма со Лиам Нисон во главната улога. Michael MacCauley е агент за осигурување (инаку поранешен полициски службеник) кој одеднаш останува без работа. Се наоѓа во незавидна финансиска ситуација и истиот ден во возот со кој патува од и до работа последните десет години, една жена ќе му даде многу дарежлива и примамлива понуда, да заврши навидум лесна задача - да пронајде човек со торба на возот.
'' Love, Simon '' (201 Долго време го чекав филмот да го изгледам, од проста причина што ја имам прочитано книгата и баш сакав да видам како и што ќе се случи при екранизацијата. Позитивно сум изненаден, баш е фино пресликана содржината на книгата во филм . Меѓутоа, постои нешто кое не ми дзоволува да бидам комплетно задоволен, па затоа давам 9/10. Не можам да кажам зошто, и самиот не знам =) Можеби има некои нелогичности во приказната... Како и да е , носи силна порака и го отсликува секојдневието на една ранлива група луѓе, но и на сите млади, воопшто . Фин кастинг, убава слика, фина приказна... Не ни осетив кога поминале (речиси) 2 часа . Го препорачувам на сите !
In Darkness (201 Трилер за слепа музичарка која слуша како сосетката од апартманот над неа е убиена. Потоа приказната полека се заплеткува и доведува до одмазда која е поврзана со нејзиното минато. Пишувам во кратки црти за да ви биди интересен ,ако решите да го гледате.
https://m.imdb.com/title/tt5616294/ Професор на факултет,обвинет е за исчезнување на едно девојче.Човеков има проблем со меморијат.Интересен е и заслужува поголема отцена.
The Vow (2012) Обично не гледам филмови со вакви ептен исфорсирани актери, но го најдов збутан во некој стар фолдер и ужасно ми требаше некој филм за луфтирање, па го пуштив. И како за чудо, не зажалив. Навидум е „типична љубовна приказна“ - двајца млади (Лео и Пејџ) се запознаваат на интересен начин, почнуваат да излегуваат...and the rest is history. Имаат перфектен брак, сè додека не им се случи сообраќајна несреќа, поради која нивните животи тотално ќе се изменат. По будењето од кома, Пејџ се сеќава само на периодот од животот пред Лео и од животен сопатник, тој во нејзините очи успева преку ноќ да стане странец со сомнителни намери. Лео дава сè од себе за Пејџ да си ја врати меморијата и да продолжат со нивната вообичаенa рутина, но, тоа што е „пишано“ да биде, ќе биде. Можеби не сега и веднаш, туку тогаш кога ќе чукне вистинскиот момент. Искрено, малку запрепастувачка приказна - да се разбудиш од сон и да немаш поим ниту која си, ниту што сакаш или си сакала некогаш. Одново да се спознаваш себе си и да се обидуваш да нурнеш во длабочините за да ги ископаш некогашните спомени закопани длабоко таму во некој, којзнае кој дел од умот... И најважното прашање кое го поттикна филмов - дали може да се почне сè од почеток. Да се започне „нов“ живот по теркот на другите или да се слуша внатрешниот глас - вечната „дилема“. Многу убави цитати, многу харизматичен пар (настрана фактот што не ги сакам и двајцата) и љубов каква што верувам повеќето посакуваат. Е да, ме освои и фактот што филмов е базиран на вистински настан - не сум имуна на таквите, па макар биле и најголемите лимонади на светов. : )))) 8/10
LIFE IS BEAUTIFUL (1997) Во триесеттите години од минатиот век, слободоумен и ведар Евреин од Италија се жени со убава девојка, добиваат син и почнува нивниот живот како од бајка, тие живеат среќни заедно до германската окупација на Италија. Кога стануваат жртви на Холокаустот, сакајќи да го задржи семејството цело и да го преживеат хоророт на концентрациониот логор, тој прави се што е во негова моќ употребувајќи фантазија и хумор и на синот му го претставува тоа како игра во која треба да победат за да ја добијат главната награда. Колку ли силен треба да е човек за во најцрните и најтешките моменти да остане со ведар дух, насмеан и позитивен... This is a simple story... but not an easy one to tell.
Oчекував да е ептен лајт филмче, коа вака, предобар. Со толку емоции... Има таков позитивен набој,па тажниот крај лесно се поднесува. Бар така мислам. Го препорачувам. 8\10
@simonka93 , @Ginger^ го гледав вчера Spoiler и се изнаплакав на крај.Не очекував дека баш она е болна цело време мислев дека за него се работи.Мн убаво девојчето ко ангелче беше.
Еден од ретките филмови на кој сум плачела е баш овој... Девојчето стварно беше срце, да најдам време пак би го гледала
In Darkness ( 2018 ) Натали Дормер е слепа пијанистка која е „сведок“ на (само)убиството на нејзината сосетка од горниот кат – Емили Ратајковски, која е ќерка на српски генерал обвинет за воени злосторства, кој е под заштита на владата на Велика Британија . По овој настан, на Натали започнуваат да ѝ се случуваат чудни работи, да ја следат сомнителни луѓе, итн. Да бидам искрен, освен Натали Дормер, во филмов и нема баш нешто друго позитивно. Приказната е прилично предвидлива – после првите пола саат ќе сфатите што е пресвртот и иако на крајот има уште еден пресврт, не е доволен за да го направи филмот добар. За поздравување е што филмаџиите решиле да му дадат автентичност на филмот и ликовите кои се Срби да зборат српски, а не англиски со руски акцент. Од друга страна, изговорот им е полош од оној на Google Translate. Не би го препорачал, освен ако баш ви е досадно и немате нешто попаметно за гледање. Оцена: 6 Death Wish ( 2018 ) Брус Вилис е познат хирург чие среќно и идилично семејство станува жртва на home invasion gone wrong додека тој е на работа. Исфрустриран со неспособноста на полицијата да направи некаков напредок во разоткривањето на виновниците и огорчен од сѐ поголемиот замав на криминалот во Чикаго, Брус се решава да го земе законот во свои раце. За време на своето прво vigilante „добро дело“ е снимен со телефон и станува своевиден (анти)херој во својот град, познат како Grim Ripper. Вилис се обидува да ги пронајде луѓето кои му го ограбиле домот, а истовремено и да остане еден чекор пред полицијата, која е сѐ позаинтересирана за идентитетот на Grim Ripper. Накратко, филмов е revenge porn – од типот на Taken, Get the Gringo, Acts of Vengeance и мал милион други, со познати актери во поодминати години како кршат кичми во име на одмазда за некој или нешто. That being said, Death Wish е најлошиот од набројаниве. Но, ако успеете да поверувате дека Брус Вилис би можел да биде хирург, тогаш можеби и другите настани у филмов нема да ви делуваат толку неверојатно. Сепак, vigilante моментот и медумската слава на одмазникот е нешто ново во овој жанр – иако веќе видено во мал милион други филмови со суперхерои кои го земаат законот во свои раце. А со Eli Roth на режисерското столче, ве очекува и одредена доза (умерена како за него, додуша) на насилни и крави сцени со исклучителна иновативност. Со траење од околу саат и половина, Death Wish е филм кој вреди да се погледне, од аспект на тепање на време, само не очекувајте да бидете воодушевени. Оцена: 7 Tomb Raider ( 2018 ) Од reboot-от на франшизава не очекував баш ништо, па ваљда затоа и позитивно ме изненади. Можеби најпозитивно нешто у филмов е Алисија (Алиша?) Викандер која, иако изгледа како слабичко и неухрането девојче, успеа сосема солидно да се претстави како badass лик како Лара Крофт. Дополнителен бонус е што успеа тотално еднодимензионалниот лик на Лара (освен во областа на деколтето ) да го претстави како реално (и допадливо) човечко суштество. За приказната имам поделени чувства. Од една страна, ми се допадна што беше колку-толку добро обмислена (за разлика од филмовите со Анџелина Џоли), ми се допадна и како ја разрешија мистеријата на крајот. Од друга, некако испаѓа дека главниот двигател и мотив на ликот на Лара Крофт се нејзините daddy issues, а филмот е непотребно долг и развлечен, особено во втората половина. Плус, Лара толку често стенка и офка (јаде ќотек, паѓа, се качува, лета, виси, се сопиња итн.) што ако некој е во соседната соба, ќе си помисли дека гледате садо-мазо порно. Сѐ на сѐ, вреди да се погледне, особено ако сте (биле) фан на играта. Оцена: 7